логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


sveta.troica.a.jpg

Црквата Христова

Вовед

Денес е Педестеница. Пеесетиот ден по Воскресението Христосво кога со слегнувањето на Светиот Дух врз апостолите зе запечати Божествениот домострој на спасението за човекот и светот. Ден кога со слегувањето на Светиот Дух во вид на огнени јазици врз апостолите Бог ја основа Црквата како заедница на верните во Единиот Бог – Света Троица. Нова твар Божја, твар за непропадливост.

Црквата е наречена Тело Христово

Црквата е наречена Тело Христово и Невеста Христова во Светото Писмо. Црквата се споредува и со свет храм Божји и се нарекува столб и тврдина на вистината. Црквата е една зашто Бог е еден и затоа што и Христос и Светиот Дух се едно. Може да постои само една Црква, а не многу. И таа една црква, затоа што нејзиното единство зависи од Бога, Христа и Духот, не може никогаш да се разбие.

Единство и светост на Црквата Христова

Според православното учење, Црквата е неделива; луѓето можат да бидат во неа или надвор од неа, но не можат да ја делат; Црквата е востановена со слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на Педесетница. Според православното учење, единството на Црквата е слободно човеково единство во вистината и љубовта Божја. Ваквото единство не го донесол некој човечки авторитет или правна сила, туку самиот Бог. Православните христијани веруваат дека во Православната црква секогаш постоела можност за потполно учествување во Црквата Божја и дека само гревовите и погрешните човечки избори (ересите) ги поставувале луѓето надвор од оваа заедница.

Православните сметаат дека кај неправославните христијански групи постојат извесни препреки, кои се различни во различните групи, и кои, ако луѓето ги прифатат и се поведат по нив, го спречуваат нивното совршено единство со Бога.

Во рамките на единството на Црквата човекот е навистина она за што е создаден и назначен да биде и може да израсне за вечноста во божествениот живот и заедница со Бога преку Христос во Светиот Дух. Единството на Црквата не се нарушува ни со времето, ни со просторот и не е ограничено само на оние што живеат на земјата. Единството на црквата е единство на Триблажената Троица и на сите оние кои живеат со Бога: светите ангели, упокоените праведници и оние кои живеат на земјата според Христовите заповеди и по силата на Светиот Дух.

Црквата е света бидејќи Бог е свет и бидејќи Христос и Светиот Дух се свети. Светоста на Црквата доаѓа од Бога. Членовите на Црквата се свети толку колку што живеат заедно со Бога. Во рамките на земната Црква, луѓето учествуваат во Божјата светост. Гревот и заблудите го одвојуваат од оваа божествена светост, како и од божественото единство. Верата и животот на Црквата на земјата се пројавуваат во нејзиното учење, во светите тајни, во светоотечките и другите вдахновени списи, во богослужбите и светителите кои го задржуваат суштественото единство на Црквата, и кои сигурно можат да се потврдат како свети поради Божјото присуство и дејство во нив.

Соборност на Црквата Христова

Црквата е соборна заради својата врска со Бог Отецот, со Христа и со Светиот Дух. Зборот соборност (или католичност) означува полнота на која ништо не ѝ недостасува. Само Бог е полна и потполна реалност; и само во Бога ништо не недостасува. Соборноста на Црквата понекогаш се сфаќа во смисла на црковната севкупност низ времето и просторот. Вистина е дека Црквата е севкупна, универзална – за сите луѓе во сите времиња и сите места – но, таа просторна сеопфатност не е првото значење на зборот соборност кога тој се употребува за да ја означи Црквата.
Изразот соборност како што во почетокот ја означуваше Црквата (уште во првите децении на II век) беше повеќе определба на квалитетот, отколку на количината. Да се нарече Црквата соборна или вселенска – значеше да се одреди каква е, што значи – полна и потполна, сеопфатна и дека ништо не и недостасува.

Уште пред Црквата да се прошири низ светот, таа е означена како вселенска (соборна). Првобитната Ерусалимска, апостолска Црква или раните градски цркви во Антиохија, Ефес, Коринт или Рим беа соборни, вселенски – како што е и секоја Православна црква денес – зашто ништо суштествено не им недостасувало да бидат вистинска и потполна Христова Црква. Самиот Бог е потполно откриен и присутен во секоја Црква преку Христа и Светиот Дух, делувајќи во локалната заедница на верници со нејзиното апостолско учење, со свештенството (ерархијата) и со светите тајни, така што ништо повеќе не треба да и се додава за потполно да учествува во Царството Божјо.

Да се верува во Црквата како во соборна, вселенска, значи – да се изразува уверението дека полнотата Божја е присутна во Црквата и дека ништо не ѝ недостасува од изобилието на животот кој Христос му го дава на светот во Духот. Тоа, всушност, значи да се исповеда дека Црквата навистина е полнота иа Оној кој сè исполнува во сè.

Зборот апостол го означува оној којшто има задача, кој е испратен, да изврши наредба.

Во Светото Писмо не само што повеќепати се повторува дека Христос е испратен од Отецот, а Духот испратен преку Христа (од Отецот), туку јасно е забележено дека Христос е Апостол… на нашата вера. Како што Христос беше испратен од Бога, така и Тој ги одбра и ги испрати апостолите. Како што Отецот ме испрати мене, и јас ве испраќам… примете го Светиот Дух – им рече воскреснатиот Христос на своите ученици. Така, апостолите излегоа во светот, станувајќи вистински темел на Христијанската црква.
Во таа смисла Црквата се нарекува апостолска: прво, бидејќи се темели на Христа и на Светиот Дух – испратени од Бога и на оние апостоли кои Христос ги испрати полни со Свет Дух; и второ, бидејќи Црквата преку своите земни припадници и самата е испратена од Бога да го сведочи Неговото Царство, да одржува Неговиот збор и да ја твори Неговата волја и Неговите дела во овој свет.

Православните христијани веруваат во Црквата како што веруваат во Бог Отецот и во Христа и во Светиот Дух.

Верата во Црквата е дел од христијанското исповедување на верата.

Православната Црква како божествена стварност

Црквата, е божествена стварност на Царството Божјо дадено на луѓето преку Христа и Светиот Дух; таа е божествена заедница основана од Господ Исус Христос и неа вратите на Адот нема да ја надвладеат. Црквата, и верата во Црквата, е суштествен елемент на христијанското учење и живот. Без Црквата – како божествена, мистична, светотаинска и духовна стварност во центарот на грешниот и паднат свет – не би постоела потполна и совршена заедница со Бога.

Црквата Божја е дар на светот: Таа е дар на спасението, познавањето и просветувањето, простувањето на гревовите, победа над темнината и смртта. Таа е дар на заедницата од Бога преку Христа во Светиот Дух. Овој дар е даден, од Бога потполно, еднаш за секогаш, без остаток. Црквата останува засекогаш, до крајот на времето: несовладлива и неуништлива. Луѓето можат да грешат и да се борат против Црквата, верниците можат да паѓаат и да се одвојуваат од Црквата, но самата Црква е столб и тврдина на вистината, и затоа останува за секогаш.

…(Бог) сè покори под Неговите (Христовите) нозе и Него го постави над сè за глава на Црквата, која е тело Негово, полнота на Оној кој исполнува сè во сè.

Светиот апостол Павле за Црквата пишува:

… Зашто преку Него имаме… пристап при Отецот во едниот Дух. Така, значи, не сте повеќе странци ни дојденци, туку сте сограѓани на светиите и домашни Божји, наѕидани на темелот на апостолите и пророците, кај што аголен камен е самиот Христос, врз кого целата градба, складно споена, расте во свет храм во Господа, во кого и вие заедно се вградувате во престојувалиште Божјо во Духот.

Животот на Православната Црква

Црковниот живот е живот на луѓето во Пресвета Троица. Во Црквата сите стануваат едно во Христа, сите се облекуваат во обоготворената човечка природа на Синот Божји. Зашто вие кои во Христа се крстивте, во Христа се облековте. Единството на Црквата е соединетост на многумина во едното, единствено Тело Христово, во еден жив Храм Божји, во еден народ и семејство Божјо. Во рамките на тоа едно тело има многу поединечни припадници. Многу живи камења го сочинуваат живиот храм. Многу браќа и сестри го сочинуваат семејството на кое Бог му е Отец. Единствена различност на секој припадник на ова едно тело Христово е одредена со присуството на Светиот Дух. Секоја посебна личност е вдахновена со Светиот Дух за да биде вистински човек, вистинско чедо Божјо – на свој единствен начин. Така, како што Телото на Црквата е едно во Христа, едниот Свет Дух на секој припадник му дава можност да се оствари во Бога и така да биде едно со сите други, нарекувајќи го Бога Отец.

Понатаму, Црквата, како совршено единство на многу личности во еден потполно соединет организам, е одраз на самата Света Троица. Повикувањето на Црквата да биде една во сè е праобразец на повикот кон целото човештво, кое Бог првобитно го создал како многу човекови личности со една човечка природа и го назначил за вечно и совршено растење во слободното единство на Вистината и Љубовта, во животот на Божјото Царство.

Извор: http://www.mpceanz.org.au/


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна...

« »

Православен календар

 

18/04/2025 - петок


Велигденски пости;
(строг пост)

Велик петок; Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април   2025

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април 2025

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Манастирски посни рецепти

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная