Совршувајќи ја душеполезната Четириесетница, Те молиме, удостој нè со Твоето човекољубие да ја видиме светата седмица на Твоето страдање, за во неа да ги славословиме Твоите силни дела и неискажаниот домострој на нашето спасение, единомислено пеејќи: Господи, слава Ти!
Вечерна, петок воочи Лазарева сабота
Поуки од светите отци: Зашто каде што постои непријателство или судир, таму нема ниту пост, ниту празник.
Свети Јован Златоуст
Молитва:
Ти благодариме, Господи, што нè доведе до овде на нашиот пат, барајќи одново да Те најдеме. Прости ни каде и да погрешивме. Укрепи нè да го сочуваме мирот душевен во оваа последна седмица од нашиот пат, за да имаме удел во радосниот и славен ден на Твоето Воскресение. Амин.
Читање од Светото Писмо:
Исаија 66, 10-24
Битие 49, 33; 50, 1-26
Соломонови Изреки 31, 8-31
Созерцание: Отворај ја устата своја и праведно суди, и заштитувај ги и сиромавиот и немоќниот.
Соломонови Изреки 31, 9
Подготви: А.Л.
Од Верскиот календар на МПЦ
Преподобен Исихиј Ерусалимски 10/04/2009
Презвитер и длабок богослов. Ученик на Св. Григориј Богослов. Особено е препорачливо неговото славно дело „За трезвеноумието и молитвата“. Современик и на Св. Ефтимиј Велики. Се упокои мирно околу 434 година.
Преподобен Иларион Нови 10/04/2009
Игумен на манстирот Пеликит близу Хелеспонт. Со Духот Божји блесна како сонце. Исцелуваше болести кај луѓето и изгонуваше демони. Во времето на Лав Ерменин настана иконоборно гонење во кое пострада и овој Божји човек. Го испратија во ропство во прогонство близу Ефес заедно со неговите четириесетмина монаси и во 754 година се упокои во затворот