Ти прашуваш како треба да се молиш? Господ Исус Христос ни говори на сите нас: молете се како цариникот, угодувај Му на Господа како вдовица кон неправеден судија. Господ повторно нè учи: познај ја својата ништожност, својот неисплатлив долг, признај ја и почувствувај ја својата вина пред Господа, заборави ги сите свои добри дела (добри дела немаме како нешто свое, а ако нешто имаме, тогаш тоа се дела извалкани со разни нечисти примеси – суета, гордост, користољубие и сл.) и како должникот
Недела на православието,Велес
Во Неделата на Православието, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес. На Литургијата сослужуваа повеќе свештенослужители од епархијата. Со празнично слово за споменот на победата над иконобоството кон насобраните верници се произнесе протоереј Љупче Миланов.