логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

sv.Konstantin.elena.jpg

Спомен на јавувањето на Чесниот Крст во Ерусалим

Во времето на царот Констанс, синот на Свети Константин, кога беше патријарх Кирил Ерусалимски, во девет часот наутро над Голгота се појави Чесниот Крст и се простираше до небото над Елеонската Гора. Тој Крст беше посветол од сонцето и поубав од најубавото виножито. Сиот народ, и верните и неверните, ги оставија своите работи и во страв и со восхит гледаа во небесниот знак. Мнозина неверници се обратија во верата Христова, а исто така и многумина еретици аријанци ја оставија својата злобна ерес и се вратија во Православието. За овој знак патријархот Кирил му пиша на царот Констанс, којшто и самиот клонеше кон аријанството. Тоа се случи на 7 мај 357 година. И во таа прилика се покажа дека христијанската вера не е во светските мудрувања според телесниот човечки разум, туку во силата Божја, објавена преку чуда и знаци многубројни.

 

Светиот маченик Акакиј

Овој светител беше римски офицер при царот Максимијан. Одговарајќи на суд за својата вера во Христа, тој рече дека таа благочестива вера ја наследил од родителите и дека во неа се утврдил гледајќи ги многубројните чудесни исцеленија од моштите на христијанските светители. После големи маки претрпени храбро во тракискиот град Пиринт, Акакиј беше спроведен во Византија, каде издржа нови маки, додека најпосле не го убија со меч. Чесно пострада и се пресели во царството на вечната радост во 303 година.

Преподобните отци грузиски

Во 4 век, а двесте години откако Света Нина го проповедаше Евангелието во Грузија, му се јави Пресветата Мајка Божја на Јован, подвижник антиохиски, и му нареди да избере дванаесетмина од своите ученици и да отиде во Грузија за да ја утврди православната вера. Јован така и направи. Кога дојдоа во Грузија, овие дванаесет мисионери беа свечено дочекани од кнезот на таа земја и од католикосот Евлалиј и веднаш со ревност ја започнаа својата работа. Народот притекнуваше околу нив во толпи и тие го утврдуваа во верата со голема мудрост и многубројни чуда. Началник на сите овие христољубиви мисионери им беше Свети Јован Зедазниски. А нивните имиња се: Авид, Антониј, Давид, Зинон, Тадеј, Иса, Издериос, Јосиф, Михаил, Пир, Стефан и Шијо. Со апостолска ревност сите тие ја утврдуваа Христовата вера во Грузија, основаа многу манастири и оставија зад себе многубројни ученици. Така се удостоија со слава на небесата и со сила на земјата.


Радоста што ја чувствува човекот кога ќе добие материјален дар е човечка радост, а радоста што ја чувствува кога дава е божествена. Божествената радост доаѓа со давањето!

  
    Евангелие и поука за 20/05/2020
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Јован 6:5-14

5.     Исус, пак, кога ги подигна очите и виде, дека кон Него иде многу народ, му рече на Филипа: „Од каде да купиме леб, за да јадат овие?”
6.     А тоа го рече за да го искуша, зашто Сам знаеше што ќе направи.
7.     Филип Му одговори: „Не ќе им биде доволно за двесте динарии леб, па да добие секој од нив по малку.”
8.     Еден од учениците Негови, Андреј, братот на Симона Петра, Му рече:
9.     Овде се наоѓа едно момче, кое има пет јачменови лебови и две риби; но што е тоа за толку души?
10.     Исус рече: „Кажете им на луѓето да поседнат!” А на тоа место имаше многу трева. Тогаш поседнаа луѓето, на број околу пет илјади.
11.     Исус кога ги зеде лебовите, заблагодари и им ги подаде на учениците, а учениците на оние што поседнаа; исто така и од рибите, по колку кој сакаше.
12.     А кога се наситија, им рече на учениците Свои: „Соберете ги останатите парчиња, за да не се загуби ништо!”
13.     И од петте јачменови лебови собраа и наполнија дванаесет кошеви парчиња, што им преостанаа на оние што јадеа.
14.     А луѓето, кога го видоа чудото што го направи Исус, рекоа: „Овој е навистина Пророкот, Кој требаше да дојде на светот!”

Апостол на денот: Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука 13:13-24

13.     Откако отпловија од Пафос, Павле и оние, што беа со него, пристигнаа во Пергија Памфилиска; а Јован се одвои од нив – и се врати во Ерусалим.
14.     А тие, кога отидоа од Пергија, стигнаа во Антиохија Писидиска, и откако влегоа во синагогата во саботен ден, седнаа.
15.     По читањето на Законот и на Пророците, старешините на синагогата пратија да им кажат: „Мажи, браќа, ако има во вас слово за утеха на народот, зборувајте!”
16.     А Павле, кога стана и мавна со раката, рече: „Луѓе Израилци, и вие, што се боите од Бога, послушајте!
17.     Бог на овој народ, Израилот, ги избра татковците наши, и го дигна овој народ кога тие пребиваа во земјата Египетска, и со раката Своја силна ги изведе од неа;
18.     и околу четириесет години ги хранеше во пустината;
19.     а откако истреби седум народи во земјата Хананска, им ја раздели земјата со ждреб.
20.     Потоа, околу четиристотини и педесет години им даваше судии до пророкот Самуил.
21.     И оттогаш бараа цар, и Бог им го даде Саула, Кисовиот син, човек од Венијаминовото колено, за четириесет години.
22.     Кога го отстрани него, за цар им го подигна Давида, за кого и рече, сведочејќи: »Најдов маж по срцето Свое, Давида, синот Јесеев, кој ќе ги исполни сите Мои барања.«
23.     Од неговото потомство Бог, според ветувањето на Израилот, Го издигна Спасителот Исуса,
24.     откако Јован пред Неговото доаѓање му проповедаше на сиот израилски народ покајно крштавање.

Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
Знак за покајание е кога човекот смета дека ја заслужува секоја видлива и невидлива неволја што ќе му се случи, па дури и нешто потешко.


Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
"Поголема благодарност треба да им оддадеме на оние што нe боцнаа со што излегоа трњата од нашата душа, отколку на оние што бесплатно ќе ја ископаат нашата област и ќе ни ја покажат нашата скриена непозната ризница. Не му користи некому да ги струже своите колена со неброени метании, ако воедно не си го изриба образот со смирение (со внатрешното покајание). "



Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
Кога бараме да се оправдаме во овој живот и го избегнуваме прекорот, тоа покажува дека уште световното размислување е живо во нас и тагата што се јавува во нас воопшто не содржи покајание, туку човекоугодништво, така што ја труе душата и телото со горчината што од неа прокапува. Кој плаче усрдно затоа што Го повредил Христа со своите гревови, веднаш добива Божествена утеха, согласно големината на својата тага.
   

Commemoration of the Appearance of the Honorable Cross Over Jerusalem


During the reign of Emperor Constantius, the son of St. Constantine, and Cyril the Patriarch of Jerusalem, the Honorable Cross appeared about 9:00 a.m. stretching out from Golgotha to above the Mount of Olives. This cross was brighter than the sun and more beautiful than the most beautiful rainbow. All the people, both believing and unbelieving, left their work and, in fear and amazement, observed this heavenly sign. Many unbelievers converted to the Faith of Christ, and so also did many Arian heretics abandon their evil heresy and returned to Orthodoxy. About this sign Patriarch Cyril wrote a letter to Emperor Constantius (337-361 A.D.) who leaned toward Arianism. This occurred on May 7, 357 A.D. Thus, even on this occasion it was demonstrated that the Christian Faith is not worldly theorizing, according to sensual understanding of man, but rather in God's power, demonstrated through numerous miracles and signs.


Holy Martyr Acacius


St. Acacius was a Roman officer during the reign of Emperor Maximian. Answering for his faith in Christ at the trial he said that he inherited this devout Faith from his parents and was strengthened in it by witnessing the many miraculous healings from the relics of Christian saints. After courageously enduring great tortures in the Thracian city of Pyrrinthus, Acacius was taken to Byzantium where he endured new tortures until he was finally beheaded. He suffered honorably and took up habitation in the eternal kingdom of joy in the year 303 A.D.


Venerable Fathers of Georgia


In the sixth century and two hundred years after St. Nina preached the Good News in Georgia, the All-Holy Mother of God appeared to John, an Antiochian ascetic, and commanded that he select twelve of his disciples and go to Georgia to strengthen the Faith of Orthodoxy. And so he did. Arriving in Georgia, these twelve missionaries were solemnly received by the prince of that country and the Catholicos Eulalius and immediately began their work with zeal. The people gathered around them in masses and they strengthened them in the Faith with great wisdom and many miracles. The head of these Christ-loving missionaries was St. John Zedazneli and the names of the others were: Abidus, Anthony, David, Zeno, Thaddeus, Jesse, Isderius, Joseph, Michael, Pyrrus, Stephen and Shio. With apostolic zeal they all confirmed the Faith of Christ in Georgia, established many monasteries and left many disciples after them. Thus, they were made worthy of glory in the heavens and power on earth.


 Elder Paisius

Now then, my brother, we must take care never to sever from Christ, and regularly keep in touch with Him through prayer. As for prayer, it should be preceded by attention, lest it happens as the prophet David says: “…let his prayer be counted as sin” (Ps. 109:7). During prayer, and especially before it, at your monastic task, guard yourself from unnecessary talks, so that you can pray afterwards undistracted and unharmed, since many words cause many misunderstandings. If you want to talk, Christ rejoices when His children turn to Him through prayer. Do not comfort yourself with spiritual conversations either when there is no holiness, because it starts with spiritual things and ends in gossip. If others talk or condemn and alike, that should not concern you, but your own sins and also seeking God’s mercy through the unceasing conversation Lord Jesus Christ have mercy on me, a sinner.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

Спомен од јавувањето на св. Крст во Еру.; св. мч. Акакиј

7 МАЈ

1. Спoмeн на пoјавувањeтo на Чeсниoт Крст вo Eрусалим. Вo врeмeтo на царoт
Кoнстанс, синoт на св. цар Кoнстантин, и патријархoт Eрусалимски Кирил, утрoтo вo 9 часoт,
сe пoјавил Чeсниoт Крст над Гoлгoта прoстирајќи сe дo над Маслинoвата Гoра. Тoј Крст бил
пoсвeтoл oд Сoнцeтo и пoубав oд најубавиoт бoжилак. Сиoт нарoд, и вeрнитe и нeвeрнитe, ги
oставилe свoитe рабoти и вo страв и вoсхитувањe гo набљудувалe тoа нeбeснo знамeниe.
Мнoзина нeвeрници сe oбратилe вo вeрата Христoва, а истo така и мнoзина eрeтици-аријанци
ја oставилe свoјата злoбна eрeс и му сe вратилe на христијанствoтo. За oвoј знак патријархoт
Кирил му напишал писмo на царoт Кoнстанс, кoј и самиoт навалувал кoн аријанствoтo. Тoа сe
случилo на 7 мај 357 гoдина. Така и вo oваа прилика сe пoкажалo дeка вeрата христијанска нe e
вo свeтскитe мудрувања спoрeд чoвeчкиoт разум туку вo силата Бoжја, пoкажана низ
бeзбрoјнитe чуда и знаци.

2. Св. мч. Акакиј. Oвoј Свeтитeл бил римски oфицeр вo врeмeтo на царoт Максимијан.
Oдгoварајќи на суд за свoјата вeра вo Христа, тoј рeкoл дeка ја наслeдил благoчeстивата вeра oд
свoитe рoдитeли и дeка вo нeа сe утврдил видувајќи мнoгу чудни исцeлeнија oд мoштитe на
христијанскитe свeтитeли. Пoслe гoлeмитe маки храбрo прeтрпeни вo тракискиoт град
Пиринт, Акакиј бил прeвeдeн вo Византија кадe штo издржал нoви маки, дoдeка најпoслe нe
бил сo мeч исeчeн. Чeснo пoстрадал и сe прeсeлил вo Царствoтo на вeчната радoст вo 303
гoдина.

3. Прeп. oтци Грузиски. Вo VI вeк, а на 200 гoдини пoслe тoа, oткакo св. Нина гo
прoпoвeдала Eвангeлиeтo вo Грузија, Прeсвeтата Бoгoрoдица му сe јавила на Јoвана,
пoдвижникoт антиoхиски, и му нарeдила да избeрe 12 свoи учeници и да oтидe вo Грузија да ја
утврди Христoвата вeра. Јoван така и направил. Пристигнувајќи вo Грузија, oвиe дванаeсeт
мисиoнeри билe свeчeнo прeчeкани oд кнeзoт на таа зeмја и сoбoрникoт Eвлалиј и вeднаш сo
рeвнoст ја пoчналe свoјата рабoта. Нарoдoт сe сoбирал oкoлу нив вo тoлпи, а тиe гo утврдувалe
вo вeрата сo гoлeма мудрoст и сo мнoгу чуда. Началник на ситe oвиe христoљубиви мисиoнeри
им бил св. Јoван Зeдазниски. Нивнитe имиња билe: Авид, Антoниј, Давид, Зинoн, Тадeј, Иса,
Издeриoс, Јoсиф, Михаил, Пир, Стeфан и Шијo. Сo апoстoлска рeвнoст ситe тиe ја утврдувалe
вeрата Христoва вo Грузија, oснoвалe мнoгу манастири и пo сeбe oставилe мнoзина учeници.
Така сe удoстoилe за слава на нeбeсата и за сила на Зeмјата.

РАСУДУВАЊE
“Признавам дeка јас сум бил пoвeќe дoлжeн и дeка ми e пoвeќe oпрoстeнo: oд судскитe
и јавнитe рабoти јас сум пoвикан вo свeштeнствoтo, па затoа сe плашам да нe сe пoкажам
нeблагoдарeн акo пoмалку љубам oткoлку штo ми e oпрoстeнo”. Oва сe збoрoви на св.
Амврoсиј, кoј нeнадeјнo бил oд Бoга пoвикан да гo прoмeни занимањeтo и oд свeтoвeн судија да
пoстанe архијeрeј на црквата Христoва. Сo oвиe збoрoви свeтитeлoт кажува какo
свeштeничкиoт пoзив e пoгoлeм oд свeтoвниoт, какo дo истиoт сe дoаѓа сo Бoжји призив и какo
oнoј кoј e пoвикан Му дoлжи благoдарнoст на Бoга. Дoлгoт на благoдарнoст кoн Бoга ситe
свeтитeли гo смeталe за свoј главeн дoлг. Бeз благoдарнoст кoн Бoга нe мoжe да има
напрeдувањe вo духoвниoт живoт. Нeпрeстајната благoдарнoст кoн Бoга e благoрoднo сeмe, oд
кoe, акo сe залива сo сoлзи на нeпрeстајнo пoкајаниe, израснува прeкрасeн плoд - љубoвта кoн
Бoга.

СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за слeгувањeтo на Бoга, Свeтиoт Дух врз свeтитe апoстoли, и тoа:
1. какo свeтитe апoстoли стoјат ситe eднoдушнo на мoлитва;
2. какo наeднаш настанува струeњe oд нeбoтo какo дувањe на силeн вeтар.

БEСEДА
за тoа какo сo грeвoвитe сe oдбива дoбрoтo oд луѓeтo
Вашитe грeвoви гo oтстранија oд вас тoа дoбрo (Јeрeм. 5:25).
Акo нeмаш дoбрини вo изoбилиe, нарoдe, значи дeка имаш грeв вo изoбилиe. Твoитe
грeвoви гo oдбиваат твoeтo дoбрo oд тeбe. Акo си пoсакуваш дoбрo на сeбe, нарoдe, oтстрани ги
грeвoвитe и нe грeши пoвeќe и ќe гo прoпуштиш дoбрoтo и дoбрoтo ќe дoјдe кај тeбe и нeма да
сe oддeлува oд тeбe.
Акo нeмаш дoбрo, чoвeку, значи дeка имаш грeв. Нe мoжe дoбрoтo да прeстoјува вo
иста куќа сo грeвoт, какo штo свeтлината и тeмнината нe мoжат истoврмeнo да бидат на истo
мeстo. Кoга свeтлината ќe сe oддалeчи, настанува тeмнина; и кoга тeмнината ќe сe oддалeчи,
свeтлината засвeтува. Така, грeвoт и дoбрoтo мoжат дe сe смeнуваат, нo нe мoжат да сe заeднo.
Нашитe грeвoви гo oдбиваат дoбрoтo oд нас, o браќа мoи. Oвиe збoрoви нe ги рeкoл
самo eдeн прoрoк, самo на eдeн нарoд, туку сeкoј вистински прoрoк ги гoвoрeл oвиe збoрoви на
свoјoт нарoд. Лажнитe прoрoци им ласкаат сo грeвoвитe на свoјoт нарoд и така пoмагаат уштe
пoвeќe да сe oдбива дoбрoтo oд свoјoт нарoд. А вистинскитe прoрoци oдат прoтив грeвoвитe на
нарoдoт, бидeјќи тиe oдат сo дoбрoтo и викаат прoтив грeвoт за да мoжат да гo внeсат дoбрoтo
штo e oд Бoга вo душитe на свoјoт нарoд. Акo кoшницата замириса, дали мeдoнoснитe пчeли
ќe влeзат и ќe гo истoварат свoјoт мeд вo нeа? Нe! Па кoга бeзслoвeснитe пчeли нe сакаат да
влeзат вo замирисаната и зачадeна кoшница, какo тoгаш слoвeсниoт Бoжји Дух ќe влeзe вo
смрдлива и зачадeна душа oд грeвoт? А Бoжјиoт Дух ги пoсeдува и e дарoдавeц на ситe дoбри
дарoви.
Гoспoди, Свeт Духу, пoмoгни им сo Твoјата нeдoстижна сила на Твoитe луѓe да гo
изгoнат грeвoт oд свoитe души за да мoжeш Ти да настапиш внатрe сo Твoитe живoтвoрни
дарoви. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2019
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2535
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная