логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 sv.Siluan.Atonski1.jpg

Сестра Магдалена-Молитвата и обликувањето на карактерот на детето

Во односите со децата, родителите и наставниците мора да се раководат со молитва. Дури и во секојдневните прилики, родителот треба со својата душа да се обрати молитвено кон Бога, кратко или дури без зборови, па тогаш да следи со збор или дело она со што Бог ќе го вдахнови неговото или незјиното срце. Со одлуката или постапката треба да раководи срцето кое е во молитва, повеќе отколку разумот. Одговарајќи на детските прашања, возрасните треба се раководат со молитва,  признавајќи пред Бога дека Он единствениот знае што е најдобро во дадените околности за одредено дете. 

Невозможно е да се дадат јасни решнија за проблемите кои би можеле да се појават во било кој миг во текот на времето од неколку години, или за приликите кои можат да се променат во секој момент; бидејќи ако говориме за подигањето на децата говориме за човечки односи и за лична слобода. За родителите Христијани може да постои само едно правило: да се праша Бог со усрдна молитва.

На луѓето кои воспитуваат деца би можело да им биде од помош кога секое утро би се помолиле: Господи Боже, Ти единствениот го познаваш ова Свое дете, неговото срце, неговите потреби, неговата иднина. Помогни ми денеска да не направам грешка во своите односи со него. Односите со детето ги подразбираат сите наши зборови и постапки-не само нашите разговори за Бог. Мораме да бидеме длабоко уверени дека  Бог е подготвен да ги вдахнови срцата на сите Свои луѓе. Мораме да се потрудиме во молитва, бидејќи искуство ќе стекнеме само со опит. Така нѐ учат светителите.

Пишувајќи за одучување на децата на говор, Светиот Јован Златоуст вели дека многу важно за сите видови христијанско родителство: примерот е всјо и всја. Заради пример, зборовите кои родителите ги користат, како и нивниот начин на говор, ќе влијаат на говорот на самото дете. Свети Јован вели дека децата, доколку ги слушаат своите родители како говорат навредливо и налутено, ќе научат и самите така да говорат.

Во нивното воспитување, децата треба од најрана возраст да се учат на послушност, како на нешто природно во животот. Многу е полесно да се вежбаат децата на послушност од почетокот на нивниот живот. Тука повторно примерот на родителите е од најголема важност; доколку детето не види дека неговите родители взаемно се слушаат и уважуваат, ни тоа нема да се научи на послушност. Послушноста е основа во духовниот живот, а децата кои не ќе ја стекнат додека се помали, ќе имаат големи тешкотии да ја научат подоцна. (Тешко и е на возрасна личност да се промени доколку цел живот била разгалена). Децата кои секогаш тераат по свое, или оние на кои им се допушта со помош на итрина да го добијат она што го сакаат, и кога би сакале да научат да љубат не можат-затоа што послушноста е израз на љубовта. Послушноста се развива со зрелоста. Во почетокот таа мора да значи: Направи што ти се кажува, но за возрасниот човек таа значи: Од љубов претпостави ја вољата на другиот на својата сопствена.

Кога децата се играат или кога извршуваат некоја поверена задача, играта или задачата не би требало да бидат секогаш едноставни за извршување, ниту пак проблемот лесен за решавање. Ова e една од грешките на современиот живот: работите кои изискуваат борба, или дури бараат помош, се избегнуваат. Слушаме од воспитувачите како говорат дека детето, доколку  секогаш е успешно, ќе навлече комплекси. Доволниот успех и уживањето се неопходни за охрабрување и опуштaње-меѓутоа, исто тако мора да постои и предизвик, прилика да ги зголемиме своите способности, дури и по цена да доживееме неуспех. За духовниот живот е неопхопдно да се научиме на трпение, поднесување нелагодности и смирение. И тука примерот кој го даваат родителите е од најголемо значење. Посматрајќи ги своите родители децата учат како да се однесуваат кон болеста, смртниот случај, матерјалниот губиток и слично.

Децата треба да се поттикнуваат да помагаат на возрасните во домашните обврски на начин кој е прилагоден на нивната возраст, дури и ако се премногу мали да бидат навистина од корист, и ако работата е понекогаш премногу тешка за нив да ја извршат совршено. На тој начин се учат на обврските кои ќе мораат да ги превземат, а исто така се учат и на несебичност. Така ќе можат полесно да ја уважуваат работата која што нивните родители ја извршуваат за нив.

Една од одликите на христијанскиот живот во светот е дарежливоста и гостољубивоста, како и благоста кон потребитите. Овие особини можат на децата да им се всадат од најмала возраст. Највеќе со пример,  тие можат да се научат своите нешта да ги делат и да учествуваат во гостопримството кон гостите.

Свети Јован Златоуст, зборувајќи за укорувањето на децата, вели дека родителот треба повеќе да го кори детето со тонот на својот глас и со опомена отколку со физичко насилство. Светото Писмо и светите Оци не покажуваат дека се против телесното казнување-напротив, тие опоменуваат против претераната родителска мекост и  попустливост кон децата. Овие зборови на Светиот Јован го сместуваат телесното казнување во рамките на родителската љубов: Гневете се, но не се грешете (Еф. 4,26). Доколку гневот е неопходен, бидејќи благиот укор не бил доволен, тоа треба да биде гнев на љубовта, чија цел не е желба за господарење, туку желбата да му се покаже на детето што е правилно, а што погрешно. Гневот не е попуштање на нашите страсти, туку воспитно средство. Светиот Јован Златоуст вели: Штом видиш дека стравот (од твоето прекорување) се  искажува на детето, запри се, затоа што нашата природа бара одушка.

Доколку односот на детето кон родителите е зацврстен та детето да им верува на своите родители и да ги почитува, понекогаш строгиот и тажен израз на лицето е доволен детето да разбере дека нешто не е во ред.  Имаме прочитано дека во една прилика старецот Силуан, како момче, паднал во грев, па неговиот татко му рекол следниот ден: Каде беше синојка, мој сине? Душата ме болеше. Неговите благи зборорви проникнле во срцето на идниот старец Силуан.  Во друга прилика, старецот Силуан, уште како момче, подготвил месо за работниците да јадат во нивата, иако бил петок. Неговиот татко чекал шест месеци за да го праша: Сине се сеќаваш ли како ни даде свинско да јадеме оној петок во нивата? Го изедов но, да знаеш имаше вкус на цркнато. Зошто тоа не ми го кажа веднаш? Не сакав да те онерасположам, сине.* Ова не е просто благост-тоа е последица на длабоки односи на поверение и почитување.

Куќниот ред  треба да е разумен и праведен. Целта да ги доведеме децата во ред е да ги научиме да го разликуваат правилното од погрешното. Децата се многу чувствителни на правда и тие се вознемируваат кога нивните родители жестоко се гневат поради некоја ситница, или кога карањето доаѓа на непредвидлив начин.
Кога ќе опоменеме пред казнување, опомената треба да биде во рамките на она што навистина би го направиле. По казнувањето, треба да покажеме спремност да простиме. Премногу често децата чувствуваат дека нивните родители не ги сакаат кога се немирни. Ние гревот не го сакаме но, го сакаме оној кој согрешил.
Нашата љубов кон нашите деца мора за нив да биде слика на Љубовта Божја кон човекот. Тоа значи дека, ако детето го признае своето недело, или покаже покајание, ние треба на соодветен начин да го ублажиме прекорот или казаната, барем во нашето сопствено душевно расположение. Тоа не значи дека ние го превидуваме гревот, ниту треба тоа така да изгледа; ние ги поттикнуваме своите деца да не се обидуваат да таат и да не ги кријат своите грешни дела или да измислуваат изговори за гревовите( Пс. 140,4). Се обидуваме да им дадеме чувство на радоста на враќањето на блудниот син, бидејќи таков е нашиот сопствен однос со Бога.  Измамата е многу посериозна од каково бил лошотилак и доколку измамата се вплете помеѓу детето и неговите родители, односот многу тешко ќе се одржува.

Не би смееле никогаш да ги казнуваме децата или да им се закануваме користејќи го Името Христово; никогаш не би смееле детето да го наведеме да помисли дека Христос не го сака кога е немирно/лошо или дека неговата болест е казна Христова. Мораме самите да имаме доволно авторитет, а не Господ Христос да го претвараме во некаков дежурен полицаец. Децата ќе го омрзнат Христа доколку мислат, кога се болни (или видат некој друг болен) дека тоа Он казнува поради гревот или ако милслат дека Он не ги сака кога се немирни. Ниту едно од ова не е вистина: Христос ги љуби грешниците и умре заради нив.

Кога го учиме детето на ред и послушност, треба да оставиме простор за развој на детската личност и карактер. Нашата воспитна цел не е да ја скршиме вољата на детето или да ја дресираме како кога обучувме ждребе, за да може да ја потчиниме неговата личност на својата. И покрај тоа што детето додека е младо мора да научи да го направи тоа што му се кажува, нашата крајна цел е, кај него да го развиеме чувството на несебичност и грижа за другите. Доколку ја скршиме детската воља, го лишуваме од нешто што го сочинува неопходниот дел од него, како слободна човечка личност, како и од неопходното оружје за одржување и победа во христијанското војување. Нам ни е потребна нашата сопствена воља за да го пробиеме својот пат во овој свет, та  да не останеме потполно врзани за домашното огниште-така што таа претерана врзаност обично се покажува во моментот кога детето го напушта домот како момче или девојка. Тоа е нешто кое што би требало да го имаме предвид кога на пример се обидуваме да го заузадаме тукушто прооденото дете кое покажува дека има силна воља.  Исто така, мораме да ги послушаме предлозите на своите деца, дури и кога се  мали.

Не мудро постојано да се забранува: секогаш мора да постои давање и земање, не само кај детето, туку, исто така и кај родителите. Притоа, како што децата раснат и се развиваат така нашите забрани ќе мораат да им станат разбирливи. Овде или онде ќе мораме да пронајдеме алтернатива и да направиме компромис. (Сосема мало дете треба да се одврати или физички да се оддалечи од забранетиот предмет, повеќе отколку постојано да го кориме без да го сокриеме искушението). Во случај кога имаме изразито бунтовно дете, можеби би било подобро да го пуштиме понекогаш и да се изгори. (Понекогаш забранувањето на нешто има спротивно дејство од она кое го сакаме: детето го посакува тоа нешто уште повеќе од порано и неможе да престане да мисли на тоа). Отворената забрана, тогаш кога е нужна, би била поделотворна доколку во доволно други прилики велиме да – а пак уште поделотворна ако нашите деца со искуство научиле да ни веруваат и даго почитуваат нашето мислење. Не можеме да очекуваме дека нашите деца ќе бидат секогаш среќни со нашите одговори на нивните барања но, не би требало да се допушти  злојадието  да стане постојан дел на нивниот однос со  нас. Неопходно е да се биде понекогаш непопустлив но, тоа изискува расудување и молитва. Луѓето понекогаш им предлагаат на своите деца да бараат благослов од својот духовен отец за да направат нешто; во тој случај родителите исто така мораат да се однесуваат согласно зборовите на духовникот.

За децата е важно да видат и почувствуваат дека нивните родители се едномислени. Ова практично значи дека, доколку помеѓу мајката и таткото дојде до неслагање, тоа треба колку што е можно да се реши во мир. Родителите не треба да се караат, особено не пред децата или да си противречат меѓусебно, особено на смирен начин.  Ако пак децата видат дека нивните родители се скарале, би морало исто така да видат и дека се помириле. Децата чувствуваат, дури и без зборови напнатост помеѓу родителите и страдаат поради тоа. Невозможно е да се очекува соврешно едномислие меѓу двајца луѓе во сѐ. Меѓутоа, разликите помеѓу родителите  не би смеело да бидат такви та да ги подвојуваат меѓусебно. Децата никогаш не би требало да играат посредник помеѓу своите родители. Едномислието помеѓу родителите е кулчно за детската сигурност, а и како пример за нивниот сопствен брак подоцна.


 Од книгата: Васпитајте своје дете од С. Магдалена

Подготви: М.Б.

Наслов на оригиналот:
Sister Magdalen
Reflections on children in the Ortodox Church today
(Stavropegic Monastery of St. John the Baptist
Tolleshunt Knights, Essex)

 Друго:

 

 

Верско образование

Прва заповед,

Смисолот на христијанското воспитуванје

Вистински однос со младите,

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная