Седмица 4-ра по Педесетница
ВТОРНИК
Господ вели дека ние сме, кои не го слушаме Евангелието, слични на оние на кој им пеат весели песни – а тие не играат; или, на кого им пеат тажни- а тие не плачат. Тоа значи дека сме слични на оние со кои ништо не може да се стори. Нам ни го ветуваат Царството небесно, пресветло и прерадосно, а ние ни да мрднеме- како нам да не ни се зборува. Ни претат со Судот неизбежен и маки без крај, а ние не се вознемируваме- како и да не слушаме. Заборавајќи се, изгубивме секакво чувство на вистинската самопочит. Идеме како водени право на погубување и не покажуваме никаква грижа за својот удел во тоа. Ги опуштивме рацете, се предадовме на небрежност: што биде нека биде! Ете таква е нашата положба! Зарем не се ли поради тоа чести самоубиствата? И тоа е плод на нашето учење, сегашните погледи на човекот и неговите знаења! Ете ви го прогресот! Ете ви ја и просветата! Поарно е да се биде краен незнаенко и со стравот Божји душата своја да се спаси, отколку да се придобие име на просветен, а загине за навек, и сиот живот да не се сетиме на тоа што ќе биде по смртта. Од словото Божјо за Царството небесно и адот нема да се изземе ниту едно слово. Оваа вистина секој нека ја прими во срцето како нешто кое се однесува лично на него, и нека се погрижи за себе колку му е можно и колку му останало уште време.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго: Од Верскиот календар на МПЦ (15.06.2010)
Предговор
Друго:
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА