Повардарската епархија со голема духовна радост ги известува своите верни чеда дека во пресрет на Велигденскиот пост, во кој се подготовуваме за најторжествениот настан во животот на Светата православна црква - Воскресението Христово, подготви и испечати две нови изданија. Нашата издавачка дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“, која неуморно работи под духовно водство на нашиот Митрополит Агатангел, повторно ја започнува и новата година со нови изданија со кои го збогатува својот издавачки опус, и останува доследна на својата мисија, да биде еден од столбовите на просветно-издавачката дејност на Македонската православна црква, притоа исполнувајќи го аманетот на нашите рамноапостоли Кирил и Методиј, да го штитиме, величиме и славиме нашиот свет македонски јазик.
„Исус Христос - чудо на светската историја“ и „Беседи за животот по животот-том II“ се насловите на двете нови изданија. Книгата „Исус Христос - чудо на светската историја“ од српски јазик ја преведе презвитера Ксенија Пармачки, додека книгата „Беседи за животот по животот-том II“ е превод од бугарски јазик, кој го подготви протоереј Миле Љ. Штрбевски.
Книгата може да се најде во сите храмови на Повардарската епархија или да се порача директно од издаваштвото на Повардарската епархија на тел. 043 221 231.
Во прилог можете да ги прочитате и предговорите на овие книги.
Извор: Повардарска епархија