логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Според денес важечкиот типик, Литургијата на претходно осветени дарови се служи секоја среда и петок од Великиот пост, во четврток на Големиот канон, и во првите три дена од Страстната седмица. Исто така, се служи и во деновите кога се празнуваат светители: свети Харалампиј, првото и второто наоѓање на главата на свети Јован Крстител и на денот на светите четириесет маченици. Во случај кога се празнуваат локални светители, како што е света Филотеа Атинска во Атина, свети Георгиј Митилински во Митилини итн., пак се служи Преждеосвештена литургија, доколку нивниот ден не се падне во сабота или во недела. Според типикот на свети Сава, Преждеосвештена литургија се служи и на денот пред Благовештение, кој ден и да падне, освен сабота или недела. Поновите типици на Великата Црква (од Константин и Виолакис), неоправдано, не предвидуваат служење на Преждеосвештена литургија на овој ден, па дури и ако падне во среда или во петок.
Во општи црти, ова е поредокот што денес се држи во однос на служењето на Преждеосвештената литургија. Овој поредок произлегува од ерусалимскиот манастир на свети Сава Освештен, како што се гледа од неговиот типик. Истото се гледа и од Триодот што е во употреба, кој во основа ја претставува праксата на тој манастир. Поради тоа, како што е познато, во редовните денови за служење на Преждеосвештена литургија, односно секоја среда и петок, вечерната богослужба се прекинува на библиските читања. Значи, тие вечерни служби немаат стиховни стихири, како што има во понеделнилк, вторник и четврток. Попрецизно, стиховните стихири од вечерната на среда и петок не се изоставаат, туку се додаваат на стихирите на „Господи возвах“.
Во ваквиот поредок на служење на Преждеосвештена литургија, редовно секоја среда и петок, а вонредно при спомен на некој светител, лесно може да се препознае древниот обичај на литургиските собранија и редовното причестување на верниците четири пати неделно (сабота, недела, среда и петок), а вонредно во денови кога се празнуваат светители во друг ден. За овој обичај сведочи и свети Василиј Велики во неговото писмо „кон Кесарискиот патрициј“: „Ние се причестуваме четири пати седмично, во недела, среда, петок и сабота, и во други денови ако е спомен на некој светител“.Паралелно постоел и обичајот за секојдневно служење Литургија и, следствено, за секојдневно причестување. За тоа сведочат многу свети отци и црковни писатели, а и самиот свети Василиј Велики го потврдува тоа во горенаведеното негово писмо: „Секојдневното причестување со светите тело и крв Христови е добро и полезно, како што и Самиот Тој јасно кажува: Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, ќе има вечен живот. Кој се сомнева дека постојаното причестување со животот не е ништо друго, освен живот во изобилие?“ Според спомнатово, за време на Великиот пост, секојдневно се служела Литургија на претходно осветени дарови. Така, според 52 канон на Трулскиот собор „Литургијата на претходно осветените дарови“ се определува да се служи „во сите денови на светата Четириесетница, освен во сабота, недела и на Благовештение“.Но и во сочуваните манастирски типици, или изрично, или се подразбира секојдневното служење на Литургијата на претходно осветени дарови. На пример, типикот на Евергетидскиот манастир (Атински кодекс 788 од 12 век) предвидува служење на Преждеосвештена литургија секој ден од Великиот пост, освен во понеделник од првата седмица: „Во понеделник од првата седмица, на вечерната ја читаме катизмата „Кон Господа“, а литургија не се служи само на овој ден. Од вторник, пак, и во тек на целата Велика Четириесетница секојдневно ја служиме Литургијата на претходно осветени дарови“.Исто така, типикот на Криптоферскиот манастир определува служење на Преждеосвештена литургија во сите денови на постот во Великата Четириесетница, иако го познава стариот обичај, што преовладувал во градските цркви и во други манастири, за служење само во среда и петок: „Треба да се знае дека, според стариот обичај, во тек на светата Четириестница не се служи секој ден Преждеосвештена литургија, туку само два дена во седмицата..., но ние секој ден служиме Преждеосвештена, освен во сабота, недела, на Благовештение и на денот на светите четириесет маченици“ (Криптоферски кодекс AII 7, од 1300 год.). Но и во други типици постојат посредни индикации. На пример, во Барберинскиот кодекс III 69 од 1205 година, му се посочува на свештеникот кога ќе служи на Сиропусна недела, „да сочува три претходно осветени дарови за Преждеосвештена литургија, која треба да се служи во среда, четврток и петок“. Но и напомената на горенаведениот типик и на многу други, како и на Триодот, дека во понеделник и вторник од првата седмица не се служело Преждеосвештена литургија „за да може целото братство да пости според преданието“, укажува дека во сите други денови „по предание“ се служело Преждеосвештена. Барберинскиот типик III 69, што го спомнавме погоре, додава уште нешто: „Треба да се знае дека во првите два дена од првата седмица на светата Четириесетница, односно во понеделник и вторник, во манастирите не се служи Преждеосвештена литургија. Само епископите и архиепископите ја служат (во овие денови) во нивните епископии и во големи цркви“. Така, овој типик ни дава уште едно сведоштво за служење на Преждеосвештена литургија во други денови, освен среда и петок. Резимирајќи го ова предание, свети Симеон Солунски вели дека „е предадено да се извршува“ Преждеосвештената литургија „во петте седмични денови“.Согласно 52 канон на Трулскиот собор и согласно преданието на Црквата, посведочено од светите отци и од старите типици, „Преждеосвештена литургија не се служи само во среда и петок, туку и во понеделник, вторник и четврток“, како што акцентирано забележува преподобен Никодим Светогорец, коментирајќи го горенаведениот канон во неговото дело „Пидалион“. Одредбата на поновите типици за редовно служење на Преждеосвештена литургија во среда и петок од Великиот пост не значи дека го спречува нејзиното вонредно служење во останатите денови. Исто како што неопходното служење на потполна Литургија во сабота, во недела и во празничните денови во тек на годината, не значи дека го попречува нејзиното вонредно служење во останатите седмични денови.Во случај на служење на Литургијата на претходно осветени дарови во понеделник, вторник или четврток, ќе треба да се примени типикот што важи за вечерните богослужби, кои се поврзани со Преждеосвештената во среда и во петок. Стиховните стихири ќе се испеат со стихирите на „Господи возвах“. Врз основа на овој принцип, во делото „Велика Четириесетница“ од издавачката куќа Ригопулос, Солун 1977, многу добро е изложен типикот за „Вечерна со Преждеосвештена во понеделник, вторник или четврток“ (стр. 385 – 386).[1] Извадок од делото: „Απαντήσεις εις λειτουργικάς απορίας“, Ιωάννου Μ. Φουντούλη  – 4 и 5 том.

 

Извор: Скопска епархија

31.03.2017



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная