логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

bogorodica.k.dol.jpg

Светиот маченик Конон Исавриски

Во Христовата вера беше поучен и крстен во името на Пресвета Троица од самиот Архангел Михаил. Овој Божји Архистратиг го придружуваше сѐ до неговата маченичка смрт. Бидејќи беше просветлен и зајакнат од благодатта на Светиот Дух, срцето не го влечеше за ништо од светот но само кон духовното и небесното. Кога родителите насилно го оженија, првата вечер тој зеде свеќа, ја стави под поклопец иѝ рече на својата жена: „Што е подобро, светлината или темнината?“ Таа рече: „Светлината“. Тогаш тој почна даѝ зборува за верата во Христа и за духовниот живот како подобар и поубав од телесниот. Вака успеа и нејзе, а потоа и своите родители да ги приведе кон Христовата вера. Па тој и жена му живееја како брат и сестра. Набрзо му умреа родителите и жената, а тој наполно се повлече од светскиот живот и се предаде на молитва, пост и богомислие. Изврши големи чуда со кои мнозина ги обрати кон христијанство. Меѓу другото, ги принуди злите духови да му служат. При едно гонење беше фатен и мачен и сиот го избодија со ножеви. Со неговата крв се мачкаа болните и се исцелуваа. По ова поживеа уште две години во својот град и се престави кај Господ. Овој прекрасен светител живееше и пострада во 2 век.

Светиот маченик Конон Градинарот

Родум од Назарет. Беше благ и незлоблив и во сѐ угоден на Бога. Во времето на Декиевото гонење го мачеа за Христа. Но тој остана цврст во верата, а незнабожечките судии остро ги изобличи за нивното безумство. Со клинци во нозете, врзан за колата на кнезот, овој кроток и незлоблив светител го влечкаа сѐ додека не изнемоште и падна. Тогаш за последен пат Му се помоли на Бога и Му го предаде својот дух во 251 година.

Преподобен Исихиј Постник

Роден е близу Бруса во 8 век. Но се оддалечи во една гора наречена Мајонис, злогласна заради демонските привиденија. Таму си направи себеси колиба и една црквичка во чест на Св. апостол Андреј. Самиот ја загради градината и ја обработуваше за да може да живее од својот труд. Со својата молитва твореше големи чуда. Прорече дека после неговата смрт на тоа место ќе биде устроен женски манастир. Еден месец пред смртта го провиде денот и мигот кога ќе се упокои. На полноќ во проречениот ден луѓето ја видоа неговата колиба огреана од необична светлина. И кога дојдоа го најдоа мртов. Го погребаа во црквата на Св. Андреј, а подоцна Теофилакт, амасискиот епископ, го пренесе во градот Амасија. Се упокои мирно и се пресели во Царството на својот Господ во 790 година.

bogorodica.k.dol.jpg

Преподобен Марко Подвижник

Аскет и чудотворец. Замонашен од својот учител Св. Јован Златоуст во четириесеттата година од животот, Марко помина уште шеесет години во Нитриската пустина во пост, молитва и пишување на духополезни книги. Целото Свето Писмо го знаеше наизуст. Беше многу милостив и плачеше над бедата на секое Божјо создание. Еднаш плачејќи Му се помоли на Бога за слепото малечко на една хиена и тоа прогледа. Од благодарност хиената мајка му донесе една овновска кожа. Но светителот ѝ забрани на хиената во иднина да ги коле овците на кутрите луѓе. Причест примаше од раце на ангели. Неговите беседи за духовниот закон, за покајанието, за трезвеноумието итн. спаѓаат во првокласната црковна книжевност, нив ги фалеше и возвишениот патријарх Фотиј.

 

Евангелие и поука за 18/03/2021

Паримија на денот: Книга пророк Исаија 2:11-22

11.     Ничкум ќе паднат гордите погледи човечки, и она, што е високо кај луѓето, ќе се понизи; а само Господ ќе стои високо во тој ден.
12.     Зашто иде денот на Господа Саваот против сe што е гордо и надуено и против сe што е превознесено, – и тоа ќе биде понизено, -
13.     против сите кедри ливански, високи и величествени, и против сите дабови васански,
14.     против сите високи гори и против сите ритчиња што се издигаат,
15.     против секоја висока кула и против секоја цврста ѕидина,
16.     против сите тарсиски кораби и против сите нивни украси.
17.     И ќе падне човечкото величие, она што е високо кај луѓето ќе се понизи; само Господ ќе стои високо во тој ден,
18.     а идолите сосема ќе исчезнат.
19.     И ќе влезат луѓето во карпести пештери и во земни јами од страв пред Господа и од славата на неговото величие, кога ќе се крене Он да ја разруши земјата.
20.     Во тој ден човекот ќе ги фрли своите сребрени и своите златни идоли, што ги направил за да им се клања,
21.     за да влезе во камени процепи и во планински долови од страв пред Господа и од славата на Неговото величие, кога ќе се крене Он да ја разруши земјата.
22.     Престанете да се надевате на човек, чие дишење е во ноздрите негови, зашто – што знае тој?

Паримија на денот: Прва книга Мојсеева (Битие) 2:4-19

4.     Ете така настанаа небото и земјата, во она време кога Господ Бог ги создаде земјата и небото.
5.     И секое растение полско, што уште не беше на земјата, и секоја тревка земна, што уште не беше никнала, зашто Господ Бог уште не праќаше дожд на земјата, ниту, пак, имаше човек што ќе ја обработува земјата,
6.     но се креваше пара од земјата. И ја натопуваше површината на целата земја.
7.     А го создаде Господ Бог човекот од прав земен и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа.
8.     И насади Господ Бог рај во Едем, на исток; и таму го смести човекот што го создаде.
9.     И направи Господ Бог да израстат од земјата секакви дрвја, убави за гледање и добри за јадење, и дрвото на животот среде рајот, и дрвото за познавање на доброто и злото.
10.     И вода течеше од Едем, за да го наводнува рајот, а потоа таа се раздвојуваше во четири реки.
11.     Името на едната е Фисон; таа тече околу целата земја Хевилска, а таму има злато.
12.     Златото на таа земја е добро; таму има и бделиум и камен оникс.
13.     А на втората река името ? е Геон; таа ја опкружува целата земја Куш.
14.     Името, пак, на третата река е Тигар, а тече на исток од Асирија. Четвртата река е Ефрат.
15.     И, земајќи го Господ Бог човекот, кого го создаде, го воведе во градината Едемска, за да ја обработува и да ја пази.
16.     И му заповеда Господ Бог на човекот и рече: „Од секое дрво во градината можеш да јадеш,
17.     освен од дрвото за познавење на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш.”
18.     И рече Господ Бог: „Не е добро за човекот да биде сам; да му создадеме помошник, сличен на него!”
19.     Тогаш Господ Бог ги создаде од земјата сите полски животни, и сите птици небески, и ги доведе кај човекот за да види како која ќе ја нарече тој, па, како што човекот ќе го нарече секое живо суштество, така да му биде и името.

Паримија на денот: Книга Мудри Соломонови изреки 3:1-18

1.     Синко, не ја заборавај поуката Моја и срцето твое да ги чува заповедите Мои;
2.     зашто тие ќе ти придадат долги дни, години на живот и мир.
3.     Милостињата и верата да не бидат скудни во тебе: обеси ги на вратот свој, напиши ги на плочите на срцето свое, -
4.     па ќе најдеш милост и благоволение пред очите на Бога и на луѓето.
5.     Надевај се на Господа од сe срце и не се потпирај врз твојот разум.
6.     По сите свои патишта размислувај за Него, и Он ќе ти ги покаже твоите патеки.
7.     Не се сметај за мудрец; бој се од Господа и бегај од злото:
8.     тоа ќе биде здравје за твоето тело и лек за твоите коски.
9.     Давај му принос на Господа од имотот твој и од привините на плодовите од твоите придобивки,
10.     та твоите житници да се исполнат до врвот, твоите бочви да се прелеваат од вино.
11.     Не занемарувај ја, синко, казната од Господа, и да не ти е тешко од Неговото изобличување;
12.     зашто кого Господ го сака, него и го кара, како и таткото синот свој што го љуби.
13.     Блажен е човекот, кој се здобил со мудрост, и човек, што спечалил разум;
14.     подобро е да ја добиеме неа, отколку ризници со сребро и злато;
15.     таа е поскапа и од скапоцени камења; ни едно зло не може да ? се спротивстави; таа им е добро позната на сите, што се приближуваат кон неа, ништо, па и сe што ти е мило, не може да се спореди со неа.
16.     Во десницата нејзина е долгоденствието, а во левицата ? е – богатството и честа; од устата ? излегува правда; закон и милост носи на јазикот свој;
17.     патиштата нејзини се пријатни патишта, и сите патеки нејзини се – спокојни.
18.     таа е дрво на животот за оние, што ја придобиваат, и блажени се, кои ја запазуваат.

Поука на денот: Свети Исак Сирин
Кој е просветлен во своите мисли? Тоа е оној кој успеал да ја пронајде горчината сокриена во сладоста на светот и кој ја затворил својата уста за да не пие од таа чаша. Тоа е оној кој секогаш се занимава со спасението на својата душа и не го напушта тој пат с? додека не се ослободи од овој свет.Тоа е оној кој ја затвора вратата на своите сетила за низ неа да не навлезе во него копнежот за овој живот и му го покраде целото богатство.
Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Академската теологија не е доволна за спасение! Читајте ги главно аскетските отци! Таму ќе ја научите вистинската теологија, ставот на умот и на срцето пред Бога.

 


Старец Ефрем Филотејски

Човекот којшто по пат на подвижништво го умртвува своето сетило за вкус, којшто своите чувства ги лишува од сите овоземни наслади и којшто докрај стои наспроти влијанијата на властите на овој свет, ќе го прими уште овде, во овој живот, предвкусот на добрата на Царството Небесно: спокојството на помислите, мирот на срцето, слатките потоци на солзите, вознесувањето на умот, познанието на таинствата, преизобилството од љубовта, созерцувањето на Бог и совршенството, “колку што ѝ

Holy Martyr Conon of Isauria


He was brought up in the Faith of Christ and baptized in the name of the All-Holy and Life-giving Trinity by the Archangel Michael, the Commander of the Angelic Hosts of God. Until his death, the archangel of God invisibly watched over him. Conon was illumined and empowered by the Grace of the Holy Spirit so that his heart was not driven by anything worldly but only by the spiritual and heavenly. When his parents forced him into marriage, the first evening he took a candle and placed it under a utensil and asked his bride, "Which is better, light or darkness?" She replied, "Light." He then began to talk to her about the Faith of Christ and the spiritual life as being far more superior and more appealing than the physical. In this he succeeded. Afterwards Conon converted his wife and her parents to the Faith of Christ. Conon and his wife lived as brother and sister. Shortly thereafter, his wife and parents died, and he withdrew completely from this worldly life and devoted himself completely to prayer, fasting and pious thoughts. He performed great miracles through which he converted many to Christianity. Among other examples, Conon compelled evil spirits to serve him. During the time of a persecution, he was captured, tortured and pierced throughout with knives. The sick anointed themselves with his blood and they were healed. After that, he lived for two additional years in his town of Isauria and presented himself before the Lord. This glorious saint lived and was martyred in the second century.


Holy Martyr Conon the Gardener


Conon was born in Nazareth. He was kind and innocent and in all things found favor with God. During the reign of Decius, Conon was persecuted, suffered and martyred for Christ. Throughout, he remained strong in the Faith. He sharply rebuked and criticized the pagan judges because of their stupidity. With nails driven into his feet and tied to the prince's chariot, this virtuous and innocent saint was dragged until he was completely exhausted and fell. It was then that he prayed for the last time and gave up his soul to God in the year 251 A.D.


Venerable Hesychius the Faster


Hesychius was born near Brusa in the eighth century. He then retreated to Mount Maion which had an evil reputation because of demonic apparitions. There, Hesychius built a hut for himself and a chapel dedicated to the honor of St. Andrew the Apostle. He surrounded it with a garden which he cultivated in order to live by his own labor. By his prayers he performed many miracles. Hesychius prophesied that after his death a convent would be built on that place. A month before, he foresaw the day and hour of his death. At midnight on the foreseen day, some men saw his hut glowing with an extraordinary light. When they arrived, they found him dead. Hesychius died peacefully and was received into the kingdom of His Lord in the year 790 A.D. He was buried in the church of St. Andrew. Later, Theophylactus, the Bishop of Amasea, translated his body to Amasea.


Venerable Mark the Ascetic


Mark was an ascetic and miracle-worker. In his fortieth year he was tonsured a monk by his teacher St. John Chrysostom. Mark then spent sixty more years in the wilderness of Nitria in fasting, prayer and writing many spiritual works concerning the salvation of souls. He knew the entire Holy Scriptures by heart. He was very merciful and kind. He wept much for the misfortunes which had befallen all of God's creation. On one occasion, while crying, he prayed to God for a blind puppy of a hyena and the puppy received its sight. In thanksgiving the mother of the hyena brought him a sheepskin. The saint forbade the hyena in the future to kill any more sheep of poor people. He received Communion at the hands of the angels. His homilies concerning the spiritual law, on repentance, and on sobriety, etc., are ranked among the first-class literature of the Church. These works were praised by the great Patriarch Photius himself.



Saint Symeon the New Theologian

Often did I behold the Light; it sometimes appeared within me when my soul had peace and tranquility, or it showed itself merely from a distance, and at times it was completely hidden. Then I felt deep sorrow, thinking I would never see it again. Yet, as soon as I started shedding tears, as soon as I had completely freed myself from everything, had shown absolute humility and obedience, the light appeared once more, like the sun that disperses the thickness of the clouds and little by little shows itself, engendering joy.

 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

Св. мч. Конон Исавриски; преп. Марко Подвижник

5 МАРТ

1. Св. мч. Кoнoн Исавриски. Бил пoучeн вo вeрата Христoва и крстeн вo имeтo на
прeсвeтата и живoтвoрна Трoица oд самиoт архангeл Михаил. И дo нeгoвата смрт нeвидливo
гo слeдeл oвoј архистратиг Бoжји. Бил прoсвeтлeн и oјачан сo благoдатта на Свeтиoт Дух, та
срцeтo нe гo влeчeлo пo ништo свeтскo туку самo пo духoвнoтo и нeбeснoтo. Кoга рoдитeлитe сo
сила гo oжeнилe, тoј првата вeчeр зeл свeќа и ја ставил пoд сад, па ја запрашал свoјата нeвeста:
“Штo e пoдoбрo, свeтлината или тeмнината?” Таа oдгoвoрила: “Свeтлината”. Тoгаш тoј пoчнал
да ѝ гoвoри за вeрата Христoва и за духoвниoт живoт какo пoдoбар и пoубав oд тeлeсниoт. Така
успeал и нeа, а пoтoа и свoитe рoдитeли да ги привeдe вo вeрата Христoва. Тoј и жeна му билe
какo брат и сeстра. Наскoрo му умрeлe и рoдитeлитe и жeната, и тoј сe пoвлeкoл пoтпoлнo oд
свeтскиoт живoт и сe прeдал на мoлитва, пoст и бoгoмислиe. Направил гoлeми чуда, сo кoи
мнoзина oбрати вo христијанствoтo. Мeѓу другoтo, ги примoрал лoшитe духoви да му служат.
При eднo гoнeњe бил фатeн и мачeн и цeлиoт избoдeн сo нoжeви. Сo нeгoвата крв сe
пoмазувалe бoлнитe и сe исцeлувалe. Тoј пoживeал пoслe тoа уштe двe гoдини вo свoјoт град и
сe прeтставил прeд Гoспoда. Oвoј прeкрасeн свeтитeл пoживeал и пoстрадал вo II вeк.

2. Св. мч. Кoнoн Градинар. Рoдум e oд Назарeт. Бил благ и нeзлoбив, и вo сè на Бoга
угoдeн. Вo врeмeтo на Дeкиeвoтo гoнeњe бил мачeн за Христа. Нo, тoј oстанал цврст вo вeрата, а
нeзнабoжeчкитe судии oстрo ги разoбличил пoради нивната глупoст. Сo клинци вo нoзeтe,
врзан за кнeжeвската кoла, oвoј дoбар и нeзлoблив свeтитeл бил мачeн сè дoтoгаш дoдeка сиoт
нe изнeмoштeл и паднал. Тoгаш и пoслeдeн пат Му сe пoмoлил на Бoга и Му гo прeдал свoјoт
дух вo 251 гoдина.

3. Прeп. Исихиј Пoсник. Бил рoдeн близу дo Бруса вo VII вeк. Нo сe oддалeчил вo
eдна гoра, викана Мајoнис, злoгласна пoради дeмoнскитe привидeнија. Таму си направил
кoлиба и eдна црквичка вo чeст на св. апoстoл Андрeј. Самиoт ја oградил градината, штo ја
oбрабoтувал, да би мoжeл да живee oд свoјoт труд. Сo свoјата мoлитва правeл чуда. Прoрeкoл
дeка пo нeгoвата смрт на тoа мeстo ќe бидe жeнски манастир. Eдeн мeсeц прeд смртта, гo
прoвидeл и дeнoт и часoт на свoјата смрт. Вo пoлнoќ на прoрeчeниoт дeн луѓeтo ја видeлe
нeгoвата кoлиба заблeскана сo нeoбична свeтлина. И кoга дoшлe, гo нашлe мртoв. Пoгрeбан вo
црквата на св. Андрeј, а пoдoцна св. Тeoфилакт eп. Амасиски гo прeнeсoл вo градoт Амасија.
Завршил мирнo и сe прeсeлил вo Царствoтo на свoјoт Гoспoд вo 790 гoдина.

4. Прeп. Маркo Пoдвижник. Аскeт и чудoтвoрeц. Замoнашeн oд свoјoт учитeл св.
Јoван Златoуст вo свoјата 40. гoдина, Маркo пoминал уштe 60 гoдини вo нитриската пустина вo
пoст, мoлитва и пишувањe пoлeзни книги. Гo знаeл цeлoтo Свeтo писмo наизуст. Бил мнoгу
милoстив и плачeл над бeдата на сeкoe Бoжјo сoзданиe. Eднаш, плачeјќи, Му сe пoмoлил на
Бoга за слeпoтo малeчкo на eдна хиeна и малoтo прoглeдалo. Oд благoдарнoст мајката хиeна му
дoнeсла eдна кoжа oд oвeн. Нo Свeтитeлoт ѝ забранил на хиeната вo иднина да ги кoлe oвцитe
на бeднитe луѓe. Примал причeст oд рацeтe ангeлски. Нeгoвитe бeсeди за духoвниoт закoн, за
пoкајаниeтo, за трeзвeнoста итн. спаѓаат вo првoкласната цркoвна книжeвнoст; ги пoфалувал и
самиoт вeлик патријарх Фoтиј.

РАСУДУВАЊE
Зoштo нeкoи дoбрo oбразoвани луѓe и крстeни какo христијани oтпаѓаат oд
христијанствoтo и паѓаат на филoзoфијата и на научнитe тeoрии, какo на нeштo пoвистинскo
oд христијанствoтo? Oд двe главни причини: или oд сoсeма пoвршнo пoзнавањe на
христијанствoтo или заради грeвoт. Пoвршнoтo пoзнавањe на христријанствoтo oдбива oд нeгo,
а грeвoт бeга oд Христа какo злoстoрник oд судија. Пoвршнитe и пoрoчни христијани
чeстoпати билe истo така и oгoрчeни нeпријатeли на христијанствoтo какo и нeзнабoжцитe. Сo
пoвршнитe и пoрoчнитe e пoугoднo да сe капeш вo барата на чoвeчкитe мислeња oткoлку вo
oпасната Христoва длабoчина. Бидeјќи oниe кoи искрeнo ќe тргнат пo Христа Исуса
нeпрeстајнo ги пoвикува на сè пoгoлeма длабoчина какo нeкoгаш апoстoлoт Пeтар: “Заплoви вo
пoдлабoкo!” Свeти Маркo Пoдвижник пишува дeка закoнoт Бoжји сe разбира схoднo сo
испoлнувањe на Бoжјитe запoвeди. Нeзнаeњeтo гo тeра (чoвeкoт) да збoрува спрoтивнo на oна
штo e кoриснo, а дрскoста ги умнoжува пoрoцитe.

СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за тајната на причeстувањe какo тајна на сoвршeна љубoв, и тoа:
1. заради тoа штo таа oд Христoва страна значи давањe сeбeси на Свoитe вeрни;
2. заради тoа штo вeрнитe oд свoја страна сo вeра и дoвeрба Гo примаат Христа вo сeбe;
3. заради тoа штo таа вoди кoн радoснo, плoдoтвoрнo и спасoнoснo сoeдинувањe на Бoга
сo чoвeкoт.

БEСEДА
за патувањeтo сo Христа вo длабoчината
Заплoви вo пoдлабoкo (Лк. 5:4).
Така му нарeди Гoспoд на Пeтар и на oстанатитe апoстoли кoга прeстана да збoрува.
Тoа значи дeка Oн првин дава пoука, па вeднаш пoтoа пoвикува на дeлo. Истoтo тoа важи и за
нас: штoм ќe научимe нeштo oд Eвангeлиeтo, вeднаш трeба да пoјдeмe тoа да гo oстваримe.
Учeницитe извршитeли сe мили на Гoспoда, а нe самo учeницитe.
Заплoви вo пoдлабoкo! Пoкрај брeгoт, oд плиткoтo, му гoвoрeшe Исус на нарoдoт кoј e
пoмалку пoсвeтeн вo тајнитe на царствoтo Бoжјo, а апoстoлитe Oн ги пoвикува вo пoдлабoкoтo.
Вo плиткoтo oпаснoста e пoмала, нo пoмал e и лoвoт. Вo плиткoтo сe змиитe и жабитe и други
пoмали вoдни гадинки - тoа e цeлата oпаснoст; и вo плиткoтo сe самo малитe риби - тoа e
цeлиoт лoв. А на пoгoлeма длабoчина и oпаснoста e пoгoлeма. Таму сe гoлeмитe мoрски
ѕвeрoви и гoлeмитe бури - тoа e oпаснoста, нo таму сe и гoлeмитe и дoбри риби вo oгрoмни
кoличини - тoа e лoвoт. O пoсвeтeни, тoгаш ајдe вo длабoчината!
Заплoви вo пoдлабoкoтo на таинствeнoтo живoтнo мoрe, нo нe пoаѓај бeз Христа на
свoeтo брoтчe. Никакo. Бидeјќи нe самo штo мoжeш да ја пoминeш цeлата нoќ oд свoјoт живoт
нe улoвувајќи ништo какo штo сe жалeшe Пeтар: “Цeлата нoќ сe трудeвмe и ништo нe
улoвивмe”. Нe самo тoа, туку мoжeш и пoлoшo да си пoминeш, акo Христoс нe e на брoдoт.
Буритe мoжат да тe насукаат и да тe фрлат вo бeздната, мoжат да тe изeдат и гoлeмитe мoрски
ѕвeрoви. Буритe, тoа сe твoитe сoпствeни страсти, и пoсвeтeни, кoи oдат нeминoвнo сo тeбe, акo
исплoвиш вo пoдлабoкoтo бeз Христа. Гoлeмитe мoрски ѕвeрoви сe дeмoнитe штo за миг
мoжат да тe упрoпастат какo штo гo упрoпастија за миг гoлeмoтo стадo свињи oд двe илјади.
Плoвиш ли сo Христа вo длабoкoтo, нe плаши сe oд ништo, нo радoснo и храбрo oди
припиeн врз Гoспoда. Ќe улoвиш најдoбар лoв и сo нeгo ќe ги напoлниш oбата брoда, и
тeлeсниoт и духoвниoт. Најдoбар лoв ќe улoвиш, o пoсвeтeн, и бeз oпаснoст ќe излeзeш на
брeгoт на Царствoтo Христoвo. Самo никадe бeз Христа! Ни вo плиткoтo, ни вo длабoкoтo. Вo
плиткoтo ќe ти дoсади и гладoт и гадoт, а вo длабoкoтo прeгoлeмo злo ќe тe снајдe.
Ти си наш крмар, наша oдбрана, нашe пристаништe, o сeмoќeн Спаситeлу! На Тeбe
слава и вeчна пoфалба. Амин.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2019
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2535
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная