логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Божествена Литургија во Ново Село (31.03.2019 22:36)

 

Денес, на Крстопоклона недела, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Божествена Литургија во манастирот „Свети Георгиј Победоносец и свети Антониј Велики“, во Ново Село. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.



Жртвена прегратка

По неизмерната Божја милост дојдовме до Крстопоклоната недела од светата Четириесетница, во која Црквата Христова го изнесува Крстот Христов на средината од храмовите за да му се поклониме и да се потсетиме дека целиот наш живот во Црквата е сеќавање на сѐ што Христос направи за нас. Но, има една светотаинска димензија, во која тоа не е само голо сеќавање и спомнување за нешто што се случило во минатото, на фрагменти од човековата историја, туку активно учество во домостројот Христов, во сето она што стана и во сето она што не е остварено во историјата, кое сепак го доживуваме како остварено од перспектива на Царството Божјо, на вечноста, на литургијата.

Денес пееме: „на Крстот Твој му се поклонуваме Владико, и Твоето свето Воскресение го славиме!“

Според зборовите на свети Григориј Палама, Црквата нѐ повикува да ги приклониме колената пред Крстот Христов – но не само колената, туку и срцата. Ако ги приклониме колената, а во срцето свое, во вистинскиот храм во кој Бог се вселува, не го поставиме Крстот, сме го промашиле суштинското значење на празникот, затоа што тоа го иконизира ова изнесување на Крстот во средината на храмовите на Црквата. Знаеме што пишува во Светото Писмо, дека Бог не живее во ракотворни храмови, туку дека за Себеси соѕида храм – светилиште, а тоа е човековото срце. И, ако таму Христос не Го поставиме, ако таму не Му се поклониме, ако во срцето свое не се распнеме со страстите свои и похотите, ништо не сме направиле.

Знаете дека секогаш сум ве повикувал да не се задржувате на формата и симболиката, туку да ја надминете, и зад симболизмот на сѐ што правиме во Црквата да се стремите кон суштината и секогаш да ја согледувате. Оти, во спротивно, сѐ што правиме во Црквата наликува на театар, во кој ние сме само обични набљудувачи. Но, не е така – ние сме повикани да станеме учесници во Крстот Христов, како што вели свети апостол Павле (види: Гал. 2, 19–20). Активното учество во Крстот Христов, преку носењето на нашиот личен крст, го осмислува нашиот живот и му дава вистинска смисла и вистинска радост.

Ги слушнавме зборовите Христови од денешното евангелско четиво: „кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене?“ (Матеј 10, 38). Многупати е кажано дека нема Воскресение без крст, смрт и погребение. Нема љубов без жртва. Ова не се зборови на некој себичен и садистичен Бог, Кој сака ние да страдаме и да носиме крст низ сите дни на нашиот живот. Тоа се зборови на љубовен Бог, Кој Својата љубов кон паднатиот човек ја пројави преку страдање. Всушност, Тој и нѐ создаде во форма на крст. Човекот, по формата, по анатомијата на своето тело, го претставува крстот. Поради тоа што Бог, во Своето предзнаење при создавањето на човекот, како прототип Го имаше Христос велат Светите отци, го виде нашиот пад, и во Своето предзнаење ги виде Крстот, искупувањето и спасението на паднатиот човек.

А, ние упорно не сакаме да бидеме распнати и рацете свои ги држиме во грч, како човек кој не сака да страда, како дете кое се одвраќа и цврсто ја стега устата не сакајќи да се напие горчлив сируп, кој воедно е лек за неговата болест. Така, и ние ги држиме своите раце во грч, не сакајќи да ја земеме формата на крстот, да се предадеме на Божјата волја, смирено да го земеме крстот свој и да одиме по Христос. Нашиот подвиг во Црквата е стремеж да се вподобиме и да станеме слични на Христос. Како, ако не се распнеме? Како бараме да бидеме совоскреснати со Него? На Пасха ќе пееме една убава стихира од свети Јован Дамаскин, кој вели: „Вчера се сораспнав со Тебе, Спасе, вчерасе сопогребав со Тебе, Самиот Ти воскресни ме и во Царството Твое прослави ме“.

Просветлените и мудри Свети отци го знаеле вистинскиот пат – нема воскресение без распнување. Знаете ли зошто? Поради тоа што нема љубовна заедница без доброволно распнување од наша страна. Ако не сме распнати, сораспнати со Христос, не можеме да одговориме на љубовта Негова. Видете ја оваа прегратка за целиот свет, раширена на Крстот –болна и страдална, жртвена прегратка. Како ќе одговориме на таа прегратка ако и самите не се распнеме и не ги рашириме рацете? Само раширените раце во форма на крст, преку доброволен подвиг, преку доброволни страдања и трпење со благодарност на неволните страдања што доаѓаат во нашиот живот, можат да пристапат во пресрет на истата божествена љубовна прегратка. Тогаш доаѓа до заедница помеѓу Бог и човекот. Но, само преку крстот и никако поинаку. Само од крстот може вистински да се љуби и да се прегрне Бог и секој човек.

На крајот, како кулминација на сѐ и остварување на смислата на нашето постоење е да се прегрне Бог и Бог да го прегрне човекот. Оној што не сака да страда и не сака да се распнува бегајќи од крстот, не е ништо друго, туку обичен наострен колец, обична мотка, смртоносно копје, кое не може да љуби и да прегрне, туку само може да го повреди другиот. Тајната на Крстот е поинаква. На крстот страдаш и ги љубиш другите. Никого не повредуваш, туку своите рани и страдања ги принесуваш како доказ за љубовта кон сите и кон сѐ. Од крстот се учиш да ги љубиш непријателите, повторно слично на Бог. И, од крстот не слегуваш до последниот миг од својот земен живот, знаејќи дека токму тоа е тајната на спасението и дека, слично на твојот Бог – од крстот те симнуваат, а самиот не се симнуваш. Овие прекрасни зборови му ги открил Распнатиот Бог на еден просветлен и свет отец – Старец Софрониј од Есекс. Огромно значење има она што Светите отци ни го оставиле во наследство. Не е само да се поклониме и да го целиваме Крстот, а да не знаеме што значи тоа. Да се потрудиме да се сораспнеме со Христос и да се охрабриме на страдање, во борба со страстите. Острастената душа страда силно спротивставувајќи им се и не задоволувајќи ги страстите, но само тогаш живее вистински – умира за гревот, а живее за Христа.

Видете го животот на Пресвета Богородица и Нејзиното доброволно распнување пред да биде распнат Нејзиниот Син и Бог. Воопшто не можеме ни да замислиме низ што сѐ поминала, затворена во храмот како во гроб, од Својата трета година, па сѐ до најзначајниот и клучен миг во човековата историја – воплотувањето Христово, кога Ѝ вели архангел Гаврил: „Ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син“ (види: Лука 1, 24–38). Богородица не застанува во грч и не се опира на тие зборови, иако нам, додека го читаме Евангелието, ни се чини тоа така, лесно и безопасно. Знаете ли што значело во тоа време да носиш дете во утробата, а да не се знае кој му е таткото? Тоа значело сигурна смрт и каменување според Мојсеевиот закон. Тоа значело срам, прогонство од заедницата на луѓето, крст, страдање. И што прави Богородица? Кога ги изговара тие зборови, слободно можеме да видиме дека зазема положба на распнат човек кој целосно се предава на Божјата волја: „Еве ја слугинката Господова, нека ми биде според зборовите твои“. Христос не се воплотил во утробата и срцето на Богородица без Таа да биде претходно распната и без да страда.

Не очекувајте во нашиот живот да се случат чуда, очистување на срцето, преобразување на страстите, просветлување на умот и спасение (обожение) на личноста, ако не се распнеме и ако бегаме од крстот. Тоа значат овие силни зборови Христови, собрани во една реченица: „кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене“. Не го разбирајте тоа поинаку. Бог сака да го прегрне сето човештво на Крстот, а Воскресението е само последица на таа животоворна љубов, пројавена на Крстот. Таква прегратка Бог очекува и од наша страна – љубовна прегратка која страда и крвари. Но, да не ме разберете погрешно и да си помисли некој дека нашата прегратка може да биде слична на Христовата. Тоа е недостижно за човекот. Бог пострада доброволно, иако „грев не стори и лага не се најде во устата Негова“, додека ние на нашиот крст сме приковани и страдаме поради нашите страсти и гревови.

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да научи да љуби и никогаш нема да биде вистински љубен. Оти, љубов примаме зависно од тоа колку сме подготвени да страдаме, а оној што силно љуби, истовремено силно страда и се жртвува за другите. Лицемерно е да зборува за љубовта човек кој не страда, и што не го зел крстот свој и не оди по Христос. Не сакаме да го носиме Крстот Христов и не одиме по Христос ако не живееме во послушание кон својот духовен отец. Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти Христос, иако Бог, ни покажа пример на послушание кон родителите и сѐ до Својата триесетта година им беше послушен на праведниот Јосиф и на Својата Пречиста Мајка. Се одрекуваме од Христос и не одиме по Него, ако не живееме во согласност со Преданието на Црквата и во согласност со Евангелието.

Вистинско почитување и вистинско поклонување на Крстот Христов во нашиот живот ќе се случи тогаш кога доброволно ќе го земеме својот крст со благодарност кон Бог. А, веќе сме го зеле штом сме се родиле во овој свет на страдање и болка. Прашањето не е ниту дали ќе го носиме или не? И ќе го земеме, и ќе го носиме, и ќе бидеме распнати на него, а дали ќе биде спасителен за нас зависи од нашиот однос кон Крстот и кон Распнатиот на Него. И едниот и другиот разбојник беа распнати поради истите престапи. Истата казна, истата агонија и болка, истиот крст. Едниот го прифаќа крстот и вели дека е праведно осуден за своите гревови, и токму од крстот во Распнатиот Исус од Назарет Го препознава Господ, и Бог го забележува него и го воведува во рајот прв. На крстот доаѓа до средба помеѓу Бог и човекот, на крстот се спасува човекот, на крстот станува жител на рајот, но исто така од другиот разбојник видовме како на крстот човек може да Го промаши Бог, Кој е смисла на неговото постоење.

Никој не може да страда ниту миг, и со најмало човечко страдање и болка, ако Божјата благодат не го поткрепи. Но, благодарноста за страдањата е исклучително плод на нашата слободна волја. Секако, мислиме на аскетската, која секогаш ѝ претходи на благодатната. Нашето спасение е Божјо дело, а не човечко. Носењето на нашиот крст не нѐ спасува, туку Крстот Христов и милоста Божја. Но, со носењето на нашиот крст пројавуваме мал и безначаен акт на љубов од наша страна кон Бог – дека сме подготвени да љубиме, да страдаме и дека сме ја разбрале тајната на Крстот Христов. Сѐ друго Бог ќе заврши. Ние сме немоќни; всушност, тоа и значи носењето на крстот – човек да ја признае, да ја прифати и да ја разбере својата немоќ.

Ова Бог ни го покажа како Човек кога Му велеа: „Ако си навистина Син Божји, слегни од Крстот и спаси нѐ и нас!“ (види: Матеј 27, 40). Бог можел во миг да го направи тоа. Бог можел да одбере и друг начин да го спаси родот човечки, не преку крст и страдање. Но, Бог за да ни покаже пример благоволил во Својата семоќ да покаже човечка немоќ на Крстот, која достигнува кулминација во Неговите зборови: „Боже мој, Боже мој! Зошто си Ме оставил?“ (Матеј 27, 46), сѐ заради нас и наше спасение. А ние упорно го правиме спротивното. Господи, дај ни сила да ги разбереме животворните зборови Твои, дај ни усрдност и ревност да го земеме крстот свој и да одиме по Тебе.

Слушнете, Бог вели: „кој не го земе крстот свој и не оди по Мене...“ Веќе видовме дека крст може да се земе и да не се оди по Христос. Ние во Црквата би требало да знаеме по Кого одиме и Кого следиме, и во Чиј Крст земаме учество, оти само учествувањето во тој Крст и чекорењето по Христос, Спасителот и Бог наш, ќе ни донесе вечна радост, вечна љубов и вечен живот, спасение и победа над смртта.

Господ да нѐ укрепи сите на тој пат и да нѐ удостои да го видиме Неговото славно Воскресение, преку распнувањето, крстот, смртта и погребението.

Викарен Епископ Јаков Стобиски

(според записот на присутните)

 

 

 

 Извор: МПЦ-ОА

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная