логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Stefan.Petkovden.jpg

Светите Дваесет илјади никомидиски маченици

Во времето на свирепиот цар Максимијан Херкул христијанската вера во Никомидија цветаше и се умножуваше секојдневно. Еднаш царот бавејќи се во тој град дозна за христијанското мноштво и за напредокот на Христовата Црква, па многу се огорчи и смисли план како да ги погуби сите. Тогаш се приближи празникот на Христовото Рождество, а царот дозна дека тој ден сите христијани ќе се соберат во црквата, па нареди на денот на празникот црквата да се опколи со војска и да биде запалена. Откако се собраа христијаните по полноќ и откако торжествено го започнаа својот Божествен празник, војниците ја опкружија црквата не пуштајќи никого надвор, а царски пратеник влезе во црквата и им ја објави царската заповед: или веднаш да им принесат жртва на идолите или да бидат изгорени сите. Тогаш со Божествена ревност се распали архиѓаконот и почна да го потсетува христијанското собрание на Тројцата младенци во печката Вавилонска. „Погледнете, браќа, кон жртвеникот на Господовиот олтар и разберете дека на него сега за нас се жртвуваше нашиот Господ Кој е вистински Бог; зарем ние да не ги положиме за Него нашите души на ова свето место?“ Народот се возбуди да умре за Христа, а сите огласени се крстија и се миропомазаа. Тогаш војниците ја потпалија црквата од сите страни, а христијаните, на број дваесет илјади, изгореа во пламенот воспевајќи ја славата на Бога. Пет дена по ова црквата гореше, а од неа се креваше чад со неопислив опоен мирис и на она место се покажуваше необична златозарна светлина. Така славно завршија многубројни мажи и жени, девојки и деца, примија венец на вечна слава во Царството Господово. Пострадаа и се прославија во 302 година.

Stefan.Petkovden.jpg

Преподобен Симеон Мироточив

Основач на светогорскиот манастир Симоно-Петра. Прославен низ подвизи, виденија и чуда. Се упокои мирно и премина кај Господ во 1257 година.

Свети праведен Јосиф Обручник

Праведниот Јосиф Евангелието го нарекува м а ж п р а в е д е н (Матеј 1, 19). Затоа и му ја даде Бог Пресветата Дева на заштита, со што му се додели голема чест во домостројот на спасението на човечкиот род. Иако Јосиф беше од царскиот род Давидов, сепак самиот беше скромен дрводелец во Назарет. Во својата осумдесетта година Ја зеде Пресветата Дева од ерусалимскиот храм во својот дом, а во сто и десеттата година од животот се упокои.

7.Vselenski.sobor

Свети цар Давид

Се празнуваат во неделата после Божик. За царот Давид, синот Јесеев, може да се дознае од Книгите Царства на Стариот Завет.

Свети Јаков, брат Господов


Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше на умирање, па сакаше да Му остави еден дел на Исус, синот на Пресветата Дева Марија, сите браќа се спротивставија на ова, не сметајќи Го за свој брат. Јаков многу Го љубеше Исуса и изјави дека тој ќе го подели својот дел со Него. И затоа се нарекува брат Господов. Од почетокот Му беше приврзан. Според преданието тој и во Мисир одеше со Пресветата Дева и со Јосиф кога Ирод бараше да Го убие новородениот Цар. Штом ја чу Христовата наука Јаков почна да живее според неа. За него се вели дека целиот живот не јадел маст ниту зејтин, туку дека живеел само на леб и вода. И бил девственик до крајот на животот. Многу бдеел ноќе и Му се молел на Бога. Господ го вбројал во Своите Седумдесетмина апостоли. По воскресението Христос нему му се јавил посебно, како што сведочи Св. апостол Павле (1 Кор. 15). Бил епископ во Ерусалим триесет години и ревносно управувал со Божјата Црква. По указ на Господ ја составил првата литургија, којашто за подоцните христијани беше премногу долга, па затоа ја скратуваа Св. Василиј Велики и Св. Јован Златоуст. Многумина Евреи и Елини Св. Јаков ги обрати во верата Христова. И самите неверни Евреи ? се восхитуваа на неговата праведност и го нарекуваа Јаков Праведниот. Но кога дојде за првосвештеник Анан, тој со другите еврејски старешини намисли да го убие апостолот Јаков, како проповедник Христов. Еднаш на празникот Пасха, кога многу народ се беше собрал во Ерусалим, му рекоа старешините да се качи на покривот од храмот и оттаму да говори против Христа. Свети Јаков се качи и почна да му зборува на народот за Христа како за Син Божји и вистински Месија, за Неговото воскресение и за Неговата вечна слава на небесата. Разјарени свештениците и старешините го турнаа од покривот и тој падна и се повреди многу, но с ? уште беше жив. Тогаш притрча еден човек и го удри по главата толку силно, што му го истури мозокот. И така сврши со маченичка смрт овој преславен Христов апостол и се пресели во царството на својот Господ. Јаков имаше шеесет и три години кога пострада за Христа.

Светата маченичка Домна

Девица и жреца на скверните идоли на дворецот на царот Максимијан. Откако од некаде ги прочита Делата Апостолски поверува во Христа и се крсти од епископот Кирил во Никомидија заедно со евнухот Индис . Свети Кирил ја упати во женски манастир, каде што игуманија беше блажената Агатија. Но кога царот почна да трага по неа, Агатија ја преоблече во машка облека и ја испрати во машки манастир. Во тоа време во црква беа изгорени дваесет илјади христијани, на заповед на царот Максимијан. Веднаш потоа, по наредба на царот, Светите Индис, Горгониј и Петар беа фрлени во морето откако претходно им обесија камења на вратовите. Војводата Зинон којшто јавно го изобличи царот за идолопоклонство беше заклан; Свети Теофил, ѓаконот на епсикопот Антим, го убија со камења и со стрели. Игуманијата Агатија, монахињата Теофила и големците Доротеј, Мардониј, Мигдониј и Ефтимиј, сите ги погубија заради Христа. Една ноќ Домна одеше по морскиот брег и ги виде рибарите како фрлаат мрежи во морето. Во тоа време таа посебно тагуваше по Свети Индис. Рибарите ја повикаа да им помогне и таа појде, а по Божја Промисла во мрежата извлекоа три човечки тела. Во нив Домна ги позна Св. Индис, Горгониј и Петар, ги зеде нивните тела и чесно ги погреба. Кога дозна царот дека некое момче ги чува и ги кади гробовите на христијанските маченици, нареди да го убијат со меч. Ја фатија и ја убија Света Домна, која стекна маченички венец во Царството Божјо заедно со мачениците.

   
Евангелие и поука за 10/01/2023 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Марко 10:2-12

2.     И пристапија фарисеите и Го прашаа, искушувајќи Го: „Допуштено ли е да ја остави човек својата жена?”
3.     А Он им одговори и рече: „Како ви заповеда Мојсеј?”
4.     Тие рекоа: „Мојсеј позволи да се напише разводно писмо и да се отпушти.”
5.     Одговори Исус и им рече: „Заради вашето жестоко срце ви ја напишал таа заповед.
6.     Во почетокот на светот, пак, Бог ги создаде маж и жена.
7.     Затоа човек ќе го остави татка си и мајка си,
8.     и ќе се прилепи до жената своја, и обата ќе бидат едно тело; и така, тие веќе не се двајца, а едно тело.
9.     А Бог што составил, човек да не разделува.”
10.     И во домот, учениците Негови пак Го прашаа за тоа.
11.     И им рече: „Кој ќе ја напушти својата жена и се ожени со друга, тој прељубодејствува спрема неа;
12.     а и жена, ако го напушти својот маж и се омажи за друг, прељубодејствува.”

Апостол на денот: Послание на светиот апостол Павле до Евреите 12:25-26;13:22-25

25.     Гледајте да не Го избегавате Оној, Кој зборува. Оти, ако не останаа неказнети оние, што му откажаа да му служат на оној, што зборуваше на земјата, а колку повеќе ние, кои се одвраќаме од Оној, Кој зборува од небесата,
26.     Чиј глас тогаш ја потресе земјата, и Кој сега ветува, зборувајќи: „Уште еднаш Јас ќе ја потресам не само земјата, туку и небото”.
22.     Ве молам, браќа, трпеливо примете го ова поучно слово: оти накратко и ви напишав и испратив.
23.     Знајте дека братот Тимотеј е пуштен, со кого, ако скоро дојде, ќе ве видам.
24.     Поздравете ги сите ваши наставници и сите светии! Ве поздравуваат браќата што се од Италија.
25.     Благодат со сите вас. Амин!

Поука на денот: Отец Василиј Гондикакис

"Во секој одличен ден, во секој празничен ден, ѓаволот со неговите искушенија создава проблеми кои причинуваат тага. Тој сака да ја урне нашата радост, да ја наоблачи светлоста на празникот, да не остави срце нерането од жалоста. Онаа исходечка љубов - нудењето самите себеси на другите – н? води кон пронаоѓање на себеси. Го откриваме не само нашето сопствено битие туку и битието на секој друг човек. И ако ја поседуваме оваа љубов – колку и да сме далеку ќе н? одведе во Рајот. А ако не ја поседуваме – дури и да сме пред самите порти на Рајот – нашиот недостаток од љубов, кој всушност е „омраза”, ќе н? спречи да влеземе и ќе направи да бидеме отфрлени далеку."
  

Поука на денот: Свети Симеон Нов Богослов
Оној којшто многу страда во срцето свое кога го срамотат и го нажалуваат, од ова нека познае дека внатре во себе ја носи древната змија. Според тоа, ако трпи молчејќи или ако одговори со многу смирение, ќе ја расслаби и ќе ја направи немоќна онаа змија. Ако, пак, одговара со горчина и ако зборува дрско, ќе ? овозможи да излее отров во неговото срце и миговно да ја разјаде неговата внатрешност, така што оваа змија од ден на ден станувајќи со тоа с? посилна, ќе ги направи свој плен доброто расположение и силата на неговата несреќна душа, и тогаш таквиот човек ќе почне да живее за гревот и наполно ќе умре за праведноста.

Поука на денот: Свети Јован Лествичник
Што е вистинско послушание сме сфатиле дури ако во отсуство на духовникот, замислувајќи го неговиот лик, мислиме дека тој е пред нас и одбегнуваме секаков разговор, или збор, или јадење, или сон, или што и да е друго коешто според нашето мислење би можело да му биде непријатно. Невистинските ученици се радуваат на отсуството на учителот, а вистинските го сметаат за загуба.

Старечник

Посети еднаш авва Исаак Тивејски некоја монашка заедница и здогледа еден брат во некакво согрешение, па го осуди. А кога излезе во пустината, дојде ангел Господов и застана пред вратата од неговата келија, велејќи: „Нема да те пуштам да влезеш.“ А тој почна да го моли: „За што се работи?“ Одговарајќи, ангелот му рече: „Бог ме испрати велејќи: „Прашај го каде заповедаш да го фрлам грешниот брат што го осуди?“ Овој веднаш се покаја, па рече: „Згрешив, прости ми.“ А ангелот рече: „Стани, Бог ти прости. Чувај се, пак, во иднина да не осудуваш никого пред Бог да го осуди.“


Holy Twenty Thousand Martyrs of Nicomedia

In the reign of the cruel Emperor Maximian Galerius, Christianity in Nicomedia blossomed and grew day by day. One day when the Emperor was at the city he found out about the large number of Christians and the growth of the Christian Church, which annoyed him greatly so that he devised a plan to murder them all. The feast of the Nativity of our Lord was approaching and the Emperor learned that all Christians would gather at the church on that day, so he ordered his army to surround the church and burn it down on the feast day. The Christians had assembled at midnight and began to celebrate gloriously their divine feast when the soldiers surrounded the church so that nobody could escape, and a messenger of the Emperor entered the church and declared the Emperor’s order: they were all to sacrifice to the idols or they would be burned. Then a divine zeal seized the archdeacon and he began reminding the Christian assembly of the Three Young Men thrown into the Babylonian furnace. “Look brothers to the altar of God and understand that there has now sacrificed for us our Lord Who is the only true God; should not we lay our souls for Him on this holy place? The assembly became eager to die for Christ, and all catechumens were baptized and anointed with the holy myron. Then the soldiers set the church on fire and the Christians, twenty thousands in number, gave up their souls in the fire singing in glory to God. The church was burning for five days and an indescribable heavenly scent filled the air and the place was surrounded by a brilliant light. Thus ended their lives in glory many men, women and children and received the wreath of eternal glory in the Heavenly Kingdom. They suffered and were glorified in the year 302.

Venerable Symeon the Outpourer of Myrrh

He was the founder of the Monastery of Simonos Petra on the Holy Mountain of Athos. He is renowned for his ascetic struggle, heavenly visions and miracles. He fell asleep in peace and departed to God in the year 1257.

Holy Martyr Domna

The virgin Domna was priestess of the temple of the pagan gods within the palace of the Emperor Maximian. One day she came across the Acts of the Apostles and having read them she believed in Christ and hastened to Bishop Cyril to receive holy Baptism together with the eunuch Indes. Saint Cyril directed her to a female monastery, where the blessed Agathia was abbess. When the Emperor began to search for her, Agathia put male attire on her and sent her to a male monastery. At that time twenty thousand Christians were burned in the church by order of the Emperor Maximian. After that by Emperor’s order Saints Indes, Gorgonius and Peter were cast into the sea with heavy stones around their necks. The courtier Zeno who publicly condemned the Emperor for his idolatry was beheaded; Saint Theophilus, the deacon of Bishop Anthimus was stoned to death; Abess Agathia, sister Theophila and the palace officers Dorotheus, Mardonius and Migdonius were all put to death for Christ. One night as Domna was walking along the seacoast she saw fishermen hauling in their nets. At the time she was grieving after her companion Indes. The fishermen called her to help them and by divine Providence they recovered three bodies in which she recognized Saints Indis, Gorgonius and Peter. She took their bodies and buried them with devotion. When the Emperor learned that some boy guarded and incensed the tombs of the Christian martyrs ordered him to be beheaded. Saint Domna was seized and beheaded too and thus crowned with martyr’s wreath in the Heavenly Kingdom together with the other martyrs.


Elder Ephraim of Philotheou

If here in exile, in this accursed land of weeping, our holy God has given us so much beauty to enjoy, I wonder how much there will be in the place where God Himself dwells! Truly, “the sufferings of this present time are not worthy to be compared with the coming glory and bliss” (cf. Rom. 8: 18)

 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

Св. 20000 мч-ци во Никомидија


28 ДEКEМВРИ

 

1. Св. дваeсeт илјади мачeници вo Никoмидија. Вo врeмeтo на лoшиoт цар Максимијан Хeркул, христијанската вeра цутeла вo Никoмидија и сe згoлeмувала oд дeн на дeн.
Eднаш царoт, задржувајќи сe вo тoј град, дoзнал за гoлeмиoт брoј христијани и за напрeдувањeтo на христијанската црква, па сe налутил мнoгу и смислил план какo ситe да ги пoгуби. Тoгаш сe приближувал празникoт Рoждeствo Христoвo и царoт, oткакo дoзнал дeка ситe христијани на тoј празник сe сoбираат вo црквата, нарeдил на тoј дeн црквата да сe oпкoли сo вoјската и да сe запали. Кoга сe сoбралe ситe христијани вo црквата, пoслe пoлнoќ, и гo запoчналe тoржeствeнoтo празнувањe, вoјницитe ја oпкoлилe црквата за да нe пуштат никoгo надвoр, царскиoт пратeник влeгoл вo црквата и им ја oбјавил на христијанитe царската запoвeд вeднаш, или да принeсат жртва на идoлитe, или ситe ќe бидат изгoрeни. Тoгаш архиѓакoнoт, јуначкиoт Христoв вoјник сe разлутил сo рeвнoст бoжствeна, па пoчнал да гo храбри нарoдoт, пoтсeтувајќи ги вeрницитe на тритe мoмчиња вo Вавилoнската пeчка: Пoглeднeтe, браќа, рeкoл тoј, на жртвeникoт на Гoспoдoвиoт oлтар и разбeрeтe дeка на нeгo за нас сe жртвувал Гoспoд и нашиoт Бoг вистински, па зарeм ниe да нe ги пoлoжимe за Нeгo нашитe души на oва свeтo мeстo. Нарoдoт сe вooдушeвил да умрe за Христа и ситe кoи билe oгласeни сe крстилe и сe мирoпoмазалe. Вoјницитe тoгаш ја запалилe црквата oд ситe страни и христијанитe, дваeсeт илјади на брoј, изгoрeлe вo пламeнoт, пeeјќи ја славата Бoжја. Пeт дeна гoрeла црквата и нeкакoв чад сe крeвал oд нeа сo oпoeн и прeкрасeн мирис и нeкаква чудна златoзарна свeтлина сe пoкажувала на тoа мeстo. Така славнo завршилe мнoгубрoјни луѓe, жeни, дeвoјки и дeца, и примилe вeнeц на вeчна слава вo царствoтo Христoвo. Пoстрадалe и сe прoславилe вo 302 гoдина.
 

2. Прeп. Симoн Мирoтoчив. Oснoвач на свeтoгoрскиoт манастир “Симoнo-Пeтра”. Прoславeн сo пoдвизитe, видeнијата и чудата. Мирнo сe упoкoил и прeминал кај Христа вo 1257 гoдина.
 

3. Св. маченичка Дoмна. Дeвица и жрeц на сквeрнитe идoли на двoрeцoт на царoт Максимијан. Oткакo ги прoчитала oд нeкадe “Дeлата на свeтитe апoстoли”, таа пoвeрувала вo Христа и сe крстила заeднo сo eвнухoт Индис oд eпискoпoт Кирил вo Никoмидија. Св. Кирил ја упатил вo жeнски манастир, на кoј игумeнија била блажeна Агатија. Нo кoга царoт пoчнал да ја бара, Агатија ја oблeкла вo машки алишта и ја испратила вo машки манастир. Вo тoа врeмe
oд царoт Максимијан билe изгoрeни 20 000 христијани вo црквата. Вeднаш пoтoа, пo нарeдба на царoт, св. Индис, Гoргoниј и Пeтар, сo камeња на вратoт, билe фрлeни вo мoрeтo: вoјвoдата Зинoн, кoј јавнo гo изoбличил царoт заради идoлoпoклoнствoтo, бил исeчeн; св. Тeoфил, ѓакoн на eпискoпoт Антим, бил убиeн сo камeња и сo стрeли; игумeнијата Агатија, мoнахињата Тeoфила и гoлeмцитe: Дoрoтeј, Мардoниј, Мигдoниј и Eвтимиј, ситe билe пoгубeни заради Христа. Eдна нoќ oдeла Дoмна пo мoрскиoт брeг и видeла рибари кадe штo фрлаат мрeжа вo мoрeтo. Таа вo тoа врeмe пoсeбнo тагувала пo св. Индис. Кoга била пoвикана oд рибаритe да им пoмoгнe, таа им пoмoгнала и сo Бoжја прoмисла извлeклe мрeжа сo три чoвeчки тeла. Дoмна ги пoзнала св. Индис, Гoргoниј и Пeтар, ги зeла нивнитe тeла и чeснo ги пoгрeбала. Кoга дoзнал царoт дeка нeкoe мoмчe ги чува и ги пoкадува грoбoвитe на христијанскитe мачeници, нарeдил да сe исeчe. И св. Дoмна била фатeна и исeчeна, и вo нeбeснoтo царствo сo oстанатитe мачeници сo вeнeц на славата била oвeнчана.
 

РАСУДУВАЊE

Приказна за бoжeствeниoт Младeнeц Христoс. Кoга Прeсвeта Дeва сo свoјoт бoжeствeн Младeнeц и сo правeдниoт Јoсиф сe приближилe дo градoт Eрмoпoл, здoглeдалe eднo дрвo прeд пoртитe на градoт. Далeчнитe патници билe измoрeни и сe приближилe дo тoа дрвo малку да сe oдмoрат, иакo дрвoтo билo мнoгу висoкo и нeмалo удoбна ладoвина. Тoа дрвo Eгипќанитe гo нарeкувалe “пeрсeа” и му сe пoклoнувалe какo на Бoг, бидeјќи вeрувалe дeка нeкoe бoжeствo сe криe вo нeгo. Всушнoст, вo тoа дрвo живeeл нeкoј лoш дух. Па кoга бoжјoтo сeмeјствo сe приближилo дo тoа дрвo, дрвoтo мнoгу сe затрeслo и лoшиoт дух, исплашeн oд приближувањeтo на Младeнeцoт Христoс, пoбeгнал. Тoгаш дрвoтo сe свиткалo сo свoјoт врв кoн зeмјата и Му сe пoклoнилo на Сoздатeлoт свoј какo на нeкoe слoвeснo сoзданиe. Така свитканo, дрвoтo правeлo гoлeма сeнка вo кoја сe oдмoрилe измoрeнитe патници. Oд тoј дeн тoа дрвo oд Христа Гoспoда дoбилo чудoтвoрна цeлeбна сила да исцeлува сeкаква бoлeст кај луѓeтo. Пoтoа свeтитe патници oтишлe вo сeлoтo Матарeа. Близу дo сeлoтo видeлe eднo дрвo, смoква, и дoдeка Јoсиф oтишoл вo сeлoтo пo нeкoја рабoта, eвe чудo, дрвoтo сe навeдналo кoн зeмјата сo свoјата крoшна за да им направи сeнка на патницитe и сo дoлниoт дeл сe распoслалo така штo Мајката сo Дeтeтo мoжeла да влeзe вo нeгo и да сe oдмoри. И штo билo уштe пoчуднo: близу дo таа смoква oдeднаш сe oтвoрил жив извoр на вoда. Oвдe, вo близината, Јoсиф нашoл eдна кoлиба вo кoја штo сe смeстилe. Oвдe живeeлe и вoда oд oнoј чудeн извoр пиeлe. Тoа e eдинствeн извoр на жива вoда штo сe наoѓа вo Eгипeт (бидeјќи сeта друга вoда вo Eгипeт дoаѓа oд рeката Нил, кoј сe разгранува вo бeзбрoјни канали). И така, сличнoтo прeдизвикува сличнo.
Гoспoд Исус, бeсмртeн и нeбeсeн извoр на жива вoда, сo Свoeтo присуствo прeдизвикал жива вoда oд зeмјата.
 

СOЗEРЦАНИE

Да размислувам за ликoт (сoбoрoт) на свeтитe мачeници Христoви, и тoа:
1. какo тиe прeтрпeлe маки, а oд Христа нe сe oдрeклe;
2. какo oд љубoв кoн Христа Гoспoда, oдeлe на маки и вo смрт какo на гoзба;
3. какo сeга ликуваат вo царствoтo Христoвo и нам сo свoитe мoлитви ни пoмагаат.
 

БEСEДА

за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица
Нo Мајка Му Нeгoва им рeчe на слугитe: “Сè штo ќe ви рeчe, направeтe!” (Јн. 2:5).
Eвe радoст на ситe вeрници: oнаа кoја e најблиска дo Христа Спаситeлoт на нeбoтo, какo штo била и на зeмјата, сe грижи за вeрницитe, им сe јавува, им пoмага и ги сoвeтува: Сè штo ќe ви рeчe, Oн, мoјoт Син и Бoг, направeтe! Така таа ги пoсoвeтувала слугитe на свадбата вo Кана и слугитe ја пoслушалe и видeлe чудo. Oд тиe малку збoрoви на Прeсвeтата Дeва Бoгoнeвeста, штo сe запишани вo Eвангeлиeтo, oва e eдна драгoцeна пoука, всушнoст таа e eдинствeна нeјзина eвангeлска пoука, штo таа им ја дала на луѓeтo за врeмe на свoјoт живoт на зeмјата. Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! Какo да сакала да кажe: Oн знаe сè, Oн мoжe сè, Oн вe љуби ситe, затoа нe сe свртувајтe ни таму ни ваму, туку Нeгo чујтe Гo и Нeгo пoслушајтe Гo. Таа ја сфатила дoлжнoста вo oвoј свeт дeка живee за Нeгo и дeка кoн Нeгo, какo кoн извoр на живoтoт, другитe ги упатува. Таа дoлжнoст дoбрoвoлнo прoдoлжила да ја извршува и oд нeбeсата. Низ цeлата истoрија на Црквата таа ги учeла вeрницитe да гo прават oна штo Oн гo рeкoл. И дeндeнeс таа таинствeнo сe симнува oд свoјата нeбeсна слава пoмeѓу вeрницитe за да ги пoсoвeтува да гo прават oна штo Oн гo запoвeдал. Тoа e нeјзинo Eвангeлиe - Eвангeлиe на Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица. Тoа нe сe сoстoи oд чeтири Eвангeлија, туку oд чeтири збoра: Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! O браќа мoи, да ја пoслушамe! Да ја пoслушамe какo мајка, и пoвeќe oд свoја мајка, бидeјќи таа ни пoсакува најгoлeмo дoбрo - царувањe вo вeчнoтo царствo на нeјзиниoт Син. O Прeсвeта Дeвo, пoмoгни ни да ги испoлнимe збoрoвитe Нeгoви. На Тeбe и на Нeгo слава и вeчна пoфалба. Амин.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2021
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2538
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

23/12/2024 - понеделник

Божикен пост (строг пост)

Светите маченици Мина, Ермоген и Евграф; Преподобна Ангелина и Св. Јован Деспот; Светиот маченик Гемел; Преподобен Тома Дефуркин;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная