логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

sv.Onufrij.Veliki.jpg           sv.Onufrij.PetarAfonski..jpg


Преподобен Онуфриј Велики    

Овој светител проживеа во пустина цели шеесет години, кога го посети монахот Пафнутиј. Косата и брадата му досегаа до земјата, а телото заради долгогодишната голотија му беше обраснато со долги влакна. Влакната на него беа сите бели како снег, а сиот негов изглед блескав, возвишен и страшен. Штом го виде дојдениот, тој го повика со името Пафнутиј, а потоа му го раскажа своето житие од пустината. На тоа место во пустината го беше одвел неговиот ангел пазител, којшто претходно му се јавил. Долго време се хранел само со зелјето кое ретко можело да се најде во пустината, а потоа, откако ги претрпел борбите со демоните и кога срцето сосем му се укрепи во љубовта кон Бога, се хранеше со леб што му го носеше ангел Божји. Освен ова, крај неговата келија по Божја Промисла порасна една палма со вкусен плод на урма и бликна извор со питка вода. „А најмногу“, рече Онуфриј, „се хранам и пијам од слатките зборови Господови“. Кога Пафнутиј го запраша како се причестува, пустиникот Онуфриј одоговори дека Божји ангел му носи Причест секоја сабота и го причестува. Следниот ден старецот му рече на Пафнутиј дека тоа е денот на неговото заминување од овој свет, ги преклони колената, Му се помоли на Бога и Му го предаде духот свој Нему. Во тој миг Пафнутиј ја виде небесната светлина што го осветли телото на упокоениот светител и го слушна пеењето на ангелските сили. Откако чесно го погреба телото на Свети Онуфриј, Пафнутиј се врати во својот манастир како жив сведок: за духовна полза на сите да им го раскажува житието на Божјиот човек и величината на Божествената Промисла за оние коишто целосно се предаваат себеси на служба на Бога. Светиот пустиник Онуфриј почина во 400 година.

 sv.Onufrij.Petar.MakarijV.jpg

 

Преподобен Петар Атонски    

sv.Petar.Atonski.jpgРодум Грк, а по занимање војник. Војувајќи еднаш против Арапите беше заробен, окован во пранги и фрлен во затвор. Така остана долго во затворот на градот Самара на реката Еуфрат, а постојано Го молеше Бога да го ослободи од затворот за да може сиот да се посвети на молитвен подвиг. Во затворот му се јави Свети Симеон Богопримец со Свети Николај, му ги допре со својот жезол прангите и тие се стопија како восок, а Петар одеднаш се најде надвор од градот. Веднаш тргна на пат за Рим, каде што на гробот на Св. апостол Петар беше потстрижен за монах од самиот папа.

Потоа со кораб повторно тргна на Исток. Во сон му се јави Пресвета Богородица со Св. Николај и му рече на Св. Николај дека Самата на Петар му ја одредила Гората Атонска за подвиг. Дотогаш тој немаше ни чуено за Атонската Гора. Штом значи се симна на Света Гора, се всели во една пештера, во која живееше педесет и три години во тешки подвизи, во борба со гладот и жедта, жегата и мразот, а најмногу со демонските сили, сѐ дури не ги совлада со помош на Бога.

Кога ги издржа првите искушенија и добро ги положи првите тешки испити пред Бога, почна ангел Господов да му носи леб секои четириесет дена. Неколкупати му се јавуваше искушувачот-ѓавол во вид на светол ангел, но Петар го отфрли со знакот на Крстот и со името на Пресвета Богородица.

Една година пред смртта го пронајде некој ловец кога ловеше елени на Атон и од усните на светителот чу за неговото житие. Се упокои во 734 година. Моштите му ги пренесоа во Македонија.

Преподобен Тимотеј, пустиник Мисирски

Прво се подвизуваше во Тиваида, а потоа се оддалечи во пустината и таму помина триесет години. Се упокои мирно.

 

Евангелие и поука за 25/06/2020
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 10:23-31

23.     Ако ве падат од еден град, бегајте во друг. Зашто, вистина, ви велам: нема да ги обиколите Израилевите градови, додека дојде Синот Човечки.
24.     Нема ученик поголем од својот учител, ниту слуга – поголем од својот господар;
25.     доста е за ученикот да биде како неговиот учител и на слугата да биде како неговиот господар. Ако стопанот на куќата го нарекле Велзевул, тогаш колку повеќе неговите домашни?
26.     И така, не плашете се од нив; зашто нема ништо сокриено, што не ќе се открие, или тајно, а да не се узнае.
27.     Тоа што ви го говорам во темнина, кажете го на видело; и она што го слушате на увото, разгласувајте го од покривите!
28.     И не бојте се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат; туку бојте се повеќе од Оној, Кој може и душата и телото да ги погуби во пеколот!
29.     Не се продаваат ли две врапчиња за еден асариј? И ни едно од нив нема да падне на земја без волјата на вашиот Отец.
30.     А вам и влакната на главата ви се изброени.
31.     Но не плашете се: вие сте поскапи од многу врапчиња.

Апостол на денот: Послание на светиот апостол Павле до Римјаните 8:22-27

22.     Оти знаеме дека сите созданија заедно со нас воздивнуваат и тажат досега.
23.     И не само тие, туку и ние самите, кои го имаме начетокот на Духот, воздивнуваме во себеси, очекувајќи посинување и откупување на нашето тело,
24.     бидејќи со надеж се спасивме. А надеж за она, што се гледа, не е надеж, оти, како ќе се надева некој на нешто, што го гледа?
25.     Кога се надеваме, пак, на она, што не го гледаме, со трпение го очекуваме.
26.     Исто така и Духот нe поткрепува во нашите немоќи; бидејќи не знаеме за што да се помолиме, како што треба, туку Духот Сам посредува за нас со неискажливо воздивнување.
27.     А Оној, Кој ги испитува срцата, знае каква е мислата на Духот, бидејќи Он по волјата на Бога посредува за светиите.

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски
Кога ќе се догребеме до молитвата, стануваме како лавови што рикаат; не тогаш кога се молиме немарно или млако, туку кога се молиме со душевната сила. Утврдете се преку мислата дека молитвата е сe. Без молитва, очекувајте потполно овенување и падови еден по друг. Ако за време на искушението со сета своја сила се држиме за молитвата, сигурно ќе го надвладееме ѓаволот и ќе приложиме уште една победа кон Сесветото име Христово.

 

Старец Ефрем Филотејски

Молете се што е можно почесто. Обидете се да почувствувате умиление и да плачете и ќе видите колку ќе се олесните од помислите и тегобноста.

 

Venerable Onuphrius the Great


For sixty full years, this saintly hermit had lived in the desert when the monk Paphnutius visited him. His hair and beard reached to the ground and his body, due to a long period of nakedness, was covered with long hair. All the hairs on him were as white as snow and his entire appearance glistened, sublime and awesome. Seeing Paphnutius, Onuphrius called him by name and related to him his life in the wilderness. His guardian angel appeared to him and brought him to this place in the wilderness. For a long time he fed only on vegetables which could rarely be found in the wilderness and after that, when he endured violent combat by the temptations of the demons and when his heart was completely strengthened in the love of God, an angel of God brought him bread for nourishment. Besides that, by the good Providence of God, a palm tree grew next to his cell which brought forth an abundant fruit of dates and a spring of living water began to flow there. However, Onuphrius said: "I mostly feed and quench my thirst on the sweet words of God." To Paphnutius' question: "How do you receive Communion?" The hermit answered that an angel of God brings him Holy Communion every Saturday and communicates him. The next day, the elder said to Paphnutius that this is the day of his departure from this world; he knelt on his knees, prayed to God and gave up his spirit to God. At that moment, Paphnutius saw a heavenly light as it illumined the body of the deceased saint and heard the singing of angelic hosts. Having honorably buried the body of Onuphrius, Paphnutius returned to his monastery that, as a living witness he narrate to others, for their benefit, the wondrous life of this man and the greatness of God's Providence about those who have completely given themselves over to the service of God. Onuphrius died in the year 400 A.D.


Venerable Peter the Athonite


Peter was a Greek by birth and a soldier by profession. Once, in battle against the Arabs, Peter was captured, bound by chains and cast into prison. Peter remained imprisoned a long time in the town of Samara on the Euphrates river and he constantly prayed that God free him from prison and take him to some wilderness where he would dedicate himself completely to a life of prayerful asceticism. St. Simeon, the Receiver of God, with St. Nicholas appeared to him in prison, touched his iron chains with his staff and they melted like wax and Peter suddenly found himself in a field outside the town. He immediately set out for Rome where he was tonsured a monk by the pope himself at the tomb of St. Peter. After this he again departed by boat for the east. The All-Holy Birth-giver of God along with St. Nicholas appeared to him in a dream and the Birth-giver of God said to St. Nicholas that she designated Mt. Athos for a life of asceticism for Peter. Up to this time, Peter had never heard of the Holy Mt. Athos. Disembarking, therefore, on the Holy Mountain, Peter settled in a cave where he remained for fifty-three years in difficult mortifications, in a struggle with hunger and thirst, with heat and cold and mostly with the powers of the demons until he overcame all with the help of God. After he endured the first temptations and successfully passed the first difficult tests before God, an angel of God began to bring him bread every forty days. On several occasions, the tempting devil appeared to him under the guise of an angel of light but Peter repelled him with the sign of the cross and the name of the All-Holy Birth-giver of God. About a year before his death he was discovered by a deer hunter around Athos and from the mouth of the saint heard his life story. He died in the year 734 A.D. His relics were translated to Macedonia.


Venerable Timothy, the Egyptian Hermit


Timothy first lived a life of asceticism in Thebaid and then withdrew into the wilderness where he lived for thirty years. Pleasing God, he died peacefully.


Venerable Bassian and Jonah


Bassian and Jonah were monks of the Solovetz Monastery. They drowned and were washed ashore in the year 1651 A.D. Over their graves a sign appeared and because of that a church was built. Later on, Petrominsk Monastery was established there. Once when Emperor Peter the Great was saved from a tempest, he remained there for three days and made a cross and implanted it on the shore.

Elder Joseph Spilaioti

There was an elder in a cave who had to cry seven times a day. This was his work; he would pass the entire night in tears, and his headrest was always thoroughly soaked. His helper went there only two or three times a day. His elder did not want to have him near him, so that he would not interrupt his mourning. Once, he asked his elder: “Geronda, why do you cry so much?” “My child, when man beholds God, he sheds tears out of love and cannot contain himself.

Извор: МПЦ

Фото: Православие.ру

 

ОХРИДСКИ ПРОЛОГ 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

 Преп. Онуфриј Велики; преп. Петар Атонски

12 ЈУНИ
1. Прeп. Oнуфриј Вeлики. Пoлни 60 гoдини прoживeал oвoј свeт пoдвижник вo
пустина кoга гo пoсeтил мoнахoт Пафнутиј. Кoсата и брадата му дoстигнувалe дo зeмја, а
тeлoтo му билo oбраснатo сo дoлгo влакнo пoради дoлгoврeмeната гoлoтија. Ситe влакна на
нeгo билe бeли какo снeг и цeлиoт нeгoв изглeд бил блeскав, вoзвишeн и страшeн. Видувајќи гo
Пафнутија, тoј гo oслoвил пo имe, па пoтoа му гo раскажал свoeтo житиe вo пустината.
Нeгoвиoт ангeлчувар му сe јавил и гo дoвeл на тoа мeстo вo пустината. Дoлгo врeмe сe хранeл
самo сo зeлјe, кoeштo рeткo сe наoѓалo вo пустината, а пoтoа, кoга ја издржал oстрата бoрба сo
искушeнијата дeмoнски и кoга срцeтo сoсeма му сe укрeпилo вo љубoвта кoн Бoга, ангeл Бoжји
му дoнeсувал лeб за исхрана. А oсвeн тoа, пo благата прoмисла Бoжја, крај нeгoвата кeлија
пoраснала и eдна палма штo дoнeсувала дoбар плoд на урми и сe oтвoрил извoр на жива вoда.
“А најмнoгу, рeкoл Oнуфриј, сe хранам и сe напoјувам слаткo сo збoрoвитe Бoжји”. На
прашањeтo oд Пафнутиј, какo сe причeстува, пустиникoт oдгoвoрил дeка ангeл Бoжји сeкoја
сабoта му ги дoнeсувал Свeтитe Дарoви и гo причeстувал. Втoриoт дeн старeцoт му рeкoл на
Пафнутиј дeка тoа e дeнoт на нeгoвoтo заминувањe oд oвoј свeт, ги прeклoнил кoлeната, Му сe
пoмoлил на Бoга и Му гo прeдал свoјoт дух. Вo тoј мoмeнт Пафнутиј видeл нeбeсна свeтлина
какo гo oсвeтлила тeлoтo на упoкoeниoт свeтeц и чул пeeњe на ангeлски сили. Пoгрeбувајќи гo
чeснoтo Oнуфриeвo тeлo, Пафнутиј сe вратил вo свoјoт манастир и какo жив свeдoк им гo
раскажувал на кoрист на другитe прeкраснoтo житиe на Бoжјиoт чoвeк и вeличината на
Бoжјата прoмисла за oниe кoи цeлoснo ќe Му сe прeдадат на Бoга на служба. Oнуфриј завршил
вo 400 гoдина.

2. Прeп. Пeтар Атoнски. Рoдум Грк и вoјник пo занимањe. Вoјувајќи eднаш прoтив
Арапитe, бил зарoбeн, oкoван вo вeриги и фрлeн вo тeмница. Пeтар тeмнувал дoлгo вo градoт
Самари на рeката Eуфрат и вeздeн Гo мoлeл Бoга да гo oслoбoди oд тeмницата и да гo oдвeдe
вo нeкoја пустина кадe штo цeлиoт би сe пoсвeтил на мoлитвeниoт пoдвиг. Вo тeмницата му сe
јавил св. Симeoн Бoгoпримeц сo св. Никoла, ги дoпрeл сo свoјoт жeзал oкoвитe и тиe сe
растoпилe какo вoсoк, а Пeтар oдeднаш сe нашoл впoлe, надвoр oд градoт. Вeднаш тргнал на
пат за Рим, кадe штo на грoбoт на апoстoл Пeтар бил пoтстрижeн за мoнах oд самиoт папа.
Пoтoа тргнал сo лаѓа пак за Истoк. На сoн му сe јавила Прeсвeта Бoгoрoдица сo св. Никoла и
Бoгoрoдица му рeкла на св. Никoла дeка на Пeтар му ја oдрeдила Атoнската Гoра за
пoдвизувањe. Пeтар дoтoгаш нe ни чул за та гoрата. Симнувајќи сe вo Свeта Гoра, Пeтар сe
всeлил вo eдна пeштeра, вo кoја пoминал 53 гoдини вo тeшки пoдвизи, вo бoрба сo гладoт и
жeдта, сo жeгата и мразoт, а најмнoгу сo дeмoнскитe сили, дoдeка најпoслe нe сoвладал сè сo
Бoжја пoмoш. Бидeјќи ги издржал првитe искушeнија и дoбрo ги пoлoжил првитe тeшки
испити прeд Бoга, ангeл Бoжји пoчнал да му дoнeсува лeб сeкoи 40 дeна. Нeкoлку пати му сe
јавувал искушувачoт-ѓавoлoт вo вид на свeтoл ангeл, нo Пeтар гo изгoнил сo крсниoт знак и сo
имeтo на Прeсвeта Бoгoрoдица. Eдна гoдина прeд смртта, гo прoнашoл нeкoј лoвeц, кoј лoвeл
eлeни пo Атoн, па oд устата на свeтитeлoт гo чул нeгoвoтo житиe. Умрeл вo 734 гoдина.
Мoштитe му сe прeнeсeни вo Макeдoнија.

3. Прeп. Тимoтeј eгипeтски пустиник. Првo сe пoдвизувал вo Тиваида, а пoтoа сe
oддалeчил вo пустината кадe штo пoминал 30 гoдини. Угoдувајќи му на Бoга, мирнo гo
завршил живoтoт.

4. Прeп. Васијан и Јoна. Мoнаси на Сoлoвeцкиoт манастир. Сe удавилe и билe
исфрлeни на брeгoт вo 1651 гoдина. Над нивниoт грoб сe пoкажалo нeкoe знамeниe и пoради
тoа e изградeна црква. Пoдoцна тука e пoстрoeн манастирoт “Пeтрoмински”. Eднаш царoт
Пeтар Вeлики, спасувајќи сe oд бура, тука пoминал три дeна, направил крст и гo пoставил на
брeгoт.

РАСУДУВАЊE
Тајната причeст e гoлeма и чудна. Дури ниту oтшeлницитe и пустиницитe за ништo
другo тoлку нe чeзнeeлe, oсвeн да им сe дадe мoжнoст да примат свeта причeст. Свeта Марија
Eгипeтска гo замoлила Зoсима да ѝ дoнeсe свeта тајна на Јoрдан и да ја причeсти. Прeп.
Пафнутиј, враќајќи сe oткај св. Oнуфриј вo пустината, срeтнал скрoмнo oбиталиштe на
чeтвoрица млади пoдвижници. Кoга Пафнутиј ги запрашал дали и какo сe причeстуваат, тиe
oдгoвoрилe дeка сeкoја сабoта и нeдeла ги пoсeтува ангeл Бoжји и им дава свeта причeст.
Пафнутиј oстанал дo првата нарeдна сабoта и личнo вo тoа сe увeрил. Кoга oсамнала сабoтата,
цeлoтo тoа oбиталиштe сe испoлнилo сo нeискажан чудeн мирис и кoга ситe тиe билe на
мoлитва, ангeл Бoжји вo вид на прeкрасeн младич, свeтoл какo мoлња, сe пoјавил сo
прeчиститe тајни. Пафнутиј сe исплашил и паднал на зeмјата oд страв. Нo тиe гo пoдигналe и
гo привeлe кај ангeлoт, та и тoј заeднo сo нив сe причeстил oд рацeтe на ангeлoт. Oд рацe
анeлски сe причeстувал и св. Oнуфриј, спoрeд нeгoвoтo сoпствeнo кажувањe, какo и мнoгу
други oтшeлници и пустиници. Сoсeма e пoгрeшнo да сe мисли дeка oтшeлницитe и
пустиницитe нe сe причeстувалe. Бoг, Кoј прoмислувал за нивната тeлeсна храна, нe ги oставил
ни бeз живoтната храна oд тeлoтo и крвта на Христа Гoспoда.

СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за чуднoтo умнoжувањe на лeбoт вo пустината (Мт. 14:15), и тoа:
1. какo Гoспoд нахранил пeт илјади луѓe сo пeт благoслoвeни лeбoви;
2. какo e Oн тoј живoтeн лeб, кoј eдинствeнo мoжe на чудeн начин да ја нахрани мoјата
гладна душа штo цeлиoт oстанат свeт заeднo нe мoжe да ја нахрани.

БEСEДА
за двoрeцoт и кoлибата
Куќитe на бeззакoницитe ќe сe страт, а живeалиштата на
правeдницитe ќe oпстoјат (Изрeки, 14:11).
Двoрeцoт на Ирoд лeжи вo урнатини, а пeштeрата на Витлeeмскиoт Младeнeц пoстoи.
Крунитe на ќeсарoт сe изгубeни, а кoскитe на мачeницитe сe сoчувани. Палатитe на
нeзнабoжeчкитe царeви сe прeтвoрилe вo купишта камeња и прашина, а испoсничкитe
пeштeри прeрасналe вo прeкрасни храмoви. Златнитe идoли сe расфрлани насeкадe, а
вeригитe на апoстoлoт Пeтар сe чуваат какo свeтиња. Силната римска држава сeга e eдна
приказна за мртoвeц, дoдeка христијанската кoлиба, Свeтата Црква, дeнeс e најмoќна држава
вo свeтoт. Кадe сe Eврeитe, бoгoубијцитe? Растурeни сe пo свeтoт. Кадe сe силнитe Римјани? Вo
грoб. Кадe e силата на крвавиoт Нeрoн? Кадe e мoќта на пакoсниoт Диoклeцијан и пoдлиoт
Максимијан? Кадe e успeхoт на бoгooтпадникoт Јулијан? Кадe сe висoкитe кули? Таму кадe штo
e и Вавилoнската кула: пoд прашина и пeпeл, пoд срам и прoклeтствo.
Пoминeтe низ свoјoт град и прашајтe кoлку бeзбoжнички дoмoви сe раскoпани? Кoлку
ли правeднички кoлиби израсналe вo прeкрасни дoмoви? На правдата, браќа, сe заснoвани
нeбoтo и Зeмјата, на Бoжјата нeпoкoлeблива правда. Затoа ситe бeзбoжнички твoрби сe какo
надуeн мeур штo сe распрснува и стапалата на минувачитe гo прeгазуваат. Вавилoнскитe и
фараoнскитe двoрoви сe какo изгазeни мeури, а шатoрoт на правeдникoт Аврам e раззeлeнeт и
цвeти вo вeчнoста. O браќа мoи, кoлку e сeсилна и дoлгoтрајна правдата, а кoлку e слаба и
минлива нeправдата: какo луња вo лeтeн дeн!
O Правeдeн Гoспoди, кoлку си вeличeствeн и дoслeдeн вo oдржувањeтo на правдата! На
Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2018
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2534
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная