На 05. 10. 2025 година, на денот кога Светата Македонска православна црква - Охридска архиепископија го чествува празникот на Сите Македонски Светители, во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес се одржa традиционалниот Семакедонски православен христијански собор.
Со Светата Божествена Литургија чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, Митрополитот Дебарко-кичевски г. Герогиј и бројно свештенство на Македонската православна црква.
Во преполниот храм во Велес имаше верници од цела Македонија, а меѓу присутните беа и Премиерот на Република Македонија, г-дин Христијан Мицкоски, Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев, Министерот за култура и туризам, г-дин Зоран Љутков, пратениците во македонското Собрание од Велес, г-дин Игор Здравковски и г-дин Александар Јамалов и бројни претставници на институциите од градот Велес.
Семакедонскиот црковно-народен собор, почнувајќи од 1998 година, веќе дваесет и седум години по ред се одржува во првата недела од месец октомври, кога нашата Света Македонска православна црква го има востановено овој македонски црковен празник на кој се одбележува споменот на Сите Македонски Светители од сите епохи и векови.
http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/