Скопје, 13-ти февруари 2015 год.- храм Рождество на Пресвета Богородица
На 13.02.2015 година, во Недела на блудниот син, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија го прославува споменот на светите Кир и Јован, бесребреници и чудотворци , во храмот посветен на Рождествот на Пресвета Богородица во Скопје, ереј Игор Димитриевски во сослужение на ѓаконот Зоран Велковски, отслужи Божествена Литургија.Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Старец Паисиј Светогорец
Никој не може да ѝ наштети на човековата душа, освен самиот тој. Искушенијата што Бог ги допушта, човекот го ставаат во искушение, така што тој самиот ја проверува својата духовна зрелост и бидува принуден да се смири. Потоа, Бог му дава благодат, откако смирено и радосно ги прима искушенијата, како лек за неговата душа и тој трпеливо Го слави Бог и Му благодари. Добро е што милостивиот Бог дозволува да бидеме искушани, бидејќи ќе имавме скриени страсти и бесмислени побарувања на Судниот ден. Но, и тоа да ни го прогледаше низ прсти, дури и такви какви што сме да нè примеше во Рајот, и таму ќе создававме проблеми. Затоа допушта, овде да нè стресат искушенијата, за да се очисти нашата душа со жалости и плач, та да бидеме принудени да го најдеме нашиот Спасител, т.е. да прибегнеме кон Бог.
Preminportal.com.mk
(K.T.)