Нов меѓународен успех на шестгодишната Ивана Мазнејкова од Струмица. На меѓународниот натпревар за пијанисти кој се одржа во Герлитз, Германија во конкуренција на 100 пијанисти Ивана ја освои првaта награда. На натпреварот задолжително се изведуваа композиции од различни временски епохи, а Ивана која и овој пат беше најмалиот учесник се претстави со три композиции и тоа од времето на барокот, класиката и импресионизмот.
За сите композиции Ивана ги има добиено највисоките оценки од страна на жири комисијата, а со тоа ја доби и специјалната прва награда.Инаку малата Ивана Мазнејкова на меѓународни натпревари учествува уште од нејзината четврта година. Досега има настапувано на девет фестивали во Македонија, Италија, Србија, Бугарија и Косово и на сите нив ги има освоено првите награди.