Почит кон таткото
Австрискиот цар Јосиф втори ги користел осудените за комунални работи. Едно утро осудениците ги чистеле улиците на Виена . Државниот советник, баронот Кресел, доверлива личност на царот, од прозорецот на својот дом видел како едно момче со добар изглед, дошло до еден осуденик и му ја бакнало раката.