логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 






 Мајстори на играта

Повторно ден по ден, и пак, и претходниот, и следниот ден во кој црната хроника го преплавува медиумскиот простор. Брутално убиство на Балканот, неочекувано самоубиство на комичар во светот, двојно убиство насред кафеана во комшии и нова сообраќајна незгода во која гине мој сограѓанин, мој близок роднина.

 
Се споделуваат линковите од настаните. а коментарите варираат, од чудење, до осуда и воглавно прашањето "зошто баш најдобриот, најдобрата, најдобрите"...

Го знаев Гоце од бебе, го знаев и Горан кој минатата година на истиот датум загина, и другар ми Сашо кој замина пред три години. И малиот Андреј кој машки се бореше со опаката болест и ја изгуби битката, и малку повозрасниот Глигор кој во втората битка се предаде, и Михаил, и Мише, и Тоше, и моите родители. Сите добро ги познавав. За сите нив знам дека навистина беа добри луѓе. Тие беа предобри.

И не само јас, туку и секој што познаваше некого од нив, ќе каже дека беа добри, дека беа најдобри. Но заминаа. Сите пред време заминаа. А јас верувам дека заминаа онаму каде што одат добрите.

Насекаде има добри луѓе. И овие кои јас ги споменав беа добри. А некои луѓе се добри во бизнисот, некои во политиката, некои во науката, некои во уметноста, некои се добри гејмери. Но преку последно набројаните, некако станува појасно зошто играта им е предизвик,  и зошто најдобрите најбргу стигаат до целта.

Ако некогаш сте играле виртуелна игра, тогаш сигурно знаете...

Играта има почеток, појаснување како се игра и секако крај, односно цел. И логично...Би играле ли ''гејмерите" игра која нема смисла, односно игра нема крајна цел?

Секако дека не.

Па страста кон играта е што побрзо и пред другите да стигнеш до целта, со што подобар резултат.

И така...  Грабиш кон целта, но имаш препреки. Се обидуваш повеќе пати на една иста препрека, стекнуваш рутина и продолжуваш. Ако не оди, бараш помош, бараш објаснување како да поминеш. Имаш можности да минеш - од овде или од онде.

И почнуваш од љубопитност да експериментираш. Често се колебаш, бидејќи само еден е вистинскиот пат. По другиот пат- губиш живот. Но имаш нов. Обично по три или по пет ''животи", зависи од играта. Можеш и да стекнеш нов живот низ играта на одреден број поени или собрани бонуси, нели?

И така во некои игри, како што се развива играта, така можеш да менуваш и оружје, да собираш повеќе поени, полесно да минуваш, и на крајот стигнуваш до целта. Дали ќе добиеш медал или пак бакнеж од принцезата,  или пак ќе можеш да се потпишеш кога ќе го срушиш рекордот, а во поново време и можност да го споделиш на ФБ резултатот јавно, сеедно е. Битно е да се стигне до целта за сатисфакција. Оној што ја создал играта ја предвидел и наградата. А до целта и до наградата најбргу стигаат само најдобрите.

Како и во игрите, така и животот има почеток (раѓање), појаснување за правилата на игра (животното искуство и моралните вредности) и крај, односно цел (смрт, односно населување во животот вечен, барем според мноштвото религиии, вклучувајќи ја и нашата православна).

Би се труделе ли луѓето да останат во живот ако нема во него смисол, односно ако нема крајна цел?

Страста за живот е онаа које нѐ држи во живот, стравот од неизвесноста што после крајот, што после смртта, но и надежта дека има награда на небесата за она што сме го преживеале на земјата. Тоа нѐ држи во живот и нѐ прави храбри борци кои се борат за подобра награда,  која пак зависи од резултатот, односно квалитетот на животот. И волно или неволно, грабиме кон смртта.

А додека трае играта, односно животот, се јавуваат препреки кои со црковна терминологија ги нарекуваме искушенија.

Многупати паѓаме во искушенија, кои ако повеќепати ги повториме - стануваат страсти и не ни даваат лесно и брзо да чекориме низ животот. Некои од нив нѐ влечат кон провалија. Постојано паѓаме, никако да тргнеме нанапред. Бараме помош преку покајание и исповед, се растеретуваме и пак сме во игра. Но, пак и пак, од човечка љубопитност- често грешиме и паѓаме. Секое паѓање е како во играта -- губење живот. Но нѐ очајувајте. Секое покајание ни е можност за нов живот.

Сепак...

Во реалниот живот имаме многу повеќе можности за покајание отколку во игрите животни. Ако се вооружиме со морални доблести и искуство низ животот, ќе постигнуваме подобри резултати во духовниот живот.

И на крај стигаме до целта.

Секој стига до смртниот час. За нас кои веруваме во Бога и во наградата што е предвидена од Него на небесата, значи дека сме стигнале до целта. Ако креаторот на играта е оној кој ја одредува наградата, така и Творецот на животот е Оној кој ја одредува наградата. Уште веруваме дека човекот се сели на небесата кога има најмала осуда, кога е најспремен. Затоа не е чудно што најдобрите први стигаат до целта, што први ја примаат наградата небесна и животот вечен.

Креаторите на видео игрите ги сакаат добрите гејмери. Ги сакаат мајсторите на играта, а сите ние ги сакаме добрите. Веројатно и Творецот на животот ги сака добрите луѓе. И затоа...

Почивајте во мир мои мили мајстори на играта наречена живот. Уживајте во наградата која ја стекнавте на небесата. Убавите спомени на вас ќе ни ја ублажуваат болката од вашето отсуство.

А ние?

Ние од вашето искуство ќе се поучуваме како да стигнеме до целта, како и ние да станеме мајстори на играта.

Извор: 

офф.нет.мк

20.08.2014 год.

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Св. Јован Шангајски: Богојавление

За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги...

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Да го бараме од Бога тоа божествено просветлување, за кое некои од нас имаат не каков мал опит. Понекогаш се отвораат душевните очи и гледаме нешто друго. Тој што го...

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

20/01/2025 - понеделник

Собор на свети Јован Предвесник и Крстител; Светиот маченик Атанасиј;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Светлината која се покажа на лицето твоеја истера темнината на незнаењето,о, Полиевкте блажен ученику на Љубовта Божја,тебе кого Христос Го...

Тропар на светиот отец Георгиј Хозевит 8 јануари / 21 јануари 2025

Тропар на светиот отец Георгиј Хозевит 8 јануари / 21 јануари 2025

Голем молитвенику пред Господа, подвижнику во смиреномудрието,  учител на монасите во трпението, \ Георгие оче наш преподобен,  застапи се пред Бога...

Тропар на Собор на  св Јован Крстител     7 јануари / 20 јануари 2024

Тропар на Собор на св Јован Крстител 7 јануари / 20 јануари 2024

Глас 2     Споменот на праведникот е со пофалби,  а тебе ти е доволно и сведоштвото на Господа, Претечо, оти навистина...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная