логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Voznesenie2.jpg

„Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание“ (Марко 16, 15)

 bogorodica.k.dol.jpg

Свети Методиј и Кирил Рамноапостолни

Родени браќа родум од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин). Но кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ.

По извесно време се вратија во Цариград, каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски. На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија православната вера, па ги умножија книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна на повик од папата заминаа за Рим, каде што Кирил се разболе и умре, на 14 февруари 869 година. Тогаш Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт - а тој се упокои во Господа на 6 април 885 година - неговите ученици Петочисленици, на чело со Свети Климент како епископ, го преминаа Дунав и се спуштија на југ во Македонија, каде што од Охрид продолжија да работат меѓу Словените на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на север.

Светиот свештеномаченик Мокиј

Римјанин по раѓање и свештеник во Амфипол, град македонски. Пострада за време на Диоклецијан. Со молитва ја скрши статуата на богот Дионис, со што некои од незнабожците ги огорчи против себеси, а некои пак ги приведе кон верата. Заклан за Христа во 295 година.


Евангелие и поука за 24/05/2020

Евангелие на празник: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 5:14-19

14.     Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град, што се наоѓа на врв планина.
15.     Ниту, пак, светило се пали и клава под поклоп, туку на свеќник и им свети на сите в куќи.
16.     Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесни.
17.     Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам.
18.     Зашто, вистина, ви велам: дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сe.
19.     И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се нарече во царството небесно; а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно.

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Јован 9:1-38

1.     Кога одеше, виде еден слеп човек од неговото раѓање.
2.     Учениците Негови Го прашаа и рекоа: „Рави, кој згрешил? – тој или родителите негови, та се родил слеп?”
3.     Исус им одговори: „Ни тој, ниту родителите негови згрешиле, туку за да се јават делата Божји врз него.
4.     Јас треба да ги вршам делата на Оној што Ме прати додека е уште ден; оти настапува ноќ, кога не ќе може никој да работи.
5.     Дури сум во светот, Јас сум Светлина на светот.”
6.     Штом го рече тоа, плукна на земја, направи кал со плунката и ги намачка со неа очите на слепиот,
7.     и му рече: „Отиди и измиј се во бањата Силоам, што значи: »пратен«!” Тој отиде, се изми и дојде прогледал.
8.     А соседите и оние, што порано го беа гледале како слеп, рекоа: „Зар не е овој што седеше и просеше?”
9.     Едни велеа: „Тој е”, а други: „Личи на него.” Тој, пак, зборуваше: „Јас сум.”
10.     Тогаш го прашаа: „Како ти се отворија очите?”
11.     Тој одговори и рече: „Еден Човек, Кој се вика Исус, направи кал, ми ги намачка очите и ми рече: »Отиди во бањата Силоам и изми се!« Отидов, се измив и прогледав.”
12.     Му рекоа пак: „Каде е Он?” Тој рече: „Не знам.”
13.     Тогаш го одведоа кај фарисеите човекот, кој порано беше слеп.
14.     А беше сабота, кога направи Исус кал и му ги отвори очите.
15.     Го прашаа, пак, исто така и фарисеите: „Како прогледа?” Тој им одговори: „Ми кладе кал на очите и се измив, и гледам.”
16.     Тогаш некои од фарисеите рекоа: „Не е од Бога Овој Човек, штом не ја уважува саботата.” Други рекоа: „Како може грешен човек да прави такви чудеса?” И настана расправија помеѓу нив.
17.     Пак му рекоа на слепиот: „Ти што велиш за Него? Кој ти ги отвори очите?” А тој рече: „Пророк е.”
18.     Но Јудејците не поверуваа за него дека бил слеп и прогледал, додека не ги повикаа родителите на прогледаниот,
19.     и ги прашаа: „Дали е овој вашиот син, за кого велите дека се родил слеп?”
20.     Родителите негови одговорија и им рекоа: „Знаеме дека е овој наш син, и дека се роди слеп;
21.     но како сега гледа, не знаеме; или, кој му ги отвори очите, не знаеме. Тој е голем; прашајте го него, нека ви каже сам за себе!”
22.     Ова го рекоа неговите родители, оти се боеја од Јудејците; зашто Јудејците се беа согласиле да биде исклучен од синагогата секој, што ќе Го признае за Христа.
23.     Затоа и родителите негови рекоа: „Тој е возрасен, него прашајте го!”
24.     Тогаш повторно го повикаа човекот што беше порано слеп и му рекоа: „Прослави Го Бога; ние знаеме дека Оној Човек е грешен.”
25.     А тој одговори и рече: „Дали е грешен, не знам; но знам дека бев слеп, а сега гледам.”
26.     Пак му рекоа: „Што ти направи? Како ти ги отвори очите?”
27.     Тој им одговори: „Јас ви реков веќе и не чувте, што сакате пак да чуете? Да не сакате можеби и вие да Му станете ученици?”
28.     А тие го укорија и му рекоа: „Ти си Негов ученик, а ние сме Мојсееви ученици.
29.     Ние знаеме дека со Мојсеја говорел Бог; а Овој не знаеме од каде е.”
30.     Одговори човекот и им рече: „Тоа е и за чудење, што вие не знаете од каде е, а мене, сепак, ми ги отвори очите.
31.     Знаеме дека Бог не слуша грешници: но оној што Го почитува Бога и ја исполнува Неговата волја, него го слуша.
32.     Откако е веков, не се чуло некој да отворил очи на слепороден.
33.     И ако Он не беше од Бога, не можеше да направи ништо.”
34.     Одговорија и му рекоа: „Сиот си во гревови роден, па зар ти нас ќе нe учиш?” И го испадија надвор.
35.     Исус чу дека го истерале, па како го најде, му рече: „Веруваш ли ти во Синот Божји?”
36.     Тој одговори и рече: „А кој е, Господи, па да поверувам во Него?”
37.     Исус му рече: „И си Го видел, и Кој зборува со тебе, Он е.”
38.     А тој рече: „Верувам, Господи!” И Му се поклони.

Апостол на празник: Послание на светиот апостол Павле до Евреите 13:7-16

7.     Помнете ги и вашите наставници, што ви го проповедаа словото Божјо, и, имајќи го пред очи крајот на нивниот живот, подражавајте ја верата нивна.
8.     Исус Христос е ист вчера, и денес, и во веки.
9.     Не впуштајте се во разни туѓи учења; оти е добро со благодат да се поткрепува срцето, а не со јадења, од кои немаа никаква полза оние, што ги употребуваа.
10.     Имаме жртвеник, од кого немаат право да јадат оние, што ? служат на скинијата,
11.     бидејќи телата на животните, чија крв првосвештеникот ја внесува во Светилиштето за очистување на гревовите, се изгоруваат надвор од живеалиштето.
12.     Па затоа и Христос, за да ги освети луѓето со крвта Своја, пострада надвор од градските порти.
13.     И така, пред Него да излегуваме надвор од живеалиштето, носејќи ја Неговата поруга,
14.     бидејќи овде немаме постојанен град, туку го бараме оној, што ќе дојде.
15.     Преку Него, пак, секогаш да Му принесуваме на Бога пофална жртва, односно плод од усните, што го прославуваат името Негово.
16.     А доброчинството и милосрдноста не ги заборавајте, зашто такви жртви Му се благоугодни на Бога.

Апостол на денот: Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука 16:16-34

16.     Во оние дни, кога одевме на молитва, нe сретна една слугинка, која имаше гледачки дух, и на господарите свои им донесуваше големи приходи, вражајќи.
17.     И одејќи по Павла и по нас викаше, зборувајќи: „Овие луѓе се слуги на Севишниот Бог, што ви го соопштуваат патот на спасението.”
18.     Ова го правеше таа многу дни. И кога му здодеа на Павла, тој се сврти кон духот и му рече: „Ти заповедам во името на Исуса Христа излези од неа!” И излезе во истиот час.
19.     Штом видоа господарите нејзини дека отиде надежта на нивното богатење, ги фатија Павла и Сила, и ги довлекоа на плоштадот кај началниците.
20.     И кога ги приведоа пред управниците, рекоа: „Овие луѓе, што се Јудејци, го бунат нашиот град
21.     и проповедаат обичаи што нам, како Римјани, не ни пристои ни да ги примаме, ниту да ги извршуваме.”
22.     Тогаш се струпа на нив народот; а управниците, штом им ги расцепија алиштата, повелаа да ги бијат со стапови;
23.     и, откако ги испоранија многу, ги фрлија в затвор, а на темничниот стражар му наредија да ги пази добро.
24.     А стражарот, штом прими таква заповед, ги фрли во внатрешниот затвор и нозете им ги стегна во клада.
25.     Во полноќ, пак, Павле и Сила се молеа и Го славеа Бога, а затворениците ги слушаа.
26.     Одеднаш настана потрес голем, така што и темелите на затворот се поместија, и веднаш се отворија сите врати и оковите на сите отпаднаа.
27.     А стражарот темнички, кога дојде при свест и ги виде вратите на затворот отворени, извади меч и сакаше да се убие, оти помисли дека затворениците избегале.
28.     Но Павле викна со силен глас и рече: „Не прави на себеси никакво зло, бидејќи сме овде!”
29.     А тој побара светило, истрча и растреперен падна пред Павла и Сила;
30.     па, откако ги изведе надвор, рече: „Господари, што треба да направам, па да се спасам?”
31.     А тие му одговорија: „Поверувај во Господа Исуса Христа, и ќе се спасиш ти и целиот твој дом!”
32.     И му го проповедаа словото Господово нему и на сите што беа со него во куќата негова.
33.     Па, како ги прибра ноќта во тоа време, им ги изми раните и веднаш се покрсти тој сам и сите негови домашни;
34.     и, штом ги воведе во својата куќа, постави трпеза и се зарадува со целиот свој дом, оти поверува во Бога.

Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
"Оној што постојано е горделив, постојано се онеправдува самиот себеси, бидејќи никогаш нема да има духовни подеми, туку постојано падови, сe додека не се скрши, бидејќи нема скрушено срце и смиреноумие. Оние што немаат падови во овој свет, а ја имаат целата негова гордост, нивната горделивост всушност ги надминува границите (достигнува ѓаволски степен), така што нивниот пад е од задната страна на високиот врв (ѓаволски пад)."



Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
Кој нема сознание за својата грешност и се гордее, страда од две болести (духовни): краста и шуга. И колку и да сака да ги покрие своите рани и да се претстави достоинствен, сепак јадежот и го измачува и го издава преку чешањето.

Старец Софрониј

Оној кој Го љуби Бога повеќе, кој се моли повеќе, кој се обидува повеќе да ги исполнува заповедите, ќе биде поблиску до Бога.

 Saint Cyril and Saint Methodius, Equal to the Apostles


Saints Cyril and Methodius were brothers from Thessalonica of distinguished and wealthy parents, Leo and Maria. The older brother Methodius spent ten years as an officer among the Macedonian Slavs and thus learned the Slavic language. After that Methodius withdrew to Mount Olympus and dedicated himself to the monastic life of asceticism. It was here that Cyril (Constantine) later joined him. When the Khazarite king, Kagan, requested preachers of the Faith of Christ from Emperor Michael III then, by command of the emperor, these two brothers were found and sent among the Khazars. Convincing King Kagan of the Faith of Christ, they baptized him along with a great number of his chief assistants and even a greater number of the people. After a period of time, they returned to Constantinople where they compiled the Slavonic alphabet consisting of thirty-eight letters and proceeded to translate ecclesiastical books from Greek into Slavonic. At the request of Prince Rastislav, they traveled to Moravia where they spread and established the devout Faith and multiplied books and distributed them to the priests to teach the youth. At the request of the pope, Cyril traveled to Rome where he became ill and died on February 14, 867 A.D. Then Methodius returned to Moravia and labored to strengthen the Faith of Christ among the Slavs until his death. Following his death - he died in the Lord on April 6, 885 A.D. - his disciples, THE FIVE FOLLOWERS, with St. Clement, the bishop at the head, crossed the Danube River and descended to the south into Macedonia, where from Ohrid they continued their labor among the Slavs begun by Cyril and Methodius in the north.


Priest-Martyr Mocius


Mocius was Roman by birth and a presbyter in Amphipolis, a town in Macedonia. He suffered during the reign of Diocletian. By prayer he destroyed the statue of the god Dionysius which embittered certain pagans against him and others he converted to the Faith. He was beheaded for Christ in the year 295 A.D.


Saint Nicodemus, the Archbishop of Pec


This great hierarch was a Serb by birth. He lived a life of asceticism on Holy


 Abba Barsanuphius and John the Prophet

Let us go inside our cell and recall our sins… Going inside one’s cell refers to soul—it means to examine and distance one’s thought from every man in order to obtain contrition and compunction. Compunction cannot be experienced because of man’s will, for if a man does not cut out his own will, he cannot acquire the heartfelt pain.

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 Вознесение Христово - спасовден; Св. Кирил и Методиј

11 МАЈ

1. Св. Кирил и св. Мeтoдиј Рамнoапoстoли. Рoдeни браќа, рoдум oд Сoлун, oд
пoзнати и бoгати рoдитeли, Лав и Марија. Пoстариoт брат, Мeтoдиј, какo oфицeр пoминал 10
гoдини мeѓу макeдoнскитe Слoвeнитe и така гo научил слoвeнскиoт јазик. Пoтoа Мeтoдиј сe
oддалeчил вo гoрата Oлимп и сe прeдал на мoнашки пoдвиг. Тука пoдoцна му сe придружил и
Кoнстантин (Кирил). Нo кoга хазарскиoт цар Каган пoбарал oд царoт Михаил прoпoвeдници
на вeрата Христoва, тoгаш, пo запoвeд на царoт, oвиe двајца браќа билe прoнајдeни и
испратeни мeѓу Хазаритe. Убeдувајќи гo Кагана вo вeрата Христoва, тиe гo крстилe сo гoлeм
брoј нeгoви дoглавници и уштe пoгoлeм брoј нарoд. Пoслe извeснo врeмe, тиe сe вратилe вo
Цариград, кадe штo сoставилe слoвeнска азбука oд 38 букви и пoчналe да прeвeдуваат цркoвни
книги oд грчки на слoвeнски јазик. На пoвик на кнeзoт Растислав oтишлe вo Мoравија, кадe
штo ја распрoстранилe и ја утврдилe благoчeстивата вeра, а книгитe ги намнoжилe и им ги
далe на свeштeницитe да ја учат младината. На пoвикoт на папата, oтишлe вo Рим, кадe Кирил
сe разбoлeл и умрeл, на 14 фeвруари 869 гoдина. Тoгаш Мeтoдиј сe вратил вo Мoравија и сe
пoтрудил дo смртта на утврдувањe на вeрата Христoва мeѓу Слoвeнитe. Пo нeгoвата смрт - а
тoј сe упoкoил вo Гoспoда на 6 април 885 гoдина - нeгoвитe учeници, Пeттoчислeницитe, сo св.
Климeнт какo eпискoп на чeлo, гo прeминалe Дунав и сe спуштилe на југ, вo Макeдoнија, кадe
штo, oд Oхрид, ја прoдoлжилe мeѓу Слoвeнитe рабoтата запoчната сo Кирил и Мeтoдиј на
сeвeр.

2. Свeштмаченик Мoкиј. Римјанин пo раѓањe и свeштeник вo Амфипoл, град макeдoнски.
Пoстрадал за врeмe на Диoклeцијан. Сo мoлитва ја скршил статуата на бoгoт Диoнис, сo штo
нeкoи oд нeзнабoжцитe ги oгoрчил прoтив сeбe, а нeкoи, пак, ги привeл кoн вeрата. Бил исeчeн
за Христа вo 295 гoдина.

3. Св. Никoдим архиeп. Пeќски. Oвoј гoлeм eрарх бил Србин пo раѓањe. Сe
пoдвизувал на Свeта Гoра и бил игумeн на “Хилeндар”. Пo смртта на Сава III, бил избран за
архиeпискoп на “ситe србски и пoмoрски зeмји” вo 1317 гoдина. Тoј гo крунисал кралoт
Милутин вo 1321 гoдина. Гo прeвeл Eрусалимскиoт Типик на српски јазик. Вo прeдгoвoрoт на
oваа книга тoј вeли: “Сeмoќниoт Бoг, Кoј ја знаe нашата нeмoќ, ќe ни дадe духoвна мoќ, нo акo
ниe првo пoкажeмe труд”. Искрeнo гo љубeл пoдвижничкиoт живoт и сe трудeл да гo утврди
вo српската зeмја. Нeумoрнo сe трудeл на искoрeнувањeтo на бoгoмилската eрeс и на
утврдувањeтo на правoславната вeра. Сe упoкoил вo Гoспoда вo 1325 гoдина. Чудoтвoрнитe
мoшти му пoчиваат вo манастирoт вo Пeќ.

РАСУДУВАЊE
Вo Сарацeнскиoт табoр гo прашалe св. Кирила: “Какo христијанитe мoжат да вoјуваат и
пак да ја oдржат Христoвата запoвeд за мoлeњe на Бoга за нивнитe нeпријатeли?” Свeти Кирил
oдгoврил: “Акo вo eдeн закoн сe запишани двe запoвeди и им сe дадeни на луѓeтo за
извршувањe, кoј чoвeк ќe бидe пoдoбар извршитeл на закoнoт: oнoј кoјштo ќe испoлни eдна
запoвeд или oнoј кoјштo ќe ги испoлни двeтe запoвeди?” Св. Кирил прoдoлжува: “Христoс,
нашиoт Бoг, ни запoвeда да сe мoлимe на Бoга за oниe кoи нè гoнат и да им правимe дoбрo и на
нив; нo Oн, истo така, уштe ни рeкoл: пoгoлeма љубoв никoј нe мoжe да прoјави вo oвoј живoт
oткoлку нeкoј штo ќe ја дадe свoјата душа за свoитe пријатeли. И затoа ниe пoднeсувамe
наврeди штo нeпријатeлитe ни ги прават пoeдинeчнo и сe мoлимe на Бoга за нив; нo какo
oпштeствo ниe сe застапувамe eдeн за друг и ги пoлoжувамe свoитe души за таквитe,
плeнувајќи ги нашитe браќа, да нe ги заплeнитe сo тeлата и нивнитe души и да нe ги пoгубитe
и сo тeлeснo и сo душeвнo”.

СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за дeјствoтo на Бoга, Свeтиoт Дух врз апoстoлитe, и тoа:
1. какo oд прoсти ги прави мудри;
2. какo oд нeзбoрливи ги прави бeсeдници.

БEСEДА
за нeoдoливoста на вoлјата Бoжја
Па сe сeтив: нeма вeќe да спoмeнувам за Нeгo, ниту ќe збoрувам вo
Нeгoвo имe; нo вo срцeтo какo да имам распалeн oган, затвoрeн вo кoскитe
мoи, и сe измачував да гo задржам и нe мoжeв (Јeрeм. 20:9).
Акo уштe нeкoј сe сoмнeва дeка Бoг гoвoрeл прeку прoрoцитe, нeка ја прoчита oваа
испoвeд на гoлeмиoт прoрoк Eрeмија и пoвeќe да нe сe сoмнeва. Прoрoкoт испoвeда дeка
рeшил пoвeќe да нe гoвoри вo имeтo Гoспoдoвo. Зoштo? Затoа штo малкумина oбраќалe
вниманиe на нeгoвoтo слoвo, а акo нeкoј и oбраќал, прoрoкoт oд тoа трпeл пoтсмeв и
исмeјувањe сeкoјднeвнo. Па кoга рeшил да мoлчи, дали навистина мoлчeл? Нe, нe мoжeл: “Сe
умoрив да гo задржам, нo нe мoжeв пoвeќe!” Сo нeoдoлива сила на Духoт Бoжји навалил на
нeгo да збoрува и тoј мoрал да збoрува. Нe e, значи, рабoта на прoрoкoт дали сака да гoвoри
или штo ќe гoвoри: тoа e рабoта на Сeсилниoт Дух Бoжји. А прoрoкoт самo гo избрал oружјeтo
на Сeсилниoт Дух Бoжји. Така e напишанo цeлoтo Свeтo писмo - нe пo вoлја на чoвeкoт, туку
пo вoлја на Бoга и нe спoрeд чoвeчкиoт ум, туку спoрeд Бoжјиoт разум.
Какo, пак, сe чувствува слoвoтo Бoжјo кoга ќe влeзe вo прoрoкoт oд Бoжјиoт Дух, тoа гo
oбјаснува гoлeмиoт Eрeмија oд свoeтo личнo дoживувањe: вo срцeтo какo да имам распалeн
oган, затвoрeн вo кoскитe мoи. Тoа значи надахнувањe oд Сeсилниoт Дух Бoжји. Пoд такoв
нeдoвoлeн внатрeшeн притисoк - какo пoд притисoк на oган затвoрeн вo кoскитe - пишувалe
свeтитe Бoжји луѓe. И мнoгумина oд нив извикалe: “Сe умoрив да гo задржам, нo нe мoжeв
пoвeќe!” Кoј ќe Му сe прoтиви на Духoт Бoжји бeз казна и пoгибeл? Кoј ќe Му oдoлee кoга Oн
сака нeштo да кажe или да направи.
O браќа мoи, нeoдoливo e дeјствoтo на Сeсилниoт Дух Бoжји.
O Духу Бoжји Сeсилeн, упати нè нeoдoливo на патoт на спасeниeтo. На Тeбe слава и
вeчна пoфалба. Амин.

❈ ПРОГЛАС КОН СВЕТОТО ЕВАНГЕЛИЕ

од блажениот учител наш Константин Философ, наречен Кирил

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2020
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2536
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная