Канонизиран старец Паисиј Светогорец (13.01.2015)
Комисијата за канонизација на светители достави допис со кој предложи старец Паисиј да биде прибројан во соборот на светиите. После подробно запознавање со претставените факти, Синодот едногласно ја изгласа одлуката за прибројување на монахот Паисиј Светогорец во соборот на светиите.