Излегоа од печат „Житијата на Светиите“ за месец август

Во издание на црквата посветена на свети Григориј Палама и свети Димитриј Мироточив во Струмица, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г. Наум, излезе од печат нов том од „Житијата на Светиите“ за месец август во тврд повез.
За дистрибуција на книгите можете да се информирате на:
e-mail: pravoslavniknigi@gmail.com
или: о. Боро Милчев, тел. 071-213-000


Љубовта кон ближниот: Втората голема заповед која Господ ја нарекува слична на првата, е заповедта за љубовта кон ближниот. Христијанинот е повикан да го возљуби ближниот „како себеси“. На психолошко ниво, тоа значи тој да го возљуби својот ближен како што се љуби себеси. Полнотата на христијанската љубов, сепак, се открива не на психолошко, туку на онтолошко ниво.
Преподобен отче Гавриле, твојот живот во овој свет се покажа како натприроден, зашто живеејќи на земјата, си останал бестрасен и си го возљубил мирот и тихувањето; следејќи го Христовиот тесен и мачен пат, си се искачил кон небесните обители, каде што се молиш за наше спасение.

"Ме прашувате за беззаконијата на децата и младината, а каде нестанаа старците? Или мислите дека сите стари лица водат ист живот како старците од селото Петру Вода? Што тука да се раскажува! Ми раскажуваше еден верник од Дорна, мој врсник, дека речиси сите негови соседи, веќе стари луѓе, деноноќно со отворени усти седат пред телевизорот, па дури и јадат и пијат, паѓаат во искушение поради она што го видоа,



Сте забележале ли, дека во денешно време никој за ништо не е виновен и дека сите се разбираат од сè? Освен фудбал и политика, Православието исто е популарна тема. Секој, кој што се крстил, веќе го кажува своето мислење каква треба да биде Црквата. А како што гледам дури и некрстените имаат мнение по тоа прашање.


























