Скопје, 30-ти јануари, лето Господово 2015- храм на св. Николај Чудотворец на празникол на преподобен Антониј Велики
Во триесет и третата недела по Педесетница ( по Богојавление) кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија го прославува споменот на преподобен Антониј Велики, презвитер Бобан Митевски отслужи Божествена Литургија.Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.Отецот произнесе беседа укажувајќи на на преподобниот Антониј, како пример по кој и ние би требало да се раководиме во времето кое ни го даде Бог за нашата духовна преобразба.
Можеби некој ќе рече:
„Зошто Господ мене не ме љуби толку, и не ми ја дава таквата благодат?”
Така, некој старец му кажал на Антониј Велики:
„Зошто ти, оче Антониј, имаш поголема слава од мене, а се трудиш помалку од мене?”
На тоа Антониј му одговорил:
„Затоа што јас Го љубам Бога повеќе отколку ти”.
Преминпортал (к.т.)