† ПОСЕТА НА ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР НА САД Г-ДИН МАЈК ПОМПЕО НА ОХРИД
На 04.10.2019 година, во официјална посета на Р. Македонија престојуваше државниот секретар на Соединетите Американски Држави, г-дин Мајк Помпео, заедно со својата сопруга, г-ѓа Сузан Помпео. При својата посета, г-динот Помпео ја посети Галеријата на икони во Охрид, како и едно од најзначајните светилишта на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“, кој потекнува од XIII век.


Излезе од печат 51-то издание на списанието „Православна Светлина“. И во овој обработивме многу нови душеполезни теми, од кои се надеваме дека читателската публика ќе пронајде поука. Се надеваме дека и овој празничен број на Православна Светлина ќе биде радосна вест за сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко. Вашиот примерок од новиот број ќе можете да го земете во сите храмови низ Повардарската епархија.
Архимандрит Партениј, во придружба на неколку монаси од Бигорски и монахињи од Рајчица, имаше работна средба со Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г. Даријан Сотировски, во неговиот работен кабинет. На средбата беа присутни, исто така, и повеќе познати личности од културно-општествената сфера во Македонија, а беше разговарано за претстојниот голем јубилеј на Бигорскиот Манастир – 1000 години

И кога ние го вознесуваме Крстот и се поклонуваме пред него во почит и прославување, прогласуваме дека припаѓаме на Царството што не е од овој свет и дека нашето изворно и вечно граѓанство заедно со светите му припаѓа на Градот Божји.
На 27.09.2019 година, кога го прославуваме Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во храмот на Свети Мина во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Денес, на празникот Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден,
Амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Нејзината Екселенција Кејт Мари Брнз, и министерот за култура, г. Хусни Исмаили, денес, во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“, во Велјуса, Струмица, потпишаа договор со кој ќе се овозможи конзервација и реставрација на фреските и мозаиците во овој манастир. На свеченоста гостите ги поздрави викарниот Епископ г. Јаков Стобиски, кој изрази голема благодарност до Амбасадата на САД.
Во саботата домаќин им беше Неговото високопреподобие, Архимандритот Нектариј – Игумен на манастирот Свети Наум во Охрид. За време на кратката средба со отец Нектариј, новинарите беа запознати со историјата на манстирот.Во неделата пак, групата новинари беше во посета на Бигорскиот манастир, каде монасите, со благослов на архимандритот Партениј, им овозможија прошетка низ најзначајните објекти на манастирот, како и ги запознаа со неговата значајна духовно-историска мисија низ вековите.
Великиот и најпознат руски свет свештеник, отецот Јован Сергиев (Кронштадски) потекнува до свештеничко семејство, кое повеќе од 350 години давало свештеници, а токму неговиот татко ја прекинал таа традиција, но сепак, пеел во црква. Од таква свештена лоза и осветено семејство се родил малиот Јован. Во детството бил слаб, со кревко здравје, особено го измачувало тоа што не можел со леснотија да учи на училиште. Затоа, искрено, како што знаел, Му се обратил на Бога и Го молел да му помогне во учењето.



На празникот на светиот маченик Мамант и свети Јован Постник, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков, во сослужение на Митрополитот Брегалнички г. Иларион, отслужи Божествена Литургија во манастирот „Свети архангел Михаил“, во Лесново. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. Митрополитот Брегалнички Иларион на Епископот Јаков му предаде дел од моштите на преподобен Гаврил Светогорец, Епископ Велички, што претставува голем благослов за Струмичката епархија.
По милоста Божја и по молитвите на Светиот Великомаченик Ѓорѓи Кратовски и со благослов од нашиот надлежен Архиереј, Митрополитот на Американско-Канадската Македонска Православна Епархија г. Методиј, на 8 септември 2019 лето Господово, во нашата Македонска Православна Црква-ОА “Св. Вмч Ѓорѓи Кратовски” во Фармингтон Хилс, Детроит Метро во Мичиген, САД, пристигнаа Моштите на светителот донесени од ѓаконот д-р Дејан Коруноски.

























