логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 o.Gavril.besedi.jpg

"ОЧЕ НАШ, КОЈ СИ НА НЕБЕСАТА",
— Призив.


Призивот кон Бога е искажан со зборовите "Оче наш, Кој си на небесата". Со овие зборови ние Го повикуваме, Го призиваме Бога нашиот Отец.
Првите два збора "ОЧЕ НАШ," содржат две значајни мисли:
1) Со зборот "Оче" се кажува дека Бог е Отец — дека Он е Татко на сите и
2) Со зборот "наш" се кажува дека сите сме браќа, бидејќи сме синови Божји.
Овие две мисли се основни. Тие не поврзуваат со Бога и со луѓето. Првата, вертикално, се извива од нас нагоре кон Бога, а втората, хоризонтално, се шири кон луѓето пројавувајќи љубов како кон свои браќа.
Од овие две мисли: мислата за Бога — дека Он е наш Отец и мислата дека луѓето се наши браќа, произлегуваат сите наши богоугодни, евангелски и човекољубиви одне-сувања и дела.
Затоа, секогаш кога ќе ги изговориме зборовите "Оче наш" треба да мислиме на Бога како на Отец наш, а на луѓето (соседите, сора-ботниците, блиските и сите луѓе) како на свои браќа.
Господ не учи да се молиме општо за сите браќа.
Да се молиме за сиот човечки род.
Ние сме браќа, затоа што сме чеда Божји, а чеда на Отецот сме врз основа на нашата вера во Исуса Христа и поради нашето духовно раѓање преку крштението, со кое постануваме синови Божји по благодат. Затоа во Светото Писмо се вели: "А на сите што Го примија — на сите што веруваа во Неговото име — им даде можност да станат синови Божји: кои не од крв, ни од похот машка, а од Бога се родија" (Јован 1, 12-13; 3, 1-21).
Тоа духовно, благодатно "по-синовение" ни го даде Господ Исус Христос (Гал. 4, 6).
Оној што се моли со молитвата "Оче наш", за да може да ја кажува оваа молитва и да Го нарекува Бога Отец, треба да биде член на едната, соборна и апостолска Света, Православна Црква, бидејќи е речено: "Кој не ја признава Црквата за мајка, тој не може да Го признае ни Бога за свој Отец."
Тертулијан вели: "Блажени се оние кои го имаат Бога како вистински нивни Отец."
Нарекувајќи Го Бога Отец, ние ја посведочуваме   својата   љубов кон
Него. Има ли нешто попријатно за детето од името — "татко"?
Епископ Теофан вели: "Оној што Го има Бога за Отец, се чувствува закрилен под Божјото застапништво и ограден од секоја опасност. Тој чувствува дека нема потреба да се обеспокојува и дека се ќе има: и јадење, и пиење, и облека, и живеалиште, а за сето тоа потребно е да се обрати кон Неговиот Отец и ќе добие."
Свети Тихон Задонски поучува: "Постојано со надеж да Го повикуваме Бога како Отец, и за сите наши потреби да ги пружаме нашите раце кон Него, како деца кон родителите свои."
Молејќи се со молитвата "Оче наш", ние се обраќаме кон Бога и Го чувствуваме како наш близок.
Блажени Августин вели: "Бога ќе Го имате за свој Отец кога ќе се родите од Него повторно. Вие и сте родени од Него во утробата на Црквата.   Затоа, постојано помнете дека имате Отец на небесата. Помнете дека во Адама сте родени во смрт, а од Бога Отецот повторно сте родени во живот."
Ете, затоа во оваа молитва Му се обраќаме на Бога не само како на Творец и Создател, туку како и како на Отец, како на наш Татко. Тоа значи дека Он за нас е нешто повеќе од Творец и ние сме позначајни од обичните творби, бидејќи сме чеда Божји, а Он е наш Отец.
Затоа Свети Јован Златоуст вели: "Оној, кој Го нарекува Бога Отец, тој со тие зборови бара и прошка за гревовите, ослободување од на-казание, бара правда, осветување, искупување, синовство, наследност, братство со Единородниот Син и дарови од Светиот Дух."
Така, Господ Исус Христос изговарајќи ја оваа молитва и давајќи ни ја како пример за молење, ни дал право и ни рекол Бога да Го нарекуваме наш Отец. Тоа е голем
дар и голема чест за нас, бидејќи ние сме и можеме да се чувствуваме како синови на небесниот Отец. Затоа, обраќајќи се кон Бога со зборот "Оче", ние се обраќаме како дете кон својот родител, со израз на особена љубов и почит. А не постои вистински родител кој нема да покаже милост кон своите чеда. А, ако така постапуваат луѓето, тогаш замислете колку е помилостив, пак, нашиот Отец небесен — чо-векољубивиот Бог, чија милост е неизмерна.
Свети Тихон Задонски вели: "Од зборовите 'Оче наш' ние треба да се научиме дека Бог е вистински Отец на Христијаните" и дека тие се "синови Божји преку верата во Христа Исуса" (Гал, 3, 26).
Според тоа, Отецот треба да Го повикуваме со надеж, како што ги повикуваат децата своите телесни родители и за секоја своја потреба кон нив ги пружаат своите раце.
Во молитвата велиме: "Оче наш", а не "мој", затоа што христијанската љубов кон ближните ни налага да се молиме за сите, а не само за себе си.
Зборот "наш" побудува на братољубие. Ако се молиме со братољубие, тогаш го победуваме непријателството со луѓето, се ослободуваме од гордоста и од зависта и се исполнуваме со љубовта, која е мајка на секое добро.

Со зборот "наш" се постигнува еднаквост меѓу луѓето пред Бога Отецот наш. Еднаквост меѓу царот и сиромавиот, оти Бог е Отец на сите. Никој нема предност пред Бога затоа што е богат, господар, началник, цар или филозоф, и тие пред Бога не се ништо повеќе од сиромавиот, од слугата, од потчинетиот и од неукиот, бидејќи сите Го нарекуваат "Оче наш", а не "мој". Бог ги удостојува сите еднакво да Го нарекуваат Отец и со тоа на сите им дал еднаква чест и синовство.
Господ Исус Христос рекол да велиме "наш", за да не се гордеат богатите и значајните луѓе и да не ги потценуваат сиромасите и обичните, затоа што и тие, и најобичните луѓе исто Го нарекуваат Бога "Оче наш". Горделивите, пак, не можат да се обратат кон Господа со "Оче наш", ако не сознаат дека сите луѓе се нивни браќа и дека никого не треба да потценуваат.
Велиме "наш" затоа што се молиме за сите. Се моли еден, но од името на сите и за сите. Тој моли од Бога добрини за сите, а не само за себе.
Така, ние, кажувајќи ја молитвата "Оче наш", нема никогаш да заборавиме дека сме браќа и дека сме повикани да се сакаме еден со ДРУГ.
"Оче наш" е сенародна, општа молитва и ние кога се молиме, се мо-лиме за целиот народ, затоа што сите ние заедно сочинуваме едно. Затоа Свети апостол Јаков вели: "Молете се еден за друг" (Јаков 5, 16).

Вистинскиот христијанин кога се моли на Бога, тој е убеден дека Отецот ќе го услиши, ќе го чуе неговото моление и ќе го исполни. Затоа, ако искрено и од срце ги изговараме зборовите "Оче наш", веднаш ќе ги почувствуваме другите луѓе како свои браќа. Го нарекуваме ли Бога Отец, треба да се трудиме да живееме достојно како чеда Божји. Не може да Го нарекува Бога Отец оној, кој по својот живот и нарав наликува на животните или на ѓаволот, имајќи ги нивните својства. Значи, нашето сродство со Бога ние треба да го оправдаме со нашиот живот.
Зборовите: "КОЈ СИ НА НЕБЕСАТА" не го определуваат местото на Бога, бидејќи Он е секадеприсутен и нема место каде што не е (Псалм 113, 11), туку тие зборови значат: Ти си Бог вистински Кој е над времето и над просторот, Кој не е ограничен на земјата, како лажните идолопоклонички богови.

Ти си Бог Кој си на небесата, односно меѓу светите и праведните.
Бог се наоѓа на секое место: и на небото и на земјата, како што пееме во црковната песна: "Бидејќи јас познав дека Господ е велик, и дека нашиот Господ е над сите богови. Се што посака Господ создаде на небото и на земјата, во морињата и во сите бездни" (Полиелејни псалми на Утрена: Псалм 134, 5-6). И на друго место во Светата Библија се вели: "Нашиот Бог е... на небесата и на земјата..." (Псалм 113, 11). Значи, Он е насекаде — Бог е секадеприсутен.
Зборовите "НА НЕБЕСАТА", уште во почетокот на молитвата не потсетуваат дека треба да забора-виме на се што е земно и материјално и кога се молиме да ги земеме крилата на верата, па да го издигнеме нашиот ум и срце кон духовното, небесното, нематеријалното и вечното.

(Продолжува)

Korica.Oce.nash.jpg

Автор: протоѓакон Ратомир Грозданоски - „Господовата молитва“
Издавач: “Магнат”- Скопје
Со благослов на Архепископот  Охридски и Македонски г.г.  Михаил

ПРЕДГОВОР

Возљубени браќа и сестри,
Голема е тајната и силата на Господовата молитва. Во толку кратка молитва, со малку зборови, содржана и искажана е голема духовна сила на молението.
Ако Бог е Отец на христијаните, тогаш тие не смеат молитвено да Го повикуваат преку молитвата "Оче наш" и Отец да Го нарекуваат, ниту Господовата молитва да ја кажуваат додека не се покаат и не се очистат од гревовите свои, оти така заповедал Свети апостол Павле и рекол: "Да отстапи од неправдата секој, што го произнесува името Господово!" (2. Тим. 2,19).
Како можеш да Му речеш на Бога "Оче наш," а живееш недостојно, сиот си во гревови и со својот карактер си станал ѓаволоподобен?
Оние, кои Бога Го нарекуваат Отец и кои се молат со "Оче наш" треба да бидат синови Божји, а синот треба да личи на отецот, треба да биде богоподобен во се: во своите мисли, во своите зборови, во своите чувства и во своите дела.
Ако си грешел, пак, брзо покај се и исповедај ги гревовите свои!
Направи и ти како што направил блудниот и непослушен син (Лука 15, 11-32). Погледни кон себе си и во себе си, согледај го гревот свој и обрати се — врати се кај Бога Отецот, па појди в црква кај свештеникот и пред него и пред лицето Божјо со смирение и покајание признај го и исповедај го својот грев, велејќи: — Оче згрешив против небото и пред Тебе и не сум веќе достоен да се наречам Твој син, но прими ме, оти се каам... (Лука 15,18-19). Тогаш Бог ќе ти прости и ќе те прими со радост.
И дури потоа заедно со сите христијани ќе можеш достојно да ја кажуваш молитвата "Оче наш" и Бога да Го нарекуваш твој Отец, а луѓето да ги чувствуваш како свои браќа. Така ќе имаш во себе вистинско богољубие и човекољубие, а тие се двете најголеми заповеди врз кои се темели целиот Закон и Пророците и преку кои се спасува човекот (Матеј
22,37-40).
Авторот.
Друго:

Прoф. Ратомир Гроздановски - Господовата молитва(1)

Прoф. Ратомир Гроздановски - Господовата молитва (3)

 

Посети: (moshits)



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная