Псалм 142
:Покажи ми го, Господи, патот по κој да одам, зашто κон Тебе ја вознесувам душата своја. Избави ме, Господи, од моите непријатели, зашто при Тебе прибегнав.
:Покажи ми го, Господи, патот по κој да одам, зашто κон Тебе ја вознесувам душата своја. Избави ме, Господи, од моите непријатели, зашто при Тебе прибегнав.
ирмос:Каменот, Кого Го отфрлија ѕидарите, глава од аголот постана. Тој е камен, врз Кого Христос Црквата ја утврди, од нежнабожците искупувајќи ја.
Чудо надумно и преславно: Создателот на сѐ, не од незнаење, а како да незнае прашуваше: каде лежи оној, кого го оплакувате? Каде е погребен Лазар, кого наскоро од мртвите вам ќе ви го воскреснам?
Според денес важечкиот типик, Литургијата на претходно осветени дарови се служи секоја среда и петок од Великиот пост, во четврток на Големиот канон, и во првите три дена од Страстната седмица. Исто така, се служи и во деновите кога се празнуваат светители: свети Харалампиј, првото и второто наоѓање на главата на свети Јован Крстител и на денот на светите четириесет маченици. Во случај кога се празнуваат локални светители, како што е света Филотеа Атинска во Атина, свети Георгиј Митилински во Митилини итн., пак се служи Преждеосвештена литургија, доколку нивниот ден не се падне во сабота или во недела. Според типикот на свети Сава, Преждеосвештена литургија се служи и на денот пред Благовештение, кој ден и да падне, освен сабота или недела. Поновите типици на Великата Црква (од Константин и Виолакис), неоправдано, не предвидуваат служење на Преждеосвештена литургија на овој ден, па дури и ако падне во среда или во петок.
Во општи црти, ова е поредокот што денес се држи во однос на служењето на Преждеосвештената литургија. Овој поредок произлегува од ерусалимскиот манастир на свети Сава Освештен, како што се гледа од неговиот типик. Истото се гледа и од Триодот што е во употреба, кој во основа ја претставува праксата на тој манастир. Поради тоа, како што е познато, во редовните денови за служење на Преждеосвештена литургија, односно секоја среда и петок, вечерната богослужба се прекинува на библиските читања. Значи, тие вечерни служби немаат стиховни стихири, како што има во понеделнилк, вторник и четврток. Попрецизно, стиховните стихири од вечерната на среда и петок не се изоставаат, туку се додаваат на стихирите на „Господи возвах“.
Во ваквиот поредок на служење на Преждеосвештена литургија, редовно секоја среда и петок, а вонредно при спомен на некој светител, лесно може да се препознае древниот обичај на литургиските собранија и редовното причестување на верниците четири пати неделно (сабота, недела, среда и петок), а вонредно во денови кога се празнуваат светители во друг ден. За овој обичај сведочи и свети Василиј Велики во неговото писмо „кон Кесарискиот патрициј“: „Ние се причестуваме четири пати седмично, во недела, среда, петок и сабота, и во други денови ако е спомен на некој светител“.Паралелно постоел и обичајот за секојдневно служење Литургија и, следствено, за секојдневно причестување. За тоа сведочат многу свети отци и црковни писатели, а и самиот свети Василиј Велики го потврдува тоа во горенаведеното негово писмо: „Секојдневното причестување со светите тело и крв Христови е добро и полезно, како што и Самиот Тој јасно кажува: Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, ќе има вечен живот. Кој се сомнева дека постојаното причестување со животот не е ништо друго, освен живот во изобилие?“ Според спомнатово, за време на Великиот пост, секојдневно се служела Литургија на претходно осветени дарови. Така, според 52 канон на Трулскиот собор „Литургијата на претходно осветените дарови“ се определува да се служи „во сите денови на светата Четириесетница, освен во сабота, недела и на Благовештение“.Но и во сочуваните манастирски типици, или изрично, или се подразбира секојдневното служење на Литургијата на претходно осветени дарови. На пример, типикот на Евергетидскиот манастир (Атински кодекс 788 од 12 век) предвидува служење на Преждеосвештена литургија секој ден од Великиот пост, освен во понеделник од првата седмица: „Во понеделник од првата седмица, на вечерната ја читаме катизмата „Кон Господа“, а литургија не се служи само на овој ден. Од вторник, пак, и во тек на целата Велика Четириесетница секојдневно ја служиме Литургијата на претходно осветени дарови“.Исто така, типикот на Криптоферскиот манастир определува служење на Преждеосвештена литургија во сите денови на постот во Великата Четириесетница, иако го познава стариот обичај, што преовладувал во градските цркви и во други манастири, за служење само во среда и петок: „Треба да се знае дека, според стариот обичај, во тек на светата Четириестница не се служи секој ден Преждеосвештена литургија, туку само два дена во седмицата..., но ние секој ден служиме Преждеосвештена, освен во сабота, недела, на Благовештение и на денот на светите четириесет маченици“ (Криптоферски кодекс AII 7, од 1300 год.). Но и во други типици постојат посредни индикации. На пример, во Барберинскиот кодекс III 69 од 1205 година, му се посочува на свештеникот кога ќе служи на Сиропусна недела, „да сочува три претходно осветени дарови за Преждеосвештена литургија, која треба да се служи во среда, четврток и петок“. Но и напомената на горенаведениот типик и на многу други, како и на Триодот, дека во понеделник и вторник од првата седмица не се служело Преждеосвештена литургија „за да може целото братство да пости според преданието“, укажува дека во сите други денови „по предание“ се служело Преждеосвештена. Барберинскиот типик III 69, што го спомнавме погоре, додава уште нешто: „Треба да се знае дека во првите два дена од првата седмица на светата Четириесетница, односно во понеделник и вторник, во манастирите не се служи Преждеосвештена литургија. Само епископите и архиепископите ја служат (во овие денови) во нивните епископии и во големи цркви“. Така, овој типик ни дава уште едно сведоштво за служење на Преждеосвештена литургија во други денови, освен среда и петок. Резимирајќи го ова предание, свети Симеон Солунски вели дека „е предадено да се извршува“ Преждеосвештената литургија „во петте седмични денови“.Согласно 52 канон на Трулскиот собор и согласно преданието на Црквата, посведочено од светите отци и од старите типици, „Преждеосвештена литургија не се служи само во среда и петок, туку и во понеделник, вторник и четврток“, како што акцентирано забележува преподобен Никодим Светогорец, коментирајќи го горенаведениот канон во неговото дело „Пидалион“. Одредбата на поновите типици за редовно служење на Преждеосвештена литургија во среда и петок од Великиот пост не значи дека го спречува нејзиното вонредно служење во останатите денови. Исто како што неопходното служење на потполна Литургија во сабота, во недела и во празничните денови во тек на годината, не значи дека го попречува нејзиното вонредно служење во останатите седмични денови.Во случај на служење на Литургијата на претходно осветени дарови во понеделник, вторник или четврток, ќе треба да се примени типикот што важи за вечерните богослужби, кои се поврзани со Преждеосвештената во среда и во петок. Стиховните стихири ќе се испеат со стихирите на „Господи возвах“. Врз основа на овој принцип, во делото „Велика Четириесетница“ од издавачката куќа Ригопулос, Солун 1977, многу добро е изложен типикот за „Вечерна со Преждеосвештена во понеделник, вторник или четврток“ (стр. 385 – 386).[1] Извадок од делото: „Απαντήσεις εις λειτουργικάς απορίας“, Ιωάννου Μ. Φουντούλη – 4 и 5 том.
Извор: Скопска епархија
31.03.2017
Во оваа трета недела од постот, празнуваме поклонување на чесниот и животворен крст од овие причини: бидејќи за време на четириесетдневниот пост на некој начин и ние се распнуваме, умртвувани од страстите, паѓајќи во униние имаме чувство на жалост, ни се предлага чесниот и животворен крст за да не поткрепи и утврди и утеши, потсетувајќи не на страдањата на нашиот Господ Исус Христос.
Денес сакам да го запаметите зборот “прикриен благослов“. Односно, благослов кој е скриен под нешто што изгледа како тага, мака, казна, проблем, трагедија итн. Во позадина на секој феномен во животот знае да се крие некој благослов, позади било која животна ситуација.Не постои ништо што се случува во твојот живот, од утрото кога ќе се разбудиш до моментот додека заспиеш, а да нема висока цел која делува за твое добро,
Времето незапирливо си врви, и ние само ги броиме деновите и страшните беди и несреќи што ни се случуваат, не замислувајќи се над нивното внатрешно значење. А во тие страшни денови се крие една страшна и длабока поука. Всушност би требало причината за несреќите што ни се случуваат да ја видиме во самите себе.
Како ангел на земјата си се јавил, благовестејќи им ги на луѓето неискажливите Божји тајниː својот глас соединувајќи го со бесплотните хорови, ти нè вдахновуваш да ти пееме вакаː Радувај се ти, преку кого мракот се сокри! Радувај се ти, преку кого светлината се јави! Радувај се, ангелу на несоздаденото Божество! Радувај се ти, на создаденото и бесмисленото вистински изобличителу!
Литургијата на Претходноосветени дарови на светиот отец наш Григориј Велики, папа Римски, е централното богослужение преку кое ние, верните, се движиме низ Великиот yПост. Истото во голема мера се разликува од литургиите на коишто сме навикнати. Во следниов период ќе објасниме неколку особености на оваа литургија.
А тоа стана вака: кога по Божјо допуштање царската власт ја приграби Лав (III) Исавријанец, кој пред тоа беше чувар (пастир) на магариња и свињи, а црковната управа ја зеде светиот патријарх Герман, веднаш овој (патријархот) беше повикан од оној (царот) кој му рече: „Слушај, владико! Мене ми се чини дека светите икони во ништо не се разликуваат од идолите, затоа нареди што поскоро да ги изнесат одовде.
Лагата ни помага само накусо но, ништо не останува скриено. Кога вистината ќе се открие паѓаме во жалост и немир. Но, да речеме дека и тоа е една лекција. Ја знаеш онаа пословицата: ˶на грешките се учи˶. На крај од сето тоа ќе произлезе нешто добро.
Тропар, глас 2.
Колку се совршени делата на верата! Светиот маченик Теодор, во огнената печка, се радуваше како во води на спокој, зашто, кога во огнот изгоре, како сладок леб на Света Троица ѝ се принесе. По неговите молитви, Христе Боже, спаси ги душите наши.
Таа посна атмосфера, таа единствена состојба на духот се создава пред сé преку богослужбите, преку различните литургиски промени коишто се воведуваат во литургискиот живот. Ако овие промени се разгледуваат одвоено, може да се добие впечаток дека се формално накалемени, но ако се сфатат како целина тие ни ја откриваат и ни ја соопштуваат самата суштина на постот, ни овозможуваат да ја видиме и да ја почувствуваме таа „радосна тага“, којашто претставува вистинска порака и вистински дар на постот.
Достапна е новата обновена верзија на апликацијата „Православен календар“ за 2017 година, во издание на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“, Велјуса, која е надградена со тропари и кондаци за сите поголеми празници.
Тајната на Крстот Христов се состои во простувањето. Оној што со надеж на учество во Христовиот крст сака да учествува и во големата тајна на Христовото воскресение, тој простува. Вистинското простување се случува кога се молиме за оној што нè повредил; кога не го озборуваме, судиме и осудуваме тој што нè повредил; и кога на дело му помагаме, му чиниме добро и на секој начин гледаме како да се простиме и смириме со оној што нè повредил
Самиот Ти, Боже наш, откако се исполни времето, јавувајќи се во тело на земјата, си озаконил и си осветил четириесет дни и ноќи да се пости, а бидејќи си дарежлив и милостив, благоволи да ги поминеме овие свети денови во совршено покајание, во нелицемерно смирение, во усрдни молитви, без алчност за храна и неумерено пиење, во често приклонување на колената, со срце смирено и скрушено...