Секому од нив таа му пренесува едно делче од визијата за Бога. Како што сонцето ги осветлува добрите и лошите, Бог осветлува секој човек со Својата љубов, дури и ако овој ја одбива.
Добрината – е клуч на човечкото срце.
Смирението не е во тоа, да раскажеме за своите недостатоци, а да поднесеме кога другите зборуваат за нив; во тоа, да ги слушаме трпеливо, и дури со благодарност; да ги исправуваме недостатоците за кои ни зборуваат; да не чувствуваме одбивност кон тие што ни зборуваат за нив.
Тој што сака да ги запали срцата на другите луѓе со љубов кон Христос, треба и самиот да е во пламен од таа љубов.
Занимавајќи се со добротворство, важно е да не се потони во себепочитување.
Зборовите, кажани од срце, ќе најдат друго срце, проследено со свето сочувство.
Колку поголемо е сознанието за сопственото недостоинство, толку повеќе дарови може да се примат.
Ако сè е добро однатре, ништо нема да ни наштети однадвор.
Спомнувањето на минатите милостињи ќе ја поддржи верата во Бога во искушенијата кои следат.
Смело пушти се брате, по тешкиот пат,
и ќе те одведе таму, кај што тага нема,
Но лесен, без беди и загуба на врат,
Никој уште кон таму, таков пат не видел да има.
Да учам, туѓата болка да ја разбирам,
И недостатоци да простувам без злоба,
За милост кон луѓето почесто да пројавувам,
И кон мене милост да пројавуваат тогаш.
Смирението – е толку важна состојба на душата, без кое е тешко да го направиш својот живот разумен и благочестив. Невозможно е да се гледа без очи и да се дише без здив, но уште помалку е возможен христијанскиот живот без смирение.
Во сите искушенија барај трпение, а не спасение; ако го заслужуваш него, тоа брзо ќе дојде кај тебе.
(Извадоци од Дневникот на Царицата Александра)
Извор: Преспанско- пелагониска епархија