Во МАНУ, oтворена изложба на икони на Дичо Зограф (16.10.2019)

„Дичо Зограф е навистина своевиден феномен. Човек со неверојатна дарба и талент. Прво затоа што самиот бил голем мајстор за изработка на боите. Сам ги изработувал, боите, лаковите, пигментите, како и растворите за бои. Второ затоа што тој изработувал икони што се препознатливи со својата автентичност, оргиналност и со својот раскош и трето затоа што создал едно импозантно дело. Неверојатно за еден период што не траел ни цели тридецении.


Планинарскиот клуб ,,Јелак" во соработка со Комисијата за верски заедници и религиозни групи и Македонската православна црква-Тетовско гостиварската епархија и оваа година на 20.10.2019 по втор пат ја организира Милениумската патека во чест на 1000 год од Охридската архиепископија на падините на Сува гора.

На 13. 10. 2019 година, во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, се отслужи света Божествена Литургија со која ќе чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и бројно свештенство на Македонската православна црква. По завршувањето на Литургијата,
Кога секоја во душата вселена страст ќе се отстрани од неа, а умот ќе се врати самиот на себеси, собирајќи ги целосно и сите други душевни сили, тогаш тој исполнувајќи ги добродетелите ја одобродетелува и душата, напредувајќи кон сѐ поголемо совршенство, склон кон натамошно искачување (сп. Пс. 84, 5). Уште повеќе, очистувајќи се и миејќи се со Божја помош, умот не само што се чисти од демонските наноси туку отстранува од
На 6 октомври 2019 година, на празникот на Соборот на сите македонските светители, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, со членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија изврши осветување на нова црква посветена на Раѓањето на свети Јован Крстител во населбата Бутел, во Скопје, и во присуство на многуброен верен народ отслужи Архиерејска Божествена Литургија.
Син на рибарот Заведеј и на Саломија, ќерка на праведниот Јосиф. Повикан од Господ Исус, Јован веднаш го остави татка си и мрежите рибарски и заедно со својот брат Јаков тргна по Христа. И оттогаш повеќе не се одвојуваше од својот Господ до самиот крај. Со Петар и Јаков присуствуваше при воскреснувањето на Јаировата ќерка и на Перображението на Господ на Тавор.
На 06.10.2019. На празникот Собор на сите македонски светители ,Неговото Блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г.Стефан со членовите на САС на МПЦ-ОА изврши осветување на нов храм св.Јован Крстител во нас.Бутел и богослужеја св.литургија.Во чест на 20 год од избор за архиепископ и 33 год од хиротонија за поглаварот на МПЦ-ОА г.г.Стефан ,Синодот на МПЦ-ОА едногласно му додели Светиклиментов орден од 1 прв ред.
И навистина, Му благодарам на Бога што ни даде да доживееме и што живееме период со многу настани и случувања, време преполно со многу предизвици и искушенија. Се удостоивме, во наше време, да одбележиме две илјади години на христијанството, и дваесет столетија на христијанството во Македонија, илјада и седумстотини години од Миланскиот едикт, илјада години од основањето на
Излезе од печат 51-то издание на списанието „Православна Светлина“. И во овој обработивме многу нови душеполезни теми, од кои се надеваме дека читателската публика ќе пронајде поука. Се надеваме дека и овој празничен број на Православна Светлина ќе биде радосна вест за сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко. Вашиот примерок од новиот број ќе можете да го земете во сите храмови низ Повардарската епархија.
Архимандрит Партениј, во придружба на неколку монаси од Бигорски и монахињи од Рајчица, имаше работна средба со Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г. Даријан Сотировски, во неговиот работен кабинет. На средбата беа присутни, исто така, и повеќе познати личности од културно-општествената сфера во Македонија, а беше разговарано за претстојниот голем јубилеј на Бигорскиот Манастир – 1000 години

И кога ние го вознесуваме Крстот и се поклонуваме пред него во почит и прославување, прогласуваме дека припаѓаме на Царството што не е од овој свет и дека нашето изворно и вечно граѓанство заедно со светите му припаѓа на Градот Божји.























