04.01.2011 год.
(вторник)
КОН СОВЛАДУВАЊЕ НА НОВО-ЗАВЕТНИОТ ПРЕДИЗВИК
Со почетокот на Божикниот пост, да го започнеме заедно и подвигот на читање на Новиот Завет, следејќи го 40 дневниот распоред.
38-ден
Силата на верата
11
А верата е подлога за увереноста во она на кое се надеваме - убеденост во она што не се гледа.
2 Преку неа постарите добија сведоштво.
3 Преку верата разбираме дека вековитесе создадени со Божји збор и дека од невидливото произлегло видливото.
4 Со вера Авел Му принесе на Бога подобра жртва, од Каиновата; преку неа тој доби сведоштво дека е праведен, бидејќи Бог посведочи за неговите дарови; преку неа, иако мртов, тој уште зборува.
5 Преку вера Енох беше преселен за да не види смрт; и не се најде, бидејќи Бог го пресели. Зашто пред преселувањето тој доби сведоштво дека Му угодил на Бога.
6 А без вера не е можно да Му се угоди на Бога; бидејќи оние кои доаѓаат кај Бога, треба да веруваат дека Тој постои и дека ги наградува оние што Го бараат.
7 Преку вера Ное, откако беше предупреден за она што уште не се гледаше, со послушност го направи ковчегот за да го спаси својот дом. Со тоа тој го осуди светот и стана наследник на праведноста по вера.
8 Со вера Авраам, кога беше повикан,
послуша да појде во местото што требаш
е да го добие во наследство, и тргна,
не знаејќи каде оди.
9 Со вера се всели Авраам во ветената
земја како туѓинец и живееше под шатори
со Исак и Јаков, наследници на истото
ветување;
10 зашто тој го очекуваше оној град
што има основи, чиј градител и творец
е Бог.
11 Преку вера и самата Сара - иако
беше неплодна, доби сила да зачне и,
покрај возраста нејзина, роди, зашто Го
сметаше за верен Оној Кој беше ветил.
12 И така од еден, и тоа остарен, се родија
толку многу, колку што се ѕвездите
на небото, и колку што е безбројниот
песок на морскиот брег.
13 Сите тие умреа со вера, не добивај-
ќи ги ветувањата, а само оддалеку ги
видоа и ги поздравија, признавајќи дека
се гости и придојдени.
14 Бидејќи оние што така зборуваат
покажуваат дека бараат татковина.
15 И ако ја беа имале на ум онаа татковина,
од која беа излегле, ќе имаа
прилика да се вратат.
16 Но тие сакаа подобра, односно небесна
татковина; затоа и Бог не се срами
да се нарече нивен Бог; бидејќи им
има приготвено град.
17 Авраам со вера го принесе како
жртва Исака, кога беше искушуван; и
тој, што го доби ветувањето, го принесе
својот единствен син,
18 за кого му беше речено: „Потомството
од Исак ќе се нарече со твое
име”;
19 зашто тој сметаше дека е Бог силен
и дека и мртви може да воскреснува и
така да речам, го прими Исак воскреснат.
20 Со вера Исак го благослови Јаков и
Исав за иднината.
21 Со вера Јаков на умирање го благослови
секого од синовите на Јосиф и
„им се поклони, потпирајќи се на врвот
од жезолот свој.”
22 Со вера Јосиф на умирање спомна
за излегувањето на синовите Израелови
од Египет и им даде упатства за коските
свои.
23 Со вера Мојсеј, откако се роди, три
месеци беше криен од родителите свои,
зашто видоа дека детето е убаво, и не се
уплашија од царската заповед.
24 Со вера Мојсеј, кога порасна, се откаж
а да се нарече син на фараоновата
ќерка
25 и повеќе сакаше да страда заедно со
народот Божји, отколку да ужива во
минливите гревовни наслади.
26 Страдањето заради Христос го сметаш
е за поголемо богатство, отколку
ризниците на Египет; зашто предвид ја
имаше наградата.
27 Со вера тој го напушти Египет не
плашејќи се од царскиот гнев, зашто веруваш
е во Оној Кој не се гледаше, како
да Го гледа.
28 Со вера тој направи Пасха и попрскување
со крв, та истребувачот на првородените
да не се допре до нив.
29 Со вера поминаа преку Црвеното
Море како по суво, коешто се обидоа и
Египќаните да го преминат, но се издавија.
30 Преку вера паднаа ѕидовите на Ерихон,
откако беа обиколувани цели седум
дена.
31 Со вера блудницата Раав не загина
заедно со неверниците откако благонаклоно
ги прими извидувачите и ги
изведе по друг пат.
32 И што уште да кажам? Зашто не ќе
имам доволно време да кажувам за Гедеон,
Варак, Самсон и Јефтај, за Давид
и Самоил и другите пророци,
33 кои преку вера победија царства,
вршеа правда, добија ветувања, затворија
усти на лавови;
34 угаснаа огнена сила, ја избегнаа
острицата на мечот, од немоќни станаа
крепки, станаа силни во војна, прогонија
туѓи војски;
35 жени примија свои умрени воскреснати;
други, пак, беа мачени и не прифатија
ослободени, за да добијат подобро
воскресение;
36 а други поднесоа подигрување и
камшикување, па дури и окови и затвор;
37 со камења беа убивани, со пила се-
чени, на искушенија подложувани, умираа
убивани со меч, скитаа во овчи и
козји кожи, во сиромаштија, во маки, во
срам -
38 тие, за кои светот беше недостоен -
скитаа по пустини, по ридови, по пеш-
тери и јами во земјата.
39 И сите тие, иако примија сведоштво
преку верата, сепак не го добија ветеното,
40 зашто Бог предвиде нешто подобро,
та тие без нас да не примат совршенство.
Трпеливост во претстојната борба
12
Затоа и ние, имајќи толку многусведоци, да отфрлиме од себе секакво бреме и грев, што лесно се прилепува за нас, и со трпеливост да побрзаме кон претстојната борба,
2 имајќи Го пред очи Зачетникот и Довршителот на верата - Исус, Кој, поради Неговата идна радост претрпе крст, занемарувајќи го срамот, и седна од десната страна на престолот Божји.
3 Мислете на Оној Кој од грешниците претрпе над Себеси таква поруга, та да не ви дотегне, и да не станете малодушни!
4 Во борбата против гревот уште не сте се противеле до крв.
5 И сте ја заборавиле утехата која вам,
како на синови ви зборува: „Сине мој,
не презирај ја казната од Господ и не
биди малодушен кога те казнува,
6 зашто Господ го казнува оној кого
што го сака; го кара секој син што го
прима.”
7 Ако трпите казна, Бог со вас постапува
како со синови. Зашто кој е тој син
кого таткото не го казнува?
8 Ако, пак, останете без казна, во која
сите станаа соучесници, тогаш сте деца
незаконски, а не синови.
9 Ако се плашиме од нашите татковци
кога н# казнуваат, тогаш колку повеќе
треба да Му се покориме на Отецот на
духовите, па да бидеме живи?
10 Зашто тие н# казнуваат за кратко
време, како што им се чинело најдобро;
а Тој - за полза, та да учествуваме во
Неговата светост.
11 Секоја казна во почетокот не се
покажува дека е за радост, туку за жалост;
но потоа на оние што ќе се поучат
од неа таа ќе им принесе мирен род на
праведност.
12 Затоа „исправете ги премалените
раце и ослабените колена”,
13 и со нозете свои „Направете си прави
патеки”, та, она што е куцо, да не се
повреди, туку поскоро да се исцели.
Верност кон христијанскиот повик
14 Трудете се да имате мир со сите и
светост, без која никој нема да Го види
Господа:
15 гледајќи, да не би некој да се лиши
од Божјата благодат, да не би некој гор-
члив корен, штом изникне, да направи
штета, и преку него да се осквернат
мнозина;
16 да не би меѓу вас да има некој блудник,
или нечестив како Исав, кој за една
манџа се откажа од своето право на
првородство.
17 Зашто знаете дека тој и отпосле,
сакајќи да го наследи благословот, беше
отфрлен, бидејќи не најде место за
покајание, иако го беше молел дури со
солзи.
18 Вие не пристапивте кон планината
што може да се опипа и кон разгорениот
оган, кон облакот, и темнината, и луњата,
19 и кон трубниот звук, и кон гласот
што зборуваше, чии слушачи молеа да
не им се зборува веќе,
20 зашто не можеа да го истрпат она
што им се заповедаше: „И ѕвер ако се
допре до гората, со камења нека биде
убиен.”
21 И толку страшна беше глетката,
што и Мојсеј рече: „Треперам од
страв!”
22 Но вие пристапивте кон Сион и градот
на живиот Бог, небесниот Ерусалим,
и кон безбројните ангели, на свечениот
собор,
23 кон собранието на првородените,
кои се запишани на небесата, и кон Бога,
Судијата на сите, и кон духовите на
праведниците, што достигнаа совршенство,
24 и кон Исус, Посредникот на Новиот
завет, и кон крвта за попрскување, која
подобро зборува од Авеловата.
Ѓп+ 25 Гледајте да не Го отфрлите
Оној Кој зборува. Зашто, ако не останаа
неказнети оние, што откажаа да му слу-
жат на оној што зборуваше на земјата,
а колку повеќе ние, кои Го отфрламе
Оној, Кој зборува од небесата
26 Чиј глас тогаш ја потресе земјата, а
Кој сега ветува, зборувајќи: „Уште еднаш
Јас ќе ја потресам не само земјата,
туку и небото.”
27 Зборовите „уште еднаш” означуваат
дека колебливото ќе се отстрани,
та да остане само непоколебливото.
28 И така, примајќи го непоколебливото
царство, да искажеме благодарност
со која ќе Му служиме на Бога благоугодно
со почит и во страв,
29 бидејќи нашиот Бог е оган што изгорува.
Богоугодно живеење
13
Взаемната љубов нека пребива меѓу вас!
2 Гостољубивоста не запоставувајте ја, бидејќи преку неа некои, и не знаејќи,
им укажаа гостопримство на ангели.
3 Помнете ги затворениците, како да сте со нив затворени, и оние што страдаат, зашто и самите сте во тело.
4 Бракот да се почитува од сите, и
брачното легло да се пази неосквернето;
а блудниците и прељубниците ќе ги
суди Бог.
5 Немојте да бидете среброљупци и
задоволувајте се со она што го имате.
Зашто Тој рекол: „Нема да те оставам,
ниту, пак, ќе те напуштам”;
6 така што слободно да велиме: „Господ
ми е помошник, и нема да се пла-
шам; што може да ми направи човек?”
7 Помнете ги и вашите учители, што
ви го проповедаа словото Божјо и,
имајќи го пред очи исходот на нивниот
живот, подражавајте ја верата нивна.
8 Исус Христос е ист вчера, и денес, и
во вечни векови.
9 Не бидете завлечени од разни туѓи
учења; зашто е добро со благодат да се
поткрепува срцето, а не со уредби за
јадења, од кои немаа никаква полза
оние што ги применуваа.
10 Ние имаме жртвеник од кого
немаат право да јадат оние што $
служат на скинијата,
11 бидејќи телата на животните, чија
крв првосвештеникот ја внесува во
светилиштето за очистување на гревовите,
се изгоруваат надвор од живеалиш
тето.
12 Затоа и Христос, за да ги освети
луѓето со крвта Своја, пострада надвор
од градските порти.
13 И така, да Му пристапуваме надвор
од живеалиштето, носејќи ја Неговата
поруга,
14 бидејќи овде немаме постојан град,
туку го очекуваме оној што ќе дојде.
15 Преку Него, пак, секогаш да Му
принесуваме на Бога пофална жртва,
односно плод од усните што го прославуваат
името Негово.
16 А добродетелството и милосрдноста
не ги заборавајте, зашто такви жртви
Му се благоугодни на Бога.
17 Покорувајте им се на учителите ва-
ши и бидете им послушни, зашто тие,
бидејќи се задолжени да одговараат,
бдеат за вашите души, - та со радост тоа
да го вршат, а не со воздишки, зашто
тоа не е полезно за вас.
18 Молете се за нас, зашто сме уверени
дека имаме добра совест, грижејќи
се во с# добро да постапуваме.
19 Уште повеќе ве молам да го вршите
ова, та поскоро да се вратам меѓу вас.
Завршна молитва
20 А Бог на мирот, Кој преку крвта на
вечниот завет Го воздигна од мртвите
големиот Пастир на овците - нашиот
Господ Исус Христос,
21 нека ве усоврши во секое добро
дело за да ја исполните Неговата волја,
вршејќи го во вас она што Му е Нему
благоугодно, преку Исус Христос, Нему
слава во вечни векови, Амин!
22 Ве молам, браќа, трпеливо примете
го ова поучно слово: зашто накратко и
ви напишав и испратив.
23 Знајте дека братот Тимотеј е ослободен,
со кого, ако дојде навреме, ќе ве
видам.
24 Поздравете ги сите ваши учители и
сите светии! Ве поздравуваат браќата
што се од Италија.
25 Благодат со сите вас. Амин!
http://preminportal.com.mk/content/view/7250/54/
Превод од англиски: С.Л.
(Светото Писмо во електронски облик е преземено од веб-страницата http: