Наставниците по „Етика во религиите“ до МОН: Религиското етичко образование е присутно во сите земји на ЕУ
Му се молам на Бога секогаш да чекорите по вистинскиот пат во монашкиот живот. Не заборавајте со каков непријател водиме војна, затоа не треба површно да го бараме спасението. Присилувајте се самите себе. Размислувајте за причините поради кои пристапивте кон монаштвото. Ги напуштивме родителите, браќата, сестрите… Но ако не ја напуштиме својата волја, ако не бидеме послушни и ако не го отсечеме самоволието, нема да најдеме милост за нашите души...



„Ако сакаш да го пронајдеш патот што води кон животот, тоа барај го во оној Пат, Кој Сам за Себе вели: Јас сум патот, вистината и животот (Јн. 14, 6), и таму ќе го пронајдеш. Но, барај го со голем напор, зашто малкумина го наоѓаат (Мат. 7, 14); во спротивно, ќе отпаднеш од тие малкумина, и ќе бидеш во мнозинството.“ поучена од зборовите на Свети Максим Исповедник, со својата слободна волја искушеничката Милка го зеде на себе монашкиот јарем, со ново име Матрона .А монахиња Серафима го прими игуменскиот чин.
Вчера, воочи празникот на Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици – заштитници на градот Струмица, викарниот Епископ Јаков Стобиски отслужи Вечерна богослужба во манастирот посветен во нивна чест, во Струмица. Денес, во истоимениот манастир Епископот Јаков отслужи Божествена Литургија, на која верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Верата води кон смирение пред Бога како креативен почеток на животот. Дарот на верата не е непотребен товар, тој не е мртов капитал, не е празно суеверие, но служи како мотор на срцето, мислата и волјата на човекот. Од досега кажаново произлегува прашањето дали Го препознаваме Христос како Господар на нашата секојдневна активност, бракот, семејството, финансиската ситуација, нашата иднина и иднината на денешниов свет? И уште! Колку вистински дозволуваме суптилноста на овој свет, да ни ја потисне и да ја неутрализира верата што ја носиме во себе?

Ден кој не ти краси облека
-За мене денес беше извонредно изненадување да го посетам Бигорскиот Манастир на Свети Јован. Едно исклучително богатство за православните верници и за сето човештво. Уште еден повод не само да се биде горд за ова извонредно дело, но и за заедничко чување и промовирање. Ќе се вратам овде набргу, напиша албанскиот претседател Илир Мета во книгата на впечатоци при денешната посета на Бигорски манастир, напиша Мета.




Затоа, не сакајќи да останеме без никаква реч, туку да оставиме едно макар и најмало сведоштво за неговиот досегашен крстовоскресен живот, ја составивме оваа скромна книга со фотографии од разни моменти од неговиот живот и кратки соодветни текстови. Поводите за издавањето на книгата се достојни за спомнување и одбележување: 1000 години од основањето на Свештената Бигорска Обител, 50 години од раѓањето по плот на Старецот и 25 години од неговата монашка и свештенослужителска дејност.

























