логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

 

- Оф, оф, оф! Помогни ми, добар човеку!- Еј, лаву, па ти си влегол во погрешна приказна.- Ма не сум јас во никаква измислена приказна, туку во најголемата реалност. Ти Герасим ли си?- Да.- Значи, не си измислен, туку навистина постоиш. А јас сум еден несмасен лав, и тоа навистина лав. Еве, допри ме!- Сепак си погрешил, затоа што лавовите не офкаат, туку рикаат!- Ех, јас да рикнев, ти од страв ќе избегаше и тогаш кој ќе ми помогнеше?- Сепак, како децата да поверуваат дека лавот зборува?- А зошто да не поверуваат? Децата не се сомневаат како возрасните. Со своето чисто срце, тие знаат дека за Бога сè е можно.- Добро, кога си, веќе, така мудар, тогаш кажи како јас, слугата Божји, Герасим, можам да ти помогнам тебе, царот на сите животни?- Ногата ме боли и не можам да одам.- Па што си правел, немирко?- Сакав да скинам една преубава роза. Опојно мириса, а нејзините ливчиња се прелеваат на сонцето во чудесни бои. Ја подавам шепата и таман да ја скинам, кога таа – боц! Така страшно ме боцна, што трнот ми остана во шепата.- Баш си смешен! Кога сите би скинале по една роза, од земјата би го снемало тој прекрасен мирис. Затоа Бог на розата и даде трнчиња за да може да се брани. Туку, дај ја шепата, стисни ги забите и биди мирен!- Ќе ме боли ли?- Види колкав си, а се плашиш! Срамота. Ако те слушнат децата, ќе ти се смеат, затоа што тие се така мали, а сепак не се плашат кога мама со игла им вади трн од прстето.- Оф!- Па што е сега? Уште не те ни допрев, а ти веќе офкаш.- Ама, јас си офнав однапред, за секој случај. А што, всушност, направи ти?- Се прекрстив и Го замолив Бога за помош. Ние, луѓето, секогаш кога сакаме нешто да направиме, дури и најмала ситница, прво се прекрстуваме, па потоа почнуваме.- Зошто?- Предобриот наш Господ рекол: Без мене не можете ништо да направите, а сè што Господ рече, е апсолутна вистина и само вистина. Затоа ние секогаш прво ќе се помолиме: Боже, помогни ми, па потоа го правиме она што сме го наумиле. Ете, го извадив трнот. Уф, колку гној! Не ја спуштај шепата додека не ја завиткам.- Ех, колку си добар – поради мојата шепа, си ја искина својата облека.- Јас можам да сошијам нова мантија, но тебе нова нога не може да ти порасне.- Ти благодарам, пријателу!- На Бога благодарност! А сега, збогум, трапавко.- О, не, без мене ти никаде не одиш.- Ти оди во својата пештера, а јас одам во својот манастир.- Мене нема да ме измамиш. Добро те знам: секогаш ова време од годината скиташ по пустината и ниту нешто јадеш ниту во манастир одиш, сè додека не процвета дрвото пред мојата пештера. Зошто го правиш тоа?- Ова е време на Светата Четириесетница, кога ние, луѓето, со молитва, покајание и пост се подготвуваме да го дочекаме светлото Христово Воскресение. - Мора да ти е тешко без јадење и спиење? - Без Божја помош – би било не само тешко, туку и невозможно. Но јас, немоќниот, со Господ Семоќниот, можам сè!- Значи, можеш да станеш совршен?- Господ нас на тоа нè повика, велејќи: Бидете совршени како што е совршен Отецот ваш Небесен. Тоа значи дека совршени можат да станат сите кои тоа го сакаат и се трудат.- Како?- Едноставно – никому не прави зло, туку секогаш само она што сакаш тебе другите да ти го прават.Лавот се реши и тој така да прави – со својата лавовска сила да им помага на луѓето и да ги слуша, токму како што тоа некогаш во Рајот го правеле сите животни. Така, од својот пријател Герасим, свети Герасим, тој веќе не се одвојувал.Лавот не знаел дека Самиот Господ го чува Својот угодник Герасим, па се трудел постојано да е во негова близина за, ако има потреба, да го заштити со својата лавовска сила.Ех, лаву, лаву, ни сите лавови на светот не можат да го зачуваат човекот, ако Самиот Господ не го чува! А Господ навистина го чувал светиот Герасим уште од раѓање.Уште додека бил сосема млад, Господ него го повикал на патот монашки. Од родната Ликија, Герасим прво отишол во пустината Тиваида. Таму, во далечниот Египет, тој Му вознесувал на Бога топли молитви за спасение на целиот свет.Така прават сите монаси и монахињи, нашите вистински пријатели – тие се молат на Бога за сите нас. И за тебе, се разбира! Навистина, пријателство е кога со некој ќе поделиш чоколада, но најголемо нешто што можеш да направиш за пријателот, е да се помолиш за него на Бога.Герасим многу сакал да биде блиску до реката Јордан – светата река на која св. Јован, Претеча Господов, Го крстил Самиот Господ Исус Христос. И Господ му ја услишал желбата. Тука Герасим и го запознал трапавкото. Огромниот лав му се умилкувал како да е мало, сосема мало маче.Се приближи и Воскресението Господово – празник над празниците, па свети Герасим се врати во манастирот за заедно со отците и браќата да го дочека најрадосниот празник на светот. А каде тој, таму и лавот. Кога монасите го видоа својот духовен отец Герасим, како доаѓа во манастирот со лавот, малкуцка се уплашиле.- Не плашете се, ова е само еден вљубен несмасен лав. Многу е добар и послушен. Туку, бидејќи сака да биде во манастирот, треба и нему некое послушание да му дадам.- Како тоа, оче, на лавот послушание? Па зарем ќе разбере?- Гледајте и учете се како и ѕверот може да слуша. Трапавко, ти ќе го чуваш нашето магаре Њако. Тоа е многу вредно и послушно и нам секојдневно, на својот грб, ни носи вода од Јордан. Многу сака да пасе зелена тревичка, но никој од монасите нема време да го чува.Штом св. Герасим го рекол тоа, лавот веднаш во забите го зело конопот со кој магарето било врзано за едно дрво, и го одвело на ливада. Њако го послушал и тргнал по него. На зајдисонце лавот се вратил, водејќи го магарето за узда. И така секој ден. Само, лавот имал една голема мана – многу сакал да спие. Ех, таков спанко не сум видел во својот живот. Чуј само што му се случило на лавот-спанко!Припекло попладневно сонце, цвеќето на ливадата преубаво мирисало, а Њако грицкал зелена тревичка. На лавот така му се приспало, што не одолеал – отишол малку подалеку, легнал во ладовината и заспал со сладок сон. Додека тој спиел, покрај магарето поминал некој трговец со камили претоварени со прекрасни работи. Одел во Ерусалим за сето тоа да го продаде. Видел трговецот – магарето само, никаде никој, па го фатил и го одвел. Всушност, трговецот го украл магарето. А кражбата е грев. Нема тука никакво оправдување – украл и точка! Каква врска има тоа што магарето било само? И што му е нему гајле чие е магарето? Ех, како само го нажалил лавот. Кога се разбудил, тој ја пребарал целата пустина, но Њако го нема па го нема.И се вратил тажниот спанко во манастирот. А кога монасите виделе дека го нема магарето, тие се посомневале во лавот и го обвиниле дека тој го изел Њако. Ма, каде тој, добричкиот, би го направил тоа! Најтажно било тоа што му се чинело дека и самиот старец Герасим се сомнева во него.- Е, пријателу, бидејќи не го чуваше добро Њако, од денес, наместо него, ти ќе ни носиш вода од Јордан, – му рече свети Герасим.Не му било тешко на спанкото да носи вода, туку му било жал што го изневерил добриот старец Герасим. Неколку години тој послушно носел вода на својот грб, сè додека еден ден во манастирот не дошол некој добар војник. Кога го видел лавот како на својот грб ги носи тешките садови преполни со вода, тој рекол:- Оче Герасиме, те молам, прими ги овие три златници, па купи друго магаре, а лавот ослободи го од обврските. Нека повторно лавот си биде лав, а магарето – магаре.- Во право си, пријателу! Лавот навистина се покаја за својата невнимателност.И купија друго магаре. Сите се израдуваа за тоа, освен лавот. Тој и понатаму тагувал затоа што на старецот Герасим не можел да му докаже дека не го изневерил. Знаел дека згрешил што спиел, наместо да го чува Њако, но дека го изел – е, тоа веќе не било вистина. Но, сè што е скриено, кога-тогаш ќе се дознае, верувајте ми! Така се дозна и за гревот што го направил трговецот.Имено, еден ден после ручекот нашиот лав станал жеден, па тргна кон реката Јордан да се напие вода. Токму тогаш истиот оној трговец повторно одел во Ерусалим, носејќи голем товар пченица. Ма, не го носел тој, туку сè му било натоварено на камилите. И на Њако. И само што ја минал  реката Јордан, кога… Ау – само да можевте да го чуете тој лавовски рик! Сета пустина одекнала кога нашиот спанко рикнал од радост. Лавот го препознал својот пријател Њако, па од радост – јуриш кон него. А трговецот страшно се уплашил и избегал колку што го држеле нозете. Лавот ја грабнал уздата и го повел Њако назад во манастирот. Сите отци и браќа се зарадувале, но старецот Герасим најмногу. Знаете, му било жал што лавот толку тагувал. Старецот и го милувал и му велел дека го сака, но сè залудно – лавот многу се каел што не го слушал старецот подобро. А сега, ех која радост! Како само му се умилкувал на старецот… Ама само да го видовте! Знаел дека сега сè му е простено и бил многу среќен поради тоа. И старецот му го дал името Јордан.Минувале години, а старецот Герасим сè повеќе и повеќе сакал да премине кај својот и наш Господ. И сè потопло Му се молел на Бога да го повика кај Себе. Господ ја услишал молитвата на Својот угодник и старец Герасим – и свети Герасим се преселил кај Господа. Тоа било на четврти март по стар, односно седумнаесети по нов календар, 475 година.Токму тој ден лавот Јордан бил отиден во пустината да ги посети своите пријатели. А кога се вратил, ех! Што да ви кажувам?! Кога монасите му рекле дека старецот си отишол кај Господа, тој само рикнал еднаш, паднал и веќе не се подигнал. Па зарем тој да живее тука, на земјата, без својот добар старец? О, не, тоа никако нема и не може! Затоа и тој си отиде по својот добар старец.Ех, какво пријателство меѓу човекот и животното! И какво послушание на животното кон човекот!Послушание од љубов! Токму како некогаш во Рајот!

 Ilust.zadete2.jpg

 

Извор: Бигорски манастир

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная