Објавено: 04 Февруари 2019
„Твоите нозе, себлажен апостоле, пророчки се украсија, зашто си го благовестил мирот којшто секаков ум надминува - Спасителот на сите и Господа, Кој го разруши древното непријателство меѓу луѓето“ (песна од канонот на Утрена на св. ап. Тимотеј).
На 04.02.2019 година, на денот кога го прославуваме споменот на светиот апостол Тимотеј и на преп. мч. Анастасиј Персиец, а по повод именденот на нашиот архиереј и духовен водач, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештениците Горан Ставрески, Љупчо Бакрачески и Сашо Целески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј му подели нафора на присутниот верен народ.
http://www.dke.org.mk/index.php/3145-2019-02-04-11-37-47