.Човечкото срце – слично на сад. Она што е садот, тоа е и срцето човечко, вели истиот светител.
Болестите според сфаќањето на светоотечкото учење
Но понекогаш ваквата молитва на поединци и на целата Црква не е доволна. Болеста продолжува. Господ како да го повикува човекот на нешто поголемо. Го посетува со таа болест. Сака од него или покајание, или исправување, или вера, или трпење. Човек станува свесен за тоа, но се чувствува духовно слаб, потребна му е посебна благодатна помош. Тогаш тој ја моли Црквата за Тајната на Елеосветувањето, Tајната на светиот Елеј.