логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



                             

Значаен факт во поглед на духовната состојба на современото човештво е тоа дека „харизматичните“ искутва и искуствата на „медитација“ се вкоренуваат меѓу „Христијаните“. Влијанието на Источните религии неоспорно зема замав помеѓу таквите „Христијани“, но тоа е само последица на нешто пофундаментално: губењето на самото чувство и вкус на Христијанството, благодарение на што, нешто толку туѓо на Христијанството како што е Источната „медитација“ може да ги зароби „Христијанските“ души.
Животот во самодоволност и фокусираноста само на себе, кој што го живее најголемиот број на денешните „Христијани“ толку продира во се, така што ефикасно ги запечатува  далеку од било какво духовно сфаќање на духовниот живот; а кога таквите луѓе ќе почнат со „духовен живот“, тоа претставува уште еден облик на самозадоволување. Ова може да се види доста јасно во целосно лажниот религиозен идеал и „харизматичното“ движење како и различните облици на „Христијанска медитација“: секој од тие облици ветуваат (и даваат многу брзо) искуство на „задоволство“ и „мир“.
Но тоа воопшто не е Христијански идеал, кој на кратко може да се опише како сурова борба и битка. „Задоволството“ и „мирот“ кои што се опишани во тие современи „духовни“ движења се јасно производ на духовна себе- измама, духовно само-задоволство, кои што пак претставуваат апсолутна смрт за кон Бога насочениот духовен живот. Сите овие облици на „Христијанска медитација“ дејствуваат ссамо на психичко ниво и немаат воопшто ништо заедничкок со Христијанската духовност.
Христијанската духовност се обликува со напорна борба да се здобиеме со вечното Небеско Царство кое во потполност почнува само со отфрлање на овој привремен свет, а вистинскиот Христијански борец никогаш не наоѓа мир, дури ни во предвкусовите на вечното блаженство, со кои што би можел да се удостои во овој живот; додека Источните религии, на кои што Небесното Царство не им еоткриено, тежнеат единствено да стекнат психички состојби кои што и почнуваат и завршуваат во овој живот.
Во нашето време на отпадништво кое што му претходи на појавата на Антихристот, ѓаволот е пуштен на одредено време (Откр. 20:7) да прави лажни чуда кои што не можел да ги прави за време на „илјадата години“ на Благодат во Христовата Црква (Откр. 20:3), и да ги собере во својата пеколна жетва оние души, кои што „не ја примија вистината на љубовта“ (2 Сол. 2:10).
Можеме да кажеме дека времето на Антихристот е навистина блиску, со самиот факт дека оваа сатанска жетва не се собира само меѓу незнабожците, кои што не слушнале за Христос, туку и меѓу „Христијаните“ кои што го изгубиле вкусот на Христијанството. Самата природа на Антихристот е да го претстави царството на ѓаволот, како да е Христово Царство. Сегашното „харизматично“ движење и „христијанската медитација“ и „новата религиозна свест“ кои што се негови составни делови, претставуваат предвесник на религијата на иднината, религијата на последното човештво, религијата на антихристот, а нивна главна „духовна“ функција е Христијаните да ги направат достапни за демонска иницијација, која што е ограничена само на безбожничкиот свет.
Нека се земе дека често овие „религиозни експерименти“ се привремени и од трагачка природа, дека во нив во најмала рака има психичка само-измама, како што ја има во изворниот демонски обред на иницијација; нема сомнеж дека не секој кој што успешно „медитира“ или мисли дека примил „Крштевање со духот“ во стварноста  примил иницијација во царството на ѓаволот. Но тоа е цел на тие „експерименти“ и нема сомнеж дека техниките на иницијација ќе станат уште поделотворни како што човештвото станува се поподготвено за нив, со ставови на пасивност и отвореност за нови „религиозни искуства“ кои се втемелени во овие движења.
Што го доведе човештвото-и навистина и „Христијанството“-до оваа очајна состојба? Сигурно не отвореното обожавање на ѓаволот, кое секогаш е ограничено на ограничен број на луѓе; во прашање е нешто попрефинето, полукаво, нешто застрашувачко за разумниот Православен Христијанин дури и за размислување; тое е губењето на Божјата благодат, која следи после губењето на вкусот на Христијанството.
На Запад сигурно Божјата благодат е изгубена пред многу векови. Римокатолиците и Протестантите денес не ја искусуваат во потполност Божјата благодат, па затоа не изненадува тоа што не се во состојба да ја забележат оваа демонска лага.
Но како и да е! Успехот на лажната духовност дури и помеѓу Православните Христијани денес, открива колку и тие исто така го изгубиле вкусот за Христијанството и не се во состојба повеќе да прават разлика помеѓу вистинското и лажното, псевдо-Христијанство. Предолго Православните ја примале здраво за готово драгоцената ризница на својата Вера и занемарувале да го искористат чистото злато на своето учење.
Постојат толку многу Православни Христијани и постојат многу основни текстови од Православниот духовен живот, кои точно учат како точно да се разликува вистинската и лажната  духовност, текстови кои што му даваат живот на учењето на Светите мажи и жени кои се здобиле со обилна Божја благодат во овој живот. Колку многу од нив направиле сопствени учења од  Отачинка, Лествица на Свети Јован, Беседа на Свети Макариј, Житијата на Богоносните Отци на пустината, Невидливата Борба, Мојот живот во Христа  од Свети Јован Кронштатски?
Во Житието на големиот Отец на Египетската пустина, Свети Пајсиј Велики (19 Јуни) можеме да видиме шокантен пример колку е лесно да се изгуби Божјата благодат. Некогаш некој негов ученик одел до некој град во Египет за да ја продаде својата рачна работа. По пат сртенал некој Евреин кој гледајќи ја неговата едноставност, почнал да го мами говорејќи му: „Сакан мој, зошто веруваш во прост, распнат Човек, кога Тој воопшто не беше очекуваниот Месија? Друг треба да дојде не не Тој“. Ученикот, затоа што бил со слаб ум и просто срце, почнал да ги слуша овие зборови и си дозволил себеси да рече: „ Можеби е точно тоа што го говориш.“
Кога се вратил во пустината, Свети Пајсије се свртел од него и не сакал да прозбори ниту збор со него. На крајот после долго молење од ученикот, Светителот му рекол: „Кој си ти? Не те познавам. Мојот ученик беше Христијанин и тиј имаше Божја благодат, но ти не си таков; ако навистина си мој ученик, тогаш те напуштила благодатта на Крштението и сликата на Христијанин е тргната“.
Ученикот со солзи го раскажал својот разговор со Евреинот, а Светителот на тоа му одговорил: „О,  изопаченост! Што може да биде полошо и побезумно од тие зборови со кои што си се одрекол од Христа и Неговото божествено Крштетвање? Сега оди и плачи над себе доколку сакаш, затоа што кај мене веќе немаш место; твоето име е напишано со оние кои се одрекле од Христа и заедно со нив ќе примиш суд и мачење.“
Слушајќи го овој суд ученикот се исполнил со покајание, а на неговото молење Светителот замолчал и почнал да се моли на Бога за простување на неговите гревови. Бог ја слушнал молитвата на Светиот и му дарил да види знак за Неговото простување на ученикот.
Светителот тогаш го предупредил ученикот: „О, дете подај му слава и благодарност на Христа Бога заедно со мене, затоа што нечистиот и богохулен дух отстапи од тебе, а на неговото место слезе Светиот  Дух и ти ја врати благодатта на Крштението. Така, сега пази на себе, да не паднат мрежите на непријателот повторно на тебе поради мрзливоста и не грижата, затоа што грешеше, да не би бил осуден, затоа што огнот тлее“.
Значајно е тоа што помеѓу „екуменските Христијани“ се вкорениле „харизматичното движење“ и медитацијата. Одлика на верувањето на оваа ерес на екуманизмот е следново: Православната Црква не е единствена вистинска Христова Црква; Божјата благодат е исто така присутна и во други „Христијански“ деноминации, па дури и во не-Христијанските религии; тесниот пат на спасение според учењето на Светите Отци на Православната Црква е само „еден од многуте“ кој водат кон спасение; деталите за нечие верување во Христос имаат мало значење, исто како и нечие припаѓање на било која друга посебна „црква“.
Во ова не веруваат во целост сите Православни учесници во екуменското движење (иако Римокатолиците и Протестантите сигурно во поголема мерка); но со самото свое учество во ова движење, вклучувајќи ги тука и неизбежните заеднички молитви со оние кои што погрешно веруваат во Христос и во Црквата негова, тие им зборуваат на еретиците кои што ги набљудуваат: „Можеби се што кажувате е исправно“, како што направил изопачениот ученик на Свети Пајсие. Ова е сосем доволно за Правосланиот Христијанин да ја изгуби Божјата благодат; но колкав напор ќе му треба за да ја врати повторно!
Па колку тогаш Православните Христијани мораат да одат со страв Божји, плашејќи се да не ја изгубат Неговата благодат, која што никако не им е дадена на сите, туку само на оние кои што се држат до вистинската вера, кои што водат живот на Христијанска борба и ја  чуваат благодатта Божја, која што ги води до Небесата. И колку внимателно Православните Христијани мора да чекорат денес, кога се опкружени со лажно Христијанство кое што дава сопствени искуства за „благодатта“ и „Светиот Дух“ и кое може во изобилство да го цитира Писмото и Светите Отци за да „докажат“! Едно е сигурно, последните времиња се блиску, кога ќе дојде духовната измама, која што ќе биде толку убедлива за да ги „измами, доколку е тоа можно и избраните“  (Матеј 24:24).
Лажните пророци на современото време, вклучувајќи ги тука и мноштвото на оние кои се званично „Православни“, уште погласно го најавуваат доаѓањето на „новото време на Светиот Дух“, „Новата Педесетница“, „Точката Омега“. Ова е точно тоа што во вистинското Православно пророштво се нарекува владеење на антихристот. Во нашето денешно време, ова сатанско пророштво почнува да се исполнува, со демонска сила. Целокупната современа духовна атмосфера стана исполнета со силата на демонското иницијацистичко искуство, додека „Тајната на беззаконието“ влегува во период кој му претходи на последниот и почнува да ги завзема душите на луѓето-навистина, да ја завзема самата Христова Црква, доколку тоа воопшто е можно.
Против ова силно „религијско искуство“ вистинските Православни Христијани сега мора сериозно да се наоружаат, станувајќи во потполност свесни што е Православно Христијанство и колку неговата цел се разликува од целта на сите други религии, „Христијански“ или не-Христијански.
Православни Христијани! Држете се цврсто за благодатта која што ја поседувате; не дозволувајте никогаш да стане работа на навика; никогаш немојте да ја мерите само со човечки мерки или да очекувате да биде логична или разбирлива за оние кои што не разбираат ништо повеќе од она што е човечко, или кои мислат да се здобијат со благодат на Светиот Дух на некој друг начин а не на начинот кој што Христовата Црква ни го предала.
Вистинското Православие мора со самата своја природа да биде надвор од местото на оние демонски времиња, малцинство во исчезнување презрено и „лудо“ на среде религиозното „будење“, инспирирано од  друг вид на дух.
Но да се утешиме се следниве зборови на нашиот Господ Исус Христос: „Не бој се мало стадо! Зашто волјата на вашиот Отец е вам да ви го даде царството“ (Лука 12:32)
Сите вистински Православни Христијани нека јакнат за борбата што стои пред нас, не заборавајќи дека победата во Христа е веќе наша. Тој вети дека вратата на пеколот нема да ја совлада Неговата Црква (Матеј  24:22). И навистина „Ако е Бог со нас, кој ќе е против нас?“ (Рим. 8:31)
Дури и во најсуровите искушенија, заповедано ни е да се радуваме: „Јас го совладав светот“ (Јован 16:33). Да живееме онака како што вистинските Христијани на сите времиња живееле, во очекување на крај на се и доаѓање на нашиот драг Спасител, затоа што „Зборува оној што го сведочи ова: Да, ќе дојдам скоро! Амин! Да, дојди Господи Исусе!“ (Откр. 22:20)

 

Подготви: Светлана Димовска

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2020
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2536
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2023

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2023

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная