Венец на пофалби кон Мајката Божја (Втор Акатист)
Носејќи ја длабоко во себе радоста од првата благодатна Акатистна средба со Мајката на Животот, повторно ги издигнавме кон неа своите топли молитви и со прекрасните стихови на Акатистот исплетовме уште еден венец на пофалби кон оваа наша моќна закрилничка, под чиј што омофор сите се засолнуваме сега. А таа, Божјата и наша Мајка, како свои возљубени чеда, никого не лишува од својата нежна мајчинска прегратка, особено во овие мигови кога солзите и радоста се преплетуваат, и кога ѝ го принесуваме најдоброто нешто од нашите души.