Лондон, 17 јули – Новиот компакт диск на Симон Трпчески високо котира на британската Топ-10 листа за класична музика.
Викендов македонскиот пијанист Симон Трпчески со новиот компакт диск е на 4-тото место на специјализираната официјална британска Топ-листа за класична музика.
Станува збор за вториот компакт-диск на кој нашиот врвен музичар соработува со Кралскиот филхармониски оркестар од Ливерпул под диригентската палка на Василиј Петренко.
Продуцент на изданието е Џон Фрејзер, а издавач АВИ Рекордс. / Журнал МК