„Лазаре, излези надвор“
Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во Мене, и да умре, ќе живее. И секој, што живее и верува во Мене, нема да умре довека“ (11: 25-26) . Болест, која не е на смрт, е било која болест за човекот, кој верува во воскресението и вечниот живот.