Скопје, 24ти јануари 2021 г.-храм на св.Николај, н. Аеродром
Недела по Богојавление во Храмот Свети Николај во нас. Аеродром
Недела по Богојавление кога го празнуваме пре. Теодосиј Велики и пре. Јоаникиј Ракотински во храмот посветен на св. Николај Мирликиски Чудотворец во нас. Аеродром, презвитер Бобан Митевски отслужи Света Божествена Литургија.
Црквата, како тело на Христос го „собира“ (Мат. 23,37) светот во Него, го преобразува и го напојува со „вода која тече во живот вечен“ (Јован 4,14).
Соборноста, главната одлика на Црквата, дефинирана како начин на живот на Црквата, се објаснува како икона на вечното постоење на Света Троица: Како што Света Троица е заедница на Трите Божествени Личности, така и Црквата е заедница на многу личности. Во овој контекст е неодминлив благодатниот молитвен крик, што нашиот Спасител, Господ Исус Христос го упатува кон Својот Отец: за да бидат сите Едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно… (Јн. 17, 21).
„Нашата надеж“ (1Тим.1,1), Спасителот на светот, беше откриен Себе си како „Бог со нас“ (Мат. 1,23) и како „Бог за нас“ (Рим. 8,32), „Кој сака сите луѓе да се спасат и да дојдат во познавање на вистината“ (1Тим. 2,4).
„Само за едно Го молам Господа, само тоа го сакам; да останам во домот Господов преку сите денови на животот мој, да ја гледам Господовата убавина и да го посетувам Неговиот свет храм“ (Пс.26, 4)
Фото: Емилија Димитријоска
24ти јануари 2021 лето Господово