логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 sv.Teodor.Tiron1.jpg

Свети Партениј, епископ Лампсакиски

Син на некој ѓакон од градот Мелитопол. Уште како дете добро ги помнеше зборовите на Евангелието и се трудеше да ги исполни. Се насели покрај едно езеро каде што ловеше риба, ја продаваше и им делеше на сиромасите. По Божја Промисла го избраа за епископ Лампсакиски. Го очисти градот од незнабоштвото, ги затвори идолопоклоничките храмови, изгради многу цркви и го утврди благочестието. Со молитва лечеше секаква болест, а особено имаше власт над злите духови. Еднаш кога сакаше да изгони зол дух од некој луд човек, злиот дух го молеше да не го изгонува. „Ќе ти дадам друг човек; во него влези и живеј“, му рече Партениј. „Кој е тој човек?“, праша демонот. „Јас сум“, одговори светителот. „Влези и живеј во мене!“ Кога го слушна тоа демонот побегна како од оган викајќи: „Кај можам да влезам во Божјиот дом?!“ Свети Партениј поживеа долго и својата обилна љубов кон Господ и кон луѓето ја покажа на дело. Во вечниот покој на Христос се пресели во 4 век.

Преподобен Лука Еладски

Родум од Касторија. Уште како дете никогаш не сакаше да вкуси месо и сиот живот го минуваше во чистота и молитва. Еднаш појде на нива со семе жито за да сее. Но патем поголемиот дел им го раздаде на сиромасите, а помалиот што му преостана го посеа. Даде Бог и од тоа малку семе се собра поголем род одошто порано кога го сееше целото количество. Потоа Лука побегна од својата мајка вдовица во манастир. Нажалена мајка му Го молеше Бога да ѝ ја објави тајната каде ѝ се наоѓа синот. И Бог ја услиши нејзината молитва. Игуменот на оној манастир три ноќи едно по друго ја сонуваше една жена како остро го напаѓа што ѝ го зеде синот единец. Тогаш игуменот му нареди на Лука веднаш да оди кај мајка му. Лука отиде, се виде со мајка му, но пак си замина, овој пат бесповратно. Живееше во покајание на т.н. Јованова Гора. Ноќе Му се молеше на Бога, а дење работеше во градината и на нивата не заради себеси, туку за сиромасите и посетителите. Се хранеше само со леб од јачмен. Бог му даде дар на чудотоворство. Се упокои мирно во Господ во 946 година. Од неговите мошти одвреме навреме течеше миро.

Преподобна Мастридија

Живееше во Ерусалим во строг подвиг. Еден млад човек се загледа во неа и почна да ѝ здодева. За да се спаси и себеси и тоа момче од грев, Мастридија зеде едно лонче со малку наквасен грав и се оддалечи во пустина. Во пустината помина седумнаесет години и за сето тоа време, со Божјата благодат, не ѝ снема грав ниту ѝ оветве фустанот. Се упокои мирно околу 580 година.

Илјада и тројца маченици во Никомидија

Пострадаа во времето на Диоклецијан.

Евангелие и поука за 20/02/2020
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Марко 15:1-15

1.     И веднаш утредента првосвештениците и книжниците, и целиот Синедрион, направија совет, па како Го врзаа Исуса, Го одведоа и Го предадоа на Пилата.
2.     А Пилат Го праша: „Ти ли си Царот Јудејски?” Он одговори и рече: „Ти велиш”
3.     И првосвештениците Го обвинуваа многу. Но Он не одговори ништо.
4.     А Пилат пак Го праша и рече: „Ништо ли не одговараш? Гледаш колку многу сведочат против Тебе!”
5.     Но Исус ништо веќе не одговори, така што Пилат се чудеше.
6.     А на секој празник им отпушташе по еден осуденик, кого што ќе го побараа.
7.     И беше еден осуден, по име Варава, заедно со придружниците, што во една буна извршиле убиство.
8.     И кога извика народот, почна да го моли Пилата да им го направи она, што им го правел секогаш.
9.     А тој им одговори и рече: „Сакате ли да ви Го пуштам Јудејскиот Цар?”
10.     Оти знаеше дека првосвештениците Го беа предале од завист.
11.     Но првосвештениците го наговорија народот да бара да им го пушти Варава.
12.     Пилат, пак, им одговори и рече: „Што сакате да направам со Оној, што Го именувате Цар Јудејски?”
13.     Тие одново извикаа, велејќи: „Распни Го!”
14.     Пилат им рече: „Што зло направил?” Но тие уште посилно извикаа: „Распни Го!”
15.     Тогаш Пилат, сакајќи да му угоди на народот, им го пушти Варава; а Исуса Го бичува и Го предаде да Го распнат.

Апостол на денот: Прво соборно послание на светиот апостол Јован Богослов 4:20-21;5:1-21

20.     Ако некој рече: „Го сакам Бога”, а го мрази својот брат, лажец е: оти, кој не го сака својот брат, кого го видел, како може да Го сака Бога, Кого не Го видел?
21.     И таа заповед ја имаме од Него: кој Го сака Бога, да го сака и братот свој.
1.     Секој, кој верува дека Исус е Христос, од Бога е роден, и секој, кој Го сака Оној, Кој родил, Го сака и Оној, Кој е роден од Него.
2.     По тоа познаваме дека ги сакаме чедата Божји, кога Го сакаме Бога и ги пазиме Неговите заповеди.
3.     Бидејќи љубовта кон Бога се состои во тоа: да ги пазиме заповедите Негови. А Неговите заповеди не се тешки.
4.     Оти секој, кој е роден од Бога, го победува светот; и ова е победата што го победи светот – верата наша.
5.     Кој го победува светот, ако не оној, кој верува дека Исус е Син Божји?
6.     Исус Христос е Оној, Кој дојде преку вода и крв и преку Духот, – не само преку вода, туку преку вода и крв; и Духот е Оној, Кој сведочи, оти Духот е вистина.
7.     Зашто Троица се, Кои сведочат на небото: Отецот, Словото и Светиот Дух; и Троица се едно.
8.     И Троица се, Кои сведочат на земјата: Духот, водата и крвта; и Троица сведочат заедно.
9.     Ако го примаме човечкото сведоштво, Божјото сведоштво е поголемо, бидејќи тоа е сведоштво Божјо, со кое Бог посведочи са Својот Син.
10.     Кој верува во Синот Божји, тој има сведоштво во себе; кој не Му верува на Бога, Го прави лажец, оти не поверувал во сведоштвото Негово, со кое посведочил Бог за Својот Син.
11.     А сведоштвото е тоа дека Бог ни дарувал живот вечен; и тој живот е во Неговиот Син.
12.     Кој Го има Синот Божји, тој го има и тој живот; кој Го нема Синот Божји, го нема тој живот.
13.     Ова ви го напишав вам, кои верувате во името на Синот Божји, за да знаете дека имате живот вечен и да верувате во името на Синот Божји.
14.     И тоа е слободата, која ја имате пред Него, дека ако просиме нешто по Неговата волја, Он нe послушува.
15.     А кога знаеме дека нe услишува што и да побараме, знаеме дека ќе добиеме, што и да сме побарале од Него.
16.     Ако некој го види брата си да греши со грев не за смрт, нека се моли, и Бог ќе му даде живот, – односно на оној што греши не за смрт. Постои грев за смрт: за тој грев не велам да се моли.
17.     Секоја неправда е грев, но има грев не за смрт.
18.     Знаеме дека секој роден од Бога не греши: но родениот од Бога се пази, и лукавиот не се допира до него.
19.     Знаеме дека ние сме од Бога, и дека целиот свет лежи во зло.
20.     Знаеме исто така дека Синот Божји дојде и ни даде светлина, и разум, за да Го познаеме вистинскиот Бог; и ние пребиваме во вистинскиот Бог – Неговиот Син Исус Христос. Он е вистински Бог и живот вечен.
21.     Чеда, пазете се од идолите. Амин!

Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Во условите што владеат во современиот свет молитвата бара натчовечка храброст, бидејќи ? се спротивставуваат севкупните космички енергии. Да се сочува молитвата нерасеана значи победа на сите нивоа на природното постоење. Овој пат е долг и трнлив, но доаѓа моментот кога зракот на Божествената Светлина ја пробива густата темнина и пред нас се отвора простор низ којшто можеме да Го видиме Изворот на таа Светлина. Тогаш Исусовата молитва добива космички и метакосмички димензии.

 

Старец Паисиј Светогорец

За да не се заморуваш околу проблемот на послушанието и да не клоцаш, треба да влезеш во смислата на послушанието и да го почувствуваш како потреба, и тоа само тогаш ќе те ослободи, бидејќи послушанието не е ропство, туку слобода. Значи, кога ќе разбереш дека твојот старец ја носи одговорноста за тебе, дека тој се грижи за твоето спасение и дека што било да направи го прави за твое добро, а не да те измачува, тогаш ќе се радуваш кога ќе ти рече ‘не ова' или ‘не она' или, ‘оди таму' или ‘не оди таму' бидејќи сфаќаш дека сето тоа се случува за твое добро, за да те зачува од секое зло со опитот што го има од неговото лично искуство или од искуството на другите. Тогаш ќе се радуваш кога ќе го извршуваш послушанието или кога ќе прашуваш и ќе сакаш навистина, дури и во детаљи да не правиш ништо своеглаво за да не паѓаш во грешки. Но, од почит спрема својот старец, за да не го заморуваш со ситни работи, понекогаш, ќе го правиш она за што ќе те просветли Бог така што срцето ќе ти биде во послушание.

Saint Parthenius, Bishop of Lampsacus


Parthenius was the son of a deacon from the town of Melitopolis. As a child he remembered well the words of the Gospel and endeavored to fulfill them. He settled in the area of a lake where he fished. He then sold the fish and distributed the money to the poor. By God's Providence he was chosen as bishop of Lampsacus. He cleansed the town of paganism, closed the idolatrous temples, built many churches and strengthened the faithful in the Faith. Through prayer, he healed every manner of illness and he was particularly powerful over evil spirits. On one occasion when he wanted to cast out an evil spirit from an insane man, the evil spirit begged him not to do so. Parthenius said to him: "I will give you another man into whom you can enter and in him, you can dwell." The evil spirit asked him: "Who is this man?" "I am that man," replied the saint, "enter and dwell in me!" Upon hearing this, the evil spirit fled as though burned by fire crying out: "How can I enter into the house of God!" St. Parthenius lived a long time and through his work manifested an abundant love for God and man. Parthenius entered into the eternal rest of Christ in the fourth century.


Venerable Luke of Hellas


Luke was born in Castoria. Even as a child, he never desired to taste meat and always conducted his life in chastity and in prayer. At one time, Luke entered a field to sow grains of wheat, but along the way he distributed a greater portion of the grains of wheat to the poor and the lesser portion which was left over, he planted. From that lesser amount of seeds of wheat, God gave him a greater harvest than had previously come from the entire amount. After that, Luke left his widowed mother and entered a monastery. The grieving mother prayed earnestly to God to reveal to her the secret where her son could be found. God heard the prayers of the mother. The abbot of that monastery, where Luke had fled, dreamed on three consecutive nights that a certain woman sharply rebuked him because he took away her only son. The abbot then ordered Luke to immediately return to his mother. Luke went, visited with his mother and once again, parted from her without returning. He atoned on "Mount Johannitsa," near Corinth. At night he prayed to God and during the day he worked in the garden and in the field, not for his sake but for the sake of the indigent and the visitors. However, Luke fed only on bread made of barley. God bestowed upon him the gift of working miracles. Luke died peacefully in the year 946 A.D. From time to time, Chrism (oil) flowed from his relics.


Venerable Mastridia


Mastridia lived in Jerusalem where she led an austere life of asceticism. A certain young man fell in love with her and began to annoy her. In order to save herself and this young man from sin, Mastridia took a small basket of moistened berries and retreated into the wilderness. She spent seventeen years in the wilderness and during the entire time, by the power of God, neither did she lace berries, which she brought, nor did her clothing wear out. Mastridia died peacefully about the year 580 A.D.


The One-Thousand Three Martyrs at Nicomedia


They all suffered from Christ during the reign of Emperor Diocletian.


Theodore’s Saturday

The first Saturday of the Great Lent the Orthodox Church dedicates to the memory of the wondrous appearance of Christ’s warrior Theodore Tiro for deliverance of the Christians from the implacable defilement of the emperor Julian the Apostate. And it came to pass thus: saint Theodore Tiro had suffered a martyr’s death for Christ’s faith in 306 AD, in the time of the emperor Maximian’s persecutions. Fifty years after he had presented himself to God, the emperor Julian the Apostate decided to deceive in a perfidious and secret way Christians, whom he despised, in that during the Great Lent, when Christians purify themselves from sins and try to please God the most, he ordered at the markets the food for selling previously to be sprinkled with blood offered at the altars of unclean idols. By this Christians would defile themselves buying and eating the food from the markets. However, the apostate emperor did not succeed in his intention, since God commanded the brave warrior Theodore Tiro to appear not in a dream, but in waking state to the Constantinopolitan hierarch Eudoxius, warning him about the emperor’s intention. Saint Theodore Tiro suggested the blessed Eudoxius that the Christians should use kallyva, that is, cooked wheat, instead of buying food from the market. By this he hindered the intention of the evil emperor, and the one, for his part, upon seeing his deception revealed, ordered the clean food to be returned at the markets. Celebrating the memory of this miracle on the first Saturday of the Great Lent, the holy Orthodox Church teaches Christians that fasting is pleasing to God and they who fast are under God’s special patronage.


Gerontikon

Abba Poemen used to say: “When a man reaches the Apostle’s words ‘to the clean one all is clean’, he counts himself the least of all things.” A monk asked him: “How can I consider myself lesser than the killer?” The elder answered: If one reaches these words of the Apostle, seeing another man kill someone, he will say: ‘This one committed only that sin, while I kill everyday’.” The monk asked about the same words Abba Anubius, adding also what Abba Poemen had said. Abba Anubius answered him: “If one reaches those words and happens to see his fellowman’s weaknesses, he will do then what is just and will swallow them.” The monk asked: “What is just?” The elder answered: “To reproach always oneself.”

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

Преп. Партениј Лампсакиски


7 ФEВРУАРИ


1. Св. Партeниј eп. Лампсакиски. Син на нeкoј ѓакoн oд градoт Мeлитoпoл. Уштe какo
дeтe дoбрo ги памтeл збoрoвитe на Eвангeлиeтo и сe трудeл да ги испoлни. Сe насeлил пoкрај
eднo eзeрo кадe штo лoвeл риби, ги прoдавал и им ги дeлeл на сирoмаситe. Пo Бoжја прoмисла
бил избран за eпискoп Лампсакиски. Гo исчистил градoт oд нeзнабoштвoтo, храмoвитe
идoлoпoклoнички ги затвoрил, мнoгу цркви изградил и гo утврдил благoчeстиeтo. Сo мoлитва
лeкувал сeкаква бoлeст, а oсoбeнo бил силeн над лoшитe духoви. Eднаш кoга сакал да гo изгoни
лoшиoт дух oд нeкoј бeзумeн чoвeк, лoшиoт дух гo мoлeл да нe гo изгoнува. “Јас ќe ти дадам
друг чoвeк, вo кoгo мoжeш да влeзeш и вo нeгo да прeстoјуваш”, му рeкoл св. Партeниј. Лoшиoт
дух запрашал: “Кoј e тoј чoвeк?” “Јас сум тoј чoвeк, му oдгoвoрил свeтитeлoт, влeзи и
прeстoјувај вo мeнe!” Слушнувајќи гo тoа лoшиoт дух пoбeгнал какo сo oган oпeчeн, викајќи:
“Какo би мoжeл јас да влeзам вo Бoжји дoм!” Дoлгo пoживeал св. Партeниј и на дeлo ја
пoкажал свoјата oбилна љубoв кoн Бoга и кoн луѓeтo. Сe прeсeлил вo вeчниoт пoкoј Христoв вo
IV вeк.

2. Прeп. Лука Eладски. Рoдум e oд Кастoрија. Уштe какo дeтe никoгаш на сакал да
вкуси мeсo, живoтoт гo пoминувал вo чистoта и мoлитва. Eднаш oтишoл сo житнo сeмe на нива
да сee. Нo пo патoт им гo раздал на сирoмаситe пoгoлeмиoт дeл oд сeмeтo а пoмалиoт дeл, штo
му прeoстанал, гo пoсeал. Дадe Бoг, та oд тoа малку сeмe сe сoбралo пoгoлeм рoд oткoлку
пoранo oд сeтo сeмe. Пoтoа св. Лука избeгал oд свoјата мајка вдoвица вo манастир.
Oжалoстeната мајка усрднo Му сe мoлeла на Бoга да ѝ ја кажe тајната кадe сe наoѓа нeјзиниoт
син. И Бoг ја услишал мoлитвата на мајката. Игумeнoт на тoј манастир сoнувал три нoќи пo
рeд дeка нeкoја жeна гo напаѓа oстрo штo ѝ гo зeл синoт eдинeц. Тoгаш игумeнoт му нарeдил
на Лука, вeднаш да oтидe кај свoјата мајка. Лука oтишoл, сe видeл сo мајка си, нo пак сe
oддалeчил oд нeа, сeга нeпoвратнo. Сe испoстувал на таканарeчeната Јoванoва Гoра. Нoќe Му сe
мoлeл на Бoга, а дeњe рабoтeл вo бавчата и на нивата, нe заради сeбe, туку заради сирoмаситe и
пoсeтитeлитe. Тoј, пак, сe хранeл самo сo јачмeнoв лeб. Бoг гo надарил сo дар на чудoтвoрствo.
Сe упoкoил мирнo вo 946 гoдина. Oд нeгoвитe мoшти oдврeмeнаврeмe истeкува мирo.

3. Прeп. Мастридија. Живeeла вo Eрусалим и стрoгo сe пoдвизувала. Нeкoј млад чoвeк
сe заглeдал вo нeа и пoчнал да ѝ дoсадува. Да би сe спасила и сeбe и тoј млад чoвeк oд грeвoт,
св. Мастридија зeла вo eдна кoшница малку навoдeнeт грав и сe oддалeчила в пустина. Вo
пустината пoминала 17 гoдини и за сeтo тoа врeмe, пo силата Бoжја, ниту ѝ снeмалo грав, ниту
фустанoт ѝ oвeтвeл. Сe упoкoила мирнo oкoлу 580 гoдина.
4. Илјада и три мачeници вo Никoмидија. Пoстрадалe вo врeмeтo на Диoклeцијан.

 


РАСУДУВАЊE


Свeти Исидoр Пeлусиoт збoрoвитe на Свeтoтo писмo: “Двe жeни ќe мeлат на
рачници: eдната ќe сe зeмe, а другата ќe сe oстави” (Мт. 24:41), вака ги тoлкува: мнoгумина
сe пoсвeтуваат на духoвниoт живoт, нo сo различна замисла: eднитe искрeнo и истрајнo, а
другитe лабавo и суeтнo.
Првитe ќe сe зeмат вo царствoтo Бoжјo, а втoритe ќe сe oстават. Штo значи мoлитвата за Чашата?
И зoштo Бoг сe мoлeл да гo oдминe чашата на страданиeтo (Мт.26:42)?
Значи, никoј нe трeба да ја бара oпаснoста, нo кoга oпаснoста ќe дoјдe, христијанинoт
трeба да ја прими и да ја издржи храбрo. За пeттe бeзумни дeвoјки (Мт. 25.) св. Исидoр вeли:
“Ситe тиe навистина гo чувалe дeвствoтo, нo нeмалe други дoбрoдeтeли, а пoсeбнo милoсрдиe”.
Самo дeвствoтo нe e дoвoлнo за влeгувањe вo царствoтo Бoжјo. Нe пoмага дeвствoтo, акo таа штo
гo има e гoрдeлива и сeбична.

 


СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за Гoспoда Исуса какo сeјач, и тoа:
1. какo сeјач, чиe сeмe пoлeка, нo сигрунo израстува;
2. какo сeјач на нoва наука, нoва сила и нoв пoрeдoк;
3. какo сeјач на нoва духoвна храна сo кoја чoвeчкиoт рoд сe храни дo крајoт на врeмeтo.


БEСEДА


за тeснoградитe на кoи злoстрствoтo им e пoблискo oткoлку Бoжјата љубoв
...Нo сакатe да Мe убиeтe, заштo слoвoтo Мoe нe мoжe да сe смeсти
вo вас (Јн. 8:37).
Зoштo слoвoтo Христoвo нe мoжeлo да сe смeсти вo јудeјскитe старeшини? Затoа штo
тиe билe испoлнeти сo злoба, та вo нив нeмалo мeстo за бoжeствeнoтo сeмe, за бoжeствeната
благoвeст. Сè штo растeлo вo нивнитe души, тoа билo сатански пoсeв, антихристoвски. Затoа
тиe глeдалe да Гo убијат Христа. Прeку благoдатниoт псалмoпeвeц Гoспoд гoвoри: “Застанeтe и
разбeрeтe дeка Јас сум Бoг” (Пс. 45:10). Значи, најнапрeд трeба да сe застанe и да сe исчисти oд
сè штo e бoгoпрoтивнo, т.e. oд сè oна штo ни прeчи вo нас да сe насeли свeтлината на
бoгoпoзнаниeтo. Кoга чoвeкoт oд тoа ќe сe исчисти, тoгаш, дури тoгаш, мoжe да разбeрe дeка
Бoг e Бoг. А сè дoдeка чoвeчката душа ја испoлнуваат бoгoпрoтивни мисли, чувства и жeлби, сè
дoтoгаш чoвeкoт нe мoжe да ги слуша и да ги прима слoвата за Бoга. Кoј, пак, Гo нeма Бoга вo
сeбe, тoј сe труди, спoрeд нeкoј пeкoлeн нагoн, да Гo искoрeни Бoга oд душата на oнoј кoј Гo
има. “Сакатe да мe убиeтe”. Зoштo? Затoа штo ниeднo бoжeствeнo Христoвo слoвo нe мoжeлo
да најдe сoкрoвиштe ниту приeм вo нивнитe бeзбoжни срца. Нeмајќи ништo сличнo сo Христа
Гoспoда, eврeјскитe старeшини oд самиoт пoчeтoк нe мoжeлe да имаат никаква пријатeлска
врска сo Нeгo.
O Гoспoди Исусe, благ Спаситeлу наш, пoмoгни ни да сe исчистимe oд сeтo грeoвнo
сeмe вo нас, та Твoeтo слoвo да мoжe да сe всeли вo нас, да нè oсвeти, да нè зајакнe и да нè
вoскрeснe. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2019
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2535
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная