Новинари од Бугарија во посета на Бигорски и на Свети Наум
Во саботата домаќин им беше Неговото високопреподобие, Архимандритот Нектариј – Игумен на манастирот Свети Наум во Охрид. За време на кратката средба со отец Нектариј, новинарите беа запознати со историјата на манстирот.Во неделата пак, групата новинари беше во посета на Бигорскиот манастир, каде монасите, со благослов на архимандритот Партениј, им овозможија прошетка низ најзначајните објекти на манастирот, како и ги запознаа со неговата значајна духовно-историска мисија низ вековите.