логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 AndrejKuraev.jpg

ѓакон Андреј Кураев

Материјали за реферат на тема
“Религија и наука”

 Прашања што отстрануваат од стереотипите. - Што нема во Библијата? - Аскетизмот и науката. - Добар збор за инквизицијата. - Верата на научните револуционери

 Веќе век и половина како светските училишта одгледуваат бубачки, кои ги населуваат во главите на учениците. Една од најуранетите бубачки е онаа што поткопува некаде во делот од левото уво и со своите пипци го раздразнува невронскиот синџир, со чија помош исшколуваниот човек упорно тврди: “Науката и христијанската догматика се неспоиви!!! Науката се раѓала, преодолевајќи го жестокото спротивставување на мрачните црковници! И само по мерата на ослободувањето на луѓето од оковите на средновековната схоластика се родила научната мисла!”.
 Толку сме навикнале на тој словесен поток (зашто својот жубор тој го започнал уште во училиштата пред револуцијата, со самото тоа подготвувајќи го “големиот пресврт”) што не возникнува никаква желба со помошта на “алгебрата” (т.е. логиката и историјата) да се поверува на неговата привидна “хармонија”.
 А дури и во тој вообичаен печат има малку вистина, која, при сериозен однос кон неа, е способна да го ослободи сознанието од магиите на атеистичката пропаганда. Таа мала вистина се сотои во тоа, дека науката, и навистина, се раѓа по мерата на исходот на човештвото од Средновековието.
 Но, сега се појавуваат прашања.
 Првото е, ако науката се раѓа во некоја епоха, значи, таа не секогаш го придружувала човештвото? Човекот, пак, секогаш се интересирал за светот што го опкружува. Секогаш се трудел да го спознае. Но, научниот начин на спознавање на светот не се појавил со раѓањето на човекот, туку со раѓањето на науката. Значи, науката не е едноставно стремеж да се дознае за светот, туку тој да биде спознаен со помош на определени методи. Значи, постојат неколку методи на спознавање на светот од страна на човекот, а науката е само еден од нив. Тој метод е извонредно ефективен. Но, дали е универзален? Дали тој е соодветен за разрешување на сите проблеми, што возникнуваат кај човекот при спознавањето на неговото место во светот?
 Второто прашање е, ако науката се родила во некоја етапа од историскиот развиток на човекот, може ли таа да биде во конфликт со оној свет, што и ја породил неа? Секако, во определена минута, детето приложува напори за да излезе од лоното на мајката, а мајката прави напори да го подгурне детето од себе. Но, дали тоа значи дека односите на детето и неговата мајка треба да се дефинираат само во термините на конфликтологијата? Ако науката се родила на излезот од светот на Средновековието, значи, имено, во тој свет, како минимум, таа била зачната и износена...
 Третото прашање е, дали науката се раѓа во минутата на исходот на целото човештво од Средновековието или само на некој негов дел? Ако е само дел, можеби, средновековната историја токму со тој дел била во нешто специфична? Ако науката се раѓа на исходот, имено, на западниот свет од неговото Средновековие, не значи ли тоа, дека во западното Средновековие (за разлика од индиското или арапското) имало нешто што го овозможило раѓањето на науката?
 Четвртото прашање е, ако науката противречи, имено, на христијанството, зошто тогаш другите култури не довеле до раѓање на науката? Зошто само христијанството, со неговата божем најдлабока антинаучност, ја создало културата во која и се случила научната револуција од 16.-17. век.
 Петтото прашање е, ако научната револуција се случува на исходот на европската култура од Средновековието, тогаш на исход кон што таа се случила? Зашто, недоволно би било да се каже дека нешто се случило при излегувањето од молитвената соба. Интересно е да се дознае каква соба започнувала зад прагот на молитвената. Имало ли таму салон за танцување или библиотека, бања или лабораторија? Каде одел оној кој излегувал?  
 Сите тие прашања се сведуваат на едно: зошто Коперник, Галилеј, Њутн и Декарт биле христијани? Зошто не будисти? Не муслимани? Ниту следбеници на Конфучиј?
 Науката не е таму каде човекот едноставно се интересира за природата. Науката не е таму каде човекот точно дефинира едни или други природни феномени или искажува хипотези, кои подоцна се потврдуваат. Еленоводачот патува по тундрата и пее песна, составувајќи ја по принципот “што гледам - за тоа пеам”. Сé во таа песна може да биде точно: снегот навистина да е бел, а елените да бидат брзи...  Но, без оглед на сета негова вистинитост, текстот не може да се нарече научен. Во науката е прифатено да се демонстрира не само уловениот плен, туку и јадицата и мамецот, со кој била фатена рибата.
 Науката е таму каде се предлагаат јасно осознани, отрефлексирани методи на собирање и проверка на информации и судови. Први такви методи, во истражувањето на природата, се методот на експериментирање и методот на математичко моделирање на физичките процеси. И двата метода се појавуваат токму на границата меѓу 16. и 17. век.
 Зошто не порано? Зошто не на друго место, туку токму во Европа? И во каква Европа? Во Европа, која е сеуште христијанска, или, пак, во Европа, која е веќе световна, “расхристијанета”?
 За да се сфати, што се случувало во Европа во 16. и 17. век, треба да се обратиме кон подревните времиња.
 Знаеме дека културата на Средновековието била христијанска. Што значи дека во нејзината основа лежела Библијата. А, еве, во основата на Библијата лежи веста за тоа, дека единствено значајна врска (религија) е врската на душата и Бога. Богот на Библијата е над светот, т.е. надкосмичен. Он не е дел од космосот и не е олицетворение на неговите стихии. Он не е сонцето, туку Создател на сонцето. Он не е месечината, туку Творец на Месечината.
 Библиските пророци предупредуваат од идолопоклонство, т.е. од поклонувањето на она што е создадено, што не е Бог. Паганинот во секој природен процес гледа душа и дејство на некој бог. За да ги одучи луѓето од анимизмот (“сé е полно со богови”), Библијата решава во жртва на религијата да ја принесе естетиката. Не насладувај се со светот, не воодушевувај се од него. Прво, разбери дека светот и Бог не се едно и исто, и дека твојата прва љубов треба да биде кон Творецот. На страниците од Библијата нема ниту едно пејзажно отсликување, ниту еден портрет. Нејзиниот свет, попрво, е создаден од инженери, отколку од уметници: има инструкции како да се изгради Ноевиот ковчег, но нема негово опишување; има инструкции како да се изгради Соломоновиот храм, но нема импресионистички забелешки за тоа како тој “изгледал”; има опишување на тоа како во шест дена бил построен светот, но нема опишување на убавините на тој свет.
 Во Библијата нема астрални митови, коишто се толку органични во светот на паганските религии. Нема раскази за тоа каде оди сонцето ноќе, чие е лицето на месечината, за тоа кој истурил млеко на Млечниот пат, и за тоа од кого е мечето на Големата мечка. Така што, “кога христијанството го рамнат со најдивите митови, јас не се смеам, ниту роптам, и не избувнувам, туку учтиво забележувам дека идентификувањето не може да се смета за целосно” .
 Еве го текстот од првата страница на Библијата: Потоа рече Бог: “Нека се појават светила на сводот небески, што ќе ја осветлуваат земјата за да го делат денот од ноќта, и да бидат знаци и за времињата, и за деновите и за годините; и нека светат на сводот небесен, за да ја осветлуваат земјата!” И би така. И создаде Бог две големи светила: светило поголемо да управува со денот, а светило помало да управува со ноќта, и ѕвезди; и ги постави Бог на сводот небески да ја осветлуваат земјата, и да управуваат со денот и ноќта, и да ја одделуваат светлината од темнината. И виде Бог дека е добро. И би вечер, и би утро - ден четврти (1Мој. 1, 14-19).
 За што зборува овој текст? Какво е тоа прашање: секако, тоа е библискиот мит за создавањето на сонцето, месечината и ѕвездите. Но, не е така. Тоа не е мит, туку полемика со митот. Во Египет и Вавилон, Финикија и Ханаан, сонцето и месечината се величествени богови. А од гледиште на библискиот автор, нивниот религиозен статус е толку незначаен, што може дури и по имиња да не се нарекуваат. Туку, “две светила”. Две запалки за луѓето, за тие да знаат, кога за која работа треба да излезат и кога да Му празнуваат празник на Единиот Бог, Кој ги создаде тие светилки. Со тоа што во текстот не се употребуваат зборовите “Сонце” и “Месечина” се означува дека овој текст е профан. За она за што митот говорел со поетски јазик, за тоа Библијата воопшто не зборува, демонстративно преминувајќи на инжинерска терминологија: “А архитектот инсталира два система за осветлување - еден основен (“во почетокот на денот”), а другиот во случај на хаварија (“во почетокот на ноќта”)”. Сé! По ова нема да се појави ниту најмала желба за поклонување на светилките. Светилата се за луѓето, а не човекот за светилата.
 Повеќе ништо не може да се дознае за ѕвездите од Библијата. Што и ќе му дозволи на Галилеј да им напомни на инквизиторите, дека во Библијата дури не се набројани по имиња “седумте светила”, затоа што “Библијата нé учи како да стигнеме до небото, а не како тоа е устроено” .


  Честертон Г.К. Вечный человек. М., 1991. стр. 139.

 И така, имено, поради тоа што Богот на Библијата е надкосмичен, Библијата во себе не содржи догмати за природата и за нејзините закони. Нешто што и ја прави библиската традиција извонредно флексибилна за решавање на научните прашања. Зашто ништо така лесно не се согласува со туѓите и нови погледи, како што тоа го прави молчењето. Библијата молчи за природата.
 Иако религиозниот човек може да живее без да се интересира за космологијата, обичниот човек, а уште повеќе цела култура, нема да можат долго без неа. Средновековната култура, исто така, во себе содржела збир на космолошки претстави. Но, од каде таа можела нив да ги црпи, ако ги нема во Библијата? Средновековието ги зело нив од својот втор извор - од античкото наследство.
 Но, знаеме, дека тоа наследство не е едноставно “античко”. Тоа е и “паганско”. И тогаш започнала многувековната сеанса на егзорцизам - прогонувањето на паганските доживувања од космолошките претстави. Еден од најзначајните моменти бил осудувањето на авероистите (аристотелиците) на 7 март 1277 година од страна на парискиот епископ Етјен Тампје. Помеѓу 219-те анатемисани тези, за судбината на астрономијата посебно е важна 92-та точка. Таа ги осудува оние што учат дека “небесните тела се движени од внатрешен принцип, каков што е душата; тие се движат како живо суштество токму од душата и нејзиниот стремеж: затоа, како што животното се движи, бидејќи се стреми кон нешто, така и небото се движи”. Ѕвездите немаа душа, значи, нивното движење треба да се опишува на јазикот на механиката, а не на психологијата. 
 И Средновековието на Запад завршувало со тоа, што самата христијанска Црква почнала да влегува во нешто аморфно и сепроголтувачко. Епохата на Ренесансата (Возраѓањето) е ренесанса на паганството. Римски папи, навлечени на хороскоп; теолози, во чии трудови почесто одекнува името на Аристотел, отколку на апостолот Павле... Но, 16. век е век на реакција. Здрава христијанска реакција на привремената капитулација на христијанската волја и мисла пред примамливоста на паганската плотска и философска седозволеност. Преминот од Ренесансата во Новото време е премин од карневал во пост. Тоа е векот на Реформацијата (и Контрареформацијата). Тоа е векот на најголемо религиозно напрегање во целата историја на Западна Европа. Тоа е век, кој не е рамнодушен кон прашањата на верата. Науката се раѓа кога во Европа започнале религиозни војни... “Секуларизираните” народи, кои се рамнодушни кон религијата, не водат религиозни војни.
 Повикот на лутерантите “само Писмото” бил протест, не толку против црковните преданија, колку против ропското понижување пред авторитетот на паганските философи. Тоа е меч, кој не е упатен против Јован Златоуст, туку против Аристотел и Хермес Трисмегист. Реформацијата не ги рушела христијанските догми и науката која била во зародиш, туку догмите на паганската философија. Повикувањето на Аристотел станало недоволно.


  Всушност, тоа се зборови, кои на Галилеј му ги кажал кардиналот Барониј уште во 1598 година (види: Фантоли А. Галилей. В защиту учения Коперника и достоинства Святой Церкви. М., 1999, стр. 145).


 Значи, патосот на христијанската Реформација бил повик кон дисциплина на умот, волјата и чувствата. Дали тој повик е туѓ на науката? Англискиот хемичар Бојл видел религиозно применување на науката во вклучувањето на разумот на истражувачот во борба со страсните похоти: “Оној кој може да ги натера најмалите случаи во сопствениот живот и дури цветовите од неговата градина да му држат предавања за етиката и теологијата, ми се чини, тешко дека би чувствувал потреба да оди во таверна” . Аргументацијата е јасна: од една страна, секое растение сведочи за Разумот, Којшто го создал, од друга, пак, истражувачот на шареното светско многуобразие се учи да ја гледа неговата внатрешна стројна складност на законите. Оној кој се научил да ги гледа законите во природата, ќе ги почитува и оние закони кои се впишани во човечкото срце, и, следејќи ги, ќе оди по патот на заповедите и ќе се оттрга од гревот.
 Во 16. и 17. век идеологијата на аскетизмот постанала општиот именител на науката и верата. Рационализмот од тоа време не е триумфализмот на хуманистите. Сомнежот е тој што стои при изворите на европската наука. Во тоа време не бил само Декарт, којшто се сомневал во себе, во светот и во Бога. Лин Вајт забележува дека со почетокот на 1300 година, па сé до 1650 година, она што било специфично за европејците, е опседнатоста со темите, поврзани со смртта. Се развива символиката на очајанието. Некрофилијата до толку била распространета, што секој протест против жестокоста се сметал за аморален. “Секоја од стихиите е чиста. А нашите души се со кал до половина” - напишал еден поет од тоа време .
 Средните векови се држеле до зборот на Августин: “Ако би се видел себеси, јас би Те видел Тебе”. Но, сега се појавило убедувањето дека човекот, со својот тесен егоизам, своеволноста и насилството на ниските страсти (кои со голема сила се пројавиле во бедствијата од војните на 17. век: во Триесетгодишната војна, Германија изгубила две третини од своето население ) е далеку од најдобар учебник за изучување на Божјиот закон. Дејствието на тие закони во човекот е заматено и повредено со хаосот на неговите афекти. За љубопитниот ум, физичкиот свет ги јавува природните закони во чист вид. Сепак, за човекот нив да ги достигне, самиот е должен прво да се очисти од скверноста на своето самоволие.
 Уште во 4. век, светителот Јован Златоуст за пример на човекот му го дава движењето на ѕвездите, кои не се отклонуваат од својот пат, за разлика од човекот: “Небото, и сонцето, и месечината, и хорот на ѕвезди и сите останати твари се наоѓаат во еден голем поредок, а нашите дела во хаос” (Беседа 1. за ѓаволот, 7).
 

Но, во 16. и 17. век се појавува нова форма на духовна внимателност и подготвеност да не се доверува на очигледното тврдење. Откритието на перспективата во сликарството и откритието на предрасудите во философијата се настани кои го основуваат Новото време: светот, каков што се чини, и светот, каков што е - не е едно и исто. И сето тоа бара дисциплинирање на мислата, проверување на она што ни се чини очигледно. И овде Коперник објаснил дека вистината може да се најде само наспроти навестувањата на човечките чувства (зашто чувствата ни тврдат дека Земјата е неподвижна, а дека само сонцето се движи по небото).


  Цит. по: Косарева Л.М. Генезис научной картины мира. М., 1985. стр. 44.
  Цит. по: Современные зарубежные исследования по философии и генезису науки (позднее Средновековье и Возрождение). Сб. Обзоров. М., 1980.
  Види: Цит. по: Цветков С.Э. Карл XII. М., 2000, стр. 21.


 Значи, “не смеата и насилството на плотта на средновековниот карневал, не ренесансниот блесок на убавината и стремежот кон слава, туку длабоката внатрешна сосредоточеност, во чија тишина може да се слушне гласот на личната судбина и смисла животна, постанува главна животна ориентација. Појавата на механичката философија, воведувањето на експерименталниот метод во науката и процветувањето на жанрот мртва природа во 17. век имаат едни исти социјални корени. Во мртвата природа (натурморте), од една страна, е отказот од светските радости, а од друга, пак, засилениот интерес кон сите подробности на светот. За едноставно да се 'ужива' не треба да се убива природата. Во 17. век сличните размислување за смртта создавале механички структури. Ако живата природа се асоцирала со афектите, својствени за повредената човечка природа, тогаш механичките структури се асоцирале со целосната контрола на разумот над себе и светот. Сликата на светот како механизам на часовник и сликата на Бога како за часовничар се восприемале како душеспасителни. Парадоксално, но сликата на извештачениот предмет, на 'мртвата природа', на механизмот заедно со протестантизмот на 17. век се спротивставувала на јавувањата на живата природа како израз на возвишена духовност наспроти старата 'душевност'“ .
 Токму во силата на својата спротивставеност на светот на човечките афекти и страсти, светот на природната рационалност и непроменливост со нешто изгледа морално привлечен.
 Светот, во кој излегува Европа од Средновековието (поточно, од периодот на ренесансната криза на Средновековието), е светот на Реформацијата. Светот на религиозната напрегнатост.
 Реформацијата, во потрагата за свои сојузници против Рим, се обратила кон народот. Започнал нов бран на внатрешноевропско мисионерство. Се покажало дека простиот народ не е запознаен со христијанството. Испаднало дека паганството не живее само во кардиналските палати, туку и во селските куќи. Испаднало дека селаните во католичкиот свештеник попрво гледале волшебник, отколку проповедник и учител. И штом протестантизмот го оттргнал авторитетот на свештеникот, тогаш најлесно било негова замена да се најде во селската маѓепсничка, а не во градскиот професор по теологија. Интелектуалната елита на Европа за себе го открива светот на темните народни суеверија - светот на вештерките. И започнува ловот на вештерки. Започнува процветот на инквизицијата. Се раѓа науката.
 Но, при разговорот за раѓањето на науката, никако да се избегне тој одбивен збор - “инквизиција”. А штом стана збор за инквизицијата (а кај световните луѓе секогаш за неа ќе се проговори, штом ќе се спомне за Црквата), тогаш да се задржиме повеќе на таа жалосна страница од црковната историја.
 Веднаш ќе кажам дека токму читањето на современата окултна литература прави човек поинаку да се однесува кон инквизивијата и ловот на вештерки. Додека луѓето не веруваат во вештерки, маѓепсништво и уроци, ловот на вештерки се чини безумна дивотија, сугубо срамна за христијаните. Но, ако тоа е сериозно? Ако навистина е можно такво црно дејство врз човекот, за кое ни растојанието, ниту, пак, ѕидовите не претставуваат преграда? И ако навистина постојат луѓе, спремни да принесат и најстрашни жртви заради добивање на “црната благодат”?
 Луѓето на Средновековието често ги обвинуваат за суеверија. Но, “суеверијата” тие не ги исчитувале од Библијата и од патристичките творенија. Оговарањата ги рашириле тајните, кои излегле надвор од пределите на маѓепсничките кујни. Вештерките сами тврделе дека нив ништо не ги повредува, дека во оган не горат и во вода не тонат, и дека за некаква плата можат на секого магија да фрлат. Вештерките го убедиле народот, а потоа и ерарсите во својата реалност и во својата моќ. И следел одговор, следела реакција на општествена самозаштита.
 Пред да ги обвините тие впечатливи христијани (или мене) за нетрпеливост и човекоомраза, обидете се сами да ја испрогнозирате својата реакција. Замислете си дека сте и' поверувале на информацијата на Блаватска дека “во старите времиња тесалиските маѓепсници крвта на црното јагне ја мешале со крв на новороденче и со помош на тоа ги повикувале сенките на умрените” ? А што, ако при вас вашата сосетка ја изрази својата решеност да ги возобнови древните магиски обреди  и рече дека духовите, кои неа ја учат, ја сметаат за маѓепсничка ?
 Значи, самите вештерки се фалат со својот занает, при што, често дури не ја маскираат својата антихристијанска иницијатива. И ако обичните луѓе им поверуваат, како тие да реагираат тогаш?
 Не е само рускиот бунт “бесмислен и безмилосен”, туку секој. Луѓето искрено се плашеле од нечистите духови и верувале во реалноста на штетата од општењето со нив. “Судот на Линч” во такви случаи самиот од себе пламнувал. Инквизиторите го откорнувале обвинетиот од раката на толпата и предлагале некаква формална процедура на испитување, во која можела и да го оправда (обвинетиот). И се оправдувале (како што се оправдала, на пример, од обвинението за маѓепсништво мајката на астрономот Кеплер).
 Интересно е да се прочита на една иста страница од современ дневен весник: “Во епохата на Средновековието, кога во Европа пламтеле огновите на инквизицијата...”  и - информација за тоа дека “младото поколение на едно од кениските села решило да го следи примерот на средновековна Европа и направило хајка на вештерки” . Зошто “примерот на Европа”? Освен тоа, дека во средновековна Европа немало лов на вештерки, треба да се знае уште и дека верата во маѓепсувањето е универзална, а поддржувачите на црната магија секаде биле гонети.


    Блаватская Е.П. Разоблаченная Изида: В 2 т. Т. 2. Рига, 1937, стр. 671.
  “Кога бев во Бари (во Италија), учејќи се при месната маѓепсничка...” (Блаватская Е.П. Письма А.П. Синнету. М., 1997, стр. 307).
  “Урусвати, уживам гледајќи те. Погледнав во училиштето. Видов прекрасна маѓепсничка” (Агни-йога. Высокий путь. Ч. 1: 1920-1928. М., 20002, стр. 115).
  Привалов Д. Увидеть Дубровник – и остаться // Труд. 1998, 10 июля.
  Јас те напоив со антимаѓепсничка вода // На истото место.
  
 “Законите на Хамурапи” на древниот Вавилон гласеле: “Ако некој човек обвинил човек за маѓепсништво и не го докажал тоа, тогаш оној, кој бил обвинет за маѓепсништво, треба да отиде при Божествената река и да се потопи во реката; ако реката го земе, неговиот обвинител ќе може да го земе неговиот дом. Ако, пак, реката го очисти човекот и тој остане неповреден, тогаш оној, кој го обвинил него за маѓепсништво, треба да биде убиен, а оној, кој се потопувал во реката, може да го земе домот на неговиот обвинител” . Станува збор за ордалија - судско испитување низ потопување во вода. Водата го изобличувала виновниот со тоа што го давела; ако, пак, обвинетиот испливувал, тогаш тоа се сметало за доказ за неговата невиност. Кон ордалијата, веројатно, се пристапувало само во случај на престапи, на кои им се заканувала смртна казна, посебно при обвиненија за недозволено маѓепсништво и прељуба. Ако обвинението обвинителот не го докажал со факти и сведоци: според вавилонските гледишта, водата како чиста стихија со сигурност ќе го изобличи маѓепсникот и прељубникот . “Притоа - пишува А. А. Немировски - треба да се има предвид, дека законите на Хамурапи не претставуваат исцрпувачки збир на правнички норми; на пример, во нив отсуствуваат делови, кои се однесуваат на најпростите престапи: обична кражба, убиство, маѓепсништво, иако присуствуваат норми поврзани со обвинуваните за такви престапи. Очигледно,  нормите, кои се однесуваат на такви престапи, се сметале за општо познати” .
 Во Египет, во случај на помор “во градот Илитија - пишува Манетон - палеле живи луѓе, кои ги нарекувале Титонови и, провејувајќи ја нивната пепел, го расејувале и уништувале (поморот)” (Плутарх. За Изида и Озирис, 73).     
  Индиските закони на Ману (2. век пред Христа) пропишувале: “За секое заколнување, за давање клетва врз корени, за маѓепсништво од секаков вид - во случај на неуспех - казна од двеста (пани)” (Закони на Ману. 9, 290). Казната била иста со глобата за грабеж - околу 2 килограми злато (види: Артхашастра. 3, 17). Сепак, ако резултат на маѓепсништвото била смртта, тогаш на маѓепсникот - смртна казна . Освен државната казна, брамините наложуваат религиозни “епитимии” за гревови, рамни еден на друг, како што се “вражањето и маѓепсништвото со помош на корени... непалење на свештени огнови, кражба, ненаплатување на долгови, изучување на грешни книги и занимавањето танцувач и пеач” (Закони на Ману. 11, 64 и 66).
 Јапонските закони гласеле: “Ако некој поради омраза направи маѓепсничко изображение или писмена клетва или, пак, усно некого проколни и на тој начин има намера да ја погуби душата на другиот човек, тогаш виновниот да се суди како за заговор со цел да убие, со намалување на казната за два степени (во делата, кои се однесуваат на сродниците, казната да не се намалува). Ако како резултат на маѓепсништво умре човек, тогаш во секој случај да се суди како за вистинско убиство... Ако за маѓепсништво се употребени лични предмети на господарот, тогаш виновниот задолжително да биде обесен” . Друг јапонски закон содржел “индекс на забранети книги”: “Не смее во приватни домови да се чуваат: астрономски прибори, дела за астрономијата, кинески карти; карти за гатање; кинески воени дела; книга на претскажување; за нарушување на таа забрана - 1 година робија” .


[1] Законы Хаммурапи, 2 // Хрестоматия по истории государства и права зарубежных стран (древность и Средние века). М., 2001, стр. 10.

[1] Vidi: Волков И.М. Закоеы вавилонского царя Хаммурапи. М., 1914, стр. 69.

[1] http://www.hist.msu.ru/ER/Etext/hammurap.htm.

[1] Vidi: Эльтанович С.Д. Примечания // Законы Ману. М., 2002, стр. 388.


 Законите од Дванаесетте таблици на Стариот Рим, составени во 5. век пред Христа, претположувале дека виновниот за урок можел да биде осуден на смртна казна . Текстовите од тие закони до нас дошле во нецелосна форма. На осмата таблица има член (8, 8а) кој започнува со формулирање на престапот: “Оној кој ќе ги маѓепса посевите...” , но, понатаму, текстот е изронет и формулирањето на казнувањето недостасува. Впрочем, тој дел се надополнува според цитирањето на истиот закон од страна на Плиниј: “Според Дванаесетте таблици, за таинствено уништување на посевот се назначувала смртна казна... потешка, отколку за убиство на човек” (Природна историја. 18, 3. 12. 8-9).
 Платон мечтаел за општество, во кое законот за труење и маѓепсништво ќе биде изразен вака: “Ако се покаже дека човек заради магиски јазли, заговори и заколнувања се изедначи со оној, кој нанесува повреда на другиот, нека умре, ако е пророкувач или гаталец. Ако е туѓ на пророкувачкиот занает и биде фатен како прави магии, нека го снајде истото што и трујачот од бројот на обичните луѓе; нека реши судот на каква казна да биде подложен” (Закон, 933д). Демостен “ја довлечкал до суд жречицата Теорида и ја добил таа казна” (Плутарх. Демостен, 14). Теорида ја обвинувале за волшебништво, пришто таа била казнета со целото свое семејство .
 Така што, во потполност е умесно прашањето на Августин: “Можеби, христијаните ги востановиле тие закони, кои ги казнуваат магиските вештини? Зар пред христијански судии бил обвинет за магија Апулеј? “ (За Градот Божји. 8, 19).


 Руската “Повест за времињата” од 1071 година раскажува како паганските волшебници во Горната област од поречието на Волга ги убивале жените, обвинувајќи ги за маѓепсништво: “Се јавија двајца волшебници од Јарославл, велејќи 'ние знаеме кој го маѓепсува посевот'. И отидоа по Волга и, каде и да одеа, таму ги обвинуваа благородните жени, дека некоја (од нив) житото го маѓепсала, друга - медот, а трета - рибата, четврта, пак, крзното. И ги доведувале при нив своите сестри, мајки и жени. Волшебниците ги расекувале на грбот и оттаму ваделе или жито, или риба, или верверица, и убивале многу жени...”.


   Уголовный закон о мятеже, разбое и грабеже (Дзокуторицу) (702-718 гг) // Хрестоматия по истории государства и права, стр. 548.
  Административно-уголовный закон (Сикисэйрицу) (702-718) // На истото место, стр. 543.
  Види: Гольцман Е.Е. Дурной глаз и порча. М., 1996, стр. 3.
  Памятники римского права. Законы ЏИИ таблиц. Институции Гая. Дигесты Юстиниана. М., 1997, стр. 11.
  “Вие на смртна казна ја предадовте маѓепсничката Теорида од Лемнос заедно со нејзините роднини за тоа што тие подготвувале магиски напивки” (Демосфен. Против Аристогитона. 1, 79).
  За обвинувањето на философот Апулеј за магија, види ја неговата книга “Апологија или За магијата”.

 

На испрашувањата тие појаснувале, дека жените што ги убивале “ги маѓепсувале посевите, и, ако ги истребиме и поубиеме, ќе има изобилие”. Бидејќи збор станувало за регион со финско-угорски традиции, се претпоставува дека е можно да се идентификува тој расказ со ритуалите на Мордвите, кои битствувале дури до 19. век. “Кога настапувало времето за општествени жртвопринесувања на паганските мордвински богови, специјални собирачи оделе по куќите и собирале секаква храна, но задолжително од жени. Жените, разголени до појас, откако ќе ги префрлеле торбите со намирници преку рамењата, стоеле при вратата завртени со грб и ги очекувале собирачите. Последните ги пресекувале торбите, притоа, бодејќи ги жените петкратно во грбот” .
 Арапскиот патешественик Абу Хамид ал-Гарнати, кој ја посетил Источна Европа во средината на 12. век, го посетил и Горното поречие на Волга. За едно од племињата кои живееле таму, тој го кажува следново: “Кај нив на секои 10 години се случуваат многу магии, а нив ги правеле стариците-маѓепснички. Тогаш тие ги фаќаат стариците, им ги врзуваат рацете и нозете и ги фрлаат в река: онаа старица, која тони, ја оставаат и знаат дека е маѓепсничка, а онаа која останува на површината од водата - ја горат на оган” .
 Така што, ненаклонетоста на луѓето кон маѓепсниците, воопшто не зависи од христијанството...
 Еве ја “Салиската правда” на Франките од 6. век. Тешко таа да се нарече споменик на христијанското право и на христијанската култура. Тоа е чисто “традиционално право” (иако веќе е омекнато со влијанието на римската правничка култура и на црковното право). И потполно традиционален, “општочовечки” однос кон маѓепсништвото стои на неговите параграфи: “Ако некој фрли магија на друг и оној, кому е направена, ја избегне опасноста, виновникот на престапот, за кого ќе биде докажано дека си го дозволил тоа, се осудува на исплата од 63 солиди. Ако некој фрли на некого магија или на некое место од телото постави врвка, се осудува на исплата од 62,5 солиди. Ако некоја жена маѓепса друга (жена), така што таа нема да може да има деца, се осудува на исплата од 62,5 солиди”  (Салиска правда, 19). Германското право ја привело во европското судство, веќе познатата нам од вавилонските извори, пракса на “испитување со вода” (Легес виситготхорум. 6, 1, 3).
 Како што рекол Б. Мелиорански, “паганските сфаќања за односот на религијата кон државата, во многу се покажале поживи од самото паганство” .
 Илјада и пол години им требало на паганските стравови да ја пронижат со себе црковната етика.
 “Народната вера во вештерки и во нивната способност да ги маѓепсуваат луѓето сé до 12. и 13. век се сметала за 'лажно суеверие'. Составувачите на помагалата за исповед - пенитенцијали или 'покајни книги', кои се распространиле во Европа од 7. век, ваквите суеверија на своите парохјани ги сметале за 'погубна зараза' и неоспорно сведоштво за губење на 'вистинската вера', а на оној кој ќе бил забележен во неа му се наложувала двегодишна епитимија...


   Фроянов И.Я. Начало христианства на Руси. Ижевск, 2003, стр. 172.
  Фроянов И.Я. Начало христианства на Руси. Ижевск, 2003, стр. 173.
  За споредба: за убиство на туѓ роб, казна од 30 солиди; ако Римјанин ограби салиски варварин, тогаш казната е 63 солиди, ако, пак, Франк ограби Римјанин, тогаш 35. За посегнување по животот на слободен човек - 63 солиди.
  Мелиоранский Б.М. Из лекции по истории и вероучению древней христианской Церкви (И-ВИИИ вв.): В 2 вып. Вып. 1. СПб., 1910, стр. 87.

Католичката црква никогаш не била забележана како наклонета кон телесни казни или казни за маѓепсништво. Дури за повредливо (смртоносно) маѓепсување се наложувало најголемото 7-годишно покајание на леб и вода. Не се осудувале толку можните последици од маѓепсничките дејства, чиј успех во очите на Црквата бил сомнителен, колку самата вера во нивната ефективност, која значела исто што и идолопоклонство. Друга работа е реакцијата на светските власти. (Во нивните очи) маѓепсникот се подложувал на казна не поради отпаднувањето од верата, туку за причинетата штета... Повторувам уште еднаш: до 9. век светското законодавство упорно става акцент не на самиот факт на маѓепсништвото, туку на степенот на штетата, нанесувана од маѓепсникот... Односот на официјалната Црква кон народната вера во силата на уроците во Средновековието останува во целост нејасен, бидејќи од Евангелието не е јасно дали Самиот Христос верувал во неа, и теолозите тој аспект на народни претстави не го коментираат. Но, верата во “уроци” во народот се зачувала во текот на целото Средновековие, што се гледа од списокот на прашања, кои парохискиот свештеник е должен да ги зададе на парохјаните за време на исповедта. 'Покајните книги' ништо не ни говорат нам за болестите и несреќите, кои настануваат од 'урочувањето', затоа, пак, ја осудуваат верата на 'некои жени' во можноста да се маѓепсува со очи и говор...” . И единствено во 14. век со можноста на 'урокот' се согласуваат католичките богослови, пришто, во таа ситуација Тома Аквински се повикува на трудовите на Аристотел и Авицена, од кадешто тој заклучува, дека душата на старата жена често е исполнета со зло, од што, пак, нејзиниот поглед постанува штетен и опасен, особено за децата (Сумирана теологија. 1, 92, 4).
 “Првиот случај на гонење на вештерки се случил во 1498 година” . “Маѓепсништво до 15. век ние воопшто не сретнуваме” . “Маѓепсништвото и вештерството се појави, кои не се многу стари. Поточно, за вештерки до 15. век воопшто не се слушнало” . “Маѓепсништвото малку било распространето во Средновековието, и кон крајот на 15. и почетокот на 16. век тоа не било многу популарно. Црковниот собор во Валенсија, којшто се случил во 1248 година, не ги вброил маѓепсниците меѓу еретиците и востановил дека дека со нив работа треба да си имаат само епископите. Во случај да нејќат да се покајат и во случај да се упорни (во своето) ги затворале во темница на некое време, одредувано од епископот. Вернар Гун говорел дека Светата палата треба да се занимава со еретиците, и затоа во речиси сите случаи, кога маѓепсниците ги претставувале пред неговиот трибунал, тој едноставно нивните дела ги предавал во рацете на епископските судови... Речиси до крајот на 14. век, маѓепсништвото се сметало за исклучиво црковно дело. Светската власт ниту се обидувала да го искорени, ниту да го трпи, а делата на маѓепсниците се предавале на светските судови само во ретки случаи. Но кон 1390 година, без оглед на неколкуте обиди на папите да ги задржат делата на маѓепсниците во пределите на обичните црковни дела, гледаме, како што покажуваат документите, дека светските судови сé почесто ереста ја сметаат за престап и дека епископите со инквизиторите престанувале да ги водат судењата над маѓепсниците” .


   Арнаутова Ю.А. Колдуны и святые. Антропология болезни в Средние века. СПб., 2004, стр. 84.
  Лозинский С.Г. История инвизиции в Испании. СПб., 1914, стр. 287.
  Ли Г. История инквизиции в Средние века: В 2 т. Т. 2. СПб., 1912, стр. 489.
  Орлов М.Н. История сношений человека с диаволом // Амфитеатров А.В. Диавол. Орлов М.Н. История сношений человека с диаволом. СПб., 1992, стр. 613.
 

Масовниот лов на вештерки не бил воопшто средновековен феномен, туку ренесансен и дури новоевропски. Ожалостувачки знаменитата книга “Чеканот на вештерките” се појавила на светлина единствено во 1485 година. Шпанската инквизиција била организирана во 1478 година. Португалската во 1540. Римската во 1542 година. Конгрегацијата на индексот на забранети книги ја започнала својата работа во 1571 година. Во Русија инквизицијата била воведена од Петар Први. И првиот руски закон, кој заповедал да се запалува за магија е “Артикул воински”, издаден во 1715 (пришто, таа норма била земена од Новошведскиот воен артикул од 1683 година). Како што справедливо забележал Јуриј Лотман, “преку прозорецот во Европа навлегувал чад” .
 Распламтувањето на ловот на вештерки е средината на 16. и почетокот на 17. век. Според мислењето на францускиот историчар Мушамбле, ловот на вештерки бил дел од просветителската програма: “Самото маѓепсништво во тој период не се изменило. Се променил пристапот кон него од страна на луѓето и културната елита. Оттогаш маѓепсништвото постанува символ на народни предрасуди, со кои се борела кралската власт и мисионерите. За да се култивира селото, требало да се изгонат магиските верувања и обреди. Дали судиите биле согласни со тоа или не, сепак, тие аутодафе на динамичната научна култура и' дозволувале да ја отфрли и да ја ослаби речиси неподвижната и многу древна народна култура, која со огромна сила се противела на секакви промени” .
 А, еве, една сцена од византискиот живот: “Во 581 година во Антиохија некој Анатолиј со другарите бил затекнат како тајно врши пагански обреди. Христијанската полиција едвај ги спасила обвинетите 'слуги на бесот', 'ожалостувачи на Христа' и 'маѓепсници' од рацете на разјарената толпа. Самиот патријарх Григориј едвај се оправдал од сомневањето во него како за соучесник; народот се смирил, очекувајќи соодветна казна за Анатолиј. Но, кога се дознало дека обвинетите се осудени само на прогонство, народните страсти се распламтиле со нова сила. Кога прогонетите ги качувале на лаѓа, толпата ги разбила полициските одреди, ја заземала лаѓата и ја запалила заедно со осудените; самиот Анатолиј сеуште бил на брегот и повторно бил одведен во темница. За задоволување на народот, него го осудиле на смрт од ѕверски канџи во амфитеатар” .


  Мейкок А. История инквизиции. М., 2002, стр. 194-196.
  Лотман Ю.М. Об “Оде, выбранной из Иова” Ломоносова // Известия Академии наук СССР. Серия литературы и языка. Т. 42. 1983, Н 3, май-юнь, стр. 269.
  Муцхемблет Р. Цултуре популаире ет цултуре дес елитес данс ла Франце модерне (ЏВе – ЏВИИИе). Парис, 1978. П. 288.
  Мелиоранский Б.М. Из лекций... Вып. 1, стр. 90.

 Дали е лош настанот? - Да. Но, не смее, а да не се обрати внимание на распределувањето на улогите во таа трагедија. Дали од црковните власти произлегува иницијативата на гонењето?
 Инквизицијата му давала збор на обвинуваниот, а од обвинителот барала јасни докази...
 Конечно, ниту еден друг суд во историјата не изнел толку многу ослободителни пресуди.
 “Според упорно повторуваната, макар и непроверена легенда, инквизиторските трибунали на средоземноморскиот регион биле фанатични и крвожедни, а шпанската инквизиција била најжестока од сите. Самиот збор 'инквизиција' одамна постанал синоним за нетрпеливост. Сепак, кога историчарите конечно почнаа систематски да го изучуваат огромниот масив на протоколи на инквизициите, се добија тотално поинакви резултати и постепено почна да се изработува нова претстава за нив. Сега, пак, веќе може да се говори за сеопшто прифаќање на два принципијални заклучоци, иако истражувањата не се завршени. Како прво, средоземноморските инквизиции биле помалку крвожедни, отколку европските светски судови на раното Ново време. Помеѓу 1550 и 1800 година, пред судот на инквизициите се претставиле околу 150 илјади луѓе, но, само 3000 од нив биле осудени на смрт: поголемиот дел од судовите на крупните европски земји има многу повисоки показатели, што се однесуваат на 16. и 17. век. Вториот важен заклучок се состои во тоа, дека средоземноморските инквизиции, за разлика од светските судови, изгледале позаинтересирани да ги разберат мотивите, коишто ги воделе обвинетите, отколку да го утврдат самиот факт на престапот. Порано се мислело дека инквизиторите, кои грижливо ја чувале анонимноста на своите информатори, во помала мера се грижеле за правата на обвинетите, отколку светските судии. Но, последните истражувања покажуваат дека инквизиторите биле попроникнувачки психолози, отколку светските судии, и биле целосно способни да дојдат до коректна, а често, и ослободителна пресуда. Во целост, за разлика од светските судии, тие речиси воопшто не се ослонувале на тортурата за да се убедат во вистинитоста на тврдењата на обвинетиот. Инквизиторите се обидувале да проникнат во сознанието на луѓето, а не да определат правничка одговорност за престапот. Затоа протоколите на инквизиторските распити изгледаат сосема поинаку, за разлика од протоколите на светските трибунали, и на историчарите им оставаат богат материјал за обичаите и народните верувања... За разлика од светското судство на тоа време, судиите на инквизицијата работеле многу бавно и педантно. Ако некои од карактеристиките на нивната дејност, како што е анонимноста на обвинителите, ги заштитувале информаторите, многу други обичаи биле на страната на обвинетите. Бидејќи инквизиторите малку се грижеле да го востановат фактот на извршениот престап - ерес, богохулство, магија и т.н., сепак, попрво се стремеле да ги разберат намерите на луѓето, кои го изрекле или го направиле тоа. Тие, воглавно, ги разликувале раскајаните и непокајаните грешници, оние кои згрешиле случајно или намерно, крадците или будалите. За разлика од многу светски кривични судови на раното Ново време, инквизиторите малку се ослонувале на тортурата како на средство за утврдување на вистината во сложените и нејасни ситуации. Тие претпочитале осомничениот да го подложат на многукратно сослушување со поставување на вкрстени прашања, пројавувајќи понекогаш зачудувачка психолошка префинетост, да ги сфатат не само неговите зборови и дејствија, но и неговите мотиви. Инквизиторите биле целосно способни да им препорачат на светските власти, коишто единствено и можеле нераскајаниот грешник да го предадат на смрт, да применат смртна казна, и самите донесувале многу сурови пресуди. Сепак, во основа, инквизиторите едноставно припишувале покајание со различен рок и интензивност. Нивната култура била култура на срамот, а не на насилството” - пишува американски историчар, чија книга на руски превод се појави благодарение на Фондот на Сорос .


  Државните (а не црковните) закони на империјата (ЏИ век) го пропишувале следното: “Маѓепсниците и гатачите, јои за да повредат луѓе се опбраќаат кон демоните, подложени се на казна (на посечување) од меч” (Еклога 17, 43).

 Од истражувањата на инквизициските архиви на историчарите од универзитетот на Охајо се дава заклучок дека инквизицијата, наидувајќи на дела за маѓепсништво, “ги испитувала ваквите дела неволно и благо ги казнувала престапниците. Мекоста на инквизиторските пресуди за обвиненијата за маѓепсништво е во контраст со суровоста на светските судии на Северна Европа во тие столетија. Зачудувачки е што шпанскиот Супремо веќе во 1538 година на своите одделенија им советувал: инквизиторите не треба да веруваат на сé што се содржи во 'Чеканот на вештерките', дури и ако авторот 'пишува за тоа како за нешто што самиот тој го видел и испитал, бидејќи природата на таквите дела е таква, што тој може и да греши, како и многу други', и, зачудувачки е, исто така, што филијалата на римската инквизиција во Миланското херцогство се противела на месната паника, која во 1580 година во миланските темници привела 17 вештерки. Девет од нив биле ослободени од сите членови на обвинението, уште пет се ослободени по давањето на клетвата, една од нив во потполност ја признала својата вина, а две дале делумни признанија, но, дури и тие три поминале со незначајна казна. Забележувајќи го таквиот однос, не треба да е чудно тоа, што малкумина биле казнети за маѓепсништво, според забелешката на една од средоземноморските инквизициии (дузина вештерки во 1610 година, пришто, половина од нив умреле во темница), не гледајќи на сета оставена можност. Чудно е да се гледаат огромните папки со собрани хартии од инквизиторите, со материјали од делата за маѓепсништво, знаејќи за малата реална штета, нанесена од нив на луѓето.
...Навистина дошол векот на Просветата. Како што видовме, средоземноморските инквизитори осудиле неколку илјади луѓе за недозволена магија, но казниле само дузина вештерки. Ако се зборува за тоа, во раното Ново време тие лишувале од живот мало количество на луѓе, обвинети за ерес. Ако се споредат тие податоци со бројот на анабаптистите, убиени во Австрија, Империјата и Холандија, средоземноморските инквизитори ќе се причинат дури и снисходливи. Сите дваесет одделенија на шпанската инквизиција од 1540-1700 година објавиле смртна казна само на 775 обвинети. Повеќето од нив, како и порано, биле јудаизанти, но помеѓу нив имало и неколку десетици волшебници, повеќе стотици протестанти (пред сé туѓинци, Французи), околу 50 хомосексуалци и неколку вештерки. Од 50 илјади обвинети, делот на осудени на смрт е 16%. Во Валенсија во 1484-1530 година биле разгледани 2000 дела и, практично, сите биле поврзани со јудаизантите, а смртните осуди биле 38%. По 1530 година, престап што се казнувал (споредбено) најсурово било скотоложништвото, коешто било под јурисдикција на инквизицијата само во Арагон: овде наоѓаме 23 смртни казни на 58 пресуди, пришто, бројот на казнети достигнувал 40% (за контраст, бројот на казнети дури меѓу обвинетите-јудаизанти сега бил 10%)” . “Највнимателните проценки на количината на еретици, кои биле казнети во Рим во текот на првото столетие од дејноста на инквизицијата, пресметуваат стотици - од кои поголемиот дел биле протестанти” .


  Монтер У. Ритуал, миф и магия в Европе раннего Нового времени. М., 2003, стр. 84-85 и 99.
“Во првите 50 години од својата дејност (15. век) инквизиторите осудувале на смрт на клада до 40% од сите судени. Подоцна тој процент се намалил до 3-4 “. Само два процента од уапсените од шпанската инквизиција биле подложувани на тортури и тие не траеле повеќе од 15 минути.
 Пораните (што значи, помалку документираните и потенденциозните, но, сепак, научни) публикации сметале дека во Европа “Светиот трибунал запалил повеќе од триесет илјади маѓепсници” . Секако, ѕверско нешто. Но, сепак, не се милиони. На просторот на светските репресии на безбожничкиот 20-ти век, цифрата 30.000, распределена по сите земји и неколку векови, веќе не изгледа вртоглава. Инквизицијата е оклеветена прво од протестантските, а потоа и од масонските автори.
Инквизицијата функционирала како институција, којашто, попрво, заштитувала од гонење, отколку што запалувала.
 Црковните казни за оние кои правеле магии биле помеки од она што можела да им стори толпата. Таа забелешка особено е справедлива за Русија: за гревовите, за кои во Европа во тие векови гореле на клада, во Русија само наложувале епитимија. Според набљудувањата на еден историчар, “за голема чест на нашето духовенство, ќе кажам дека при нив маѓепсниците си поминувале многу полесно, отколку кај западните. Во истиот 16. век, кога во Европа накладувале клади, на кои живи гореле стотици вештерки, нашите пастири своите грешници ги терале да прават само покајни поклони... За нашите патријарси, митрополити и другите претставници на високото духовенство, вештерот и вештерките биле заблудени луѓе, суеверци, кои требало да бидат вразумени и наклонети кон покајание, а за западноевропскиот папа, прелат, епископ, тие биле директни адски изроди, кои требало да бидат истребени” . Се забележува мекоста на епитимиите. Во патријаршиската грамота од 1586 година, на основа на лвовското братство, за магии се пропишува “епитимија: 40 дена поклони, по 100 на ден” . 


Монтер У. Ритуал, миф и магия в Европе раннего Нового времени. М., 2003, стр. 84-85 и 99.   Монтер У. Ритуал, миф и магия в Европе раннего Нового времени. М., 2003, стр. 90-91 и 94.
  На истото место, стр. 95.
  Плавский З. Испанская инквизиция: палачи и жертвы. СПб., 2000, стр. 58.
  Ли Г. История инквизиции в Средние века. Т. 2. стр. 528.
  Орлов М.Н. История сношений человека с диаволом, стр. 656-657. Примери на слични епитимии види: Афанасьев А.Н. Поэтические воззрения славян на природу. Опыт сравнительного изучения славянских преданий и верований в связи с мифическими сказаниями других родственных народов: В 3 т. Т. 3. М., 1995, стр. 295-296.

 Ако издавачот на таа грамота сметал дека маѓепсништвото е дејствено и може навистина да му наштети на човек, и дури да го погуби неговиот живот и здравје, или, уште полошо, да доведе до вселување на бес во човек, кој за ништо не виновен, тогаш епитимијата би требало да е значајно построга и, како минимум, да се израмнува со епитимијата за убиство. Овде, без сомнеж, казната се наложува за реална штета, пред сé, која маѓепсникот си ја нанесува себеси: зашто кај него имало намера да причини зло на друг човек. Токму таа намера се казнувала со законот - како обид за убиство (па, макар тоа било и со нож од хартија).
 Кој го разгорувал ловот на вештерки, а кој го спречувал, се гледа од околностите што го прателе укинувањето на инквизицијата. Во Русија “за крајот на 19. век на располагање имаме цела статистика за самоволни судења над маѓепсници. Проучувајќи 75 споменувања за волшебништва за периодот од 1861 до 1917 година,  кои се однесуваат на великоруските и украински губернии, К. Воробец дошла до заклучок дека во 48% од случаите, светот реагирал со 'гнев и жестокост'. Кон бројот на најзнаменити случаи припаѓа и расправата над вдовицата на воено лице Аграфена Игнатјева во селото Врачевка од Тихвинскиот реон (1879 год.). Ја затекнале Игнатјева во куќата, ги затвориле прозорците и го потпалиле огнот, пришто присуствувале повеќе од 300 луѓе.  Како што тврди Семјон Франк, тешко било таквите лица да се обвинат по судски пат, зашто маѓепсништвото повеќе не се сметало, од правничко гледиште, за престапно дело, а често се случувало да се казнат самите тужители, ако маѓепсникот останувал на слобода. Како во случај на каражба на коњи, селаните, наидувајќи на штетни магии и чувствувајќи дека не се заштитени од државата, го земале случајот во свои раце. Следејќи ја таа логика, треба да се признае дека своеволните судења растеле по мерата на прекинување на гонењата врз маѓепсништвото од врвот... Важно е тоа, дека напоредно со своеволното судење, постоеле и традиции на организирано гонење оддолу, кога селаните го предавале виновниот на светските власти” . Последниот маѓепсник во Русија по судски пат бил запален век и пол претходно - во 1736 година (тоа бил симбирскиот жител Јаков Јаров, изгорен по осуда на Казањската губерниска канцеларија. Синодот, кој своевремено не бил запознат со случајот, дури четири години по казната предлагал Јаров да не биде казнет, за да не биде лишен од можноста да се покае ).
 Еве само три од големиот број на публикации на таа тема во современиот печат: “Во Можајск престапник застрелал веднаш две жени - 64-годишната Лариса Старченкова и нејзината 39-годишна ќерка Надежда Самохина. Зошто? Кога го фатиле убиецот, тој спокојно рекол: 'Тие мене ме маѓепсаа'. Еве што раскажал сопругот на  Надежда Самохина, Евгениј, на коресподентот на 'Труд'. 'Утрото, околу девет часот, Лариса Тихоновна почнала да подготвува појадок. А јас и Надја сеуште спиевме. И се слушна ѕвонење. Се разбудив и го слушнав вресокот на соседот зад прозорецот:
- Престани да се занимаваш со тоа!
- Што е работата? - прашала Лариса Тихоновна.
- Ти го маѓепса до смрт соседот, а сега и нас сакаш!..
Потоа се слушнаа неколку плескања, слични на истрели'.


[1] Афанасьев А.Н. Поэтические воззрения славян на природу. Т. 3, стр. 296.

[1] Лавров А.С. Колдовство и религия в России 1700-1740 гг. М., 2000, стр. 368-369.

[1] Лавров А.С. Колдовство и религия в России ..., стр. 365.
Подоцна ќе се разјасни дека нивниот сосед, 51-годишниот професионален фотограф Александар Родионов, четири пати пукал во главата на жената. Подоцна, Родионов признал дека откако 'маѓепсничките' дошле овде во овој предел, почнале да умираат луѓе. А дека неговите соседи сите се разболеле од непозната болест. И тогаш тој се обратил кај гатачка, која му кажала дека сосетката им фрлила магија. Најчудно е тоа, што истата работа ја повторила наизглед здравата сопруга на престапникот. А Александар цело време повторувал: 'Ако не ги убиев тие маѓепснички, тие ќе ме убиеја мене'.
Слични вакви трагедии на лов на вештерки се случуваат и во други региони на Русија. До денес, никој од жителите на селото Знаменки од нижегородските области не може да рабере, со што 87-годишната старица им згрешила на чуварите на селскиот живинарник. Две момчиња се обиделе жива да ја запалат, откако решиле дека таа е маѓпсничка. Жената по чудо ја избегнала смртта, а нејзината куќа до темел изгорела. Ѕверски престап бил извршен во селото Драбовка од Корсун-шевченковскиот реон (Черкаска област). Во куќата на 37-годишниот месен жител Михаил В. се случил пожар. Пожарникарите, кои пристигнале на местото, на верандата пронашле изгорен труп на жена. Подоцна нејзиниот сожител признал дека ја запалил жената, затоа што таа била 'вештерка'. Пришто, тој ја запалил уште и црната мачка на жената, која, исто така, ја сомничел дека има врски со нечистата сила” .
“Во Конго, во јуни 2002 година, се одржа 'месец, посветен на избавувањето од маѓепсници'. Уф и леле, тоа не е шега, тоа се зборови на племенскиот водач Ову Судар. Овој длабокопочитуван маж со нескриена гордост изјави, дека тој лично дал заповед на поданиците да започнат колежи на соплемениците. Според месните претстави, маѓепсници и вештери се старци, кои живеат на краевите од населбите, и по правило се жени со црвени насолзени очи. Ги извлекувале на улица, до смрт ги претепувале со стапови, ги расекувале, ги каменувале. Барале да им ги кажат имињата на 'замениците' и 'членовите'. Според приближните оценки, на тој начин погинале неколку илјади луѓе, стотици бегале, спасувајќи се од насилството. Центар на ловот на вештерки станал градот Ару, 30 километри од Судан, на границата со Уганда, по што бранот на агресија го притиснал целиот северо-источен дел на земјата. 'Селаните велат дека некои луѓе фрлаат магии на други, од што тие и заболуваат' - изјави главниот командант на армијата на Конго, Хенри Тумукунде. Тој кон тоа додаде, дека жителите на земјата, во принцип, ги обвинуваат 'маѓепсниците' и 'вештерите' за пораѓањето на заболувања, карактерни за тој регион. Во индиската држава Андра-Прадеш, 200 жители живи запалиле за сомневање за маѓепсништво, од кое биле погубени двајца луѓе, пет свои соселани - четири жени и еден маж. Нив едноставно ги зеле, ги довлечкале до централниот плоштад на селото, без да им дадат да ги отворат устите, ги врзале за дрво, ги полеале со керозин и ги запалиле. Во државата Бихар (исто Индија) месните жители казниле две жени на возраст од 90 и 60 години, осомничувајќи ги за маѓепсништво” .
“03.07.2003. Во Индија две жени, обвинети за маѓепсништво, биле живи запалени. Две жени, обвинети за маѓепсништво, биле запалени живи од соселаните во државата Џаркханд, на исток на Индија, изјавува АФП повикувајќи се на полицијата на државата. Претставникот на полицијата изјавил за агенцијата, дека престапот се случил во едно од селата, расположено 300 км северно од градот Ранчи (главниот град на државата). Во тоа село, забележал тој, најголемо влијание има групата - племето Года. Толпата на селските жители ги фатила 35-годишната Бахамаи Киску и 50-годишната Нанку Хембром. Потоа двете жени биле одведени во најблиското поле, кадешто ги полиле со бензин и живи ги запалиле. Месните жители нив ги обвинувале за маѓепсништво, од коешто еден од нив се разболел. Асоцијациите за заштита на правата, протестирале по повод жестоките напади, на кои се подложуваат жените во далечните села на Индија, каде маѓепсничката пракса е широко распространета во племенските општини. Суеверијата, црната магија и верата во зли духови претставуваат дел од традиции на племињата, кои што живеат во некои реони на исток и југо-исток на Индија. Во повеќето случаи, семејствата на жртвите и селските жители не ја известуваат полицијата за тие напади и племенските лидери кон нив рамнодушно се однесуваат. НЕЊСру.цом (хттп://њњњ.религаре.ру/артицле5678.хтм.)”.
 Христијанска инквизиција немало во тие земји и села. А вера во маѓепсници, страв пред нив и лов на вештерки - има. Според законите на логиката, од тоа излегува дека инквизицијата не може да се смета за причина за ловот на вештерки.
 А тие митови, имено, теософите ги распространувале. Ќе приведам цитат од Е. Рерих: “Инквизицијата била востановена не за гонење само на кутрите вештерки и маѓепсници, поголем дел - медиуми, но и за уништување на неистомислениците. И помеѓу таквите непријател, пред сé, се вбројувале сите најпросветени умови, сите служители на општото добро и вистинските следбеници на Христовите завети”.  Сегашниот рериховски лидер Л. Шапошникова толкува: “'Суштината на инквизицијата е гонење на необичното” - се вели во една од книгите на 'живата етика'. Значи, инквизицијата и' била потребна на Црквата за да се бори, по прв план, со неистомислието на најразличните мислења, за да се спротивставува на сé ново, што се формирало во човечката мисла. Во тие страшни времиња, инквизиторите палеле десетици, а можеби, и стотици илјади 'вештерки'. Ги палеле 'во име свое', во името на својот монопол на вистината, на своето 'вечно живо', на својот страв пред оние, кои на народот му носеле нови знаења, кои го проширувале неговото сознание, пред оние, кои се стремеле да продрат до него низ збиената завеса на неговото незнаење. Зар навистина може да се верува, како што се обидува да нé убеди нас ѓаконот, дека инквизицијата палела вистински вештерки, а не измамени од неа најнесреќни жени и 'еретици', за под нивната замаглена завеса да се справи со посериозни непријатели - такви, како Јованка Орлеанка, Џордано Бруно, Јан Гус и ним слични? Чувствувате ли, како замириса со смрдливиот чад на нечистотија и фалсификат од погоре цитираните редови на Кураев? “.
 Всушност, 'нечисто' е да се обвинува цела епоха во историјата на човештвото, без никаков обид да се разберат мотивите на дејствата на тие луѓе. Зашто доволно е за почеток да се постават барем вакви прашања:
1) Дали самите вештерки верувале дека тие се вештерки?
2) Дали народните маси во тие жени гледале маѓепснички?
3) Дали тоа верување во народот било внесено од црковната проповед или, пак, тоа битствувало уште од предхристијанските времиња?
4) Дали постоела граница, која го разликувала народното вештерство од онаа магија, на која се навлекувале образованите алхемичари и “теурзи” од епохата на Просветата и Реформацијата?
5) Каков е меѓу луѓето, кои биле претставени пред инквизицискиот суд, процентуалниот сооднос со оние, кои биле обвинети за грешки во вероучението, и оние, кои биле обвинети за директна магија?
6) Дали навистина погледите на тие луѓе, кои биле гонети од инквизицијата поради сопствените гледишта, биле 'понапредни' од погледите на самите инквизитори, или, пак, тие биле поархаични и претставувале претхристијански наслаги на светоглед?
7) Ако последното испадне вистинито, тогаш, од гледиште на културниот и научниот прогрес, каква објективна улога одиграла инквизицијата во историјата на Европа? Нема ли да испадне таа слична на улогата на жестокиот реформатор Петар (кој, всушност, е востановувач на руската инквизиција ) во историјата на Русија?
 Без докажан, основан на историска работа, одговор на тие прашања, не смее жртвите на инквизицијата да се претставуваат како безусловно прогресивни луѓе.
 За современиот световен човек, маѓепсништвото е “привиден (виртуелен) престап”. И затоа е разбирливо што таквиот човек ќе се возмутува од казната на луѓето за престапи, кои тие, всушност, не ги извршувале. Но, од гледиште на теософите, вештерките биле вештерки и волшебниците биле волшебници, ѓаволите - ѓаволи, а магијата - магија. “И ѓаволот може да се натера да игра. Ѓаволите не носат светлина и шум. Непопусто шаманите удираат во барабани за да се избават од ниските духови” . “Непознавачите се смеат над постоењето на сатаната и со тоа ја потврдуваат вистинитоста на кажаното од еден префинет мислител: 'Победата на ѓаволот е во тоа, што успеал да ги убеди луѓето дека тој не постои'. Зашто, кога ние во нешто не веруваме или нешто одрекуваме, престануваме да се пазиме и со тоа полесно потпаѓаме во сенките, оптегнати од многубројните помошници на темнината” . “Маѓепсништвото е недопусливо како престап против човештвото. Не треба маѓепсништвото да се смета како зло против една личност. Последицата од маѓепсништвото е многу поштетна - тоа ги нарушува космичките појави, тоа внесува смут во надземните слоеви. Ако маѓепсникот не успеал да го порази противникот, тоа сеуште не значи, дека неговиот удар не убил некаде неколку луѓе, можеби, во различни земји. Можеби, вибрацијата на лошата волја се утврдила на најнеочекуваното место. Не можете да си претставите, колку смрти и болести се причинети од лошата волја. По просторот се носат облаци од канџи, никој нема да претстави каде е сместен тој отров. Силниот дух ќе се заштити од злите пратки, но некаде слабиот човек ќе ја добие нивната зараза. Не може да се предвиди таква космичка штета. Дури и благодатта нема да дојде во потполност, ако попатно се троши за растурање на злото. Човештвото многу може да биде запазено од секое маѓепсништво” - говори  рериховскиот трактат “Аум” (глава 28).
 Значи, ако ренесансното и новоевропско општество и го извршило престапот, казната на тие маѓепсници, сепак, треба да се има предвид дека тоа било возвратна мерка: престап за престап, штета за штета. И, освен тоа, тоа бил престап, извршен во состојба на афект. Престапот, извршен од исплашени луѓе, кои, во суштина, навистина се плашеле од маѓепсниците, зашто верувале во реалноста на маѓепсништвото...


[1] Афанасьев А.Н. Поэтические воззрения славян на природу. Т. 3, стр. 296.

[1] Лавров А.С. Колдовство и религия в России 1700-1740 гг. М., 2000, стр. 368-369.

[1] Лавров А.С. Колдовство и религия в России ..., стр. 365.
 Да, палењето на луѓе е одвратно. “Еретикот не треба да се убива” - вели светителот Јован Златоуст (Беседи на евангелието според Матеј. 46, 1). Но, историчарот се разликува од моралистот со тоа, што тој треба да ја разбира логиката на собитијата и мотивите на лицата, кои ја твореле нашата историја, а не едноставно да им става оцени за поведението.
 Ако моралистот ги осудува само престапниците (инквизиторите) за тоа, за безусловно да ја обели другата група престапници (маѓепсниците), тогаш се појавува прашањето - дали тој моралист воопшто има морално право на тоа, да се смета за моралист...
 Така што, инквизицијата воопшто не војувала со науката, туку со магиското суеверие.
 Еве карактеристични цифри, кои сведочат за двигот на интересите на инквизиторите и за тоа, кого тие го сметале за свој опонент во епохата на научната револуција: “Околу 80% од венецијанските инквизициски процеси, во периодот до 1580 година, биле поврзани со обвинувањата за лутеранство и нему сродни форми на крипто-протестантизам. 130 пресуди, за кои се соопштило во Рим во 1580-1581 година од сите реони на Северна Италија, покажуваат постојано внимание на инквизицијата кон протестантизмот.


  Агни-йога. Откровение. 1920-1941. М., 2002, стр. 400.
  Рерих Е.И., Рерих Н.К., Асеев А.М. Оккультизм и йога. Летопись сотрудничества: В 2 т. Т 1. М., 1996, стр. 471

Сепак, различните разгранувања на римската инквизиција го измениле основниот правец на својата дејност малку пред 1600 година, кога вниманието кон еретиците било потиснато со опседнатоста да се искорени магијата и другите суеверија. Во Фриули до 10% од судските процеси (од 390), кои се одржале до 1595 година, биле поврзани со магијата, а во текот на следните 15 години, половина од делата (558) потпаднале под таа рубрика. На други места тој двиг бил помалку забележлив и се случил побргу; во Неапол магијата станала единственото обвинение, кое породило значителен број на инквизициски процеси во 1570-те години, и останала таква низ децении, сé до 1720-те години. Во Венеција, преминот од ереста кон магијата бил толку остар, како и во Фриули, но се случил 12 години порано. Во текот на 17. век предмет на вознемиренот на римската инквизиција станале сите форми на магија, од вештерство до прескажувања: во секој трибунал, околу 40% дела, кои се разгледувале во текот на тоа столетие, можеле да се вбројат кон редот на прогон на суеверието и магијата” . Помеѓу другите дела, разгледувани во инквизицијата, до 15% биле дела, поврзани со обвиненија на свештеници за сексуални изнудувања плус бигамија, хомосексуализам и нему сл.
 Колку и да е чудно, но науката во зародиш и инквизицијата имале општа карактеристика: и таму и таму се барале докази и не верувале многу на субјективните сведоштва, на доушниците и на претставите, грижејќи се да најдат начин за нивна објективна проверка.

(продолжува)

Превел : Георгиј Глигоров

 ѓакон Андреј Кураев- “Религија и наука” (2)

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2026
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2547
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная