логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


o.Gavril.besedi.jpg

О Ч Е  Н А Ш

Молитвата "Оче наш" е основна молитва во Светата Христијанска Православна Црква.
Таа е основа на духовниот живот, најсовршена молитва и најдобар образец за молење. Затоа, секое богослужение во Православната Црква започнува со оваа молитва.
Блажени Теофилакт Охридски вели: "Учениците Христови, поттикнати од учениците Јованови, сакале Господ Исус Христос да им каже како да се молат. Спасителот ја исполнил желбата на учениците и ги научил како да се молат, кажувајќи им ја молит-вата "Оче наш".

Молитвата "Оче наш" се нарекува и Господова молитва, затоа што неа лично ја изговорил Господ Исус Христос на Елеонската Гора која се наоѓа на источната страна од Ерусалим. Денес на тоа место, каде што Господ Исус Христос ја изговорил молитвата "Оче наш", се наоѓа манастир на чии ѕидови е испишана молитвата "Оче наш" скоро на сите јазици во светот. Така, секој камен од манастирскиот ѕид претставува содржина на "Оче наш" на посебен јазик.
"Оче наш" е куса молитва од само 70 збора, но во неа е изложена цела богословска наука. Во неа се искажани најголеми вистини. Затоа првите христијани на молитвата "Оче наш" гледале како на "скратено Евангелие." (Тертулијан).
Таа е еден вид "Устав за човечкиот живот" на земјата и тоа свет, праведен и непроменлив "устав", кој важи секогаш и за сите луѓе во сите времиња.


Молитвата "Оче наш" гласи:

Оче наш, Кој си на небесата,
да се свети името Твое;
да дојде царството Твое;
да биде волјата Твоја, како на
небото, така и на земјата;
лебот наш насушен дај ни го денес;
и прости ни ги долговите наши,
како што им ги проштаваме и ние
на нашите должници;
и не не воведувај во искушение,
но избави не од лукавиот;
зашто Твое е царството, и силата,
и славата во сите векови. Амин!
(Матеј 6, 9-13)

Молитвата "Оче наш" содржи еден призив, односно повик кон Бога Отецот и седум прозби, а завршува со славословие кон Бога.
Зошто Господ Исус Христос ни дал образец за молитва? Значи ли тоа дека треба исклучиво само така да се молиме и тоа само со молитвата "Оче наш"? Примерот на оваа молитва Спасителот го истакнал не за да се молиме само со неа, туку од неа како од извор да црпеме мисли за сите други молитви и да не внесуваме во нашите молитви ништо што е спротивно на духот од оваа молитва.
Оваа молитва е кратка. Но како што велат светите отци, таа го содржи сето учење за Господа Исуса Христа.
Свети Кипријан Картагински смета дека нема подејствителна молитва од онаа што ја изрекол Синот Божји и затоа ни вели: "Возљубени браќа, да се молиме онака како што не научил Учителот Бог!"
За да биде молитвата усвоена во нашите срца, треба да вникнеме во секој нејзин збор и да ги знаеме размислувањата на светите отци и учители, изречени за разјаснување на оваа молитва. Се разбира, таа не треба да биде наша единствена молитва, која ќе ги исклучи другите молитви и богомоленија. А познато е дека Господ Исус Христос и Неговите ученици изрекле и други молитви (Матеј 26, 39; Јован 17, 1; Дела 4, 24).
"Оче наш" е молитва која во себе содржи се она што треба да молиме од Бога. Тука се собрани сите наши желби и потреби и затоа од ранохристијанско време оваа молитва е употребувана во светата тајна крштение, а апостолскиот спис Διδαχήг) препорачува молитвата "Оче наш" христијаните да ја кажуваат 3 пати дневно како главна молитва.
Текстот на оваа молитва во Новиот Завет го има во Евангелието според Матеј и според Лука (Матеј 6,9-13; Лука 11,2-4).
Оваа молитва се состои од едно повикување (призив) и седум молби (прозби), од кои во првите три се молиме за она што е Божјо (...името Твое,   ...волјата Твоја, ...царството Твое), а во другите четири, за она што е наше (...лебот наш, ...долговите наши..., не не воведувај избави не...). На крајот има и славословие кон Бога.
Воодушевувајќи се од Госпо-довата молитва, Свети Григориј Ниски воскликнува: "Кој ќе ми даде крилја како на гулаб, да пристапам кон појаснување на молитвата Господова, да го издигнам мојот ум на висината од величието на моите зборови, и оставајќи ја земјата да се издигнам мисловно над се менливо и преодно, па да изговорам 'Оче наш'?"

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

Korica.Oce.nash.jpg
Автор: протоѓакон Ратомир Грозданоски - „Господовата молитва“
Издавач: “Магнат”- Скопје
Со благослов на Архепископот  Охридски и Македонски г.г.  Михаил

ПРЕДГОВОР

 

 

 

Возљубени браќа и сестри,
Голема е тајната и силата на Господовата молитва. Во толку кратка молитва, со малку зборови, содржана и искажана е голема духовна сила на молението.
Ако Бог е Отец на христијаните, тогаш тие не смеат молитвено да Го повикуваат преку молитвата "Оче наш" и Отец да Го нарекуваат, ниту Господовата молитва да ја кажуваат додека не се покаат и не се очистат од гревовите свои, оти така заповедал Свети апостол Павле и рекол: "Да отстапи од неправдата секој, што го произнесува името Господово!" (2. Тим. 2,19).
Како можеш да Му речеш на Бога "Оче наш," а живееш недостојно, сиот си во гревови и со својот карактер си станал ѓаволоподобен?
Оние, кои Бога Го нарекуваат Отец и кои се молат со "Оче наш" треба да бидат синови Божји, а синот треба да личи на отецот, треба да биде богоподобен во се: во своите мисли, во своите зборови, во своите чувства и во своите дела.
Ако си грешел, пак, брзо покај се и исповедај ги гревовите свои!
Направи и ти како што направил блудниот и непослушен син (Лука 15, 11-32). Погледни кон себе си и во себе си, согледај го гревот свој и обрати се — врати се кај Бога Отецот, па појди в црква кај свештеникот и пред него и пред лицето Божјо со смирение и покајание признај го и исповедај го својот грев, велејќи: — Оче згрешив против небото и пред Тебе и не сум веќе достоен да се наречам Твој син, но прими ме, оти се каам... (Лука 15,18-19). Тогаш Бог ќе ти прости и ќе те прими со радост.
И дури потоа заедно со сите христијани ќе можеш достојно да ја кажуваш молитвата "Оче наш" и Бога да Го нарекуваш твој Отец, а луѓето да ги чувствуваш како свои браќа. Така ќе имаш во себе вистинско богољубие и човекољубие, а тие се двете најголеми заповеди врз кои се темели целиот Закон и Пророците и преку кои се спасува човекот (Матеј
22,37-40).
Авторот.
 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная