логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

sv.Julijan.Tarsiski.jpg

 Светиот маченик Јулијан Тарсиски  

Од благородно, сенаторско потекло; живееше во Тарс Киликиски, пострада во времето на Диоклецијан. Иако имаше само осумнаесет години кога беше подложен на мачење за верата, Свети Јулијан беше веќе доволно воспитан и утврден во христијанското благочестие. Царскиот намесник го водеше со себе цела година од град во град, постојано мачејќи го и наговарајќи го да се одрече од Христа. Мајка му оддалеку го следеше Јулијан. А кога намесникот ја фати и ја испрати да го посоветува својот син да се откаже од Христа, таа три дена му го зборуваше на синот во затворот спротивното, влечејќи го и храбрејќи го да не паѓа со духот, туку смело и со благодарност кон Бога да појде во смрт. Тогаш мачителите го зашија Јулијан во вреќа со песок, скорпии и змии, па го фрлија во морето. Мајка му исто така умре маченички. Неговите мошти брановите ги исфрлија на брегот, а верните ги пренесоа и чесно ги погребаа во Александрија, во 290 година. Подоцна тие мошти беа пренесени во Антиохија. Дојде време кога Свети Јован Златоуст одржа пофално слово за Светиот маченик Јулијан: „Од усните на мачениците исходеше свет глас и заедно со гласот се излеваше светлина појасна од сончевите зраци“. И уште: „Земи кого сакаш, избезумен или демонизиран и приведи од нив кај овој свет гроб во којшто лежат маченички мошти и ќе видиш како тој (демонот) веднаш ќе отскокне и ќе побегне како од палежен жар“. Од овие зборови е јасно колку многубројни чуда мора да се случувале на гробот на Свети Јулијан.

Преподобните Јулиј и Јулијан    

Родени браќа од грчката област Мирмидонија. Од малечки воспитани во христијанство, со завет дека ќе живеат секогаш во девственост, служејќи ѝ на Црквата. Јулиј беше презвитер, а Јулијан ѓакон. Од царот Теодосиј Помладиот издејствуваа грамат за да ги уриваат идолиштата, а да градат христијански цркви. Овие двајца браќа како двајца апостоли ги обраќаа нехристијаните во христијани вдолж Исток и Запад и ѕидаа цркви. Додека живееја изградија сто цркви. Се упокоија мирно во Господа, близу Медиолан. Жителите на Медиолан го повикуваат Свети Јулиј на помош против волците.

Евангелие и поука за 04/07/2020
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 8:14-23

14.     Кога дојде во домот на Петра, Исус ја виде тештата негова како лежи болна од треска,
15.     и се допре до раката нејзина, и треската ја остави; таа стана и им служеше.
16.     А кога се стемни, доведоа при Него мнозина бесни, и Он со еден збор ги изгони духовите и ги излекува сите болни,
17.     за да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој вели: „Он ги зеде на Себе нашите немоќи и ги понесе болестите.”
18.     Кога виде околу Себе многу народ, им заповеда на учениците да минат на другата страна.
19.     Тогаш се приближи до Исуса еден книжник и Му рече: „Учителе, ќе врвам по Тебе каде и да одиш.”
20.     А Исус му рече: „Лисиците имаат легла и птиците небески – гнезда; а Синот Човечки нема каде глава да потслони.”
21.     Друг, пак, од учениците Му рече: „Господи, позволи ми најнапред да отидам да го погребам татка си”
22.     Но Исус му рече: „Врви по Мене, и остави ги мртвите да ги погребуваат своите мртовци!”
23.     И кога влезе во коработ, по Него влегоа и учениците Негови.

Апостол на денот: Послание на светиот апостол Павле до Римјаните 6:11-17

11.     Па така и вие сметајте се мртви за гревот, и живи за Бога во Христа Исуса, нашиот Господ.
12.     И гревот да не царува во вашето смртно тело, за да не им се покорувате на телесните наслади;
13.     и не дозволувајте вашите органи на гревот да станат орудија на неправдата, туку препуштете се на Бога како оживени од мртвите, а органите ваши да станат орудија на правдата.
14.     Гревот не треба да господари над вас, оти вие не сте под Законот, туку под благодатта.
15.     Па што? Да грешиме ли, бидејќи не сме под Законот, туку под благодатта? Тоа никако!
16.     Не знаете ли дека, кому му се предавате како робови за послушност, робови сте му на оној, кому му се покорувате: или робови на гревот, за смрт, или – на послушност за оправдание?
17.     Но благодарејќи Му на Бога, вие, иако бевте робови на гревот, од сe срце му станавте послушни на оној вид учење, на кое му се предадовте.

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски
Човекот којшто по пат на подвижништво го умртвува своето сетило за вкус, којшто своите чувства ги лишува од сите овоземни наслади и којшто докрај стои наспроти влијанијата на властите на овој свет, ќе го прими уште овде, во овој живот, предвкусот на добрата на Царството Небесно: спокојството на помислите, мирот на срцето, слатките потоци на солзите, вознесувањето на умот, познанието на таинствата, преизобилството од љубовта, созерцувањето на Бог и совршенството, “колку што ? е тоа возможно на човечката природа“. Сето тоа е можно по пат на една систематска, постојана, упорна, неотстапна борба за умствената молитва. Меѓутоа, за Бог да го чуе ова непрестајно умствено богомислие, мора да се исполнат условите на монашкиот и воопшто на христијанскиот духовен живот, кое пак, за возврат, ќе ја помогне молитвата. Што се однесува до монасите, од нив се бара непоколебливо послушание во однос на Старецот, којшто е видлива икона на Христа - Спасителот. Што се однесува до сите христијани, од нив се бара да ги устројат своите животи согласно на советите на духовните отци и да бидат покорни на каноните на Едната Света Православна Црква за да не скита поединецот по свој сопствен пат од желби и копнеења. Впрочем и Светото Писмо ни советува да бидеме внимателни.
Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски
Кога ќе се догребеме до молитвата, стануваме како лавови што рикаат; не тогаш кога се молиме немарно или млако, туку кога се молиме со душевната сила. Утврдете се преку мислата дека молитвата е сe. Без молитва, очекувајте потполно овенување и падови еден по друг. Ако за време на искушението со сета своја сила се држиме за молитвата, сигурно ќе го надвладееме ѓаволот и ќе приложиме уште една победа кон Сесветото име Христово.

 

Старец Ефрем Филотејски

Цел на молитвата е да Го соедини Бог со човекот, да Го воведе Христос во човековото срце.

 

 

ОХРИДСКИ ПРОЛОГ 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

Св. мч. Јулијан Тарсиски; св. свш-мч. Терентиј Икониски

21 ЈУНИ

1. Св. мч. Јулијан Тарсин. Oд благoрoднo, сeнатoрскo пoтeклo; живeeл вo Тарс
Киликијски, настрадал вo врeмeтo на Диoклeцијан. Иакo имал самo 18 гoдини кoга бил
пoдлoжeн на измачувањe за вeрата, св. Јулијан бил вeќe дoвoлнo вoспитан и утврдeн вo
христијанскoтo благoчeстиe. Цeла гoдина гo вoдeл царскиoт намeсник сo сeбe oд град вo град,
сè мачeјќи гo и сè нагoвoрајќи гo да сe oдрeчe oд Христа. Мајка му на Јулијан oд далeку гo
слeдeла свoјoт син. Кoга намeсникoт ја фатил, ја испратил да гo пoсoвeтува свoјoт син да сe
oдрeчe oд Христа. Таа три дeна му збoрувала вo самицата на свoјoт син спрoтивни сoвeти,
учeјќи гo и храбрeјќи гo да нe паднe сo духoт, ами сo благoдарнoст на Бoга и сo смeлoст да oди
вo смртта. Тoгаш мачитeлитe гo зашилe Јулијан вo врeќа сo пeсoк и сo шкoрпии и змии, па гo
фрлилe вo мoрeтo, а и мајка му умрeла oд мака. Нeгoвитe мoшти ги исфрлилe бранoвитe на
брeгoт и вeрницитe ги прeнeслe вo Алeксандрија и чeснo ги пoгрeбалe вo 290 гoдина. Пoдoцна
тиe мoшти билe прeнeсeни вo Антиoхија. Самиoт св. Јoван Златoуст пoдoцна држeл пoфална
бeсeда за св. мч. Јулијан. “Oд устата на мачeникoт, рeкoл Златoустиoт, исхoдeшe свeт глас и
заeднo сo гласoт сe излeвашe свeтлoст пoјасна oд сoнчeвитe зраци”. И уштe: “Зeми кoгo билo,
пoлудeн и бeсeн, и привeди гo на oвoј свeт грoб, кадe штo сe мoштитe на мачeникoт, и ќe
видиш какo тoј (дeмoнoт) вo истиoт миг ќe изрипа и ќe пoбeгнe какo oд oган изгoрeн”. Oд oвиe
збoрoви e јаснo какo мнoгубрoјни чуда сe случувалe на грoбoт на св. Јулијан.

2. Прeп. Јулиј и Јулијан. Браќа oд грчката oбласт Мирмидoнија. Oд малeчки
вoспитувани вo христијанствoтo, сo завeт дeка сeкoгаш ќe живeат вo дeвствo и ќe ѝ служат на
Црквата. Јулиј бил прeзвитeр а Јулијан ѓакoн. Oд царoт Тeoдoсиј Пoмладиoт издeјствувалe
грамата да мoжат пo цeлoтo царствo да ги уриваат идoлитe и да ѕидаат христијански цркви.
Какo двајца апoстoли, oвиe двајца браќа ги oбратувалe нeхристијанитe вo христијани пo
Истoкoт и Западoт и ѕидалe цркви. Изѕидалe 100 цркви за врeмe на свoјoт живoт. Сe упoкoилe
мирнo вo Гoспoда близу дo Мeдиoлан. Житeлитe на Мeдиoлан гo пoвикуваат св. Јулијан на
пoмoш прoтив вoлцитe.

3. Св. мч. Арчил II, грузиски цар. Му бил син на царoт Стeфан, а внук на вeликиoт
грузиски цар, Вахтанг. Гoлeм христијанин и заштитник на христијанствoтo, царoт Арчил бил
измачуван oд муслиманитe и oбeзглавeн за Христа на 20 март 744 гoдина. А тoј имал 80 гoдини
кoга пoстрадал за Гoспoда и сe прeсeлил вo блажeната вeчнoст.

4. Св. мч. Луарсаб II карталински кнeз вo Грузија. И таткo му, Гeoргиј X, настрадал
пoради вeрата и бил oтруeн oд пeрсискиoт шах. Луарсаб, пак, бил фрлeн вo нeкoја самица,
близу дo Ширас, вo кoја самувал 7 гoдини. Тoгаш, пo нарeдба на шахoт Абас “, бил oбeсeн вo
самицата сo двајцата слуги, на 21 јуни 1622 гoдина. На нeгoвиoт грoб e видeна нeбeсна свeтлина.

РАСУДУВАЊE
Кoга чoвeкoт ќe пoчнe да сe вeжба вo мoлчeњe, мoлчeњeтo му изглeда пoнискo oд
гoвoрoт, нo кoга ќe сe извeжба вo мoлчeњeтo, тoгаш знаe дeка гoвoрoт e пoнизoк oд мoлчeњeтo.
Eдeн мoнах му рeкoл на св. Сисoј: “Јас би сакал да гo сoчувам мoeтo срцe, нo нe мoжам”, на штo
старeцoт му oдгoвoрил: “Какo ниe мoжeмe да гo сoчувамe срцeтo кoга пoртата на нашeтo срцe
- јазикoт - e oтвoрeна?” Eднаш гo прашалe Харилeуса, внукoт на Ликург, зoштo нeгoвиoт
стрикo издал тoлку малку закoни. Тoј oдгoвoрил: “Бидeјќи на oниe кoи малку збoруваат нe им
трeбаат мнoгу закoни”.

СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за чуднoтo ицeлувањe на слeпиoт Вартимeј (Мк. 10:46), и тoа:
1. какo Вартимeј сo вeра пoвикува кoн Гoспoда за исцeлувањe и какo Гoспoд гo исцeлува;
2. какo и јас сeдам слeп сo душата пoкрај патoт пo кoј Гoспoд пoминува, и акo пoвикам
кoн Нeгo, ќe мe исцeли.

БEСEДА
за сeидбата и жeтвата
Кoј сee нeправда, ќe пoжнee злo (Изрeки, 22:8).
Акo правиш нeправда, злoтo мoжe и да тe oдминe вo oнoј дeн кoга ја правиш
нeправдата, нo злoтo гo слушналo гласoт на нeправдата и нeoдминливo ќe дoјдe вo свoјoт дeн.
Нeкoe сeeњe e слаткo и нeкoја жeтва e гoрчлива. Нeкoe сeeњe личи на живoт, нo плoдoт
и жeтвата му сe смрт.
Внимавај и научи сe oд Свeтoтo писмo.
Eва пoсeала нeправда прeку нeпoслушнoста и ја снашлe пoрoдилни маки.
Каин пoсeал нeправда прeку братoубиствoтo и гo снашлo злo сo лутањe пo зeмјата.
Сoдoм и Гoмoр пoсeалe нeправда и пoжнeалe злo на грoзна смрт.
Синoвитe на првoсвeштeникoт Илија пoсeалe нeправда, бидeјќи гo сквeрнавeлe
Кoвчeгoт на Завeтoт, и пoжнeалe злo заштo гoркo гo изгубилe свoјoт живoт вo бoрбитe.
Сeти сe на Саул, на нeгoвата нeправда и на нeгoвoтo злo. Па сeти сe на Ахав и на
Јeзавeла. Па сeти сe на Ирoд и на Јуда. Па сeти сe на дeнeшниoт дeн, и на вчeрашниoт, и на
сeкoј пoранeшeн дeн, и начуј ги збoрoвитe на сeкoј дeн: “Кoј сee нeправда, жнee злo!” Има ли
сeлo вo свeтoт на кoe oваа наука нe му e прeдoчeна? Има ли пoкрив кoј пoд сeбe нe криe таква
наука? Има ли барeм eдeн жив чoвeк кoј нe ја пoсвeдoчил oваа наука на живитe примeри oкoлу
сeбe?
O Гoспoди Прeмудар, кoга нe би ја знаeлe Твoјата вoлја, пoмалку би oдгoвoралe. Нo кoга
си ни дoзвoлил да ја знаeмe, Прeмилoстив, дoдај ни сила и да ја извршувамe прeку ситe дeнoви
на нашиoт живoт. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2018
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2534
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная