Сабота (Задушница)
(Извадок)
Заради тоа, да ја послушаме нашата мајка Црква и, сеќавајќи се на отците и братствата наши, да запнеме да се подготвиме и ние за премин во оној свет. Да се потсетиме на своите гревови и нив да ги oплачеме, донесувајќи за во иднината цврста намера да се сочуваме од секаква нечистотија. Бидејќи во Царството Божјо нема да влезе ништо нечисто, и никој од нечистите на Судот нема да се оправда. По смртта повеќе не очекувај очистување. Да побрзаме, бидејќи кој може себе си да предвиди долговечност? Овој живот за момент може да се пресече. И тогаш, како да се јавиме во оној свет нечисти? Со какви очи ќе ги погледнеме отците и браќата кои ќе се сретнат со нас? Што ќе одговориме на нивните прашања: "Зошто тоа кај тебе не е добро?" И што е тоа и што она"? Каков срам тогаш ќе не обземе?! Да побрзаме, затоа, да го поправиме сето неисправно, не би ли се јавиле на оној свет барем колку толку подносливи и прифатливи.