логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Светиот свештеномаченик Ипатиј, епископ Гангрски

Роден во Киликија, а епископ во градот Гангра. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор. На сите страни прочуен заради благочестивиот живот и дарот на чудотворство. Царот Констанциј нареди да се изобрази ликот на Ипатиј уште за време на животот на овој светител и тој лик царот го држеше во својот дворец како оружје против секаква непријателска сила. Враќајќи се еднаш од Цариград Ипатиј беше нападнат во еден теснец од еретиците новатијани и турнат од друмот во некоја кал. При ова една жена од таа дружина го удри со камен во главата и вака светителот го заврши својот земен живот. Но жената одеднаш полуде и го зеде истиот оној камен и со него се удираше самата себеси. Кога ја доведоа на гробот на Свети Ипатиј и Му се помолија на Бога за неа, по големата милосрдност на Свети Ипатиј таа се исцели и остатокот од животот го помина во покајание и молитва. Свети Ипатиј пострада и се пресели во Царството на Христос во 326 година.

Свети Јона, митрополит Московски

Родум од Костромската губернија. Во дванаесеттата година стана монах и како таков долго поживеа во Симоновиот манастир во Москва. За време на митрополитот Фотиј стана епископ Рјазански, а кога Фотиј умре, го избраа Јона за митрополит и го испратија кај патријархот во Цариград за да го посвети и утврди. Но тогаш некој Исидор, Бугарин по потекло, го претекна Јона , стигна пред него во Цариград и беше посветен за митрополит руски. Јона се врати на својата столица во Рјазан. Но зломислениот Исидор лошо заврши со своето митрополитство. Отиде на Флорентинскиот собор и се врати во Москва дури после три години. Сите се кренаа против него како отстапник од Православието и го прогонија. Не се знае каде го заврши животот. На митрополитската столица дојде добриот и мудар пастир Јона. Голем чудотворец, проѕорливец, духовник. Кога Агарјаните ја опколија Москва, со својата молитва Јона ги изгони. На старост посака да го снајде некоја болест, да се помачи и со маките наполно да се очисти пред да замине од овој свет. По неговите молитви Бог допушти рана на неговата нога, а за ова му беше претходно јавено во видение на еден свештеник Јаков. Од оваа рана светителот умре и отиде меѓу небесните граѓани на 31 март 1461 година. Над неговите мошти се извршија многубројни чуда. Еден нем човек, Јован, го доведоа над моштите на светителот. Тој ја целиваше раката на Св. Јона и како што раскажуваше отпосле, таа рака го фатила за јазикот од што почувствувал силна болка. Кога му се ослободил јазикот и се свртел кон своите, прозборел како никогаш да не бил нем.

Светиот свештеномаченик Авда

Епископ на градот Суза. Убиен за Христа во 418 година во Персија од царот Издегерд. Неговиот ѓакон Св. Венјамин мачителите го пуштија под услов повеќе да не го проповеда Евангелието. Тој најнапред се согласи со овој услов, но не можеше да му одолее на срцето и продолжи по народот да ја распростира верата Христова. За ова беше фатен и убиен, три години после Свети Авда, во 421 година.

Преподобен Аполониј

Прочуен мисирски пустиник. Во петнаесеттата година се одрекол од светот и се повлекол во некоја гора, каде што проживеал четириесет години, хранејќи се само со полски растенија. Потоа основа манастир во кој имаше петстотини монаси. Се упокои мирно во 395 година.

Евангелие и поука за 13/04/2021
 

Паримија на денот: Книга пророк Исаија 40:18-31

18.     И така, со кого ќе Го споредите Бога, и каква подобност ќе Му најдете?
19.     Уметникот го излева идолот, а златарот го покрива со злато и му додава сребрени веришки.
20.     А кој е сиромав и нема што да му принесе, тој избира дрво, кое не гние, па бара искусен уметник за да направи идол, што ќе стои цврсто.
21.     Зар не знаете? Зар не сте слушале? Зар не ви е зборувано во почетокот? Зар не сте го разбрале тоа по основите на земјата?
22.     Он е Оној, Кој седи над кругот на земјата, а оние, што живеат на неа, се како скакулци пред Него; Он ги распослал небесата како танко платно и ги распнал како шатор за живеење.
23.     Он ги претвора кнезовите во ништо, судиите земни ги прави да бидат ништожни.
24.     Одвај посадени, одвај посеани, одвај се закоренил во земјата стракот нивни, штом Он ќе дувне врз нив, тие се исушуваат; виорот ги однесува како плева.
25.     „Со кого ќе Ме изедначите и со кого ќе Ме споредите? – вели Светецот.
26.     Кренете ги очите свои кон висините небесни и погледнете, кој ги создал? Кој го пресметал бројот на војската нивна? Он сите нив ги нарекува по име: поради големата моќ и големата сила во Него ништо не недостига.
27.     А како говориш ти, Јакове, и велиш, Израиле: „Патот ми е сокриен од Господа, делото мое е заборавено пред мојот Бог?”
28.     Зар не знаеш? Зар не си слушал дека вечниот Господ Бог, Кој ги создал краиштата на земјата, не се изморува и не изнемоштува; Неговиот разум е неиспитлив.
29.     Он му дава сила на уморениот и му дарува јачина на изнемоштениот.
30.     Се уморуваат и момчињата и ослабуваат, и млади луѓе паѓаат,
31.     а оние кои се надеваат на Господа, ќе ја обноват силата своја: ќе кренат крилја како орли, ќе трчаат и нема да им биде тешко, ќе одат и нема да се уморат.

Паримија на денот: Прва книга Мојсеева (Битие) 15:1-15

1.     По оние настани би слово Господово кон Авраама во видение ноќе и му рече: „Не бој се, Авраме! Јас сум ти закрила, и наградата твоја ќе биде многу голема.”
2.     А Аврам рече: „Господи, зошто да ми дадеш кога сум без пород; а домаќин во мојата куќа е Елиезер дамаскинецот.”
3.     И пак рече Аврам: „Бидејќи, Ти не ми даде потомство, ете, затоа еден од домашните во куќата моја ќе биде наследник.”
4.     Но Господ пак проговори: „Нема тој да ти биде наследник, туку оној, што ќе излезе од тебе, тој ќе ти биде наследник.”
5.     Па го изведе надвор и му рече: „Погледни на небото и изброј ги ѕвездите, ако можеш да ги изброиш.” И му рече: „Толкаво ќе биде потомството твое.”
6.     И Му поверува Аврам на Господа Бога, и тоа му се прими за оправдание.
7.     И му рече: „Јас сум Бог, Кој те изведе од Ур Халдејски за да ти ја дадам оваа земја, да ја владееш.”
8.     А тој рече: „Господи, Господи, по што ќе познаам дека ќе ја наследам?”
9.     И му рече: „Принеси му јуница, од три години, и коза тригодишна, и овен, од три години, а и грлица и млад гулаб!”
10.     И тој го зеде сето тоа, и ги пресече на половина и ги стави сите половини една спроти друга; но птиците не ги преполови.
11.     А птици грабливки слетуваа на тие мрши; но Аврам ги бркаше.
12.     А кога сонцето беше на залез, го совлада Аврама длабок сон, и ете, го опфати голем мрак – и го обзеде ужас.
13.     И Господ му рече на Аврама: „Знај дека потомците твои ќе бидат придојдени во туѓа земја, ќе робуваат и ќе ги мачат четиристотини години.
14.     Но на народот, на кој ќе му служи, Јас ќе му судам; потоа тие ќе излезат оттаму со големо богатство.
15.     А ти ќе отидеш кај татковците свои во мир, и ќе бидеш погребан во длабока старост.

Паримија на денот: Книга Мудри Соломонови изреки 15:7-19

7.     Устите на мудрите знаење сеат, но срцето на безумните не постапува така.
8.     Жртвата на нечесните е одвратност пред Господа, а одговорите на праведните Му се благоугодни.
9.     На нечесниот патот е одвратност пред Господа, а кој ја бара правдата, Он го сака него.
10.     Казната на добриот сите ја гледаат, а кој го мрази изобличувањето – срамно завршува.
11.     Пеколот и пропаста се откриени пред Господа, а како ли нема да бидат – срцата на синовите човечки?
12.     Развратникот не ги сака оние, што го прекоруваат, тој не разговара со мудрите.
13.     Весело срце го прави лицето весело, а при срдечна жалост – тоа е натажено.
14.     На разумен срцето бара знаење, а устите на безумните со зло се хранат.
15.     На измамник сите дни му се тажни; а на кого срцето му е весело, во него секогаш има гозба.
16.     Подобро малку, но со страв Господов, отколку голема ризница, и со неа немир.
17.     Подобро јадење од зеленчук, и со него љубов, отколку угоени телиња, и со нив омраза.
18.     Избувлив човек расправии крева, а трпеливиот расправии смирува. Трпеливиот караници смирува, а нечесниот ги разгорува.
19.     Патот на мрзливиот е послан со трње, а патот на праведниот е чист.

Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Сe зависи од нашиот однос со Бога. Ако имаме доверба во Неговата Промисла, ќе најдеме сила да го следиме словото на нашиот духовен Отец. Логиката што му е својствена на секојдневниот живот и на нашите размислувања, не се доволни. Бог го напушта оној што има преголема доверба во својот разум! Нема големо значение, ако некое слово на духовниот Отец е против нас или ако, некој совет ни се чини неразумен за општата логика. Ако сме подготвени да го следиме словото, советите, ако имаме доверба во Него, тогаш Бог ќе ги нареди работите, така што кончанието да биде позитивно. Тајната на послушанието е една од посериозните стварности на патот кон спасението!
Поука на денот: Авва Варсануфиј
Смирението е скратено спасение.

 

Свети Силуан Атонски

Христос се молеше за оние коишто Го распнуваа: “Оче, не им го земај ова за грев, тие не знаат што прават”. Архиѓаконот Стефан се молеше за оние што го засипуваа со камења, за Господ да не им го земе тоа за грев. И ние, ако сакаме да ја сочуваме благодатта, должни сме да се молиме за непријателите. Ако ти не го сожалуваш грешникот, којшто ќе се мачи во оганот, значи дека во тебе ја нема благодатта на Светиот Дух, туку во тебе живее зол дух. И додека си уште жив, труди се да се ослободиш од него со покајание.


Priestly-Martyr Hypatius the Bishop of Gangra


Hypatius was born in Cilicia and was the bishop of Gangra. He was present at the First Ecumenical Council (Nicaea, 325. A.D.) and was renowned throughout because of his pious and saintly life and his miracle-working. The Emperor Constantius ordered that a likeness of Hypatius be made during the saint's lifetime. The emperor kept this likeness in his palace as a weapon against all adverse powers. Once upon returning from Constantinople, Hypatius was attacked in a narrow gorge by Novatian heretics and, along with others, was hurled to the ground in mud. At that moment a woman from that group struck him in the head with a stone and, thus, the saint died. Immediately that woman went insane and took that same stone and struck herself with it. When they took her to the grave of St. Hypatius, he interceded before God on her behalf. She was healed by the great compassionate soul of Hypatius and lived the remainder of her life in repentance and prayer. St. Hypatius died and took up habitation in the eternal Kingdom of Christ the God, in the year 326 A.D.


Saint Jonah, Metropolitan of Moscow


Jonah was born in the province of Kostrom. In his twelfth year he was tonsured a monk and as such lived for a long time in the Simonov Monastery in Moscow. At the time of Metropolitan Photius, Jonah became Bishop of Ryazn. When Photius died, Jonah was elected as metropolitan and sent to the patriarch in Constantinople for approval and consecration. At the same time, Isidorus, a Bulgarian by descent, outwitted Jonah and arrived before him in Constantinople and was consecrated as the Metropolitan of the Russians. Jonah returned to his cathedral in Ryazn. Isidorus, the malicious one, ended his incumbency of the Metropolitan See nefariously. Isidorus attended the Council of Florence (1439 A.D.) and then, after three years, returned to Moscow. Everyone attacked him as an apostate from Orthodoxy and banished him. It is unknown where he ended his life. Jonah, the good and wise shepherd, ascended the throne of the Metropolitan See. He was a great worker of miracles, "a discerner," and a spiritual director. When the Agarians surrounded Moscow, Jonah repelled them through his prayers. In his later years he wished that he could be afflicted by an illness so that he could suffer pain and that, through pain, completely purify himself before his departure to the other world. According to his wishes, God permitted a sore on his foot, which was preceded by a vision to a certain priest, James. The saint died from these wounds and took up habitation among the heavenly citizens on March 31, 1461 A.D. Many miracles have occurred over his relics. A certain mute, John by name, was brought before the relics of the saint. John kissed the hand of Jonah and, as he related later, the hand grabbed him by the tongue and he felt a sharp pain. When the hand released his tongue, John returned to those people who brought him and began to talk as though he was never a mute.


Priestly-Martyr Audas


Audas was a bishop of the city of Susa. He was beheaded for Christ in the year 418 A.D. in Persia by Emperor Yezdegird. His deacon, St. Benjamin, was released by the tormentors with the understanding that he would never preach the Gospel again. In the beginning he agreed, but Benjamin could not sustain this in his heart and continued to spread the truth of Christ among the people. For this Benjamin was captured and killed three years after St. Audas in the year 421 A.D.


Venerable Apollonius


Apollonius was a renowned Egyptian ascetic. In his fifteenth year he renounced the world and withdrew to a mountain where he lived for forty years feeding on vegetation. After that, he established a monastery in which five-hundred monks lived. He died peacefully in the year 395 A.D.

from the life of St. Gregory Palamas

One day on the Holy Mountain, when Gregory was engrossed in prayer to God, suddenly in front of him stood a radiant man with mild features, Saint John the Theologian, and meekly looking in his direction asked him: "Why do you, praying to God, every time ceaselessly repeat: enlighten my darkness, enlighten my darkness?" Gregory answered: "What else could I ask for except that: to become illumined and to apprehend how to perform His Holy will?" Then the Holy Evangelist told him: "By the will of the Sovereign Lady of all, the Mother of God, from now on I shall be with you at all times and in all ways.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2020
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2536
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная