Недела по Богојавление во храмот на Свети Николај во нас. Аеродром
Недела по Богојавление кога го празнуваме пре. Теодосиј Велики и пре. Јоаникиј Ракотински во храмот посветен на св. Николај Мирликиски Чудотворец во нас. Аеродром, презвитер Бобан Митевски отслужи Света Божествена Литургија.
Црквата, како тело на Христос го „собира“ (Мат. 23,37) светот во Него, го преобразува и го напојува со „вода која тече во живот вечен“ (Јован 4,14).




Денес, во раните утринските часови со молитва, содржината на празничните читања и песнопенија на Царските Часови и Вечерната, причестувањето со Светите Христови Тајни на Василиевата Литургија, благодатта и избликот на радост од Богојавленскиот водосвет во дорот на храмот – сето тоа духовно ги подготви нашите души за вистинско доживување на празникот на Светлините…


Не знам кога ќе налета безбројно мноштво пламени ангели, за да ги грабнат нашите души, кои не направиле некакво добро. Да бидеме Божји угодници, љубезни кон луѓето, да оставиме добар спомен на земјата; да пристапиме добро кон небесата. Да бидеме вистински христијани, а не само по име. Целото свое тело да Му го предадеме на Бога, откако ќе го одземеме од ѓаволот.
На 15.01.2021 година, во Кочани, обителта на св. в-мч Пантелејмон , украсена со облека од скрушени молитви, го празнуваше споменот на многупочитуваниот саровски старец преподобниот Св. Серафим.

Еве, ви соопштувам голема радост,
Човекот, како Божјо создание, нема друга причина за своето постоење освен – светоста! Светоста е и целта и смислата на човековиот живот. Но светоста, не е некоја апстрактна и безлична идеја, не е некаква етичка категорија. Светоста е суштински начин на постоење, постоење во нашата природна состојба; тоа е остварување на една зададеност, која се дефинира како богоподобност.
Вие сте се распнале за светот и светот се распнал за вас: оттргнете се од сѐ што е земно и издигнувајте се кон небесното живеење; живејте само за Бога, а бидете како умрени за сѐ друго. Таму е вашата вера, таму ќе бидат свртени и вашите очи; она со што сте запленети, таму ќе биде и срцето ваше, како што рекол и нашиот Господ: „Каде е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше“ (Матеј 6, 21). Гледате ли со какви блага сте се удостоиле и со каков возвишен живот? Тоа е вистински ангелски живот


Тајно лозје, откако Го израсна неораниот Грозд, Го носеше во прегратките како на гранки, и говореше: Ти си мојот Плод; Ти си мојот Живот, Ти си мојот Бог! Од Тебе дознав дека останувам она што бев и порано. Гледајќи дека печатот на Моето девство не е скршен, проповедам дека Ти си Словото Кое прими тело. Не го знам семето, а Те знам Тебе – Уништителот на распадливоста. Чиста сум, зашто Ти, откако мина низ мене, мојата утроба ја остави онаква каква што ја најде, гледајќи ја цела. Поради тоа, целото создание ликува со мене и ми вика: Радувај се Благодатна.
“Дали Бог ќе го послушате во секојдневниот живот или не, тоа е ваш избор.Зошто? Затоа што постои голем тренд да имаме една реалност во манастир а друга реалност надвор од него.Не постои таква подвоена реалност. Јас сум монах и тука, и на Аљаска,и во Јапонија и во Кореја,секаде сум истиот. Христијанин сум секаде,човек сум секаде. Вие сте христијани и на Нова Година, и во ресторан, и на слава,и секаде. Како духовник јас не сум со вас на тие места, но Светиот Дух е со вас. И сами да останете на Земјата,Светиот Дух повторно ќе биде со вас.."























