Во почетокот на христијанството, уште веднаш почнало да се празнува Велигден. Тоа е првиот празник на христијаните. Најстариот празник. Почетниот празник. Но, во првите векови, немало ускладеност и еднообразност во празнувањето. Не го празнувале Велигден сите во исто време. Така било цели три века.
Во овие три дена: Велики Понеделник, Велики Вторник и Велики Среда се извршува чинот мироварение – тоа е определеното време кога се подготвува и деноноќно се вари мирото, кое содржи над 40 разновидни миризливи сосотојки како дар од богосоздадената природа. Се вари без застој, дење и ноќе, а во текот на варењето непрестајно се чита Евангелие. Така подготвеното миро се осветува и се добива светото миро, за миропомазување и за осветување.