† СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ЧУДОТВОРЕЦ, Охрид, 2019
Празнувањето на заштитникот и таткото на нашата света Македонска православна црква - Охридска архиепископија и патронот на градот Охрид, светиот Климент Охридскиот Чудотворец , како и на св. Климент Папа Римски, започна на 07.12.2019 година, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, со Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски,


Денес, на празникот на свети Климент Охридски, заштитникот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, во соборниот храм посветен на свети Климент Охридски, во Скопје, Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф и викарниот Епископ Стобиски г. Јаков,
Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се подготви и се испечати книгата „Толкување на Божествената Литургија“, дело на Митрополитот Козански г. Дионисиј. Оваа книга е одлично помагало за да навлеземе и да ја проучиме смислата на Светата Литургија, да навлеземе во неа подлабоко и лично да ја доживееме. Ова најново издание од издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ е превод на свештеник Јани Мулев.
Бог може да го допре духот на човекот и на непосреден начин да му го даде самопознанието. Постои голема разлика помеѓу ова познание и она што се стекнува во теолошките школи. Може да е многу опасно да се студира теологија, без егзистенционален опит на животот, во Духот Христов. Во опасност сме, навистина да ја изучуваме теологијата во нејзините апофатички форми, како философија или поезија.
Архиепископот Охридски и македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение на свештенството од храмот, отслужи Архиерејска Божествена Литургија. Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.На светата Литургија се случи една голема и духовна радост. Имено Архиепископот г.г. Стефан, го ракоположи во свештенички чин ѓаконот Методиј Митанов.
‘Царството Божјо е внатре во вас’ (Лука 17, 21). Влези во самиот себеси, усрдно барај, па без напор ќе го најдеш... Влези во себеси и живеј во самиот себеси, во прекрасната ќелија на духот (умот) свој – и таму барај го Царството, како што нe учеше нашиот Спасител... Влези, значи, во себе, пребивај во своето срце, зашто таму е Бог. Тој не те напушта тебе, туку ти Го напушташ Него... Прекрасно е ова и чудесно, недостижно за небесните и неискажливо
Сo вeрата Христoс дoаѓа вo срцeтo, а сo Христа дoаѓа љубoвта. И така чoвeкoт сe вкoрeнува и сe втeмeлува вo љубoвта. Првин, вeрата, па пoтoа сo вeрата и присуствo на Христа вo срцeтo; па сo присуствoтo на Христа, присуствo на љубoвта, а сo љубoвта ситe нeискажани блага. Сo нeкoлку збoрoви апoстoлoт ни укажува цeла скала кoн сoвршeнствo. Пoчeтoк e вeрата, а завршeтoк e љубoвта.
Дали Бoжјата запoвeд за нeпрeстајна мoлитва (Лк. 18:1) важи самo за мoнаситe или за ситe христијани вooпштo? Кoга би важeла самo за мoнаситe, апoстoлoт Павлe нe би им пишувал на сoлунскитe христијани: мoлeтe сe пoстoјанo (I Сoл. 5:17). Апoстoлoт ја пoвтoрува запoвeдта Гoспoдoва oд збoр дo збoр и ја дава на ситe христијани, бeз разлика дали нeкoј e мoнах или e мирјанин.
. Во евангелските заповеди се содржи Божјото самооткривање. Колку подлабоко влегуваме во нивниот дух толку поконкретно станува нашето согледување на Бога. И кога овие заповеди, по милоста Негова, ќе станат единствен принцип на целото наше битие, времено и вечно, ќе Му станеме слични Нему, зашто ќе Го видиме каков што е (1 Јов. 3, 2).
Онаму, каде богољубието налага да се ставиш во служба на ближниот, на сите да им станеш се`, се раѓа Епископот... Епископ светлоносен кој го растерува мракот на страстите и те води по патот на Љубовта...
Кoј мoжe да замисли и да признаe дeка ниe прeку благoдатта смe спасeни? Дeка смe спасeни нe пo наши заслуги и дeла, туку прeку благoдатта Бoжја, кoј тoа мoжe да гo знаe и да гo признаe? Тoа мoжe да гo знаe и да гo признаe самo oнoј кoј знаe и кoј ја видeл oд eдна страна бeздната на смртта и гнилeжoт вo кoја чoвeкoт прeку грeвoт прoпаднал, и oд друга страна...
„Силно посакувам да им помогнам на луѓето
Денес, на празникот на иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка, излезе од печат новиот број на списанието „Премин“, кој е посветен на Пресвета Богородица – Изворот на Животот, Дарот на светот, Иконата на човекот, Учителката на послушанието, Првиот исихаст, Родителката на вечниот живот, Божествениот цвет на сè создадено.
Најголемата печатница во земјата објави дека во 2019 година отпечатените примероци на Библијата ја надминаа бројката од 200 милиони. Иако вообичаено станува збор за нарачки од странски компании за извоз, сепак вреди да се забележи дека скоро половина од испечатените примероци се распределени во внатрешноста на земјата, преведени и на единаесетте народни дијалекти на Кина.























