Мартинка и бројаничка (26.02.2019)
Затоа, ако некој на својата рака или на својата облека закачи мартинка или бројаница со некаква вера дека тоа, самото по себе, ќе му донесе здравје и среќа, треба да знае дека од тој момент (свесно или несвесно) се откажал од Бог, односно од Православната Вера и Црква, и не може да учествува во нејзините Свети Тајни.


Тогаш, од златото ќе прави свети путири, а од скршените камбани - полиелеи, а пак од старите, фрлени хартии - ќе прави чисти салфети. Кога пак, срцето е лукаво - и доброто злато ќе го смета за бронза и од него ќе направи куршуми или топови. Затоа, срцето ќе треба да се очисти, со тоа што во него ќе внесуваме само добри помисли за сите, и со тоа што нема да примаме телеграми од лукавиот, затоа што од срцето излегуваат сите зла, (Мт. 15, 19) и повторно од вишокот на срцето зборува устата (Мт. 12, 34).
На 24 февруари 2019 година, кога Црквата го слави споменот на свети Ѓорѓи Кратовски, во храмот на свети Ѓорѓи Кратовски во Кратово, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, во сослужение со митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи света Златоустова Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Неопислива беше радоста на отец Партениј кога пред себе го здогледа овој насликан благ лик. Како кога дете после подолго време повторно ќе си го види својот родител, и силно прегрнувајќи го, од радост ќе заплаче. Во тој миг небаре целиот храм се исполни со умиление, зашто обилен благослов се симна од небесата, од она место каде сега ликува и се радува Старецот Георгиј Капсанис.


На 14.02.2019 година, на денот кога го празнуваме Претпразненството на Сретение, како и споменот на светиот маченик Трифун, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители, отслужи света архиерејска Литургија во храмот „Св. Петка“ во Кавадарци. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет, а потоа, според традицијата, беше закроено и лозјето.
На 15.02.2019 година во 8 часот во црквата „Света Петка“ во Гостивар, Тетовско-гостиварскиот владика Јосиф ќе служи Света литургија и ќе се моли за загинатите, повредените и нивните семејства од страшната несреќа, која ја покри со длабока тага нашата држава.
На 10. 02. 2019 година, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи света Божествена Литургија во болничкиот храм посветен на светите бесребреници Козма и Дамјан во Велес.
На 12 февруари 2019 година, кога Црквата ги слави светите Три ерарси, Неговото Високопреосвештенство Митрополитотот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на викарниот Епископ Полјански г. Јаков, отслужи Света Златоустова Литургија во соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Од житието на Закхеј : „Светиот апостол Закхеј најпрво беше цариник и грешник, но кога Господ го виде качен на дрво во Ерихон заради Него, влезе во неговиот дом, а ова го приведе Закхеј кон покајание. Подоцна тој го придружуваше светиот апостол Петар, кој го постави за епископ на Кесарија Палестинска, каде што верно му послужи на Евангелието и мирно се упокои“.
На 10.02.2019 година, во Триесет и седмата недела по Педесетница, кога си спомнуваме за преп. Ефрем Сирин и преп. Исак Сирин, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане.

























