логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Денес е петок, 05 јануари според стар стил или 18 јануари според нов стил.

Денес се празнува Водокрст; † свеш. мч. Тeoпeмт и Тeoна; св. пророк Михеј (строг пост).

 

 vozdvizenie.jpg

Преподобната мајка Синклитикија

По потекло од Македонија. Воспитана во Александрија. Како богата и угледна девојка многумина ја бараа за брак, но таа сите ги одби и побегна од домот на нејзините родители во манастир. Поживеа осумдесет години, во најголемо воздржание, пост, бдеење и молитва. Нејзините поуки за монахињите се секогаш сметани за вистински духовни бисери, бидејќи Света Синклитикија високата духовна мудрост ја стекна не преку книги, туку преку страдање, мака, низ деноноќно богомислие и духовно општење со Божествениот свет. Во тој возвишен свет со душата се пресели во 350 година. Меѓу другото, говореше преподобната Синклитикија: „Ако е време на пост не оставај го постот божем заради болест, зашто и оние што не постат запаѓаат во исти болести“. Уште велеше: „Како што изложеното богатство брзо го раграбуваат така и добродетелта, кога се разгласува, се помрачува и се губи“.

Светиот свештеномаченик Теопемт и маченикот Теона

Кога Диоклецијан објави гонење на христијанинте, никомидискиот епископ Теопемт беше првиот кој пострада за Христа. Го изведоа пред царот и царот му се закани со смртна казна ако не се одрече од Христа. На оваа закана храбриот епископ одговори: „Напишано е: не бојте се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат. Ти цару, имаш власт над моето тело, прави со него што сакаш“. Многу го биеја, го мачеа со глад и го истизаваа на разни начини. Најпосле царот повика еден маѓепсник, Теона, да му доскокне на Божјиот човек со некои магии. Теона раствори во вода најјак отров и му го даде на Теопемт да го испие. Овој ја прекрсти чашата и го испи отровот. Кога виде Теона дека неговиот отров воопшто не му наштети на Теопемт, се заврте кон царот и возвикна: „И јас сум христијанин и Му се поклонувам на Распнатиот“. Обајцата ги осудија на смрт. Теопемт го убија со меч, а Теона жив во земја го закопаа, во 298 година. Чесно пострадаа и станаа граѓани на Царството Христово.

Светиот пророк Михеј I

Современик на Пророкот Илија. Му пророкуваше на царот Ахав за погибелта во војната со Асирците (1 Царства 22; 2 Летописи 18). Сѐ пророкуваше усно и не пишуваше ништо. Друг беше оној Михеј којшто го прорече раѓањето на Господ во Витлеем и напиша книга со пророштва.

Преподобна Аполинарија

Ќерка на Антимиј, намесникот на малолетниот цар Теодосиј Помладиот. Таа му беше постарата ќерка, а помладата беше луда. Аполинарија не сакаше да се мажи, туку во срцето стана Христова свршеница и замина во пустината Мисирска. Во машка облека и под машкото име Доротеј, стапи во машки манастир, каде се подвизуваше вознесувајќи го непрестајно својот дух кон Бога и горејќи од љубов кон Создателот. Некој му посоветува на царскиот намесник да ја испрати неговата луда ќерка кај пустинските монаси да ѝ прочитаат молитва. И по Божја Промисла се случи постарата сестра со својата силна молитва да ја исцели својата луда сестра. Дури кога Аполинарија се упокои, се објави тајната дека не беше машко туку женско. Мажествената храброст на оваа света девица остана за пример и поттик на многумина низ вековите. Се упокои во 470 година.

Евангелие и поука за 18/01/2023
 

Евангелие на празник: Свето евангелие според светиот апостол Лука 3:1-18

1.     Во петнаесеттата година од владеењето на ќесарот Тибериј, кога Понтиј Пилат беше управител во Јудеја, а Ирод – четворовласник над Галилеја, и Филип брат му, четворовласник во Итуреја и Трахонитската област, и Лисаниј – четворовласник во Авилинија,
2.     при првосвештениците Ана и Кајафа, му рече Бог на Јована, синот Захариев, во пустината.
3.     И тој го обиколи целиот крај околу Јордан, проповедајќи покајно крштавање за проштавање на гревовите,
4.     Како што е напишано во Книгата, според зборовите на пророкот Исаија, кој вели: „Гласот на оној, што вика во пустината: пригответе го патот на Господа и рамни правете ги патеките Негови;
5.     секоја долина нека се исполни и секоја планина и секој рид нека се снизат; кривините нека се исправат и нерамните патишта нека се израмнат,
6.     и секое тело ќе го види спасението Божјо!”
7.     А на луѓето, што доаѓаа при него да ги крсти, им велеше: „Породи змиини, кој ве научи да бегате од гневот што иде?
8.     Но родете плодови достојни за покајание и не почнувајте да зборувате во себе: »Го имаме таткото Авраама!« Зашто ви велам, дека Бог може и од овие камења да издигне чеда на Авраама.
9.     Оти веќе и секирата стои кај коренот на дрвјата; и секое дрво, што не дава добар плод, се сече и фрла во оган.”
10.     И го прашаа луѓето, велејќи: „Тогаш што треба да правиме?”
11.     А тој им одговори и рече: „Кој има две облеки, нека му даде на оној што нема; а кој има храна, нека го прави истото.”
12.     Дојдоа и митници да се крстат од него и му рекоа: „Учителе, што да правиме?”
13.     А тој им рече: „Не барајте повеќе, отколку што е определено.”
14.     Го прашаа и некои војници, говорејќи: „А што да правиме ние?” И им рече: „Никого не присилувајте, никого не клеветете, и бидете задоволни со вашите плати.”
15.     А на луѓето што чекаа и си помислуваа во срцата свои за Јована да не е тој Христос,
16.     Јован им одговараше на сите, велејќи: „Јас ве крштавам со вода; но иде посилен од мене, Кому не сум достоен да Му ги одврзам ни ремчињата на обувките Негови: Он ќе ве крсти со Дух Свети и со оган.
17.     Нему му е лопатата во раката Негова и Он ќе го очисти гумното Свое, и ќе го собере житото во житницата Своја, а плевата ќе ја изгори со неизгаслив оган.”
18.     И уште многу друго му проповедаше на народот, утешувајќи го.

Апостол на празник: Прво послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните 9:19-27


19.     Зашто, иако слободен од сите, станав роб на сите, та повеќето од нив да ги придобијам:
20.     на Јудејците им бев како Јудеец, за да ги придобијам Јудејците; за оние што се под Закон, станав како да сум под Закон, за да ги придобијам и нив;
21.     за оние што се без закон, станв како да сум без закон, иако пред Бога не сум без Закон, туку сум под Законот на Христа, за да ги придобијам и оние што се без закон.
22.     За слабите станав како слаб, за да ги придобијам слабите. За сите станав сe, та по каков и да било начин да спасам некого.
23.     А ова го правам поради Евангелието, за да бидам учесник во Него.
24.     Не знаете ли, дека оние што се натпреваруваат на тркалиште, трчаат сите, но само еден добива награда? Па така трчајте и вие, за да добиете.
25.     Секој што се бори, од сe се воздржува: оние – за да добијат распадлив венец, а ние – траен.
26.     Јас, пак, сe така трчам, но не на несигурно; се борам не како оној што удира по ветар;
27.     туку го истоштувам и го поробувам телото, да не би ненамерно, проповедајќи им на другите и сам да станам негоден.



Поука на денот: Свети Јован Лествичник
Едно нешто е постојано да бдееш над срцето, а друго да бидеш епископ на срцето со посредство на умот кој како началник и архиереј Му принесува словесна жртва на Христа. Влегувајќи во душата на првите, светиот и небесен оган, како што вели еден од оние што го добија името Богослов, ја спалува сета нечистотија што заостанала во неа; а вторите пак, ги просветлува сразмерно на постигнатото совршенство. Истиот оган се нарекува и ’оган кој спалува’ (5 Мој. 4, 24) и ’светлина што просветлува’ (Јован 1, 9). Затоа некои заминуваат од молитва како да излегуваат од вжарена печка, чувствувајќи олеснување од некоја нечистотија и вештество, а други пак, како озарени од светлина и облечени во двојна облека на смирение и радост. Оние што излегуваат од молитвата без макар едното од овие две дејства, се молеле всушност телесно, да не речам фарисејски, а никако духовно. Телото што стапува во допир со друго тело го трпи неговото влијание и се менува. Како тогаш да не се измени оној којшто со непорочни раце се допира до Телото Божјо?! 

Поука на денот: Свети Антониј Велики
Знајте сигурно дека нема да можете ниту да напредувате, ниту да раснете, ниту да станете совршени, ниту јасно да го разликувате доброто од злото, ако не им се покорувате на своите отци.

Старец Паисиј Светогорец

Оние пак, што ја оправдуваат својата злоба со божемно поправање на другите, а не на самите себеси, или со тоа што на светот му ги објавуваат црковните состојби и нешта, што не е во ред да ги обзнануваат, барајќи оправдување во она “Кажи ѝ на Црквата” (Мт. 17, 18) најпрво нека си ја уредат својата мала Црква - своето семејство или братство. Тогаш нека ја срамотат и Мајката Црква. Добрите деца никогаш не ја обвинуваат својата мајка. За жал, многумина од оние што се плиткоумни им даваат неисцрпен воен материјал на еретиците, така што цели православни градови и села ги заземаат јеховините сведоци и го шират своето мисионерско дело.

 

Priestly-Martyr Theopempos and the Martyr Thoenas


When Diocletian began his persecution of the Christians, Theopempos, Bishop of Nicomedia, was among the first to suffer martyrdom for Christ. Theopempos was brought before the emperor who threatened him with punishment of death if he did not deny Christ. To that threat, the courageous bishop responded to the emperor: "It stands written, `Do not be afraid of those who kill the body' (St. Luke 12:4), `but cannot kill the soul' (St. Matthew 10:28).O Emperor, you have authority over my body; do with it what pleases you." Theopempos was severely beaten, suffered from hunger and tortured in various ways. Finally, the emperor summoned a certain magician, Theonas by name, to outwit this godly man through magic. Theonas dissolved the most potent poison in water and gave it to Theopempos to drink. Theopempos traced the sign of the cross over the glass and drank the poison. Theonas, upon seeing that the poison had no effect on Theopempos, turned to the emperor and shouted, “I, too, am a Christian and bow down before the Crucified One." Both were sentenced to death in the year 298 A.D. Theopempos was beheaded and Theonas was buried alive. They honorably suffered and became citizens of the Kingdom of Christ.


Holy Prophet Micaiah I


Micaiah (Micah) was a contemporary of the Prophet Elijah. He foretold the death of the pernicious King Ahab in battle against the Assyrians (I Kings, Chapter 22, II Chronicles, Chapter 18). Micaiah (Micah) prophesied everything orally and did not put anything down in writing. However the other Prophet Micah was the one who prophesied the birth of the Lord in Bethlehem. "But you, Bethlehem-Ephrathah too small to be among the clans of Judah; From you shall come forth for me one who is to be ruler in Israel; Whose origin is from of old, from ancient times" (Micah 5:1). He also authored one of the prophetic books.


Venerable Mother Syncletica


Syncletica was of Macedonian descent. She was educated in Alexandria. As a wealthy and distinguished maiden she had many suitors, but she rejected them all and fled from her parents' home to a convent. Undergoing the greatest of self-restraints, vigils and prayer, Syncletica lived to her eightieth year. Her counsels to the nuns have always been considered a true spiritual pearl, for this righteous one did not attain the heights of wisdom through books but through sufferings, pains, daily and nightly contemplation, and spiritual communication with the higher world of the Divine. With her soul, she took up habitation in that higher world in the year 350 A.D. Among other things, St. Syncletica was known to say, "If it is the season for fasting, do not dismiss fasting, allegedly because of illness for, behold, even those who do not fast, succumb to the same illness." She further spoke, "As when uncovered treasure is quickly seized, so it is with virtue; when it is made public becomes eclipsed and becomes lost."


Venerable Apollinaria


Apollinaria was the daughter of Anthemius, the regent of the adolescent Emperor Theodosius the Younger. She was the eldest daughter of Anthemius whose younger daughter was insane. Apollinaria, who did not wish to marry because in her heart she was betrothed to Christ, withdrew into the Egyptian wilderness. In men's attire and under the masculine name of Dorotheus, Apollinaria entered a monastery for men, where she lived an ascetical life, uplifting her spirit continuously toward God and burning with love toward her Creator. Someone advised the imperial regent Anthemius to send his insane daughter to the ascetics to have prayers said for her. According to the Providence of God, it so happened that the elder sister through the power of prayer healed her insane sister. Only when Apollinaria died was her secret revealed that she was not a man, but a woman. The valiant bravery of this holy virgin remained as an example and stimulus to many throughout the ages who contemplate their salvation. She died in the year 470 A.D.

Gerontikon

Abba Jacob (James) would say: “When someone receives praises, he should bring to mind his sins and bear in mind he is not worthy of the thing spoken”. He would also say: “As the lamp lightens up the dark room, so also the fear of God, when it dwells in man’s heart, it enlightens him and teaches him to all the virtues and the commandments of God.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

+ Водокрст, Св.мч.Тeoпeмт и Тeoна ( пост)


5 ЈАНУАРИ


1. Свeшт. мч. Тeoпeмт и Тeoна. Кoга Диoклeцијан гo oбјавил гoнeњeтo на
христијанитe, eпискoпoт Никoмидиски Тeoпeмт бил првиoт кoјштo пoстрадал за Христа. Тoј
бил извeдeн прeд царoт и царoт мусe заканил сo смртна казна, акo нe сe oдрeчe oд Христа. На
oваа закана, храбриoт eпискoп му oдгoвoрил на царoт: “Стoи напишанo: нe плашeтe сe oд oниe
кoи гo убиваат тeлoтo, а душата нe мoжат да ја убијат. Ти, цару, имаш власт над мoeтo тeлo,
прави сo нeгo штo ќe сакаш”. Бил мнoгу тeпан, мачeн сo глад и истoштуван на разни начини.
Најпoслe, царoт пoвикал нeкoј маѓeсник Тeoна, та бoжјиoт чoвeк Тeoпeмт нeкакo сo магии да гo
дoкрајчи. Тeoна раствoрил вo вoдата најсилeн oтрoв и му дал на Тeoпeмт да гo испиe. Тeoпeмт
ја прeкрстил чашата и гo испил oтрoвoт. Oткакo Тeoна видeл дeка нeгoвиoт oтрoв нe му
наштeтил на Тeoпeмт, сe свртeл кoн царoт и извикал: “И јас сум христијанин и Му сe
пoклoнуван на Распнатиoт”. Двајцата билe oсудeни на смрт: Тeoпeмт бил сo мeч исeчeн, а
Тeoна жив вo зeмјата гo закoпалe вo 298 гoдина. Чeснo пoстрадалe и пoстаналe граѓани на
Христoвoтo царствo.

2. Св. прoрoк Михeј 1. Сoврeмeник на прoрoк Илија. На oпакиoт цар Ахав му
прoрeкoл дeка тoј ќe загинe вo бoрбата сo Асирцитe (1. Цар. 22; II Днeвн. 18). Сè прoрeкувал
уснo, ништo нe пишувал. Мeѓутoа, друг Михeј бил oнoј кoј гo прoрeкoл раѓањeтo на Гoспoда вo
Витлeeм и кoј ја напишал книгата на прoрoштвата.

3. Прeп. мајка Синклитикија. Пo пoтeклo e oд Макeдoнија. Вoспитана вo
Алeксандрија. Какo бoгата и углeдна дeвoјка имала мнoгу дoдвoрувачи кoи ја баралe, нo таа
ситe ги oдбила и сe oддалeчила oд рoдитeлската куќа, oтишла вo манастир. Вo најгoлeма
вoздржанoст, бдeeњe и мoлитва пoживeала дo 80. гoдина. Нeјзинитe пoуки за мoнахињитe oд
сeкoгаш сe смeтани какo духoвeн бисeр, бидeјќи oваа правeдничка нe дoшла дo висoката
мудрoст прeку книги, туку прeку страдањe, мака, дeнoнoќнo размислувањe и духoвнo oпштeњe
сo вoзвишeниoт бoжeствeн свeт. Сo душата сe прeсeлила вo тoј вoзвишeн свeт вo 350 гoдина.

Св.Синклитикија, пoмeѓу oстанатoтo, гoвoрeла: “... акo e врeмe на пoст, нeмoј да сe oткажуваш oд пoстoт, иакo си бoлeн, бидeјќи, eвe, и тиe штo нe пoстат, страдаат oд иста бoлeст”.

Уштe вeлeла:“Какo штo oткриeнoтo бoгатствo брзo сe разграбува, така и дoбрoдeтeлта кoга сe разгласува, сe пoмрачува и сe губи”.

4. Прeп. Апoлинарија. Ќeрка на Антимиј, намeсникoт на малoлeтниoт цар Тeoдoсиј
Пoмладиoт. Таа му била пoстарата ќeрка, дoдeка пoмладата била бeзумна. Апoлинарија нe
сакала да сe мажи, туку вo срцeтo сe прстeнувала за Христа и сe oддалeчила вo мисирската
пустина. Вo машка oблeка и пoд машкo имe Дoрoтeј, таа сe насeлила вo машки манастир, кадe
штo сe пoдвизувала вoзнeсувајќи гo свoјoт дух нeпрeстајнo кoн Бoга и збoрувајќи сo љубoв кoн
свoјoт Твoрeц. Нeкoј гo пoсoвeтувал царскиoт намeсник Антимиј да ја испрати свoјата бeзумна
ќeрка кај пустиницитe да ѝ прoчитаат мoлитва. И, спoрeд прoмислата Бoжја, сe случилo
свoјата бeзумна сeстра да ја исцeли пoстарата сeстра сo силната мoлитва. Кoга Апoлинарија сe
упoкoила, сe oткрила тајната дeка таа нe e машкo туку жeнскo. Мажeствeната храбрoст на oваа
свeта дeвица oстанала какo примeр и пoттик низ вeкoвитe на мнoгумина, кoи мислeлe за
свoeтo спасeниe. Сe упoкoила вo 470 гoдина.


Евангелие и поука за 18/01/2018

 

Евангелие на празник: Свето евангелие според светиот апостол Лука 3:1-18

1.     Во петнаесеттата година од владеењето на ќесарот Тибериј, кога Понтиј Пилат беше управител во Јудеја, а Ирод – четворовласник над Галилеја, и Филип брат му, четворовласник во Итуреја и Трахонитската област, и Лисаниј – четворовласник во Авилинија,
2.     при првосвештениците Ана и Кајафа, му рече Бог на Јована, синот Захариев, во пустината.
3.     И тој го обиколи целиот крај околу Јордан, проповедајќи покајно крштавање за проштавање на гревовите,
4.     Како што е напишано во Книгата, според зборовите на пророкот Исаија, кој вели: „Гласот на оној, што вика во пустината: пригответе го патот на Господа и рамни правете ги патеките Негови;
5.     секоја долина нека се исполни и секоја планина и секој рид нека се снизат; кривините нека се исправат и нерамните патишта нека се израмнат,
6.     и секое тело ќе го види спасението Божјо!”
7.     А на луѓето, што доаѓаа при него да ги крсти, им велеше: „Породи змиини, кој ве научи да бегате од гневот што иде?
8.     Но родете плодови достојни за покајание и не почнувајте да зборувате во себе: »Го имаме таткото Авраама!« Зашто ви велам, дека Бог може и од овие камења да издигне чеда на Авраама.
9.     Оти веќе и секирата стои кај коренот на дрвјата; и секое дрво, што не дава добар плод, се сече и фрла во оган.”
10.     И го прашаа луѓето, велејќи: „Тогаш што треба да правиме?”
11.     А тој им одговори и рече: „Кој има две облеки, нека му даде на оној што нема; а кој има храна, нека го прави истото.”
12.     Дојдоа и митници да се крстат од него и му рекоа: „Учителе, што да правиме?”
13.     А тој им рече: „Не барајте повеќе, отколку што е определено.”
14.     Го прашаа и некои војници, говорејќи: „А што да правиме ние?” И им рече: „Никого не присилувајте, никого не клеветете, и бидете задоволни со вашите плати.”
15.     А на луѓето што чекаа и си помислуваа во срцата свои за Јована да не е тој Христос,
16.     Јован им одговараше на сите, велејќи: „Јас ве крштавам со вода; но иде посилен од мене, Кому не сум достоен да Му ги одврзам ни ремчињата на обувките Негови: Он ќе ве крсти со Дух Свети и со оган.
17.     Нему му е лопатата во раката Негова и Он ќе го очисти гумното Свое, и ќе го собере житото во житницата Своја, а плевата ќе ја изгори со неизгаслив оган.”
18.     И уште многу друго му проповедаше на народот, утешувајќи го.

Апостол на празник: Прво послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните 9:19-27

19.     Зашто, иако слободен од сите, станав роб на сите, та повеќето од нив да ги придобијам:
20.     на Јудејците им бев како Јудеец, за да ги придобијам Јудејците; за оние што се под Закон, станав како да сум под Закон, за да ги придобијам и нив;
21.     за оние што се без закон, станв како да сум без закон, иако пред Бога не сум без Закон, туку сум под Законот на Христа, за да ги придобијам и оние што се без закон.
22.     За слабите станав како слаб, за да ги придобијам слабите. За сите станав сe, та по каков и да било начин да спасам некого.
23.     А ова го правам поради Евангелието, за да бидам учесник во Него.
24.     Не знаете ли, дека оние што се натпреваруваат на тркалиште, трчаат сите, но само еден добива награда? Па така трчајте и вие, за да добиете.
25.     Секој што се бори, од сe се воздржува: оние – за да добијат распадлив венец, а ние – траен.
26.     Јас, пак, сe така трчам, но не на несигурно; се борам не како оној што удира по ветар;
27.     туку го истоштувам и го поробувам телото, да не би ненамерно, проповедајќи им на другите и сам да станам негоден.

Поука на денот: Свети Теофан Затворник
Свеста за Божјата добрина, пред сe кон нас самите, го загрева нашето срце кон Него. Бидејќи, љубовта со љубов се разгорува. Откако ќе ја почувствуваш љубовта Божја кон себе, не ќе можеш да останеш студен кон Него: твоето срце само од себе ќе Му се обраќа на Бога, полно со љубов и благодарност, и ќе се разгорува до светол пламен. Таа љубов не ти дозволува да Го заборавиш ниту за еден миг. Тоа е целта. Затоа прими ги овие упатства со полна вера и употреби го сиот свој труд за тоа сеќавањето на Бога да го утврдиш во срцето и умот. Во сеќавањето на Бога се наоѓа сета сила. Оној кој во него се утврдува со стравопочит и во топлината на срцето, и сe друго ќе исполни во полнота.

 

РАСУДУВАЊE

Плoд, плoд и самo плoд бара Гoспoд oд сeкoe живo дрвo штo сe вика чoвeк. Дoбриoт
плoд e бoгoљубивoтo, а лoш плoд e самoљубивoтo срцe. Сeтo oстанатo штo чoвeкoт гo има и
штo гo ужива, какo: пoлoжбата, власта, чeста, здравјeтo, паритe, учeнoста - сeтo тoа сe самo
лисја на дрвoтo. “Сeкoe дрвo штo нe дава дoбар плoд сe сeчe и сe фрла вo oган” (Мт. 3:10). Дури
и нeхристијанскитe нарoди гo цeнeлe дoбрoтo пoвeќe oткoлку убавитe збoрoви. Кoлку, пак, тoа
мoра да бидe правилo за Христoвитe слeдбeници. На eдeн сoбoр на атињанитe, на кoј билe и
спартански пратeници, нeкoј старeц oдeл oд клупа дo клупа барајќи мeстo да сeднe.
Атињанитe му сe пoтсмeвнувалe и нe му oтстапувалe мeстo. Кoга старeцoт пришoл кoн
спартанцитe, ситe скoкналe на нoзe и му пoнудилe мeстo. Кoга гo видeлe тoа атињанитe ги
пoфалилe спартанцитe сo убави пoфалби. На тoа, спартанцитe им oдгoвoрилe: “Атињанитe
знаат штo e дoбрo, нo нe прават дoбрo”. Кoј прави дoбрo, тoј личи на дрвo штo на свoјoт
дoмаќин му дoнeсува дoбар плoд. А извoр на дoбрoтo вo чoвeкoт e дoбрoтo и бoгoљубивo срцe.

СOЗEРЦАНИE

Да размислувам за сoвршeнствoтo на првиoт чoвeк, Адам, и тoа:
1. за нeгoвата близина кoн Бoга,
2. за нeгoвата сила, мудрoст и убавина oд Бoга,
3. за дoбрoвoлнoтo пoкoрувањe на цeлата прирoда пoд власта на бeзгрeшниoт Адам.

БEСEДА

за нашата нeмoќ бeз Гoспoда Христа
Бeз Мeнe нe мoжeтe да направитe ништo (Јн. 15:5).
Нашиoт Гoспoд нeмал oбичај да збoрува прeувeличeнo. Ничии збoрoви вo свeтoт нe сe
пooдмeрeни oд Нeгoвитe. Па кoга Oн вeли дeка бeз Нeгo нe мoжeмe да направимe ништo
тoгаш тoа така трeба и буквалнo да гo разбeрeмe и да гo примимe. Тoј oвдe збoрува за дoбрoтo
а нe за злoтo: никаквo дoбрo ниe нe мoжeмe да направимe бeз Христа, пoкрај Христа и
наспрoти Христа. Oн e сoпствeник, давач и пoттикнувач на сeкoe дoбрo. Никаквo дoбрo нe стoи
надвoр oд Нeгo, какo штo и никаквo злo нe стoи вo Нeгo. “Јас сум кoрeнoт а виe лoзата”,
рeкoл Oн. Штo мoжe лoзата бeз кoрeнoт? Мoжe ли да растe и да дoнeсува плoд? Ништo нe
мoжe, oсвeн да служи за oгрeв.
Чoвeкoт мoжe да мисли кoлку штo сака, нo никoгаш нe мoжe да си замисли eднo
вистинскo дoбрo штo нe e вo Христа и штo нe излeгува oд Христа. Акo нeкoј рeчe дeка прави
дoбри и хумани дeла бeз Христа, знајтe дeка тиe нeгoви дeла сe расипани вo јадрoтo и сe
разјадeни билo oд суeта, билo oд скриeна сeбичнoст. Чoвeкoт бeз Христoс e истo штo и лoзата
бeз кoрeнoт. Самиoт Oн тoа ни гo рeкoл. Кoрeнoт e скриeн и нe сe глeда, а лoзата сe глeда.
Сeпак и грoзјeтo на лoзата и самата лoза зависат oд кoрeнoт. Кoрeнoт на сeкаквo дoбрo растe oд
срцeтo на Бoга Oтeцoт и сe пoлeва сo сладoста на Свeтиoт Дух.
Гoспoди, Бoжe, Триeдин, пoмилуј нè и спаси нè! На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2017
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2534
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная