логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


 СВ. МЧ. ТАЛАЛЕЈ И ОТВОРАЊЕ НА НОВИОТ МУЗЕЈ ВО ВРАНИШТА (02.06.2014)



На 02.06.2014 година, на празникот на светиот маченик Талалеј, во храмот „Св. Никола“ во с. Враништа, Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Митре Попоски, свештениците Никола Христоски и Ристе Наумоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

 

 

По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме.

Денешниот празник беше голем ден за жителите на Враништа, за верниците на Дебарско-кичевската епархија, но и за сиот македонски народ. На овој ден, кога го прославивме големиот Јубилеј 210 години од возобновувањето на храмот „Св. Никола“ во селото Враништа, беше свечено отворен и музејот при истиот храм, во кој може да се видат многубројни археолошки предмети од различни периоди од неолитот преку енеолитот па до бронзеното време. Средновековната изложбена поставка опфаќа неколку поствизантиски икони, кои датираат од времето на XVI и XVII век, две икони од XIX век, дело на Аврам Дичов, како и неколку литургиски сребрени предмети. Особено се истакнува иконата на свети Никола со сцените од неговото житие, а која е една од ретките житијни икони во Македонија од овој период. Музејот се отвора со благослов на Митрополитот Тимотеј, а своите сили во изградбата на овој музеј ги сплотија црковниот одбор од селото Враништа и жителите на селото, од една страна, и д-р Сашо Цветковски, директор на НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“, и Цветлана Василевска, како автори на изложбата, од друга страна. Проектот беше поддржан и од Министерството за култура на Р. Македонија. На отворањето на Музејот се обратија: претставникот од Министерството за култура на Р. Македонија, д-р Бошко Ангеловски, д-р Сашо Цветковски, како и Митрополитот Тимотеј, кој кажа: Македонската православна црква отсекогаш била со својот народ, и во моментите на радост, но и во моментите на жалост. Преку вековите, пак, Црквата ги негувала културните, уметничките и цивилизациски достигнувања, а денес тоа се докажува и со достојното излагање на една ваква вредна поставка. Митроополитот особено им се заблагодари на црковниот одбор на селото и на д-р Сашо Цветковски.   

Во продолжение ви ја пренесуваме беседата на Митрополитот Тимотеј, изговорена на денешната света Литургија.

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух!
Драги браќа и сестри!

Нашиот Господ Исус Христос доаѓа во овој свет да нè избави од гревот и да нè ослободи од тоа тешко бреме, кое човекот го носел уште од нашите прародители Адам и Ева. Исто така, Он ни го покажува и патот на спасението и нè повикува да одиме по тој пат. Нè вика да Го следиме Него, поминувајќи го достојно земниот од и да влеземе во Царството Небесно.
           
Нас постојано нè интересира прашањето како да влеземе во Царството Небесно, како да стасаме таму и како да го наследиме вечниот живот? Токму на овие прашања ни одговара светото Евангелие, во кое Господ, преку заповедите, нè учи како тоа да го постигнеме. Најпрво Он ни заповеда да се откажеме од себе. Да се откажеш од себе не значи само формално да се исповедаш, туку да ја очистиш душата од нечистотиите, од гревовите и слично. Од друга страна, да се откажеш од себе, не значи и да се откажеш од сите земни потреби. Тоа не значи дека треба да се отфрлат оние работи, кои ни се неопходни за одржување на нашиот живот, за кој ние работиме и се трудиме да се одржиме во овој свет. Од нас со ова барање се очекува да се откажеме од оние богатства, кои ни служат како пречка на патот на нашето спасение. А претставуваат пречка, бидејќи тие богатства и средства постанале дел од нас. Ние сме се сродиле со нив и ги третираме како неопходни за нашето постоење во овој свет. Затоа ние сме должни постојано да ги проценуваме нештата, и да утврдуваме што ни е потребно во нашиот живот, а што не.

Светите отци постојано се преиспитувале, проценувајќи дали нештото им помага да се спасат или им одмага. Доколку не им помагало и ги лишувало од спасението, тие знаеле цврсто и непоколебливо да го отфрлат. Такво расудување кај нас денес не постои. Ние немаме ниту желба, ниту волја, ниту, пак, време да се откажеме од таквите нешта. Ние најчесто го помешуваме она што е корисно со она што е штетно и најчесто се приврзуваме за земните добра. Треба да се преиспитаме, да се откажеме од сè што нè оттргнува од патот на нашето спасение. Но, да се одречеме од себе не значи само да се очистиме од злото и гревот, туку треба да се откажеме од нашата горделивост, самољубие и гостољубие. Овие особености толку многу се вселени во нашиот живот и постојано ни пречат на патот кон Царството Небесно.

Господ Исус Христос нè повикал да бидеме христијани и нè нарекол разумно стадо. Ние, пак, ако се испрашуваме себе, ќе видиме дека нашиот внатрешен човек е поинаков од оној, кој треба да биде вистински христијанин. Ние одиме во црква, се причестуваме, ги извршуваме црковните обреди и традиции, сечеме празничен леб, крстиме вода, но внатрешниот човек останува поинаков. Ако ние на крајот на денот се потсетиме на сè што сме направиле во текот на тој ден, ќе констатираме дека сме далеку од вистински христијани. Честопати ние сме постапувале според нашиот егоизам, самољубието и среброљубието. Нашето незнаење да се определиме и да откажеме од себе честопати се појавува во нашите брзоплети и нервозни реакции, а сето тоа е поради нашата гордост. Светите отци знаеле сето тоа да го совладаат преку љубовта, која ја поседувале.

Ние со зборови честопати велиме дека опростуваме и се исповедаме, но во нашата душа останува сè по старо. Затоа ние не се измируваме онака како што од нас бара Господ. Во светото Евангелие се вели: „Оти кој сака да ја спаси душата своја, ќе ја загуби; а кој ја загуби душата своја заради Мене, тој ќе ја спаси“ (Лк. 9,24). Тоа значи дека ние треба да ги презреме овоземните блага, а душата, мислејќи на онаа духовна супстанца, да ја спасуваме и да и обезбедиме вечен и блажен живот. Но, не ретко ние не знаеме да се определуваме за небесните блага, туку повеќе се приврзуваме за земното. Па така, доколку нè снајдат непријатности, болести и слично, место да молиме Бог да ни помогне и да нè вразуми сите тие маки и страдања да ни бидат за спасение, ние честопати и во најголема мера се определуваме да Го хулиме Бога, ставајќи ја својата душа во уште поголеми гревови.

Како втора заповед, Господ Исус Христос ни вели: „Земете го својот крст“. Земањето на крстот значи да се уподобиме на Христа, бидејќи носењето на крстот значи да се биде вистински христијани. Носењето на крстот е исполнување на зборовите Христови, Кој нè повикува да бидеме сол на земјата и светлина на светот. Да го носиме крстот, значи да одиме по Христа, којшто го понел најтешкиот крст на Голгота и се распнал заради нашето спасение. Но, ние и тука се покажуваме недоследни христијани. Сакаме да го отфрлиме својот крст и да се спротивставиме на носењето, да се ослободиме од него. Но, за тоа треба да ни послужи примерот на светиот апостол Павле, кој вели: „Јас секој ден умирам“. Тоа не значи дека физички умирал, туку дека секој ден се распнувал, се откажувал од сите земни богатства и удобности и се уподобувал на Христа. Тоа значи дека ние, кои во Христа се крстивме, и умираме со Христа, но и воскреснуваме секојдневно со Него. Тоа духовно воскресение му претходи на телесното воскресение. Нашата слабост толку нè заслепила, па и овие вистини не можеме да ги видиме.

 

Третата заповед е да одиме по Христа. Господ нè повикува без било какви двоумења и колебања да одиме по Него и да го следиме Неговиот пат. Он бара од нас да ја сакаме светата Црква, да ги почитуваме заповедите и да живееме според законите на нашата вера. За тоа имаме безброј примери во житијата на Божјите угодници, но најдобар пример ни е старозаветниот Авраам, кому Бог му се јавил и му рекол:  остави сè и напушти ја својата земја. Тој без двоумење ја напушта и тргнува по Бога, не знаејќи ниту каде, ниту зошто оди. Божјата љубов била секогаш со него и тој ќе отиде во ветената од Бога земја. Ист е примерот и со апостолите. Кога Христос ги повикува,  тие сè оставаат, а Он ги прави ловци на луѓе.
           
Драги  браќа и сестри!
Овие пораки од нашата света Црква, односно од нашиот Спасител, Господ Исус Христос, нека допрат до нашите души, до нашите срца и до нашата волја. Искрено да ги прифатиме и да се потрудиме според нив да постапуваме, па достоинствено да го изодиме земниот пат и да спечалиме вечен и блажен живот.
           
Денеска се собравме да прославиме 210 години од возобновувањето на овој свет храм, посветен на светиот Николај Мирликискиот Чудотворец. Сите ние да се угледаме на неговиот свет и беспрекорен живот и на исполнувањето на законите Божји, а по неговите молитви, Бог нека ни ја умножи љубовта, верата и надежта, па уште многу години да го прославуваме,  а за спасение на нашите души. Амин!

 

 


02.06.2014 година


храм „Св. Никола“
с. Враништа, Струга

 

Извор: Дебарско-кичевска епархија


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная