логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 ✤✣✤



Како да се победи гневот

(III дел)

✤✣✤

Како да се преобрази гневот?

И сега она најважното. Недоволно е само да се научиме да го запираме гневот и да се воздржуваме од него. И тоа е важно, но недоволно. Тоа е исто како само да регистрираме симптоми и последици на болеста, наместо да ја лечиме. Кој е најважниот лек против страстите? Да се стекне во душата навика за добродетел спротивна на таа страст. За тоа пишувал и самиот Светија Игнатиј Брјанчанинов и многу други Свети Отци. Осветеното место не останува празно. Недоволно е само да се изгони гневот и да се престане со раздразливост. Да, и речиси невозможно – тој секако повторно брзо ќе се пробие надвор од длабочината на нашата душа во којашто сме го потиснале. Навиката да се гневиме, раздразнуваме и да осудуваме треба да биде преобразена во друга цврста навика, друга доминанта. Каква? Проштевање, сострадание, соживување со луѓето, разбирање, трпение и смирение. Секако, сите тие се пројави на една голема добродетел – љубов кон ближниот. Љубовта исто така е спротивна на страста на гордоста. А од гордоста, како што знаеме, и произлегува гневот. „Поразувајќи ја гордоста, ти ги поразуваш и сите страсти, и во срцето се вселува смирение и љубов“, вели Преп. Пајсиј Атонски. Треба да имаме на ум дека страста е многу упорна гревовна навика, која станува неделив дел од душата, и за да ја победи на острастениот е потребен многу голем труд, непосредна борба со неа и стекнување на цврсти навики за добродетели. Но тоа не може брзо да се постигне. Хроничната и многугодишна болест не се лечи за две недели – потребно е време. Затоа во никој случај не треба да се крева раце и да се паѓа во униние, доколку за кратко време не видиме сериозни резултати. На тој пат речиси неизбежни се падови, скршнувања, рецидиви. Но колку подолга и поупорна е борбата, толку постабилна ќе стане навиката.

Еве нешто малку за тоа како да се изменат односите кон ближните, спротивно на поранешната раздразливост и гнев. Многу полезно е да се ставиме на местото на човекот чиешто однесување кај нас буди гнев. Да се погрижиме да ги сфатиме вистинските мотиви за неговото однесување. Неодамна кај мене на исповед дојде млад човек и ми кажа дека него многу го гневат недисциплинирани возачи кои создаваат кризни ситуации на патиштата, ги претекнуваат другите возила, на семафори не се придржуваат на правилата и др. Па не може тој сето тоа да го трпи! Тогаш јас го прашав: „А вие, самите, секогаш ли возите според правилата, никогаш не ги нарушувате?“ Тој одговори дека, секако, ги нарушува, но сепак, не сфаќа како може толку невнимателно да се вози. Тогаш јас му наведов пример, којшто се надевам му помогна да го измени односот кон некои немарни возачи. Замислете си дека тој човек којшто ве „претекнал“ и брза или несовесно поминува на раскрсница, само што добил телефонско известување од својата бремена жена дека треба итно да ја однесе во болница за пораѓање, или, пак, нешто лошо се случило со неговото дете - зарем постојат малку причини за брзање! Секако, нема ништо добро во нарушувањето на правилата, но зошто ние секогаш мислиме дека возачот што брза е немарен и подлец. А ете, тоа не секогаш се покажува како вистинито. Се каам бидејќи и јас сум имал моменти кога сум ги прекршил сообраќајните правила. На пример кога брзав кон сопругата оти наеднаш ѝ стана лошо, или кога таа ми се јави и ми рече дека син ми се попарил со врела вода. Сметам дека тогаш многу возачи не го одобруваа мојот начин на возење.

Помисли на тоа дека не ги знаеш вистинските причини за однесувањето на оној што те гневи

Ние многу често брзаме да го осудиме човекот, без да ги знаеме вистинските мотиви за неговата, можеби, непристојна постапка. Наместо да се потрудиме да се задлабочиме во неговото однесување и да се обидеме да си претставиме што се крие зад тоа. Сите ние сме воспитани во потполно различни семејства, се разликуваме според своето животно искуство, образование, наследност, здравје, услови за живот. Секој има потполно индивидуална животна ситуација, различна од нашата. Ни се чини дека човекот сакал да нѐ навреди, а тој можеби едноставно лошо бил воспитан од родителите, нам во тој поглед ни се дало многу повеќе отколку нему. Ако почнеме да мислиме така, ние дури и ќе почнеме да го жалиме нашиот ближен и ќе ни стане лесно да му простиме. Само доколку доволно добро го запознаеме човекот, ќе можеме делумно да сфатиме што навистина се крие зад неговите постапки. Можеби никогаш нема да го дознаеме тоа, бидејќи и самиот човек понекогаш не ги сфаќа вистинските мотивации за своето однесување. Само Господ ги знае срцата на луѓето и според тоа може да суди, но не и ние.

Треба секогаш да се стремиме во нашите ближни да ги видиме добрите страни и црти коишто кај секого безусловно постојат. Речиси кај секој човек има знаење, умеење, карактерни црти коишто ние ги немаме, но би сакале да ги стекнеме. Забележувајќи го сето тоа, ние ќе сфатиме дека општењето со него може да ни донесе голема полза.


Едно време мене ми се случуваше да имам подолги телефонски разговори со болни луѓе. Или  со психички растроени или, пак, со болни од некои други тешки болести. Не кријам, често ваквите разговори многу силно ме истоштуваа и раздразнуваа. Но кога се обидов да се поставам себеси на местото на овие несреќни, болни луѓе, сѐ ми помина. Сфатив дека тие долги телефонски радости за нив претставуваат една од малкуте радости што ги имаат. Тие едноставно не можат да сфатат (затоа што самите никогаш не работеле и немале семејство), дека му го одземаат времето на еден зафатен семеен човек.

Познато е дека кај другите луѓе, во нивното однесување, нас повеќе од сѐ нѐ гневат постапки и карактерни црти коишто ги мразиме кај себе самите. Често гневот е една скриена вина. Едноставно несвесно го користиме за да прикриеме други чувства. Односно, нам некогаш ни било многу срам за некоја слична постапка и сега кога гледаме кај другите нешто такво, ние многу се гневиме и ни е непријатно. Тој ефект на огледало е прекрасно опишан во познатата басна на Крилов „Огледало и мајмун“, која ни е позната од школскиот период. Да си спомнеме исто така и за советот на Криловиот Мишко: „Наместо да ги оговараме другите, не е ли подобро да работиме на себе?“ Односно, треба да сфатиме дека ние самите сме далеку од безгрешни и дека нешто слично такво имало и во нашиот живот.

Продолжува

Извор: Бигорски манастир

✤✣✤

Како да се победи гневот

(II дел)

✤✣✤

Да се замрази страста

Како да се замрази страста: Умствено секако, сите ние ја сфаќаме погубноста на гревовната зависност и штетните навики. Но како да го замразиме тоа што толку години ни предизвикувало задоволство и со кое се поврзани многу пријатни доживувања. Да, колку и да е чудно, дури и една толку непријатна работа, како што е гневот, може да биде во нешто пријатен. На човекот којшто е подложен на неа, таа страст му дава дури и чисто физиолошко задоволство. Во моментот на гневот во крвта се зголемува адреналинот и како што е познато, тој хормон предизвикува многу пријатни чувства. Екстремните адреналисти дури и ги нарекуваат зависници од адреналин. Па така и оној што се гневи исто така е зависник од адреналин. Навистина подоцна, по испадот на гнев, по правило ни станува многу лошо, срамно, бидејќи во секој човек има совест „но тоа е дури потоа“. Гневот исто така повремено создава едно чувство, една илузија на власт над луѓето, на сила, моќ, што дури и му е многу пријатно на оној што се гневи. Но сепак, потребно е да умееме во оваа страст да ја увидиме и сета негативна страна, сета нејзина непријатна и разорна суштина. За тоа постојат неколку начини.

За да ја сфатиме сета непривлечност на страста што ја имаме, од особена важност е на себе и на таа своја страст да погледнеме од страна. Бидејќи ние не сме ни свесни во каков неприличен и одбивен лик се претставуваме кога се оддаваме на гневот. Постои еден совет: кога се гневиш, раздразнуваш и навредуваш, погледни се во огледало и наместо твоето вообичаено мило лице, ќе забележиш некаква бесовска маска. Ете токму тоа е она што го гледаат присутните во моментот на твоето раздразнување. Се сеќавам на раскажувањето на една жена на којашто нејзината сосетка неволно ѝ помогнала да се погледне себеси од страна во врска со семејните караници. Имено, еднаш сосетката ја сретнала таа дама и ја прашала: „Да не знаеш случајно кој од соседите толку им вика на своите домашни, постојано ги поттикнува на караници? Можеби треба да преземеме некакви мерки?“ И таа жена толку се засрамила бидејќи тие домашни караници ги предизвикувала токму таа, а сосетката за тоа не ни претпоставувала, бидејќи ја знаела како надворешно спокојна и почитувана жена. После добиената поука, споменатата жена почнала да бдее над себеси и домашните расправии престанале.

При страста на гнев особено е важна честата исповед. Освен покајанието поради гревот и поткрепувачката сила на Таинството, овде постои и еден друг момент: кога треба да му раскажеш на духовникот за сите тие непријатни за тебе нешта, како што се караниците, гневните испади, нападите на бес, кај тебе се јавува силно чувство на срам кое те спречува повторно да ги направиш овие гревови, за да не мораш повторно да ги кажеш, што е дополнителна мотивација во борбата со гневот. Разговорите за непријатните за тебе ситуации, особено срамот поради твоето невоздржание и лошо однесување, го прикажува овој грев во својата автентична грда форма.

Уште еден совет. Се вели дека кога некој премногу сака да се препушти на гневот, да започне да зборува навредливи нешта, да почне да вика, потребно е во тој миг, наместо пријатните чувства што обично ги дава гневот, да се предизвикаат непријатни. Помага во тој миг да се појде во кујната и да се изеде една мала лажичка сол. Откако по извесно време гневот ќе се поврзе со ова непријатно искуство, тој ќе ни стане одвратен и со време ќе престане. И воопшто, многу помага секогаш кога ќе ни дојде гневна помисла, желба за гнев, да си спомнеме и за ужасните последици коишто обично се јавуваат после гневниот испад и сета таа штета што гневот им ја носи на луѓето.

Да запреме додека сѐ уште не е доцна...

Но за да успееме да ги примениме сите овие методи потребно е да научиме една едноставна но неопходна работа – да стегнеме пауза, да запреме, како што се вели, да се оддалечиме од гневот. Ете токму тоа за човекот кој е раздразителен и склон кон гнев е особено тешко. Секој грев започнува со гревовна помисла. Тоа е кога гревот е сѐ уште во фаза на некаква концепција, идеја, проект. Но само уште еден чекор - и веќе се воплотува во дело. Еве што пишува за тоа Св. Игнатиј Брјанчанинов: „Обично луѓето ја сметаа мислата за небитна и притоа тие се особено немарни кон примањето на мислите. Од примените добри мисли се раѓа сѐ добро, од примените лажни, лоши мисли, произлегува сето зло. Мислата наликува на бродско кормило: од едно мало кормило, од една ништожна справичка врзана за бродот, зависи правецот и во голема мера судбината на целата таа огромна машинерија“. Така што неопходно е да се учиме на борба со помислите, да се учиме да ги отсекуваме во самиот почеток на нивниот пристап кон нашите души. На ова искуство се посветени многу дела на Светите Отци, оваа тематика е доста широка, и нејзиниот обем не дозволува нејзино детално разгледување. Но сметам дека секој може да се запознае со неа индивидуално.

Да се отсекуваат гревовните, гневните помисли, да не се беседи со нив, да се одгонуваат и се мисли на друго – ете тоа и значи да се „стисне пауза“. Кога ќе се бориме со гневот, ќе го правиме потребното и нема да му даваме волја на гневот, зашто тој лесно може да излезе од контрола. Налик на пожар којшто колку повеќе гори толку потешко е да се згасне, или како пукната брана која многу тешко може да се затвори. Кога ќе се разбуди желбата за гневење треба да се направи нешто драстично, да се почне со молитва, да се кажува на пример Исусовата молитва. Да се појде во друга соба, да се чита Евангелие, Псалтир. Доколку и за тоа нема сили, почнете со физичка работа или зафатете се со некоја едноставна активност. Гневот може да се преобрази во физичка активност. Ве уверувам дека после неколку километри трчање, желбата за гневење по правило се губи. И општо познато е: доколку не му се дава волја на гневот, доколку успееме да стиснеме пауза, тогаш гневниот испад и неодоливата желба да се препуштиме на емоциите поминуваат. И самиот предмет на конфликт повеќе за нас не е нешто важно. Но она што е најважно, тоа е да се научиме на време да стегнеме на пауза.

Доколку успееме да направиме макар и најкратка пауза, во тој миг треба да си претставиме, да си замислиме што ќе се случи понатаму ако си дадеме волја на чувствата и попуштиме на гневот. Да се потсетиме што обично се случува потоа. Што ќе придобиеме (ништо особено) и што ќе изгубиме (мирот во душата и мирот со ближните, нивното пријателско однесување кон нас, и освен тоа, во душата уште долго време ќе ни царува разорност, пустош и срам). Принципот на проценување е за нас многу полезно правило во животот. Бидејќи ние постојано застануваме пред избор во врска со тоа што е за нас примарно, а што второстепено, безначајно. Што ни е неопходно и полезно, а што сосема непотребно па дури и штетно итн.

Продолжува

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная